Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    22.213
    Пол:
    Женски
    Тука на форумов се си може :D

    Едит: моментално професијата доктор во Мк е исто како да кажеш дека си мафијаш. Сите знаат од каде ти се парите, становите, колите... :D:D
     
    На Gosh, eliesaab, Viveki и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Од акциите:)
     
    На Viveki, Lena0903, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Која си ти да ти давам конкретни одговори? Каде стои правилото дека треба сите детали од да ги изјаснам на форумов?

    Кажи ајде ти што работиш, и што имаш постигнато лично самата?

    И не ме замарај веќе. Доволно е да разговараш со социјален работник кој има по 20-30 годишно искуство и ќе ти објасни се убаво. Изгледа имаш заборавено каква е ситуацијата во Македонија, па и пошироко.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Сите детали ги извади на површина, непобарано и непрозвано, баш она што е клучно и потпора на твоето пишување, не сакаш да го одговориш.

    Доблест е да кажеш дека сама тој стан го немаш заработено, туку со помош на партнерот. Што и тоа е за поздрав. Но, ја доведува дискусијата во друг правец. Сепак, сама стан, за краток временски период, не можеш да купиш, без разлика на тврдењата што ги даде претходно.
     
    На Gosh, eliesaab, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Ах бре Македонче токсично... Ќе пукнеш од злоба ако некој сам направил нешто во животот, кое се коси со твоите стандарди.

    Уживајте жени. Кој сака да сфати, ќе разбере. Мене ми е совеста мирна, животот супер (пу пу), џебот полн, и не зависам од некој.

    А вие продолжете да се чудите како, што, зашто, како е можно. Во ова време, каде од дома можеш работејќи да си направиш мало богатство, е срамота да се дискутира како е можно.

    Наместо да сте благодарни што живеете во време кога од Македонија можете да работите за Америка, Канада, Израел - за гигантски фирми, и да имате плата по нивен стандард, и потоа да знаете паметно како да инвестирате за да си ги размножите средствата, вие уште се тупите како е можно некој стан да купи на млади години. :D И ќе пукнете од злоба. Луѓето почнаа со план за да одат на прошетки до месечината... Јас 10 години веќе работам за странци, а официјално во брак стапив пред нецела година. Ако ви е чудно што се може да се направи за 10 години работејќи со странски клиенти, што да ви кажам. Се дружите со погрешни луѓе, или имате лоши примери.

    Еве ви, на интернет имате опција за научете многу работи, да стекнете вештини и благодарение на интернет може да се вработите во светски фирми.

    Нека го прави некоја од вас тоа 10 години, па ќе зборуваме дали истото ќе го мисли како и сега, и што се може да направи за тие 10 години. И дали ќе биде чудно ако си има купено стан сама :D
     
    На Amelia., Anemona, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Eве и да е така, сигурно на 20 години не можеш да стекнеш толку и да си купиш стан.
    Тука бре сите на 20 години купиле сами стан без ничија помош. :^)

    Со парите од родендените, од мекиците, од постапалки, од првото забче. :D
    Ех кој ние е крив кога не сме штеделе.
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2024
    На Gosh, eliesaab, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Toa e koa roditelite ni gi zemale i posle ke ti kazat,so sakass ti kupiv bluza,patiki so tie pari,a opppp na nekoj stan :rofl:
     
    На eliesaab, manako1, Lena0903 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум благодарна што земја која нуди примарни услови за живот ме поканува да живеам во неа и се однесува према мене како да ми е матична, отколку можност да седам во Македонија и да работам за странски клиенти. Фала, ама нека:)
    Не ми вредат ниедни пари ако елементарно нешто како чист воздух го немам. Мене инспирациите не ми се исти како твоите.

    Но, нема да речам лошо за тебе. Ако си горда на својот успех, тоа е одлично. И треба. Битно е ти да си исполнета и да се стремиш да ги оствариш сопствените цели.
    Ако функцијата на жена домаќинка не е за тебе, не ја прави. Но не значи дека една жена домаќинка е помалку успешна и реализирана од тебе, само поради тоа што мислиш дека тоа е така.
     
    На CameliaMiller, Gosh, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Што паметно работеле на 17, 18 години за да купат стан на 23? Заинтересирана сум за ова, навистина.

    Кога веќе даваш примери кој успеал, и Бил Гејтс рано стекнал богатсво. Но, сите не сме Бил Гејтс, така? Не има во различни професии и разни бранши. Ако било лесно да станеш веднаш богат, зошто не си прочуена и добро платена докторка, туку си се насочила на нешто сосема друго. Или сепак си свесна, дека секој старт на занимање не е ист? Знаеме дека ИТ секторот е најплатен, особено во МК, што јас не го разбирам, со оглед дека еве баш твојата медицинска фела ем работи поблагородна работа, ем постресна, а помалку е платена.
    Како се стекнува богатство веднаш, ако продолжеше да градиш кариера како доктор?
    Не си прв пример што завршил медицина, но посегнат по богатство се насочува кон нешто друго. Зошто тогаш си се мачела како што викаш, ако не сакаш да се оствариш како доктор?
     
    На eliesaab, Viveki, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Имаш различни начини што да работиш од 17-18 години. Не мораш исто да работиш цело време.

    Еве ќе ти кажам пример личен - едни од моите први клиенти кога почнав да работа од 18 години ми беа FLO. На сите жени ни е позната апликацијата. Веќе не го работам истото, ама тој старт ми отвори многу патишта.

    Инаку лекар не значи дека мора класични прегледи во ординацијата да извршува. Имаш телемедицина, имаш пишување научни текстови, трудови, истражување, потоа за второ мислење, евалуации и тн и тн. И башка се заработува многу повеќе од тоа да си матичен лекар. Незнам како, од прееска се обидувам да ти објаснам дека можностите се бесконечни за работа во ова време. Потребна е желба и труд... Што и да те интересира, ти е достапно.
     
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.150
    Пол:
    Женски
    Јас тука одамна кога пишував за Гоогле Адс ми се смееа :D А јас и маж и по 3-4 к месечно си земавме. На моите плац им купивме тогаш :) На наши 18-19 години.

    Си има начини кој сака и знае :)
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Е Фала Богу еден паметен, браво! Јас ти верувам, и многу ми е мило кога слушам вакви приказни најискрено. :l: Нема само еден начин, има повеќе начини. Нема еден патерн за успех. Ама кој сака, може. Со години го зборам тоа, ама тешко допирам до некои личности. :D
     
    На Just.do.it, Tanjamm и mssuniquee им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    Ако добро паметам, ти беше домаќинка, односно дома си со децата? Ако грешам поправи ме те молам и извини.
    Ако не грешам тогаш ја докажуваш теоријата дека и домаќинка може да биде успешна, пред или потоа, односно тоа што го пишува цело време @ArabellaStarfall ?
     
    На ArabellaStarfall, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.684
    Сакаш да кажеш 3.000-4.000 евра? Еве јас имам блог, одамна ми е направен како хоби, со фотографии од убави места од Македонија и кога еден член тука ме исмеа со коментар „Браво бе Тање за се те бива“ демек чудо големо ако правим видеа од фотографии и снимки, го отворив блогoт и тогаш видов ми стигнало инфо дека можам да го врзам на Ад есенс. Колку сум била будала, ете дека информацијата треба да ја знаеш во вистинско време, инаку отиде возот. Јас тоа го правев како хоби, а да знаев дека можам да заработам, ќе вложев 100% повеќе енергија, ама пари ќе извадев од тоа. Ете дека сум била глупава. А имам таму публика од многу земји, веројатно би имала профит, ама кој да ме поучи. Значи браво за вас. Така треба.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека темава е уште отворена,а служи само за билдање его како секоја една е најуспешна кариеристка, мајка, жена, домаќинка, другарка и се во едно, а друга е само домаќинка и е глупа и тупа оти избрала да се посвети на децата и домот, оти ПАЗИ тоа ја исполнувало во животот, ама не треба тоа да ја исполнува, треба да тргне на работа после 3м од раѓање на бебе оти тоа е правилно и тоа е дефиниција за успех и амбиција. Ако не го направиш тоа нешто ти фали, ако седиш дома 9м, нешто ти фали.
    Алал да им е на сите што успеале 3м по раѓање на дете да се вратат во колосек на предходниот живот. Јас сум многу глупава и уште сум домаќинка после 10м.
     
    На CameliaMiller, Coco31, Gosh и 17 други им се допаѓа ова.
  16. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.150
    Пол:
    Женски
    Јас сум вработена домаќинка :) Работиме од дома со мм, со години. И додека трае вака не планирам да барам друга работа, скроз ми одговара. Ем заработувам лежејки буквално ем си ги гледам децата.

    @Tanjamm Даа, па сите блогови и вебсајтови се врзани со реклами. Само што ако имаш прегледи од Мк нема некоја заработка.. кликовите најмногу беа плаќани од Америка итн..
    Фала иначе:hug::l:
     
    На eliesaab, butterflysk, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.420
    Пол:
    Женски
    Темава не е за ова што го пиша.
    Косми кажа повеќе пати. Темава не е за жени кои само одреден период или неколку години не работат.
    Темава е за оние кои ич не работат.
    Што ни штрчи?
    Промовирање на стил на жени кои немаат свои пари, ни некаков план Б за црни сценарија.
    Секоја овде може да врти до сабајле, но нема да го смени фактот дека на тие жени ќе им биде потешко ако им се случат тие црни сценарија отколку на вработените.
     
    На eliesaab, Just.do.it, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Факт е дека црни сценарија може да имаш буквално доколку земаш и 2000 евра плата, работа се губи и срања се случуваат, тоа не е никаква гаранција и не го правда фактот дека осудувате жени домаќинки оти на вас лично ви пречат, оти не моежете да ги замислите.
    Знам за што е темава и сеуште не ми се верува дека уште е отворена.
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Животот преку ноќ на сите може да ни се смени. И на таа што живее лагодно со парите од мажот, и на таа сама што заработува многу пари.
    Здравје се губи многу лесно, стекнати пари се трошат исто така лесно ако немаш сигурен приход. Да сме живи и здрави, со бистар ум, и паметен избор на партнер (ако сакаме партнер секако), па секој како сака нека живее.

    И само уште ова, децата еднаш се мали и неколку години само зависни од вас. Ниедна кариера не вреди во споредба со поставување на здрава основа за нивен правилен развој.
    Зошто има многу кариеристки сега во пензија со изгледани неспособни за живот деца. Лично ги познавам И џабе кариерата, искрено ако сум одгледала дете кое не знае компир да си свари (пример).

    И ова ви го пишува мајка, жена, со многу висока образовна титула, многу висока плата и кариера која оди само по нагорна линија со сопствен труд. Ама знам мајка ми колку инвестирала време за воспитување на мене и брат ми за да станеме тоа што сме денес, и покрај тоа што работела со полно работно време. И јас истото се надевам дека ќе им го пренесам на моите деца.
     
    На CameliaMiller, flower30, LiquidLuna и 16 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.418
    Ве молам прочитајте го воведот на темата. Не е темата за што се' може да ни се случи во животот. И дали и како може преку ноќ да ни се смени. Може и утре да не снема од планетава... Ама не е тоа тема на муабет овде.

    За чување деца, породилно, одгледување деца и колку ќе се способни има сосема различни теми.
    Незнам зошто упорно се вади од колосек темава и се забегува кон други работи... Прво читајте за што точно е, па потоа скокајте. Како некои мамички едвај да чекаат фрустрациите да си ги изнесат на форумов...
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.