Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Си слушнала за дентален туризам во Македонија? Малку германци, италијани, швеѓани доаѓаат. Во Турција малку странци заби прават и коси трансплантираат. Од секогаш постојат странци што доаѓаат во земји со поефтини цени на стоматолошки и медицински услуги да прават интервенции. Ние тоа го измисливме. Не.

    Зошто да давам пари на приватна градинка, кога таа што ми се нуди на детето има исти услови како приватна? Детето ми е среќно, задоволно, насмеано. Пошто зашто да давам пари? Зошто? За престиж? Да кажам дека детето ми оди во приватна градинка? Што имам придобивка од тоа, освен курч и помалку пари во џеб кои можам да ги искористам за попродуктивни цели? Да има лоши услови, ќе барам друга со подобри. Мора да е приватна?

    Имам осигурување, за медицински интервенции ми е покриено се. И тоа во најдобрите болници во Европа.

    Можам се да направам тука. Но, еве зошто? Кога со едно идење во МК и заби ќе направам и фамилија ќе видам. Битно било кај ќе правам заби(facepalm)

    И тоа со Опра не се сведува само на твоето. Тоа е твоја перспектива, што не значи дека таа е вистинската.
    Ако уште од мала си имала зацртано дека сака да биде успешна, како тогаш мајка и и влијаела на тоа да не биде успешна иако била домаќинка?
     
    На Miss666, 1209, Viveki и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Дентален туризам. За туристи. Можеби е поефтина интервенцијата, ама тие остануваат и шетаат. Пак ќе платат хотел, туристички атракции, во ресторани. Ем прошетале во нова земја, ем имале интервенција.

    Во Македонија има дентален туризам од Грците во Гевгелија. Дипломиран доктор сум, убаво знам колку е развиен за другите гранки. Можеби пластична нешто, али сепак не баш. Каде ти е ризикот од интрахоспитална инфекција и пост-оп нега за истото? Знаеш што значи тоа кога си во друга земја? Сепак е ризик, и јас не би ризикувала.
    И сите тие интервенци се повеќе од естетска точка.
    За сериозни болести, никој нема да ги бара истите болници каде би оделе за трансплатација на коса.

    Ја завршувам дискусијата тука. Стварно нема цел и немам време за да се објаснувам.

    Биди си домаќинка, ако си исполнета со чистење по дома и сл. Ако имаш ќерка, ќе видам дали истото и нејзе би и го кажувала...

    Јас имам сосема различен став. 21ви век е, жената има премногу потенцијал и греота е да не се искористи. Кај нас дома и мажот ми готви, и чисти, пазари, води рачун за сметки, тера кариера во ИТ. И породилно ќе зеде еве за некое време. И тој е родител исто како и јас, не гледам причина жената да мора да е таа што ќе седи 9 месеци дома. И жената (јас) работи, и бизнис има, и печали повеќе од мажот, и готви, се грижи за домот. И така и ќе биде, и децата наши ќе го гледат овој пример и ќе ги учиме на овие вредности.

    Поздрав
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Не знам на што вредности ќе ги научиш децата, но според пишаното ќе ги научиш да дискриминираат и со потценување да гледаат на луѓето врз база на нивните избори. Супер вредности.

    Затоа што јас никогаш не напишав за тебе или било која, биди си кариеристка, ако сакаш да држиш пенкалце по цел ден наместо деца да гледаш. Што не го ни мислам, но го напишав за компарација на твојата деградација на една функција наречена мајка-домаќинка.

    Со среќа и лесна нека ти е бременоста, но тек допрва ќе сфатиш дека една домаќинка не чисти само по дома, туку има и многу потешки функции од оние што ги мислиш. И тек допрва ќе сфатиш што значи да одржуваш домаќинство со бебе. Навистина ти посакувам да имаш бебе како по книга.

    И таткото е родител, уште да имаше функционална цицка. Ваљда знаеш дека некои бебиња цицаат и дека некои мајки одлучуваат да дојат. Не знам што би правел таткото во тој случај, ама добро.

    За останатото не би дискутирала, бидејќи и нема што да дискутирам. Мојот поим и твојот поим за успех се две дијаметрални нешта.

    Но, мислам дека наскоро ќе ме сфатиш. Не мора да го следиш она што го правам, или што го прават другите, но ќе ме сфатиш што зборувам и што сум правела или направила.
     
    На 1209, anastasijaki, Viveki и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Домаќинките да го прочитаат ова едно 100 пати, може појасно ќе им е.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Каде читаш дека дискриминирам? Ако е така, значи и ти дискриминираш што имаш различен став? :?::?: Нема логика.

    Во Америка породилно е макс три месеци, во најдобар случај. Знаеш тоа? Значи според тебе никоја не треба да раѓа таму, како ќе го дои бебето и гледа... (facepalm) 21ви век е, веќе и сама си здосадив на себе зборувајќи го ова. Постојат пумпи за измолзување, млекото се складира и не е проблем тоа воопшто :D Не мора да има таткото функционална цицка. Ако не знаеше, прочитај по нет за пумпите и за млеко складирање. И мојата работа е таква што делумно можам од дома, делумно од канцеларија. Со тоа што сопругот ќе остане на породилно, т.е. и двајцата би биле дома повеќето од времето.

    Знаеш, мајка ми се запиша на факс - редовен во друг град 4 години со предавања и вежби, кога јас имав 15 месеци, а брат ми 4 месеци (помалку од година сме разлика). И не падна ниту еден испит. И татко ми немаше цицка за да дои. Така да, незнам во која средина си ти израсната и каква замисла имаш за менаџирање на време/семејство и сл. Ама јас од мојот пример најблизок и од мој личен знам дека кога имаш памет и знаеш да менаџираш - се е можно.

    Ама лошо е кога самите себе се ограничуваме...
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Кои потешки функции ги има една домаќинка?
    Кога ќе престанеш да ја минимизираш улогата на таткото? И таткото е 100% способен за сам да израсне и изгледа бебе!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Не сум во Америка, ниту пак ти. Тебе државата ти дава 9 месеци породилно. На твое место, јас би го искористила максимално. Затоа што за мене тие мигови немаат реприза. А реприза има секогаш на кариера. И доколку се може да се дои, нема поубаво чувство и поврзаност со бебето од тој чин. И ако веќе доиш и го научиш бебето на доење, жими некогаш ќе ти фати шише. Ти до утре складирај:D Ај рипни, па кажи оп. Важи?
    Така правеа бебињата, ќе цица сега 8 месеци и од утре од шише ќе пие. Јас не сакам да се измолзувам, тоа мене ме прави мајка со лоши визии за иднината? Не знам што правам? Имам две функционални дојки и ќе ги искористам максимум додека бебето и јас имаме бенефит од истото.


    Инаку сум израсната во средина каде не знам, го пишуваме одвоено. За другото, не се чувствувам должна да ти споделувам интимни детали за мојот живот. Но, ако мислиш дека твоето семејство е супериорно, семоќно и само тоа знае како се живее живот, а ние од пештери излеговме без пумпи за измолзување, се лажеш.

    И кога веќе споделуваш примери и за тоа дека ние се водиме по нив. Сметаш ли дека мајка ти требала прво факултет да заврши, па да се мажи и да прави деца и како влијаело тоа на твоите избори и одлуки во животот? Дали тоа значело дека и ти истото ќе го следиш или би го следела? И зошто не?
     
    На elenaklasik, 1209, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Џабе се објаснуваш. Најмајка е женава, другите се гола вода. Дури сами не сфатат дека и двајцата родители се подеднакво родители, и подеднакво треба да ги вршат обврските во домаќинството, и подеднакво да си вложуваат во кариери, се е џабе. Светот не завршува за жената кога ќе се мажи и роди, туку само се додава делче во веќе создадениот свет на една жена. Треба прилагодување, ама не и откажување од круцијални нешта.
    Детето како расте е се понезависно од родителите. Ќе замине на студии/работа, ќе си оформи семејство и ќе си има негов свет. Мајката-домаќинка ќе сфати дека дури трепне поминало времето, детето нема потреба од нејзе како кога е бебе. И на 50 години тек ќе почне да гради кариера? Па физиолошки телото, мозокот се постари. Не е исто работоспособноста. Се знае кога се продуктивните години. И ни натаму, ни наваму. Мозокот е орган, му треба стимуација за да не зариби. А со бидувањето домаќинка баш и не се стимулира, же отупи. Пробувам да ја сфатам логиката, ама неможам. Зошто една жена би се ограничувала...
     
    На Gentlewoman! и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Гледање на дете на пример.
    Ти што тешко направи денес?
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Што е тешкото?
    Знаеш дека има мајки кои успешно балансираат деца и кариера?
    И што ако се разведат, а мајката ден стаж нема, а сопругот ја издржува.
    После ќе ја читаме во темата развод, совети како да не и ги земат децата зашто таа нема доволно финансии.
     
    На Gentlewoman!, nextredstyle, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    А ако ги искористиш ти тие 9 месеци, таткото каде е во приказнава? Тој не треба да се поврзи, не е родител? Или само ти како мајка си родител? Потполно не се согласувам со тебе.

    Не сум во Америка, ама сите клиенти ми се. Затоа и знам убаво како функционира таму, и како мајките работат. Да, и тие се мајки иако со неполни 3 месеци бебе тргнуваат на работа. Немам намера да се откажам од кариерата кога има решение. За доење, јас знам многу спротивни примери од твоите. Секој како ќе си се постави.

    Мојот факс е завршен. Со паралелно работење додека студирав општа медицина... Што е препретежок факултет, со буквално здравствени последици поради нередовен сон и стрес. И на прсти се бројат луѓе кои тоа го имаат направено. Сигурно не ни познаваш таков. :) Кога ти ќе направиш тоа, ќе збориме за тешко. Од друга страна, многу мајки успеваат да „останат живи“ додека се на породилно. Не викам дека е лесно, but still... Имав и колешки кои останаа бремени сред студии, и завршија факултет. Какви ли мајка била колешката од Струмица бебе од 2 месеци што оставаше во Струмица со сопругот, и патуваше малтене секој ден во Скопје на предавања и вежби... Сигурно немајка според тебе.

    Не викам дека семејството ми е супериорно, ама викам дека имам пример кој е за пофалба, и контрадикторен на твоите сфаќања.

    п.с. Мајка ми завршила виш степен пред да се мажи, факултет немало тука тогаш. Откога се омажила, отвориле и факултет, и се запишала. Ако толку те интересира :D И постдипломски заврши кога бевме во основно замисли wow :rofl: Наместо да си била домаќинка.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    А ти тежината ја знаеш, како?

    Те прашав.
    Што тешко направи денес?
    Која е таа мајка со ни ден стаж во фамозниот 21 век? За кое митско суштество зборуваш?
    И што ако ги читаш во темата за развод? Не те сфаќам, ти пречат да ги читаш, едвај чекаш да прочиташ поради ,, I told you so" или?
     
    На 1209, LUCI 99, Viveki и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Секоја чест!
    Посебно ако си завршила општа на УКИМ, браво!
    Со членката, без поента е да се дебира. Буквално гледа како коњите, само детето и толку.
    Џабе и кажуваш примери, сигурно ќе најде некој изговор.
    Знам мајки кои почнале со работа кога бебињата биле 4 месеци, и ништо не им фали! @ArabellaStarfall
     
    На Gentlewoman!, nextredstyle и LadyR им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Да, само ти имаш успешни родители.
    Само ти заврши факултет. Претежок. И само ти работеше додека студираше и не спиеше и интравенозно кафе си аплицираше.
    Само ти инвестираш во акции, недвижнини.
    Само ти имаш маж што е програмер.
    Само ти знаеш како се функционира со бебе, кое уште е на патот.
    Само ти најдобро ќе ги воспиташ децата.
    Само ти имаш најдобри примери и само вашето семејство создава успешни луѓе.
    Само ти земаш дупла плата од маж ти програмерот.
    Само ти знаеш да одржиш баланс помеѓу работа и бебе.
    Само ти.....

    Ти треба валидација за нешто или?
    Која е поентата на oversharing на форум за својот живот, само за да докажеш дека, само ти...?

    Биди си ти тогаш.
    И јас ќе си бидам јас.
    Жал ми е што, иако паметно звучиш и делуваш не сфаќаш ништо од тоа што пишувам и зошто го бранам.

    @Just.do.it Зошто ми го одбегнуваш прашањето? Што повеќе и повредно направи од една домаќинка која се грижи за детето, денес?
    Многу лесно прашање е.
    Или сепак да сметам дека немаш одговор со кој би го оправдала сиот твој залуден труд на тропање глупости?
    Па уште примери ќе дава за мајки на 4 месеци деца што оставаат и ништо не им фалело. Еве јас не сакам. И?
     
    На kalinaka, Gosh, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Никаде не кажав само јас! Ти почна со лично мапирање со тоа што почна да ми пребаруваш мислења каде сум пишувала за стан за минималец хахах :D Па да ми солиш памет за затајување данок, па дали сум можела со мојата плата да издржам фамилија ако сум се развела :D

    Тоа што ти давам лични примери кои ти ги сузбиваат твоите теории е сосема друго. Тоа е вистината, колку и да те погодува.

    И не можам да бидам мирна кога некоја жена подржува женскиот род да биде домаќински. :D И што збори дека жена ако работи и гради кариера, а не само да седи дома и да дои е помалку мајка од тебе.

    Си решила да се враќаш назад во времето - супер за тебе. Ама светот оди напред, затоа нема смисла да пишуваш глупости. Ако ти се ограничуваш, не значи дека е тоа правилно. Да беше тоа правилно, сега немаше радиотерапијата да постои како третман за канцер.

    Додека не ти дадат круна и титула „супермајка“, за мене таа титула ја носи секоја жена која успеала и да има кариера, и да си има свои сопствени финансии и слобода, да не е зависна од мажот и да има деца. А верувај, такви ги има многу! И уште повеќе ќе ги има бидејќи времето кога сме биле под турско ропство е поминато.
     
    На Grungie, Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Што повредно направив, тебе не треба да те засега.
    Пробај прошири ги своите видици. И мајките кои работат се супер мајки.
    Убаво ти објаснува членката @LadyR , само кој сфати.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Наврати се назад и прочитај си како ја почна дискусијата и на што ја сведе. И уште нешто сакам да ми разјасниш ако сакаш. Како тоа без никаква помош имаш купено стан, лично твој, ако си го купила заедно со дечко ти или маж ти. Бидејќи имаш пишувано во множина за купувањето, а тука се претставуваш себе дека си способна сама да купиш со платата што ја имаш. Ме интересира која е вистината само.

    Не ме погодува ништо од твојот живот. Баш сум онаму за каде што сонував цел живот да бидам.

    Го поддржувам целиот женски род да има избор што сака да прави во и со својот живот. И никаде не напишав која е подобра мајка и која е најдобра мајка. За мене доењето е нешто најубаво. Сфаќаш што е општа мисла за опис на чувство. Дали напишав дека треба секое бебе да се дои? Што би имала јас бенефит од твојот личен избор? Ништо. Но, јас би имала бенефит од мојот.

    Супермајка за тебе може што сака да биде, но за мене супермајка е таа што ќе изведе деца на прав пат, здрави и функционални единки кои прават општи добра за човештвото. И таа што работи и таа што е дома.
    И додека ти се тепаш да се докажеш дека си напредна и современа, а како јас сум заглавена во турско време, да ти дадам само уште едно потсетување. Тука, многу мајки не работат, а земјава е светлосни години напред, и никогаш не била под турско ропство, замисли. А огромен процент од нив, наместо фул кариера после пораѓај, продолжуваат со парт тајм работа.

    И за мене тоа е најдобар модел за живеење. Да може да работиш парт тајм, да имаш време за децата и да имаш доволно средства за да го направиш тој совршен баланс. Ете, тоа е за мене успех. Да го пронајдам местото кое ќе ми ја овозможи совршената рамнотежа помеѓу семејството и кариерата, а воедно да нема финансиски последици на буџетот.

    И кога веќе ја спомнуваш Америка. Погледни ги последните статистики на жени што седат дома. Колку што знам Турција е на друг континент од Америка, па не знам какво влијание би имале на нивните жени чив број на домаќинки се зголемува, а не намалува.

    Работи си и гледај си дете. Туѓиот живот и избор нека не те интересира многу. Затоа што на крајот сите се бориме за подобро за самите себе, а тоа по дефиниција не е поврзано со она што некој друг го има зацртано за себе.

    Иако делуваш на членка со висока интелигенција, емоционалната ти е во опаѓање. Ќе ја добиеш, кога ќе ги разбереш емоциите на другите луѓе, а со тоа и нивните постапки и одлуки.

    @Just.do.it Ако ми веруваш, ништо не ме засега што се однесува до тебе. Не знам ни зошто ти враќам, кога немаш способност да се носиш со дискусија, туку дофрлаш претпоставки.
     
    На CameliaMiller, Gosh, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    А ако не те интересира, зошто пак ме прашуваш лични прашања? Само еден стан ли може да има човек, што го купил во време во бреме на брак, и каде што живее? Не е можно човек да си има купено стан пред да стапи во брак, нема живот човекот пред да се омажи/ожени? Или јас како жена можно е да створам нешто единствено во брак кога сум, заедно со маж ми? Глупости...

    И дали си нормална, за станот кој го имаме со сопругот пред неколку години имам пишувано за кога го купувавме... Колку ми имаш пребарувано низ мислењата Бог да чува. :D Како за мајка која многу се грижи, ептен ми изгледа дека имаш слободно време. Па да ми пребаруваш мислења години наназад :D

    А за емоционална интелигенција можам лекции да ти држам искрено...

    Не е во ред да викаш гледај си за себе. Ова е женски форум, и илјадници жени читаат. Пишав и погоре, фрапантно е колку жени се заглавени во бракови, и не можат да најдат излез, и не знаат како да се грижат за себе. Најголем процент од тие се домаќинки.
    Да имале пример, да имало кој да ги научи како не треба, и кога да застанат за себе, и колку е важно да се самостојни и независни, колку само ќе беше светот поразличен!!!
    Некои жени може сами ќе осознаат, на некои им треба помош, им треба кураж. Ако сите гледаме за себе, како ќе им се помогне?! Бидејќи сме станати себични, светот е отиден у пм.
    Многу мајки трпат физичко и психичко насилство, и децата се сведоци. И што треба? Да гледаме од страна, бидејќи треба само за себе да не интересира? Бидејќи таму сме каде што сме сонувале?

    Мило ми е што си таму каде што си сонувала.
    Моите сонови се многу поразлични од твоите.
    Јас нема да престанам да зборувам, да покажувам со примери и да помагам на жени да сфатат дека е важно да се независни. Замисли, и помагам, да. И не мислам само на помош здравствена бидејќи имам др пред името, што инаку е најхумана професија според мене. Знаеш колку мајки има што сакаат некој да се погрижи и за нив? Мене ми е убаво на душичката кога тоа го правам, и убаво ми е што цело време другарки, роднини ми кажуваат дека им сум role-model во животот.
    Ама нема што да ти се објаснувам како што на тебе, не можам енергијата да си ја трошам стварно.

    И нема што да се објаснуваме повеќе. Твојата цел е една, мојата е сосем друга. Џабе дискутираме.

    Се најдобро ти посакувам!

    Ајт здраво

    И порака до сите жени:

    financially+independent+women+quotes.png

    А ова не може да ги направите ако бидете домаќинка, и зависете од сопругот. А сопругот треба да ве поддржува 100% во вашите одлуки. Не се плашете да ризикувате, трудете се и ќе се исплати. Колку и да ви е тешко во било кој момент низ процесот, да знаете дека брзо ќе дојде денот кога ќе сте благодарни на самите себе. Вашата сила е неизмерна, не сте ми свесни какви чуда може да направите. Изненадувајте се постојано од самите себе. И запамтете дека заслужувате да сте среќни, макар тоа да значи и без партнер. Не останувајте во заедница само заради тоа што мислете дека сама нема да успеете, или дека сте зависни од сопругот. Кога вие ќе сте среќни, тогаш и луѓето околу вас можете да ги направете среќни.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ништо од тоа не е можно. Туку ми требаше само едно појаснување на она што го пишуваш. Што пак не даде конкретен одговор. Затоа што кога се фалиш дека си постигнала нешто, барем наведи ги точните детали.

    Знаеш веројатно како се користи пребарувачот на мислења, за кое не ти треба ни повеќе од 2 минути, за да дознаеш информација која е релевантна за сегашната дискусија.

    Според која статистика се водиш и наведи извор од каде ја најде за она што си го напишала. Жени заглавуваат во токсичен брак од разни причини и не е тоа дека најголемиот број биле домаќинки и само финансиската зависност е најголемата причина. Глупости во невидени размери.

    Како помагаш здравствено кога самата кажа дека се бавиш со друга професија. Или битно беше да се спомне твојата титула доктор.

    И не знам за кои жени дискутираш, но барем во денешницава нема домаќинка професија за цел живот. Баш напротив, се работи за жени, доволно самоуверени да стават пауза на својата кариера бидејќи не се плашат од животните предизвици и да се посветат одреден временски период на семејството. Истите тие жени се образовани, вредни, работливи и сметаат дека направиле совршен избор за партнер, во кои имаат целосна доверба за да остават да бидат главниот финансиер во семејството за тој период.

    Да, може и така да се каже. Ништо не е битно во животот, освен вашите чувства. Ако сметате дека кариерата може да се паузира, за да поминувате повеќе време со децата и имате услови за истото, направете го тоа. Не вредите ништо помалку од другите. Најбитно е со кој создавате семејство. Кога ќе ја имате довербата во партнерот, ќе ја имате и самодовербата да правите правилни одлуки за вас.
     
    На CameliaMiller, Gosh, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Оф топик ама мене нешто не ми е јасно.
    Како е можно и да се студира и да се купи стан без ничија помош?
    Прашање кое ме мачи :?:
    Од колку почнале да работат, од 10 години што купиле стан?
     
    На Gosh, eliesaab, Viveki и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.