Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    12.756
    Посебни услови за остварување право на семејна пензија:

    Вдовец/вдовица стекнува право на семејна пензија ако:

    • до смртта на осигуреникот лицето наполнило 50 години живот;
    • до смртта на брачниот другар лицето било неспособно за работа или таква неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на брачниот другар;
    • по смртта на брачниот другар останале едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовецот/вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца или до смртта на брачниот другар лицето имало наполнети 45 години, кога ќе наполни 50 години живот – или ако во тие години станало неспособно за работа.
     
    На eliesaab, SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Уште се оправате за домаќинкиве? :D:D:D
     
    На eliesaab, franca, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1705500849321.jpg
     
    На No Makeup и Viveki им се допаѓа ова.
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Да бе, 24/7 работиме, немаме живот, бог да чува, како не Ви е срам да се фалите дека не работите еве не знам, што им кажувате на луѓето кога ќе ве прашаат што работите? Сигурно гордо НИШТО хехе, страшно.
     
    На Just.do.it, Tanjamm и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    12.756
    Прошетај се по македонските населби, села, ќе видиш кој е исходот од тоа неработење и кој е тој „живот“. Запустени дворови, неваросани куќи.
     
    На Lady D ❤️, Just.do.it и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    10.645
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека не се ниските плати виновни за тоа? 8-|
     
    На Mnik, H.VAGA, ArabellaStarfall и 7 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    12.808
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm немаат шетано по селата затоа се такви. :D

    Нејсе, баш тие си го живеат животот. Ако имаш од кај да работиш и знаеш како поарно на село ќе си пројдеш. Само што тука сите сакаат брзи пари, а никој да испоти газ.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од тоа да си имаш слободно време и да си правиш што сакаш, јас им завидувам на таквите жени кои не мораат да работат, бидејќи и тоа е успех на некој начин да не мора да работиш, поготово за овакви плати, ама јас не знам да најдам таков, кај што нема јас да работам, иначе многу би ми било подобро така да можам, секој што вика дека треба да се работи и мора, криво им е што не нашле таков маж покрај кого не мора да работат :D
     
    На mssuniquee, Iva2020, No Makeup и 4 други им се допаѓа ова.
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Ај ниски плати, тоа стои, а ако не работиш ни тоа ниското нема да го имаш, не знам што мислите тие што не сакаат да работите цел живот друг да ве издржува ли??? луда работа, без навреда
     
    На Tanjamm, Billy Idol, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    10.645
    Пол:
    Женски
    Ретко која жена во мк го има тој луксуз да не работи. Не е Австралија ова. :wasntme:
    Многу сте напнати за нешто што е многу ретко во земјава. :yawn: Божем вие ги издржувате.
     
    На H.VAGA, ArabellaStarfall, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Да, ние ги издржуваме
     
  12. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    10.645
    Пол:
    Женски
    Разделете се ако ти пречи тоа... Или нека си најде работа. ;(
     
    На Pa8la и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  13. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Важи,
    Како кажеш
     
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Леле жено, премногу лично си го сфати ова, зафрканција е цццц.
    Само да се расправало бе.
    Работам ако сакаш да знаеш.
    Сликата е од нет и чисто онака ја ставив, од мравка слон правите.
     
    На No Makeup и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Општо кажувам де, погрешно се изразив, не мислев за тебе:D
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    IMG_3188.jpeg
     
    На Tinaaa, eliesaab, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    7.544
    Ја видов темава, па чисто сакам да прокоментирам.

    Девојчиња, сегашни и идни жени и мајки, НИКАКО да не се оставите себеси да бидете домаќинки цел живот.
    Секоја од нас треба да си има занимање, вештина и сл, и да си има СВОИ пари настрана. Дури не мора ни да се замарете за пензија дали ќе имате. Со оваа држава наша чисто се сомневам дека за нас ќе има пари за пензија... Заработувајте, печалете си, ставете си секој месец одредена сума во акции на берзата. Нека ви биде тоа штедењето за пензија.

    Психички е човекот подобар кога работи, твори, корисен е за општеството. Најдете си време и за работи кои ги сакате, хоби во кое уживате. Стремете се да не работите, но да сте независна финансиски. Ризикувајте, мислете, учете, борете се.

    Јас имам околу мене од баби и тетки многу лоши примери за жени кои решиле да бидат домаќинки, да се посветат на децата и сл. Децата пораснаа, си имат свои фамилии, живеат во други градови. Чат-пат ќе им одат на посета само... На мајка ми тетка, со завршен факултет за тоа време, цел живот домаќинка. Нема пензија сега, маж и пијаница со години... Жената има канцер, нема пари за витамини да си купи. Маж и не и дава, пензијата за него ја користи. Децата некогаш ако и купат нешто минимално, не тоа што и треба постојано.

    Жално е во 21ви век ова да го има...За дома и деа обвските треба да се делат рамноправно меѓу двата родители. И двајцата треба да имаат слобода да си градат кариера, и така и треба да биде. Домаќинка не е кариера!
     
    На sonceimesechina, violetblue, Just.do.it и 11 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.974
    Пол:
    Женски
    Убаво се си напишала, но примерот со жената со канцер ме згрози.
    Оставена како пес со кобна болест. Посветила цел живот на деца и маж и никој да не сака да и помогне. На мајка, на сопруга.
    Должност е на сите од тоа семејство да и помогнат во броените денови.
    Таквите да земеш да ги млатиш, додека не се опаметат.
    Без разлика што имаат свои фамилии, болен човек не се остава, посебно ако ти е родител. Каде е човечноста, каде се моралите, каде е емпатијата.
    За грев, на душа да ја носат.
    Жената згрешила во изборот на маж и во воспитувањето на децата, тоа е факт. Не згрешила во изборот што останала домаќинка. Затоа што да имала функционална фамилија, ништо од тоа немало да биде важно.
    Јас би ја кажала другата перспектива на твојата приказна. Родител не се остава да гние во кобна болест, точка.
    И наместо наведеното да го користиш како пример за една жена домаќинка, соберете некој денар, прашајте ја како е, помогнете и, до витамини ли дошло работата. Срамота за сите. Ама не крива е таа што била дмаќинка, на време требала да си мисли дека ќе има рак и сите најмили грб ќе и свртат. Или ако не сакате вие, барем сметка некој нека објави, има непознати што сакаат да донираат.

    И да продолжам.
    Што било најголемиот криминал на жената што заслужила таква судбина?!
    Домаќинка била.

    Барем не се посрамувајте со вакви гревни примери. Срамот е на вас, не на болната жена. Што значи да имаш туѓинци во фамилија.
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2024
    На EmporioIvankov, Miss666, desperate15 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.482
    Јас сакам само да прашам..
    Еве на пример, домакинка сум, мажена живеам со маж и да речеме едно дете... Тој работи, јас по дома, далеку од тоа дека дома е лесно, било да е стан или куќа секогаш има обврски, е сега бидејќи животот никогаш не се знае што ќе донесе, еве недај боже но, мажот доживува несреќа, не битно дали на работа или вака, едноставно животот го спречува да работи, ок мислам државата плаќа една или две години и тоа колку пари може да даде? Па еве сметка за струја мене 9 000 и нешто ми стигна и ок небитно, што после тие две години кога на мажот државата нема веќе да му дава пари, што кога мажот ќе биде ненадејно спречен да работи?
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    7.544
    Верувај, ние и помагаме повеќе од децата нејзини. Кога лежеше на онкологија, јас (што сум и внука од брат нејзин) повеќе бев да ја гледам отколку нејзината ќерка. Дедо ми (брат и е) секој месец и дава пари од неговата пензија и храна домашно произведена. Иако се по 70+ со баба, уште работат земјоделие, и се грижат за сите. На дедо мајка му дури беше жива, цела пензија скоро и ја даваше нејзе, дека немала плата... А баба и дедо цел живот и плаќаа струја, храна, лекови, по доктори, се' на дедо на мајка му (која пензијата ја даваше кај ќерката). Кога почина, целата заштеда некоја што ја имаше во банка, повторно отиде кај ќерката.
    Мајка ми како студент, од автобус кога ќе се вратела, со куферот на нива директива. Ниту одмор видела, нити на одмор отишла цел живот. Ама затоа децата на дедо на сестрата уште од мали се шетани насекаде...

    Како кажуваш срамота на сите, кога не ја знаеш цела ситуација. И нема да ја оптегам цела историја, или што правиме ние.

    Овде пишувам поврзано за темата. И факт е дека ако работела, и сега имала пензија/заштеда, ќе и беше милион пати полесно!

    Инаку терапијата која треба да ја прими е скапа, и плус разни суплементи, витамини, гелови, уље... Се тоа кошта многу. Ние колку и да помагаме како поширока фамилија, не може цела плата да ја дадеме. И ние имаме фамилии, кредити, болни родители и тн и тн.
     
    На Just.do.it, nextredstyle и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.