Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.784
    Допаѓања:
    24.246
    Пол:
    Женски
    Животот на жените би бил совршен доколку и двајцата работат, и плус мажот да праи низ дома се шо праи жената. И двајцата да го праат тоа. И така треба. Ама ние....
     
    На Harper, Anyshka, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.241
    Допаѓања:
    13.044
    Кога ги читам постовите на Феминка ја замислувам дека брзо зборува и на повисок тон. Што толку лично сфаќаат луѓето јас не знам, кога ова е форум, не се ни знаеме.

    Сега дома имам гостин, пензионер со јака пензија од МВР, и ми кажува дека најевтините домови за стари биле 25.000 денари. Допрва ќе дојде она од запад да треба старите да одат во домови, само што нашиве старци се без пари, а децата нема да се замараат со нив. И не се замараат веќе. А жена ако наследи мизерна пензија од мажот, таа пензија се намалува, ќе биде колку за леб и сол. Ајјј, напнав и јас со муабети за старост, ама реално така е.
     
    На Zumbulche, Cosmi и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Opsto zboram brzo
    No ne sekad so povisen ton
    Ama ako diskutiram sto pati edno isto i povtoruvam edno isto znam da povisam ton. Zatoa nikad ne sum objasnuvala na nekoj za ucenje
    Nekoj od prva ili vtora ako ne sfati so kazuvam.. se nerviram
    Gi boli poso im go ,,pleskame” zatoa i ne ne sakaat
    Bar mene hhahaha
    Ama takva sum sto da pravam
    Ne e od zloba ili neso. Ne znam drugacije
     
    На Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.597
    Пол:
    Женски
    Ништо против жените домаќинки, ама ова и те како може да биде идеална замка за гаслајтинг и потенцијална жртва на семејно насилство. И после моментот кога ќе побараат помош овој тип на жени, ќе слушаат муабети од типот: па што дремеше дома? абе те мрзеше, не ти се работеше. Еве ви ги двојните стандарди во општеството.
     
    На Just.do.it, Nausicaa, tanjaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Тоа да, ама факт е дека можеш да си токсичен и истовремено да го правиш нештото што мислиш дека е најправилно. Во нашата култура за жал многу токсични работи се нормални.
    Да ама во САД многу често немаат нормални работни недели по 40 саати туку се оставаат на работа и повеќе живеат таму отколку дома. Додај што не е чудно и 2 саати да патуваат во еден правец. Ништо чудно што trad wife станува популарно бидејќи е реакција на системот, нив им е преку глава. Кај нас фала богу - генерално - не сме до тоа ниво.
     
    На Harper, Anyshka, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.133
    Пол:
    Женски
    Леле репликава .
    Глупочка сум малку па не сфаќам дека ниту еден живот не е ист.
    Така е бравос:clap:
    Кај ми текнало и смее да дискутираме аа нешто што допира до срцата до многу домаќинки.
    Различен животен избор и толку.
    Па на форум па.

    Така е по дефиниција, потребна е потврда од надвор ,тоа ти како си ја толкуваш не е релевантно.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Би сакала да е ова точно ама стварно не е.

    Познавам повеќе од доволно мајки или родители што не се ни трудат да се најдобри родители на своите деца. Како за пример, детето не зборува на 3 години, даден и е совет од сите лекари да прават испитувања, и зошто таа "најдобро" знае за детето одбива дека детето има проблем.

    Можеби не се прават некои работи малициозно, ама далеку сме од тоа дека родителот секогаш најдобро знае за своето дете. Така немаше да постојат педијатри, детски психолози, воспитувачи, учители и што уште не.
    Дека можеби родител сака најдобро за своето дете да, ама дека знае најдобро секогаш не.

    Додуша сигурна сум дека има и родители кои не си ги сакаат децата, ако веќе одиме во екстреми.

    Многу, многу родители знаеме што психички или физички си ги малтретираат децата, не би рекла дека се трудат да се најдобри родители на своите деца.

    Може сум оф топик, ама алергична сум на фразата јас знам најдобро за своето дете, зошто реално не постои ни совршен ни сезнаен човек и родител. И кога објективно ги гледаме работите, а не субјективно, секако дека постојат подобри и полоши одлуки кои можеш да ги донесеш, кои утре би влијаеле на твојот живот и животот на детето, како и на темава, така и општо.
     
    На Harper, Zumbulche, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Зошто не е релевантно моето толкување кога сум жена и апсолутно не ми е потребна потврда од надвор? Да не испадне се курчам, ама ете јас сум ти еден пример дека не е така како што велиш, што значи не е апсолутна вистина за цело човештво. Не сум ни единствена во тоа.
     
    На Anyshka, Pa8la и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.347
    Допаѓања:
    182.303
    Оти за различни ствари зборите. Косми збори за претпоследната скала од пирамидата, ти за последната.
     
    На fana, Cosmi и Celltica им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Какви скалила, каква пирамида? Може подобјаснение?
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.347
    Допаѓања:
    182.303
    Хиерархија на потреби беше спомната
    upload_2024-1-3_20-15-47.png
    Само што ,да бидеме реални...имањето работа ретко кога стигнува до ниво 4, обично е на ниво 2-задоволување базични потреби.
     
    На fana, јolene, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.707
    Допаѓања:
    253.509
    И на темата и на форумот. Затоа реков читајте по форумот, читајте членки и бидете константни со ставовите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.133
    Пол:
    Женски
    Неколку пати спомнав
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.631
    Допаѓања:
    21.811
    Ако сакате да образложите зашто е лошо за децата мајката да работи, ви треба појак аргумент од доењето. Зашто тука збориме за ич да не работи, не само две години.
    А за вториот дел ако мајката одлучила да не работи, таткото и да сака, не може да не работи.
    Зашто ако едниот е дома а другиот на работа нема еднаквост во родителството.
    И затоа е глупо да речњш па не работи да се посвети на децата. Па двајцата не треба да работат тогаш.

    И како што кажав, више ако сака нека не работи.
    Ама дојде ли до развод, да не бара поддршка финансиска од децата ако се повозрасни. Барем јас не би издржувала родител во таков случај.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Miss666, ForeverYoung, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.145
    Допаѓања:
    67.344
    Пол:
    Женски
    Па ти рече за Скопје, еве пак погоре. Генерализираш цело време само без врска.
    Нема поента, сега само ќе се испревртат работите и зборовите, кажав јас што имам, збориме за Македонија кај што работат и двајцата и пак се нема, не па некој дома ќе седи, па и тренд било. Во Македонија.:tmi:
     
    На Anyshka, Pa8la, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.698
    Пол:
    Женски
    Лупам глуп пример, ама што ако една жена има имот од кој зема кирија пример од 2000 - 3000 евра (ок, спратови од зграда може издава :D )?
    Дали тогаш може да седи дома со децата или пак ќе мора да оди на работа?

    Многу работи се измешаа. Тука имаме жената работи дека мора (финансиска независност, егзистенција) и жената работи дека сака (чисто за лично задоволство).

    Освен тоа темава е многу индивидуална. Нема некое пишано правило што да се прави и како е исправно. Така да јас можам само да зборам за себе. Во ситуацијана горе да имам доволно приходи, апсолутно не би работела.
    Ама тоа не значи автоматски дека само ќе дремам дома во 4 ѕида и ќе сум домаќинка. И мислам дека овде е дел од проблемот на темата што е или едно или друго и нема друга реалност.

    Друг проблем е што крајно субјективно се дискутира низ теми. Секој само својата ситуација ја гледа и од таму се сфаќа како напад, па има потреба да се оправда изборот или ставот на лично ниво.

    Убаво би било секој да може да си ги пронајде интересите и да посвети време на нив. Тие што имаат ептен среќа може и тоа ќе работат, па работата ќе ги исполнува. Ама реалноста, барем кај нас, не е баш така. Зависи од сакање/не сакање на работата, работното време, плата, работни услови.

    Во суштина е избор на време/пари врз база на желби и доверба во партнерот, а тоа пак ќе кажам е премногу индивидуално за волку да се генерализира и да се бара некој универзален одговор.
     
    На Lianna Anna, Anyshka, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.133
    Пол:
    Женски
    Како генерализирам жити се?
    Реков дека сите во Скопје не работат ?
    Да, во Скопје има што не работат.
    Што не ти јасно?
    Тоа што ти не познаваш не значи дкеа не постојат.
    За истокот не знам.
    Не зборам,за југот исто.
    Ти си се убедила дека нема такво нешто.
    Знаеш колку има во Ск жени на Ит стручњаци што не работат?
    Стварно нема потреба да ја разводнуваме расправава има или нема .
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.126
    Допаѓања:
    269.158
    Косми, ме израсна мајка која не работи за плата, туку има позиција на кариера. Ме израсна мајка со 2 различни факултети, сертификати за јазици, програми итн.
    Ме израсна мајка која за оваа држава заработува релативно многу.
    Ама исто така покрај сите привилегии што тоа ги носи, нели пример сосема различен од средината во која раснев (повеќето беа да речам потчинети на мажите, иако сите работеа) дека жената еднаква е во домот, татко ми кој работеше, а немаше кариера, еднакво учествуваше во се' во домаќинството.

    Ама цена си има тоа, од аспект на дете - се случувало да ја нема кога ми треба. Едноставно да е присутна, физички и ментално.

    Како дете им завидував на другарките што поминуваа повеќе време со мајките. Како тинејџерка, се сеќавам како вчера, после школо бев кај другарка една, мајка и' не' пречека нели, сосема различен однос него јас со мајка ми - доаѓаше многу подоцна, уморна, ментално исцрпена. Плачев и не сакав да и' кажам што ми е, нормално :)

    Ај во нејзиниот случај станува збор за сериозно стабилна работа и прилив знаејќи каде живееме, ама толку многу работни места те исцрпуваат ментално, не ти останува сила за дете после. Додека работев во болница знаев дека да имам дете, отказ ќе дадам сигурно. Едвај го издржував едното, а не двете.

    Во некои земји е можно да менаџираш таков живот, пример е братучетка ми, стоматолог е, со две многу мали деца. Работи за да излезе од дома, 20 саати неделно поделени на 3 дена. Кај нас такво нешто не постои. За болно дете викаш баби и комшики, не можеш постојано да отсуствуваш. Во државен сектор и има некоја бенефиција за мали деца (односно мајки), приватен нема.

    И 99% од работните места во земјава го фрустрораат работникот, маж или жена. Преголеми обврски, токсична клима, за премалку пари. Малумина овде работат затоа што тоа ги исполнува. Работат затоа што мораат. Доаѓаат дома нервозни и лути на животот, каква црна мотивација и пример е тоа? Можеби од аспект на тоа дека долго беше "сам свој газда" не можеш да увидиш колку работникот е третиран како невреден и заменлив, од продавачка до Соња архива, до повисоки и стручни позиции.

    Единствено си и сме незаменливи во животот на детето, под претпоставка дека не зависиме од платата наша, паметно е едниот родител (може и таткото) да биде дома првите години.

    Не е убаво да нормализираме не баш нормални работи, т.е. не баш убави - на пример дете од 1 година повеќе време да поминува во институција отколку со барем едниот родител.

    Во идеални услови, поважно е нашето постоење во животот на детето, остави лични исполнувања. Точно, ама дур сме сами со себе. После приоритетите би требало да се променат, барем додека не научи да зборува.

    Во Македонија немаме избор. И деца се по 10 саати во градинка, и баби и комшии ангажираме, оти на позајмица живот живееме.

    Во секоја поразвиена земја има поволности за мајките, посебно на мали деца, за кои овде можеме да се тапшаме "абе ако треба за улошки ќе работам" и да сонуваме.

    Едит: трендот "домаќинка" како професија е американска креација, не од што уживаат во домаќинување, туку зошто немаат социјално ништо, па на вага ставено едниот да работи и да плаќаат daycare, а немаат платени отсуства, ниту платено трудничко, поефтино им е да остане дома мајката.
    Овде 9 месеци се платени, а се бориме за 15, не знам која од вас може 2 неделно бебе да остави во daycare и да оди на работа.

    Тоа е екстрем кој па ич не ни треба.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На elanor, Zumbulche, Anyshka и 15 други им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Ама оваа пирамида се однесува општо на потребите на човекот, а не само на работа. Односно не може да се добијат сите "скалила" од работата. Што значи треба да се земе сè во обзир, сите полиња во животот.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    8.007
    Пол:
    Женски
    Темата можеше да биде супер и без препукувања, само ако воведот беше на место и без навреди.
    Никој не го оспорува влијанието на работа и на финансиската независност врз менталното здравје. Тоа на сите ни е јасно.
    Секој има право да не биде генерализиран со омаловажувачки епитети, ако по било кој основ решил да не работи, одреден или подолг период.
    Вајда сите што се одлучиле да не работат знаат и си направиле калкулација предходно дали може да си дозволат, што добиваат, а што губат во тој случај.
    И овде се напна како којзнае кои кариери да се имаат, па се губат, па стагнираш, па шо ти ја знам. А реалноста е друга. Работа секогаш и секој ќе најде ако сака. Толку е едноставно. И некој ако одлучил на 60 години да смени, ќе смени. Сепак се лежи до карактерот и флексибилноста на личноста.
    Една личност, ако си е токсик и исфрустрирана, ќе е таква без разлика дали го постигнала својот максимум на работа, или работи за минимум или пак воопшто не работи.
     
    На Anyshka, Annath, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.