Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Зарем се уште се дискутира дека да се биде издржувано лице не е здраво?
    Нема никакви предности да зависиш од некој!
     
    На Lady D ❤️, Miss666, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.298
    Допаѓања:
    125.957
    Пол:
    Женски
    А, бе има. :D
    Додека не цркне или дур не те остави тој што те издржува.
     
    На Lady D ❤️, franca и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    Шо потреба од ваков коментар? Нема вие да ги издржувате сигурно. Дај секој дека гледа за себе. Цркне бе wow
     
    На CameliaMiller, elenaklasik, Калатеа и 6 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.298
    Допаѓања:
    125.957
    Пол:
    Женски
    Реалност е.
    Луѓето се смртни битија. Умираат.
    И на некои не им трае љубовта до крајот на животот. Се разведуваат.
     
    На Miss666 и franca им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Затоа се вика брак. Нешто што го знаеш како збор во македонскиот јазик, но неговата употреба за да ја дознаеш треба на своја кожа да ја искусиш.

    Кога мажот и жената се договориле да функционираат на таков начин, значи и двајцата зависат еден од друг. Жената во тој случај зависи од финансиите на мажот, а тој не знам како би гледал и би се грижел за своите деца доколку жената не е покрај него. Двајцата имаат заеднички интерес. Не е корист во прашање, туку разумен договор, барем сега во оваа деценија.

    Би било одлично ако би дала конструктивен совет, наместо деградирачка констатација. Што значи, тоа тебе не те прави супериорна во однос на друга жена со свои избори, туку наметлива, полна со осудување, без никакво искуство за конкретната тема и во најмала рака- дојдов да драмам, немам попаметна работа.

    Мојата и твојата цел на овој свет не е иста, моите избори и твоите не се исти. Моите желби и твоите, уште помалку. Па, би те прашала, која си ти да, еве мене, ме осудуваш за мојот избор и живот? Каде е тој правилник, те молам посочи ми, дека сите треба да водиме иста траекторија на случувања?

    И терминот издржувано лице може да се однесува на лица со хендикеп и ментални пречки во развојот. И за нив се грижи некој финансиски. Здраво е тоа или не?

    Глеј си за себе, најпаметно.
     
    На elenaklasik, eliesaab, LUCI 99 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    7.543
    Темата е за жени домаќинки. Не за лица кои се родени со ментална ретардација или некој физички инвалидитет. Значи сосема различни нешта.

    Од тоа гледај си за тебе, што ти е гајле за другите на крај жените остануваат за улица со деца, стануваат без кров над глава, и се малтретирани психички и физички (и често пред децата). Да имало некој да гледа за нив и да им помогне да НЕ СЕ ЗАВИСНИ од некој друг (па ако сака нека е и кралот на Британија со кој се во брак), светот ќе бил многу подобро место за живеење.
    Нема потреба многу да истражуваш. отвори само во темата за брачни проблеми, со свекрви проблеми и сл.
    Колку само проблеми не би постоеле од тие, ако жената била самостојна и независна.

    Била домаќинка жената во 18 век, кога немале право да се школуваат. И ги мажеле, деца една купа, ниви, стока... Сега сме 21 век.
     
    На Lady D ❤️, Miss666, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Конструктивен совет е дека секој треба да си заработува за себе и дека бракот е непредвидлив. Оние ситуации каде на мажот му се може се затоа што жената не може без негови финансии се многу чести.
     
    На eliesaab, Just.do.it, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.235
    Пол:
    Женски
    а имаме и вакви
    Ем работат ем се дома угнетени.Значи и те како е битно со каков партнер сте заедно.
    IMG_7891.jpeg
     
    На Tinaaa, CameliaMiller, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Ти со твојата плата, ако се разведеш, ќе може да си дозволиш да се грижиш за деца и да направиш свој дом?

    Работиш, заработуваш. Биди искрена на себе, а и тука, колку си способна со тие примања да се грижиш за семејството и да одиш под кирија или да купиш свој имот.

    Уште поконструктивен совет.

    Секој треба да го прави тоа што го исполнува и да не живее според стандардите и очекувањата на другите луѓе.

    Во брак не се влегува со страв. Се влегува со доверба. Таа е најголемата грешка што ја прават сите. А не изборот да се посвети на децата, кои се највредното нешто во сечиј живот, или не.

    Би сакала да знам, баш од вас младите, колку и како ќе бидете спремни кога ќе влезете во брак. Затоа што сите знаеме да зборуваме на памет. Ама со македонска плата, стан, сам човек да купи, можеби, ако живее со мама и тато до пензија, па тогаш да се осамостои. Многу розев е светот кога си млад.
     
    На eliesaab, Anyshka, Viveki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    9.999
    Пол:
    Женски
    Страшно, се потресов...
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Wtf зошто имплицираш дека жена не може да биде на позиција со доволно висока плата за да биде финансиски независна исто како маж? :D
     
    На Lady D ❤️, eliesaab, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Wtf зошто се имплицира дека секоја жена домаќинка е неспособна, мрзлива, ќе биде оставена на улица без ништо, ќе се разболи, ќе нема пари за витамини...продолжи ја низата.
     
    На simoncelicius, eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    7.543
    Да си ми жива и здрава... Јас со мојата плата имам и стан лично мој, без 1 денар помош од било кого, и автомобил во кеш платен на мое име, и Х евра во акции, на кои инвестирам константно - планот е до пензија.
    И горда сум на себе да кажам дека работам од мои 18, и факултет завршив работејќи во исто време. И дека за цел мој успех сум заслужна самата јас и никој друг.
    И секогаш ми беше пример водилка моментот дека мајка ми е единствена која печалеше дома, и која мораше да си крати од себе многу за да има на другите, и татко ми кој беше на нејзин грб. И колку и тој си кратеше бидејќи ограничени беа ептен средствата.
    И се трудев максимално, и се трудам уште да не бидам зависна од некого, без разлика со каква и ситуација да се соочам во животот. Ама тоа е нешто за кое треба да се почне да се размислува уште од рани години, не од кога ќе се мажиш, ќе родиш деца и кога ќе ти поминат најпродуктивните години кога можеш да сториш нешто седејќи дома и бидувајќи домаќинка.

    Не викам дека мојот мајндсет е совршен, ама сум сигурна дека е многу поправилен од оној на домаќинките зависни финансиски или на било кој друг начин од сопругот.

    Жената може мнооогу повеќе од тоа да биде домаќинка. Не сме ни свесни колку можеме, и затоа не треба да се органичуваме.
     
    На Lady D ❤️, ForeverYoung и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    7.543
    Како тој картичката и ја има.. Ќе одам во банка, 10 минути работа е да ја блокирам, и поднесам за нова. Или не мора и картичка, од шалтер може да вади. Женава требала уште веднаш да го остави, не 11 години да го трпе.
     
    На Lady D ❤️, simoncelicius, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Зошто имаш поставено прашање колкав станбен кредит може да ти дадат, ако земаш минималец?

    Како со минимална плата се купува стан при 1500 еу квадрат минимум?

    Супер за тебе. Ти имаш и натприродна моќ.


    И уште едно прашање, зошто мислиш дека домаќинката при развод нема да има недвижнини и финансии?
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Очекував одговор на прашањето. :D
    Патем, никаде не напишав нешто од тоа, ти поставив едноставно прашање.
    Веројатно мислиш дека секоја жена е способна да работи максимум за минималец, што е така малку тажничко.
     
    На Lady D ❤️ и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    А како со истата таа македонска плата па има мажи што заработуваат доволно за цела фамилија?
    Стварно нема логика муабетот дека можеш да си домаќинка и да живеете од плата на мажот, ама истата таа плата не може жена да ја зима.
     
    На Lady D ❤️, ForeverYoung и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    7.543
    Зошто сама сум си осигурана преку моја фирма на минималец. Работам за странски клиенти, и фактурирам другото. Па дека сум сама, морам да имам фирма. Сакав да си инвестирам во друг стан за рентање. Ама си почнав викендичка да градам... И си инвестирав во онлајн бизнис место стан на овие цени.
    Друго нешто те интересира?
    Хахахах дали озбилно одиш да ми ги пребаруваш моите мислења?! :D Можеби ќе научиш нешто :D

    Домаќинка при развод можеби ќе има, ако докаже дека и таа плаќала. Ако немала плата/примања, џабе е и да е купено во брак. Се знае кој плаќал - тој што имал плата на сметка секој месец. Со добар адвокат, домаќинката ќе има круши... Можеби алиментација за децата само.

    И не зборувам за развод само... Зборувам дека има илјадници сценарија каде жената не би имала грижа ако била самостојна.

    Што ако почине партнерот? Или се разболува и не може да работи? Или испаѓа дека има 3 вонбрачни деца кои ќе ги признае, и кои имаат еднакво право на цел имот :D И да не набројувам...

    Здрава права жена да зависи од сопругот не е океј, и не е правилно.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    2.482
    Јас истово кога го прашав, ми одговорија дека, не треба да се мажиш ако планираш да се разведуваш... :shake:
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека е во ред да си пријавен на минималец и да прикриваш данок и тоа е синоним за успех?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.