Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    55.504
    Пол:
    Женски
    На темава упорно се форсира наратив дека ако не си најмајка и најкариеристка истовремено значи правиш нешто погрешно. Па триста фалења демек ако можам јас вака значи секој можи и треба, сѐ друго е изговор. А се заборава на фактот дека има милион различни ситуации во животот и милион различни причини зошто некој одбрал одредено нешто пред друго. Упорно и упорно жената е под притисок дека мора да е во сѐ најдобра, и тоа најмногу од други жени.

    Олабавете малку со мешањето во туѓи животи, секој си знае најдобро што сака и на што ќе му даде приоритет, и сѐ е океј додека е задоволен со изборот и никому не штети. Можиме да зборуваме за нас што е најдобро, ама да мислиш дека знаеш подобро за другите повеќе отколку тие што си знаат е тешка заблуда.
     
    На CameliaMiller, elenaklasik, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Па ете ти обратно поставена теза за дискусија. Што ги тера жените да трчаат по кариера, да си ги запостават децата, па место они да станат пасивно агресивни ко шо тврди членката во првиот пост, стануваат деца неспособни за живот?

    И најважно, која кариера можеш да ја имаш тука?

    Колку јас имам работено и работам на тема женски права, заштита и еманципација во последните 10 години, многу добро знам кои се причините на жените кои остануваат дома, и се сосема валидни.

    И искрено, ни ф од фрустрација немам, напротив многу исполнет живот.
    И да, да имам сопруг кој ќе ја заработува и мојата плата, со задоволство ќе останам дома да бидам 'домаќинка'. Кафиња цел ден, шопинзи, лепота.
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
    На CameliaMiller, mal.ecka, ArabellaStarfall и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.402
    Кој кажа дека ако работиш децата се запоставени? И дека децата ќе станат неспособни?
    Преглупи ти се овие тврдења најискрено. Сакаш да кажеш дека на сите мајки кои работеле и имаат деца, децата биле запоставени и сега се дебили?

    Мајката не е единствен родител, и не е само таа вклучена во воспитно-образовниот процес на детето. И не се согласувам дека ако мајката работи, детето е неспособно за живот.
    Баш напротив, мислам дека мајките кои премногу стануваат опсесивни со децата и „целосно се посветуваат на децата“, и нивно воспитување, ги прават децата зависни од нив и потоа на истите им е потешко да се снајдат.
    И пак ќе кажам, родители се и мајката и таткото. И двајцата подеднакво треба се вклучени во се. И ако се сака, се наоѓа баланс меѓу работа и семејство без да треба да се откажеш од едното или другото.

    Епа најди си таков сопруг, што да ти кажам. Со среќа, ти посакувам да најдеш и некој што ќе заработува и по 10 плати.
    Јас за себе знам дека ми е многу убаво што одам на шопинг со мои пари, и си трошам за што и да сакам, кога и да сакам. Сопугот и 100 пати да заработува повеќе, јас ќе продолжам да си работам.
     
    На BlackNight и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А зошто упорно тврдите дека домаќинките се затупавени?
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Lady мила, вашиот првичен став е дека сите домаќинки се несреќни и глупи. Therefore, аналогијата горе дека сите кариеристки се со запоставени деца.
    Не е тоа мое мислење, ти поставувам контра теза да сфатите и вие вашите ставови колку се глупи. Зошто првичната генерализација е таму на почеток.

    Не е ништо црно, бело, и да не само што треба, туку мора да има баланс.

    Така што, фала на грижа, ама не пишувам лично за мене. Фала богу, имам и одлична работна позиција, и сопруг кој иако е на многу висока работна позиција, дома е вклучен во сите обврски кон домот и децата. Како и повеќето мажи на другарки и другари мои. Не знам вие во какви средини живеете.
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Инаку за жал во најблиско опкружуавње имам случај на мајка која не го гледа 8 месечното бебе со денови за да куца докторат. Баби го чуваат. Така што, да, ги има многу кариеристи (двајцата родители) чии деца растат без вистинско родителако внимание
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Ама ти.
    Темава не е за ти што сакаш и ти што мислиш дека е правилно и според тебе сите што не го прават тоа не се во право и се затупени домаќинки.

    Јас пак сметам дека во брак нема мое твое, се е наше. И да одам на шопинг со парите заработени од сопругот, не сметам дека не одам со мои пари оти тие се наши пари, како и за децата кои би се грижела што се наши деца и куќата која би ја чистела е наша куќа.
    И јадењето кое би го зготвела е наше јадење или ако е купено со твои пари е твое само и сопругот нема право да јаде.

    Многу лоша споредба правите со ваши пари, домаќинките немаат ништо, немаат нивни пари, треба да гомостават детето од 1м дома и да печалат оти немаар пари итн.

    Тебе ти посакувам да биде баш така како што си си замислила да биде со бебето, ама ќе видиш колку не е .
    Оти и јас и сопругот моментално сме дома, исто ги шетаме, заспиваме, храниме, единствени плус што правам јас е доење и колку и да сакам бебето да е приврзано во иста мера со сопругот едноставно не е возможно зошто во првите месеци од животот па и понатаму бебе си бара мајка.
    И знам дека има случаеви кога нема мајка и кога мора да се навикне(пред да рипнете за хипотетички ситуации) во случај кога мајката е присутна детето апсолутно до одредена возраст ја преферира мајката, и тоа не е оти така сакаме ние туку оти таков е биолошкиот процес.

    Тоа што во Америка и многу земји имаат по 3м породилно, сметам дека е најголем пропуст што една земја може да го има.
    Проповедате успеси на жени, како треба да се борат за свои пари, права и слично, а од друга страна тврдите дека 3м породилно е сосема во ред и ништо не им фали на тие жени.
    Може ќе бидат една, две, три, десет, сто жени на кои ништо не им фали, ама апсолутно на голем дел од. жените 3м породилно е хорор приказна.

    И на крај секој има право на избор за својот живот, секој има право да го прави она кое го исполнува доколку не наштетува апсолутно никако на другиот. Сите немаме исти капацитети и ако една жена може да биде мултитаскинг, да трча натаму наваму и тоа да ја исполнува, друг може ја исполнува 3 зготвени ручеци на ден, ужинки и десерт, домашна градина, чисто и средено секој ден , мирен живот и посветеност 100 посто на деца и маж.
    Тоа што сакате да докажете дека според некои критериуми вие сте подобри од таа жена и сте повредни за живеење од неа, не кажува многу за домаќинката туку за вас.
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.402
    Те молам прочитај ми ги мислењата и ќе видиш зошто зборам. Дека жената треба да работи, да е самостојна, да е продуктивна за семејството и општеството, да е стабилна и сигурна дека е независна од сопругот бидејќи утре ако се десат ХХХ работи, сама ќе може да е способна да си има обезбедено се.

    А ако не работи, како ќе го постигне тоа?

    Се изморив објаснувајќи. Само вадите некој збор од контекс и како слеп за стап. И само зборувате за бебе, доење и се во круг. Животот на сите само околу тие неколку месеци ли ви се сведува? Па ќе поминат за миг.

    На крај краеви, ваша е одлуката. Што да кажам... Се надевам дека нема да имате контакт со социјални и медицински служби поради семејно насилство на сопружник во заедница во која има деца. Ниту да не се најдете на нивна позиција еден ден. Зошто има многу несреќни жени кои немааt каде во животот. Каде само сопругот работи и си ги троши парите, а другите трпат. И тоа е препрежално. И е секојдневна работа во Македонија.
    Ама џабе, колку и да објаснувам, поентата не ми ја сфаќате. И ќе се фатите пак за бебето и доењето. Океј е, гледајте си ги децата, кој ви брани.
     
    На Miss666, BlackNight, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.768
    Пол:
    Женски
    Вистина. Ако се водиме по констатацијата дека парите се на мажот бидејќи тој ги заработува, дали тогаш децата се на жената бидејќи таа ги гледа? И замисли кој глупав муабет би се правел на кајгана во тема ,,мажи- финансиери на издржувани жени" со истиов наратив.

    Што бракови имате каде се чувствувате должни према партнерот и не ви е пријатно да трошите пари, кои патем се заеднички:drunk:
    Сакале во шопинг со свои пари. Да не имаат парите посебен принт на нив врз база на нивното потекло од тоа кој ги заработува.
    Значи темава е (mooning)
     
    На CameliaMiller, eliesaab, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    И вие вртите се во круг, дека домаќинките се затупавени.
    Имаш право, нивна одлука, што тогаш се напнуваш да објаснуваш ако не те засега кој што прави.
    Семејно насилство има и кога жената заработува доволно, еве има свој стан иии?
    Не може бившиот маж да и отиде и да ја претепа, не читате што се случува во последно време, дека и се заканувале, дури и пред родителите ја претепале, па па дури и родителите и братот во нивна куќа?
    Премногу розеви очила, симнете ги.
     
    На LUCI 99 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Децата се на жената (мајката) бидејќи таа ги раѓа.
     
    На Gentlewoman!, Curious cat и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Абе има не дека нема, ама тоа е првично лош избор на партнер и нема апсолутна врска со тоа да бидеш домаќинка по свој избор.
    Повеќето од нив се присилени да седат дома оти сопругот е манипулатор и така финансиски ги држи под контрола.
    На крај краева како демек ако се деси таква ситуција и жената остане сама, како да не може да најде и било што да работи побогу, мислиш ќе седне да проси или да чека од небо да и падне.
    Посебно ако има деца ќе се бори и ако треба ќе иди ќе чисти некаде само да им обезбеди. Цело време тоа ви е единствен аргумент зошто некоја не треба да биде домаќинка, а е тотално глуп аргумент.

    И не животот не ни се сведува само на тие месеци, голем дел од животот ни во тие месеци ни се сведува на тоа, на повеќето од нас барем. Ете јас апсолутно за ништо немав ниту време ниту воља, ниту сила да правам првите месеци од животот со бебе, само за него мислев и се ми се вртеше околу него. Сега се враќам пак малце во форма и малце имам некоја додирна точка од тоа што бев предходно.
    Ама пре би избрала да бидам со него првите месеци од животот и да не работам отколку, да го пуштам друг да ми го чува. Тоа е мој избор и не ми треба некоја жена да ми кажува дека не е правилен исто како што и јас не треба тебе да ти кажувам дали е правилно или не да го оставиш бебето да ти го израснат други уште од 3м радаи кариера.
     
    На mal.ecka, eliesaab, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Така е. Основата на феминизмот е финансиски, политички и општествено независна жена, жена која ќе носи одлуки сама за себе. Но, исто така, феминизмот е и прифаќање на жената таква каква што е, сосе сите нејзини одлуки, правилни или неправилни. (Во наши очи)
    Зошто, како што кажав, со години сум работела на темава и сеуште работам со фокус на осамостојување на млади девојки да бидат финансиски независни, верувај, знам дека причините зошто некој се одлучува да биде домаќинка се многу подлабоки од претходно напишаното.

    Нема да убедиш никоја девојка да најде работа со пристап 'не биди глупа домаќинка'. Може да си муабетиме на темава до утре сабајле и никој нема да биде во право, зошто пак ќе кажам, не е се црно или бело. Ако сакаш ќе ти пратам во порака и истражувања на темата, и ставови на младите во земјава на темава, и што се прави се да се вклучат девојчињата.

    Претпоставувам дека си млада и не ти правам aging, туку се гледам јас во тебе пред некое време. И ете како, претпоставувам малку поискусна, пак ќе речам, во оваа земја, можеш и треба да работиш, но кога ќе одлучиш да имаш дете, сакал ти или не, кариерата ти е на пауза зошто се е насочено кон ставање на жената во примарна улога на caregiver. И за тоа да се смени, те молам да бидеш погласна од што си сега.
     
    На eliesaab, LiquidLuna, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.402
    Немам кажано глупа домаќинка...
    Нејсе, имам 29 години, ама не е ни битно.
    Ако можам да помогнам со истражување, или било како, би сакала најискрено.
    Инаку ако работат двајцата родители, имаат право после 45тиот ден да се сменат со породилно отсуство. А убаво би било како и во многу други земји, да има и таткото поекстензивно право на отсуство, и барем во почеток да се и двајцата дома. За мене ми нема смисла да е само мајката 9 месеци со бебето, тоа дете има и татко кој има исти права како и мајката.

    Инаку на темава, ми текна за профилов. Има многу добри совети и искуства, а можеби и ќе им промени став на мајките кои сметаат дека кариера и бебе не одат заедно. За сите родители кои имаат споделено на сајтов, кажувам - секоја чест. И не мислам дека нивните деца ќе бидат неспособни бидејќи родителот решил да си тера и кариера.
     
  15. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Леле LadyR але маче смири живци..стегни едно пивце..од срце ти честитам за успехот. Убаво вака пишуваш и мислиш, ама на пракса е мн поразлично, дете бара најмногу љубов, присутност, одговорност, посебно до 3 години..и ништо не се споредува или мери со човечки живот..ниту една диплома во мојот живот..каква кариера бре..поштовање за сите домаќинки..и мажот нека биди ГЛАВНИОТ провајдер..оти жените имаме една од најубавите и најтешките истовремено улоги МАЈКА...како тебе познавам два примери, тие се мажија за бааги пониско ниво на Маж, за да можат е вака ко тебе да му се фалат колку сами постигнале и да си ги ч
    лечат фрустрациите на нив, а па мажите нивни си свиркаат и си уживаат па и понекоја друга ќе си фатат. Не ми се верува дека ти си со некој мн паметен Маж.. мора да е твојот класа подолу од тебе оти иначе како ке му се докажуваш
     
    На Iva2020, LUCI 99, ArabellaStarfall и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.402
    Хахахаха незнам дали си мажена, ама ти посакувам да имаш некој барем на пола од мојот сопруг. Тој ми е најдобар partner in crime, и сто животи да имам би го одбрала него. :D Ме насмеа со ова дека сигурно не е многу паметен. :D:D:D
    Добар сопруг ќе ја поддржува сопругата, не да си свирка. Реално, тимска работа е бракот/семејството. Една жена ако има партнер на кој може да се потпре, многу полесно ќе ги совладе сите предизвици.
    Мисли си што сакаш, не ме знаеш ниту мене, не пак за сопругот да носиш заклучоци.
    Не сфаќам зошто би си се докажувале луѓе во брак? 12+ години сме заедно, се знаеме еден со друг одлично.
     
    На KuklickaSk, 1209, жули и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.971
    Пол:
    Женски
    Ве молам дискусијата да продолжи во правец на насловот и без лични навреди едни кон други :)
     
    На theowndemon, Bitter-Sweet и LadyR им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    105 страници се испишаа и никој досега не ги кажа позитивните страни да се биде цел живот домаќинка.
    Мислам дека одговорот е јасен.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Знаете ли што е исто еден дел од феминизмот, ПРАВО НА ИЗБОР.. секоја жена ако избрала да е Домаќинка треба да ја почитуваме и нејзин е животот
     
    На Anyshka, Pa8la и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Како бе никој не кажа? Ти не ни читаш изгледа туку само повторуваш едно исто како папагал. Буквално еден куп мислења има која е позитивната страна, разиката е во тоа што пак според ТЕБЕ, тоа не е позитивно и пак според ТЕБЕ, е неправилно. Која позитивна страна очекуваш да се пише кога еден куп жени ги споделија бенефитите, вие упорно, ааа не нема врска. Негирање лични избори и маркирање како неправилни не е се во животот, оти не ја имате вие осмислено смислата на животот за да попувате.
     
    На Iva2020, Bezimenka90, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.