Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.768
    Пол:
    Женски
    Си земав за право да дознаам зошто некои имаат отпор да сфатат што кажуваат мајките на темава.
    Сакам да те прашам. Што се случува сега со тебе? Си заборавила како детето ,,ти" се чувствувало со родител кој бркал кариера?
    Епа некои од нас, за да не не пишува детето на форум и се чувствува како што ти се чувствуваш, решиле да не го остават во ходник да дреме за мои лични интереси и да се посвети на него.
    И друго мислење затекнав. Како ти не си спремна за дете, а маж ти бидејќи доста е постар те напињал. Можеби и навистина не си спремна. Како да покажуваш одбивност према верувањето дека ќе бидеш мајка. Не ти правам грижа на совест, напротив, полна си со хормони и страв за животот со бебе. Нема што да се плашиш, само треба да сфатиш дека од сега па натака тоа е твојата примарна љубов, грижа и приоритет.
    Чувствуваш отпор да сфатиш дека мајките се поврзуваат со децата на најситното клеточно ниво и ниедна врска на светот не е посилна од таа помеѓу мајка и дете.

    Твое дете, твоја одлука. Што се однесува до мене, може и веднаш да го дадеш на баба некоја да го чува. Само потсети се ти како си се чувствувала што мајка ти не била присутна како родител во твојот живот.

    Уште па горда пишуваш како родителите те учеле да бидеш успешна, па ти истото на децата ќе го пренесуваш. А со траумиве шу праиме?
     
    Последна измена: 11 февруари 2024
    На elenaklasik, Anyshka, LUCI 99 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Ти сигурна си дека твоите деца нема да имаат трауми?
    Полека малку....
    И секако дека во нивните глави, секогаш родителот крив ќе биде , барем додека не созреат и изодат добар дел од животниот пат....

    Темава беше отворена со друга намена, "жени домаќинки како тренд", но се претвори во трка да се докажете која подобро и побогато се омажила, како да не е јасно инаку дека бирањето на сопруг е најбитниот избор кој треба да се направи.....

    Надмено звучиш, иако си само една во масата жени кои го живеат твојот моментален живот , за кој се убедуваш дека е најисправен.....

    И да, истовремено навредуваш еден куп жени и правиш да се чувствуваат лошо бидејќи не направиле толку " совршен " избор како тебе....
     
    Последна измена: 11 февруари 2024
    На BlackNight, Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Ова може да влезе во топ 10 најглупави мислења.
    Темава се претвори во tradwife филозофии. Со среќа нека ви е враќање сто чекори наназад.
     
    На Srckata28, BlackNight, mila89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.768
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали моите деца ќе имаат трауми од мојот избор, но веќе ако знаеш како тоа влијае на себе, зошто би ме убедувала да го следам моделот на бркање на кариера со дете, ако повеќе од очигледно е дека оставило некаков лош впечаток на тебе? Не те прашувам тебе лично, туку се објаснувам на претходниот пост.

    Ако ме следиш што пишувам, јас не сум таа што се расфрлаше со детали за мојот маж, финансиска позадина, кариера, образование итн. Немам ни потреба да се оправдувам и фалам за моите животни одлуки. Јас сметам дека правилно постапувам. Ти можеби не, но затоа не живееш во мојата кожа, нели?

    И ако убаво прочита, никаде не реков жените мене да ме следат, ама не ме прави ни тупава, мрзелива, проста, кога не ме ни знаеш, уште помалку во какви услови живеам.
     
    На Anyshka, LUCI 99, Pa8la и 5 други им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Тупава и проста секако не си.
    Мрзлива, не знам, но звучиш размазено.
    Не ни можеш да им кажеш на жените да те следат, бидејќи добро знаеш дека е тоа тешко можно во Македонија.
    И се тоа не е ни битно, бидејќи секој си знае за себе и своите можности.
    Но, да наметнуваш грижа на совест на жени кои живеат поинаку, дека децата трауми ќе им имаат, е некако ниско, да не говорам колку е неточно.
     
    На Asparagus, Just.do.it, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.768
    Пол:
    Женски
    По што заклучи дека сум размазена? Што е дефиниција според тебе за размазеност?
    Членката имала трауми од изборот на мајка и. Прочитај таа самата што има напишано. Јас не измислувам. И ако таа имала трауми од нејзините родители зошто мојот избор го критикува? Се разбираме конечно, или истово ќе го објаснувам по неколку пати.
     
    На Anyshka, LUCI 99, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Како заклучи дека звучи размазено?
    Јас баш мислам дека звучи приземјено и како да знае што збори и прави во животот, воопшто не видов да дава лош пример.
    Самата членка рече дека има безброј часови седено во чекални мајка и за да полага, јас не би рекла дека тоа е добар пример на родителство, ама кој како милува.
     
    На Anyshka, LUCI 99, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.914
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall @1209 џабе се објаснувате. Се додека не излеземе од школката на лажен феминизам, ќе се случува ова наметнување на жените, притисок дека треба да се успешни кариеристи, без да ги запостават потребите на своите деца. А логиката вели дека тоа не е можно, нели физички да си присутна секаде, па и биолошките потреби на бебе мало се запоставуваат само да се исполни тој критериум. Како и да е, секој си знае за себе како е најдобро.

    И пред да изрипате вие девојки во полет, штотуку дипломирани и свртени кон светот и успехот, и вие кариеристки, да ви кажам дека и јас сум вработена и еве ќе си го оставам бебето на 7 и пол месеци, пошто немам избор, не сум се мажела за богат :)
     
    На Anyshka, Pa8la, Lena0903 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.065
    Пол:
    Женски
    Каков лош начин да доловиш поента
    @ArabellaStarfall .
    Кој го критикува твојот избор?
    Уште не ти е јасно дека темава не е за мајки на породилно или родителско кое секаде во свет е до 3 год.
    Натаму секое работоспособно суштество треба да работи.
    Темава е за долгорочен избор жената да го отфрли сопственото образованието и цел живот да биде финансиски зависна.
    И дали е тоа твој избор или ти е принуден избор?
    Се наоѓаш во странска држава во која нема кој да ти чува деца па затоа не одиш на работа, или не ти е признато образованието па треба да работиш “работи” кои не ти се по ќејф или не знаеш добро јазик за да бидеш конкурентна на пазар на труд па затоа ти е “избор” да седиш дома прикажувајки го изборот најисправен да се биде само и само мајка ко најисправен модел на родителство.
    Од друга страна ,Ти си финансиски зависна жена и тоа е факт.

    Исто така не сака секоја жена да биде финансиски зависна, а богами и мажи.
    Жена која работи знаеш може да биде и посреќна од домаќинка, а и поисполнета па нема да пренесе “трауми” ако е повремено отсутна.
    И Не мора да е кариеристка.
     
    На Just.do.it, Gentlewoman!, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Косми пак упорно ти до тоа, значи лично право е, да може да биде и посреќна и поисполнета и тоа никој не го оспорува, ама може и нема да биде, може ќе биде помизерна и понесреќна оти не е тоа живот за неа и не ми е јасно како се дрзните за личен избор да тврдите дека е правилен или неправилен. За толку банална работа дали некој ќе одлучил да работи или да биде домаќинка оти така решиле со сопругот и притоа и двајцата тој начин на живот ги исполнува и не штетат никому.
    Не ми иде стварно во глава како може јас да кажам некому како да го живее животот и зошто неговиот избор е неправилен, уште не ми е јасно кој к*р фактор треба да сум ја и кое его треба да го имам за да го убедувам некого дали да биде или да не биде нешто.
     
    На Iva2020, Anyshka, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Во Македонија колку и да сакаш да си насочен кон кариера, во моментот кога ќе добиеш дете е на пауза. Не зборам за работно место, зборам за кариера во која се напредува.
    И во организации кои ценат мајчинство те прашуваат кога ќе се вратиш и дали ќе продолжуваш боледување, кога детето е болно, мајката смее да лежи во болница, за да лежи таткото треба да се испокараш и докажуваш , кога вртат од градинка, вртат на мајката да го земе. Породилно отсуство може да земе таткото на хартија, во пракса скоро и да не постои фирма која тоа ќе го одобри. Затоа, еве на 35год свесна сум дека стагнирам 3,4 години во кариерен раст и ок сум со тоа зошто да имам дете е моја одлука.

    Инаку за да продолжам со работа со исто темпо, ми требаат 1 дадилки и 2 баби, жена за чистење и жена за готвење и аамо 1 саат во денот да пројдам со децата. Јас и маж ми не можеме се да постигнеме сами. А за феминизмот чиишто движења се различни во америка и европа и влијанието на истите врз жените, може да се напраи посебна тема.
     
    На Anyshka, eliesaab, Pa8la и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Сега и размазеност не ви прија....зарем не знаете дека во елитните кругови таа се подразбира. :D

    Шега на страна, ви работат хормоните, кога имаш бебе, така е....ќе помине, се ќе биде во ред.:)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.768
    Пол:
    Женски
    Образованието ми е признато. Јазик учам, но не релевантен за струката. Детето ми е во градинка. Работам по струка:D
    Браво, се што напиша е погрешно.
    Но, направив првично избор да седам дома со детето. Да, избор е.
    Се прашуваш зошто тогаш бранам домаќинка?
    Затоа што е жена. Ваква, таква, е жена. Затоа што сум феминист во душа и ќе ги бранам сите жени со нивните избори.
    А и бев таму. Знам како е и зошто некој бира да седи дома со децата.
     
    На Anyshka, LUCI 99, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Хаха, која реплика, до хормоните е.
    Моето бебе веќе порасна и хормоните ми се стабилизирани, не е хормони во прашање извини.

    Здрав разум е. Да не наметнуваш свој избор на некој друг оти мислиш дека е најправилен, да не осудуваш ако некој направил избор на кој ти не се согладуваш. Толку.
     
    На Anyshka, Yowannty, Pa8la и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.554
    Ова не треба да е аргумент зашто мајката е побитен родител. Демек ете, чим на детско не смее татко да лежи, глеате, мајките се побитни.
    А уствари тоа треба да се смени, не дете со татко да се третира како сирак.

    А со размислувања дека само мајката е битна, повеќе придонесуваме до такви ситуации.
     
    На eliesaab, Annath и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.457
    Пол:
    Женски
    Па не ни рече дека е правилно и не рече дека е аргумент, само моментално е таа ситуација ви МК за жал и моментално џабе тепаме празна слама кога секој постапува најдобро што знае со дадените ресурси во дадена ситуација.
     
    На Anyshka, Yowannty, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.914
    Пол:
    Женски
    Јасно. И не само во Македонија, секоја мајка во светот биолошкиот склоп и се менува, нели во нормала, приоритет и станува бебето.
    Се согласувам за се со тебе, а околу феминизмот, за жал сме недоволно упатени што точно значи, и да треба да се отвори нова тема, затоа што во спротивно се мешаат баби и жаби.
     
    На Anyshka, Pa8la, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.517
    Во Македонија колку и да сакаш да си насочен кон кариерата, жими кариерата што можеш да ја направиш тука, со исклучоци, ти завршува породилното и мораш да се вратиш на работа.
    Секоја чест на тие што можат да излезат на крај со една плата.
    Некоја членка напиша дека работи од дома и си ги гледа децата.
    И мм работеше од дома по 12 часа па ги гледаше децата кога ќе му завешеше работното време.
     
    На mal.ecka, eliesaab, Gentlewoman! и 5 други им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека работиш, а туѓа пропаганда водиш?
    Зошто? Поради феминизмот и туѓите избори?
    Грешка....секој треба од сопственото искуство да говори, можеби и несигурни и несреќни читаат....
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Се согласувам. Затоа треба да сме погласни сите заедно, а не очи да си вадиме
     
    На Anyshka, eliesaab, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.