Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Еве тогаш да се обратам до несигурните и несреќните.
    Работа се наоѓа, кариерата може да се паузира. Ништо не е невозможно. Ако сакате да сте дома со децата и имате услови, бидете. Не чувствувајте грижа на совест дека ќе ве квалификуваат како мрзелива, неспособна, проста. Ти си мајка и си целиот свет на своето дете. Твоите чувства се најбитни.

    Може вака?
     
    На see.emily.play, elenaklasik, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.450
    Допаѓања:
    42.426
    Пол:
    Женски
    Не не треба секој од сопственото искуствво да говори, баш на тој начин не се води дискусија, може сопственото искуство да ти биде водилка, ама дека благодатение на сопствено искуство сметаш дека си 100 посто апсолутно во право, е 100 посто погрешен пристап за дискусија на форум.

    Оти и јас моментално сум дома и мм е дома, имаме убава заштеда и сакаме да си го гледаме детето еднакво, ама јас пак работам по малце на свој бизнис, уште не е во промет ама полека средувам, зошто? Оти ме исполнува тоа, ама не значи дека жена која решила апсолутно да не прави ништо од “работа” туку да се посвети цел живот на деца, куќа, маж, може и внуци и е апсолутно среќна со својот избор и исполнета, треба да ја сметам за затупавеана оти неа нешто друго ја прави среќна. На крај крајот што мене ме боли она што ја прави среќна. Еден живот па ќе се дрзнам да кажувам како некој да го живее.
     
    На Bezimenka90, Anyshka, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.050
    Пол:
    Женски
    Никој никого не убедува нит па некого интересира.
    Легитимна тема на муабет и се поголем тренд,мажот ако заработува повее жената да отфрли и факултет и вештини кои ги поседува.
    Само има наметнување вина од другата страна дека мајките кои ке се вратат на работа,децата им ги гледаат други.
    Да , да сигурно.
    Ти се претстави на темава како домаќинка,напиша есеи колку одржувањето домаќинство со дете е тешко и напорно,па колку е најбитно да бидеш присутна мајка,а сега кажуваш бебето ти е во градинка.
    Сега велиш работиш.
    Како постигнуваш да го одржиш домаќинството што беше екстремно тешко, да одиш на работа и друг да ти го гледа детето ко што пишуваше.
    Или работиш 2 чса на ден бидејки ко што гледам поприлично си активна на форумов.
     
    На Lady D ❤️, BlackNight, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Може :)
    Реално е ова и можно....пауза поради дете е пожелна, најдобро до три години , впрочем кој како сака и може.

    Но,нема гаранции во врска со децата и со нивните идни хипотетички трауми...само тоа да биде прецизирано8)
     
    На LiquidLuna, Tanjamm, LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.032
    Пол:
    Женски
    Добро а што да прават жените во Америка на пример, што често добиваат и еден месец породилно и не можат ни да земаат боледување ако детето им е болно? Не сакам да правам споредби ко еве таму и таму е полошо, ама факт е дека има многу поцрни сценарија од Македонија. Треба да се поттикнува тој систем на поддршка за родителите да биде посилен, а не да се форсира жените да останат дома. Иако во првите страници не се сложив со првичното мислење и уште стојам на тоа, моментално гледам дека (потсвесно) владее мислењето дека жената е примарно потчинета мајка и ако не се оствари таа улога ништо друго не вреди. Жално.
     
    На Tinaaa, Srckata28 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Бев домаќинка и е една од најтешките работи. Стојам зад тоа. На работа се одмарам кога ќе дојдам. И да, се уште сакам да поминувам време со детето, затоа и си можам да работам помалку работни денови. Замисли, ем пари, ем колку сакам работам и си имам пак време за детето.
    Да требаше цела недела да работам, ќе беше кариерата уште на пауза.
    Затоа и избрав да сум таму каде што сум. Земја која дозволува да имаш пари, а да поминуваш повеќе со детето.
     
    На Anyshka, eliesaab, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Водилка, точно......никој не е 100 посто во право, туѓи избори можеме да идеализираме или потцениме, поради тоа најсигурно е своето искрено да си го кажеме....
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.925
    Допаѓања:
    179.404
    Па жените во Америка го измислија ,,трендов,, ваљда пошто толку е јак феминизмот, дури 4 недели породилно им следува. Јакиот феминизам, бирај или си работник, или си мајка.
    Жените во Македонија, како последица на еден ,,ужасен тоталитарен систем,, барем по закон ги имаат тие 9 месеци, не дека сега да требаше нешто да се избори ќе се избореше. Сега, ако може нешто да се скрати, јер капитал убер алес.
     
    На Kanya, Anyshka, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.155
    Пол:
    Женски
    Леле, само Америка не ја споредувајте со феминизам оти они веќе немат ни допирна точка со феминизам :D
     
    На Anyshka, Curious cat, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.032
    Пол:
    Женски
    Кажав уште во некое друго мислење, скроз разбирам од каде поаѓаат они и зошто сакаат да останат дома. Целосно разбирам да се посветиш на домот од легитимни причини. Имање повеќе деца, болест, имање опција за работа од дома итн... Тоа што не го разбирам е трендот што се шири насекаде. Може не користиш социјални мрежи, ама има еден куп млади девојчиња што романтизираат седење дома и имање маж како провајдер, односно да бидат финансиски зависни. Тоа не е ок поради милион ситуации што се очигледни.
     
    На Bezimenka90, Gentlewoman!, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.925
    Допаѓања:
    179.404
    Епа насекаде, јас живеам реален живот, и реални примери на трендов не познавам. Пар жени, ради сплет на околности, не ради примарен избор.
    Кој што романтизира на социјални мрежи, појма немам. Не е ок кога се живее опериран од реалност, ама што да праиме со тоа?

    Имање маж како провајдер е грешно од старт, и тука апсолутно ми е сеедно, дали дотичната ќе тврди дека ќе работи или нема да работи. Онаа што бараше вила на Дедиње, пошто и требало незнамшто, па мажот да обезбедел, а она имала кариера-мислам шта речи:x
     
    Последна измена: 11 февруари 2024
    На Anyshka, Pa8la, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    7.382
    Како прво, тоа што ми ги пребаруваш мислењата години наназад кажува колку си ти празно и ниско суштество.
    Дали си ти нормална во тема каде што зборуваме за жени-домаќинки да ми пишуваш дека јас имам во друга тема некогаш напишано дека имам траума од мајка ми што ја имам чекано во ходник дури полагала. Па тоа е толку долно, па ти што сакаш се прави овде, ама како човек си злобна...
    Да, можеби тоа ми е останато како неубав спомен. Немало неколку пати кој да ме чува, сите на работа. Сигурно и мајка ми не сакала така. Ама колку во животот сите мораме да направиме нешто што не сакаме, ама во тој момент е најбезбедно.
    Ама од друга страна, подобро да ми е тоа трума, отколку траума да имам како илјадници други деца во Македонија, каде татко им ја малтретира мајката и тн...
    И да, мајка ми кога дипломира татко ми остана без работа. И никогаш не најде стабилна работа од тогаш. Па благодарение на пожртвуваноста на мајка ми, имавме плата и храна дома. Да беа и двајцата без работа, не ни сакам да знам како ќе беше. Приватизација, транзиција, многу луѓе беа без никакви примања.
    Незнам како да ти објаснам, колку сакаш пишувај, пробувај да најдеш дека мојот е став е резултат на тоа дека мајка ми учела факс дури сум била дете, и тн и тн. Освен тоа дека ја имам чекано дури полагала, имав најпрекрасно детство, слобода, спомени, белези од игра, порасната со баби и дедовци, вујковци со кои сум преблиска, брат за кој животот би го дала, братучеди една купа. Нешто што децава во странство, па и моите во Скопје здравје никогаш нема да го осетат, и ми е криво. Не мислиш дека самото тоа што ти е отргнато твоето во странство, му се одземени многу работи кои сме ги имале како деца? Никогаш нема да доживеат детство во вистинска смисла, какво што сме имале ние. А тоа има огромен удел во формирањето на личноста...

    И колку ти се чувствуваш супериорна такви лични работи кажани пред Х време да изнесуваш овде, и да си сигурна дека твоите деца нема никогаш да имаат некоја траума??? Никогаш не вели никогаш...
    И на жена бремена "полна со хормони" (поглупа фраза нема) да и го збориш тоа. Пак ќе речам, празна си како човек, што сакаш прави се или зборувај.
     
    На Lady D ❤️, Gentlewoman!, bestieee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.156
    @Lady D ❤️ од нас зависи какво детство ќе имаат децата, не од тоа каде се родени.
    Фала на грижа, ниту им фали нешто ниту им е скратено детството на децата родени во странство.
     
    На Anyshka, Curious cat, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Никој не кажа позитивни страни.
    Ако децата се доволно големи, треба да му се даде простор на тоа дете да се осамостои. Ти цел живот се ќе правиш за твоето дете?
    Што ќе правиш ти дома цело време кога тоа е на училиште?
    Не си размислила дека може ако идеш на работа ќе можеш да направиш подобра иднина за него?
     
    На Lady D ❤️ и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А страници наназад пишуваше како нејзините имале одличен брак, и татко им ги чувал, а сега испаѓа дека татко и дремел во казино.
     
    На Anyshka, Curious cat и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.050
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall

    Кога се поделени работите не е тешко воопшто домаќинството.
    Инаку Не е само Америка,во Европа Франција има 4 месеци породилно платено.
    После се враќаат на работа 4 работни дена во неделата или користат неплатено.
    И во одредени капиталистичките европски држави можност да работат полно работно време и можност за кариера и еднаквост со мажите имаат само жените кои немаат деца, и многу мал процент мајки, другите ќе подработуваат пола или четврт работно време што го претставуваат ко бенефит,а всушност е дискриминација бидејки улогата на жената ја сведува само на мајка и “помошник”во буџетот на семејството.
    Главниот хранител е таткото односно мажот,тој не користи пола работно време.
    Ти дани можеш само за своите деца да го тврдиш тоа.
    Не за сите деца родени во странство.
    Еве јас имам блиско семејство со деца родени во странство.
    Им фалат и дедо и баба и чичко и братучеди,им фали нивното присуство за Божиќ,им фали нивното присуство за роденден,среќа родителите ги научија на мајчин јазик и 3 пати год доаѓаат кај нив.
    За распуст цело лето се дојдени сега веќе големи 12+
     
    На Gentlewoman! и LadyR им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па и тие наметнуваат грижа на совест на тие што решиле да бидат домаќинки, дека децата ќе го следат нивниот пример, па има случаи баш децата се многу спротивно од родителите.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    7.382
    На мене мислеше најверојатно со тагирањето.
    Инаку реков странство и Скопјево, каде и јас сама живеам.

    Вака има други бенефити можеби од живеење во странство. Дискутабилно е и тоа, за кој како.
    Половина од роднините, братучедите, другарките ми се во странство, и брат ми исто на друг континент. Кога си идаат на лето, со деца, па биди искрена, кое дете вика дека не му е тука поубаво? Знам дека кога ќе пораснат нема да сакаат да си идат, ама за дури се деца сакаат и те како. И децата и родителите го кажуваат истото.

    Не можеш да ми кажеш дека децава во Скопје, или на другарката во Хановер го имаат истото детство кое јас и таа сме го имале? На улица по цел ден, мајка ти те вика од прозор „Дојди, цел ден немаш јадено. Апни нешто, пак ќе одиш да играш“. Криенки низ цел град, 10 улици погоре во некој двор се криеш. Одиш кај другарката ти ненајавена, и цел ден се шифтате кај неа-кај тебе со барбиките и кутиите со салфетки за размена. Комшиите те бркаат со топката дека им чукаш во ѕидот. Нозе раскрвавени, цел ден падни-стани. Па ќе те однесат кај баба ти в село (мене таму ми се баба и дедо, и уште живи и здрави да не ги урочам, и правнуци ќе им трчаат за некое време). Па таму со сите деца, низ паркови, игралишта. Некогаш и ајдее на нива со баба и дедо. До ден денес ме зафркаваат мама, баба дека сум викала дека нема да се мажам некаде каде што има ниви. А сега од оваа перспектива, колку би сакала и моите деца на нива да имаат можност да одат. Па ќе бегам на баба кога врнеше дожд, да трчам боса на дождот, утоп мокра. Нема рид, нема полјана каде не одевме.

    Незнам што е детство за тебе, ама за мене ова е... Сега децава се под клуч, дома. Бабите и дедовците им се како странци да не речам. А пак за братучеди да не зборам. Не е воопшто исто детството, многу работи им се одземени. Можеби ќе имаат можност да одат да слават фенси роденден во некоја игротека, или во некој фенси лунапарк, незнам приватна градинка и сл, ама ништо нема да надокнади тоа што го испуштаат, а што ние сме го имале. Слободата им е во сосема друга димензија.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.156
    @LadyR како што кажав, од нас зависи какво детство ќе имаат нашите деца. И да, моите имаат многу подобро детство од моето и ништо од ова ти што го пишуваш. @Cosmi токму така, јас пишувам за моето и за оние со кои сум во контакт.
    Вашите муабети се чуено, прераскажано, за туѓи деца и туѓо детство. И гореспоменатиот коментар беше исто, некакво тврдење, затоа со исти тон и одговорот на истото.
    Или ок е кога се генерализира од другата страна?
     
    На Anyshka, TutiFuti, Yowannty и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    46.106
    Пол:
    Женски
    Деца родени во странство,не можат да знаат какво е детството во мк, ниту какво било моето детство. Откако се родени ,не сме секогаш дома за Божиќ и за Велигден, па не им недостасуваат такви соборанки.
    Нормално дека уживаат кога сме дојдени дома,со братучедите и другарчиња од маало, ама штом се вратиме , се враќаат на старата рутина. Си имаат тука друштво, во кое уживаат.
    За деца кои покасно се однесени странство, не знам, може им недостига.
    Тотално офтопик, знам, ама веќе кога почнавте ......
     
    На Anyshka, arontt, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.