Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Убаво ти одговори членката.
    Темата е за здрави работоспособни жени, кои не сакаат да работат. Всушност мрзливи се.
     
    На Lady D ❤️, eliesaab и LadyR им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Како прекривам данок хахахаха. Не можеш како фирма да прекриеш данок, кога фактурираш преку фирма, на фирма во банка ти стасуваат средствата, се прави годишен извештај од страна на сметководител кој се доставува до УЈП :D
    Можеш добивката од фирма да ја инвестираш во друго, или да си ја извадиш на што се плаќа данок ако не ти се оправдани средствата.
    Уствари што ти објаснувам... Гледам дека тропаш глупости :D Сум прекривала данок :^)
     
    На Lady D ❤️, eliesaab и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.416
    Пол:
    Женски
    Домаќинките не се неспособни и мрзливи, а ако некој мисли така тогаш импликацијата е погрешна. Но, другите нешта во низата се реални нешта што можат да се случат. Освен што е глупав твојот став дека тебе никогаш не би можело да ти се случи, во исто време е неемпатичен спрема жените кои се заглавени во токсични циклуси токму поради небалансирана финансиска моќ.

    _______

    Инаку, од последен пат кога имав дискутирано на темава, сфатив дека дискусијава нема воопшто поента и двете страни никогаш нема да се разберат. Прво, затоа што кога ќе се рече работа, сите замислуваат 40 часовна работна недела на работа што не ја сакаш или кога ќе се рече кариера/работа, замислуваат преголема амбициозност и жена која ќе го запостави детето. И како некој што е против hustle mindset, нормално дека ќе речам дека сум против тоа. Се помирив со фактот дека нашиот народ не знае за боље.

    Она што е проблематично tho, e што толку пасивно се прифаќа тоа дека работење е нешто многу тешко и напорно, амбициозноста не прави лоши мајки, затоа тоа им го оставаме на мажите (што ни е гајле ако се они мачат). А, ние како жени ќе работиме по дома што инаку е ИСТО ТОЛКУ напорно, и кога го потенцирате тоа ја правите уствари истата поента како оние што велат дека домаќинките се мрзливи, поентата ви е да докажете дека мора да е напорно or something. Само што вие ја редуцирате жената на најстереотипни родови улоги, а и мажите.

    Енивеј, малку забегав со филозофија.

    За крај, мене ми е стварно уште лудо да мислите дека е океј нечие главно занимање да е :*:чистење на свој дом:*:, наместо да поддржиме секој да си ја најде својата пасија и да си заработува од неа. И нема да сфатам упорно да го браните тоа.
     
    На Lady D ❤️, DoubleK, mila89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Па некои имаат таков став, што да им правиш... На човек на сила може да му земеш само, не и да му дадеш.

    Ако спомнеш предбрачен договор - истиот став. Што се мажиш ако мислиш на развод. А тоа насекаде во светот е нормална работа...

    Никој не мисли на развод. Ама животот не завршува ако се мажиш. Што се може да ни приреди животот ни самите не сме свесни. Затоа колку можеш да си сигурен на повеќе полиња, толку подобро. Белким да нема потреба од ништо, ама 100% сигурна во ништо не може да си, ни во самата себе
     
    На Lady D ❤️, Just.do.it, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Веројатно затоа што домаќинка не стануваш ако мажот не зема доволна плата за да може семејството да живее нормално.
    Домаќинка стануваш, кога го имаш луксузот да бидеш домаќинка или кога немаш избор во моментот.
     
    На H.VAGA и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.574
    Пак ќе прашам.
    Ако може маж да зема плата за цела фамилија, зошто не може жена?
     
    На Lady D ❤️, Just.do.it и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Како тогаш ти си ја осигуруваш иднината, ако си пријавена на минималец? Колкава пензија би зела? Што си тогаш поразлична од домаќинка со имот стекнат во брак и ти? Целта е нели на стари години да имаме нешто создадено?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Јас и ти моментално не зборуваме за исти работи.
    Може жена да зема плата за цела фамилија. Полот не е поврзан со висината на финансиите. И се зависи од апетитите на таа фамилија или скромноста.
     
    На LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Што се објаснуваш со жена којашто никогаш ништо не работела?
     
    На Lady D ❤️ и LadyR им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Како го донесе тој заклучок:rofl::rofl::rofl:
    Читањето буквално и меѓу редови не е твојата добра страна.
     
    На LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Ти не ме читаш дека константно инвестирам во акции? И дека до пензија ќе правам така?
    Читни малку за раст на акции, во кои инвестираш 30+ години, за исплата на дивиденди, за snowball effect...
    Константо учам, се надоградувам, истражувам. Водам два засебни бизниси, а замисли немам ни 30 полни години :D

    Незнам дали има поента што ти објаснувам воопшто...

    Моја одлука е да бидам осигурена на минималец бидејќи сметам дека кога ќе дојде време јас да зимам пензија во државава, ќе нема доволно средства за исплата на пензии. Ќе се доцнат со месеци и кој знае колку ќе бидат мали. Уште сега е во минус пензискиот фонд, пензиите што ги исплаќаат се со задолжување.

    Според мене, подобро е парите кои би ги плаќала во здравствениот фонд и пензискиот ако сум осигурана на повисока плата, да си ги ставам во акции на берзата.

    Ете така јас си ја осигурувам иднината. :D Не се грижи ти за мене. Јас си имам црно на бело за стекнато и во и вон брак.

    И би сакала секоја жена да го има истото, и повеќе. :l: Секоја жена заслужува да биде горда на себе и да има успеси на секое поле, бидејќи ние тоа го можеме.
     
    На Lady D ❤️, Miss666 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Гордоста е поврзана со кариера?
    Што ако мојата гордост се моите деца?

    Зошто мислиш дека инвестиција во акции ќе ме направат горда на себе?

    Што ми вредат сите пари на светот, ако немам на кој да се радувам и мислам на старост?

    Мене ми требаат доволно за да живеам и да доживеам да ги видам моите деца да се среќни.

    ПС. Што мислиш подобро е да инвестирам во акции или недвижности?
    Јас го бирам второто. Сакаш да ми кажеш дека акциите ќе те збогатат на старост или сепак е подобро да имаш пасивен приход како недвижнини.
    Бидејќи вторите ги имам.
    Смеам да се гордеам со себе?
     
    Последна измена: 9 февруари 2024
    На H.VAGA, LiquidLuna, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    О Господе Боже жено, доста гледаш како коњите...
    Реков на секое поле :D Кој кажа дека децата се некоја пречка, или дека не се гордост.

    Ми нема поента веќе дискусијата со тебе.

    А што ако детето ти е гениј во некое поле, и сака да докторира во некој институт во Европа/Америка. Нема да си посреќна ако можеш да му помогнеш финансиски?

    Или што мислиш, кој е подобар пример за децата да се угледат - Мајка која е домаќинка и е зависна финансиски од татко им? Или мајка која rules и на деловен план, која им покажува колку можат да достигнат, да успеат во повеќе работи? Која не е зависна од татко им, и стои цврсто на нозе.

    Или типичен пример од наше општество. Живеат во заедница, куќата е на дедото, или евентуално на таткото дадена како поклон - и мајката нема право на никаков дел од куќата. Била домаќинка и се разведуваат. Мажот ја брка од улица, таа нема каде да оди. На брат и е препишана кужата на нејзините дека е машко. И со децата на улица останува, ќе оди под ќирија.

    Што би бил подобар пример за децата - Мајката да била самостојна цел живот, или горенаведениов?
     
    На Lady D ❤️, Miss666, Gentlewoman! и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Веќе сум во странство, така што има можности да студира на добар факултет. Воопшто не се грижам на таа тема. А и да се грижам, ние како фамилија создаваме заедно услови за подобар живот на детето. Парите ни се заеднички, не ги делиме во моето семејство.

    Ќе ја земам за пример Опра Винфри. Каков пример имала таа и од кого? И каде е сега она?

    Подобар пример за децата е да имаат функционално семејство и да бидат научени на правилни животни вредности.

    Се прашувам како станале милионери со такви фамилии. Магија.
    https://www.gobankingrates.com/net-worth/business-people/self-made-billionaires-who-were-poor/
     
    На Viveki, LiquidLuna и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.416
    Пол:
    Женски
    Децата се број еден приоритет на секого и секој свесен човек знае дека не може ништо да те исполни повеќе од своја фамилија/свои сакани, особено не пари.

    Многу е дрско што мислиш дека семејства кај што жената работи се дисфункционални. И дека не може она да биде посветена мајка, туку само домаќинките се посветени. Многу право си заземате да се ставите погоре од другите.
     
    На Miss666, H.VAGA, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Каде напишав таква констатација?
    Ајде ќе се потрудам и да објаснам, затоа што претпоставувам и која реченица ми е извадена од контекст.

    Децата треба да растат во функционални семејства, со љубов почит и разбирање. Целосно ирелевантно е дали мајката била домаќинка или продолжила да ја развива својата кариера.
    Затоа што семејството може да биде дисфункционално и во двете ситуации.

    Ете тоа е најбитно.
    А не носителот на финансиите.
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
    На Viveki, LiquidLuna и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.416
    Пол:
    Женски
    Ќе се правиме на Тошо дека ова:

    не значи дека жени што не се домаќинки не се пример за функционално семејство и правилни животни вредности? И уште некои твои и туѓи коментари дека само домаќинството е посветено мајчинство.

    Инаку јас не го гледам домаќинството како нешто токсично за децата од кое ќе имаат трауми, така да ова е стварно генерализирање, ама вистина е дека децата учат од пример и нема да е изненадувачки ако твоите деца автоматски пораснат со таква идеја за семејство, синот би пораснал со верување дека улогата на жената е во домот, а ќерката би го повторила истото. Има и полоши работи од тоа, ама јбг, дека се пренесуваат некои родови улоги, чиста вистина е.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    И да живееш во странство, ако не заработуваш и си домаќинка што фајде. Баш стапката на образование и не е толку многу висока, образованието е скапо. Да не зборам за образовни институти од повисок ранг... А јасно ни е на поголем процент од нашиве што одат во странство што работат, колку време се под ќирија, колкави плати зимаат за таму стандардот. Забите си ги прават во Македонија повеќето, не пак факултет да платат...
    Во Америка отплаќаат кредити од студирање до 50та-60та година од животот.

    To sum up, каде и да си, ти требаат финансии за ХХХ причини. Не е исто жената да работи и да не работи. Од било кој аспект, и за нејзе, и за фамилијата. Првично од финансиски. Како ќе се стреми кон финансиска слобода, ако чека пари за чизми сопругот да и даде? :D А пак колку се затупува само да чистишм переш, пеглаш. Додека ако работиш, продуктивен си, мозокот го користиш за да учиш нов работи, решаваш проблеми и сл - и директно и индиректно има дополнителни бенефити.

    За Опра - Знаеш дека на 14 години има родено и бебето починало, и тоа и е траума за цел живот, и решила дека не сака да раѓа. Тоа е ситуација во која никој не би сакал да се најде сигурно... И нејзина е одлуката за да нема биолошки деца.
    Знаеш низ колку земји има отворено школи, градено домови за деца без родители, илјадници школарини и стипендии има доделено.
    Не ти ја сфаќам поентата со Опра искрено.
     
    На Gentlewoman! и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто луѓето се богати во странство?
    Затоа што само во Македонија се троши повеќе отколку што се зема. Само во Македонија е битно да имаш се најскапо, брендирано, да возиш нова кола, итн.

    Што има лошо забите ако ги правам во Македонија. Не сум будала 800 евра за лекување на заб да дадам:D
    Затоа и имам. Затоа што кога можам поефтино да поминам, ќе го направам тоа. На крајот е битно забот да е направен, а со тие пари може нешто попродуктивно да направиме. Ама не ти замерувам, само поентата ја доловив на првиот пасус.

    И да знаеш, повеќе се исплати да купиш свое, отколку под кирија да одиш. Ратата и киријата ама буквално иста сума се. Можеби нешто многу минимално повеќе, зависи кај сакаш да купиш и која сума.

    Примерот со Опра беше даден од аспект дека потекнува од сиромашна средина. Како станала милионер, кога немала мајка кариеристка во своето семејство?

    Значи ништо не е правило. Ете тоа сакам да кажам.

    Ти објаснив погоре.

    Што се однесува до следење на примери.
    Неточно.

    Колку деца го користат сопственото потекло за мотивација и постигнување на добар успех во животот?

    Можам да заклучам дека сите генерализираме на темава.

    Но, кога веќе генерализираме. Еве јас имам пример за двајца браќа. Потекло од вредни и работливи родители. Двајцата ни вредни, ни работливи.
    Друг пример, родители поради Х причини не работат, децата ја користат приликата и стануваат многу успешни во своите кариери.

    Сега, што заклучок може да донесеме?

    Дека секоја човечка судбина е различна и нема никакво правило за тоа како поколението ќе го живее животот.
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2024
    На H.VAGA, Viveki, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Скроз ја однесе темата во друг правец. Германците каде да одат да прават заби, што се родени таму? За мене не е успех ако заштедиш на такви работи :D Успех е ако за било што, можеш да си дозволиш да си го платиш во средината каде што жувееш. Без разлика дали е станбено прашање, медицински проблем/операција, студирање, приватна градинка за дете и сл. Ти сега можеби ќе доаѓаш во Мк за некои работи, ама твоите деца дали и на гости ќе идат, не па за друго. Не е тоа начинот на кој што треба да се штеди (според мене).

    Ама да не бегаме од темата.

    За Опра, мајка и била домаќинка. И Опра имала пример дома за што не сака да биде. Уште од мала си имала зацртано дека сака да стане успешна жена и да има сопствени лични финансии. И филм имаше поврзано за ова.
    Што пак се сведува на тоа за кое зборувам јас...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.