Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    23.467
    Пол:
    Женски
    Бар овие идни интернет домаќинки од Америка фантазираат да бидат третирани како госпоѓетини и едноставно по цел ден да уживаат во богатството на маж им и за разлика од темава не го третираат чистењето на домот како нешто што треба да ти го окупира повеќето од времето. Чистењето е нешто што е дел од секојдневието на секој и е нешто скроз небитно што мораш да го правиш додека го живееш животот не нешто на што треба жената да се пОсВеТи и тоа да и биде живот (освен ако не е плаќана за тоа).

    Мислам во мои очи финансиската зависност е токсична во двата случаја, само ви кажувам искрено и директно дека сте позатуцани од што мислите и се враќате на lifestyle на америчка домаќинка од 50тите повеќе него што они се враќаат.
     
    На Lady D ❤️, WarriorAngel, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.438
    Допаѓања:
    20.864
    Па ако имаш хардкор забеготини по хигиена што чистат секој ден по неколку саати, нажалост така ќе мислат.
     
    На eliesaab и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.007
    Допаѓања:
    180.027
    И што да правиме ние што сме пораснале во Скопје и каква врска има тоа со темата?
    Романтизираш минато време и места кои веќе не постојат. Селото од баба ми, кајшто поминував лето, од 300 куќи, сега ги има 3 живи. Градот кајшто пораснал маж ми, од сите негови другари, уште еден е останат. Моето дете има такво детство какво што има, таму кајшто се родило и расте, тука има изградени односи со деца, тука е дома. Е нема да знае како кравите преживаат храна, ама ни во селото од баба ми нема веќе крави, ни деца, ни луѓе. И пак, каква врска има тоа со темата?
     
    На 1209, Anyshka, arontt и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.137
    Допаѓања:
    88.264
    Пол:
    Женски
    Па ти пиша баш генерално,за децата родени во странство дека ништо не им фали.
    Не пиша на моите деца ништо не им фали.
    И не е ок да се генерализира, но фактите се дека надвор немаш контакт со блиско семејство,бидејки се далеку и ги немаш едноставно во животот.
    Тоа е минус во животот, не е плус.
    Едноставно е така.
    Освен во дисфункционални фамилии.
    Тогаш тој минус не фали,туку се претвара во плус.
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    Епа тоа викам, на генерализирачко тврдење одговорив на исти начин.
    Кога ќе ми се обратат лично ќе одговорам конкретно и за детството на моите деца.
    Еве моево само ти биде очи, другите ок е да генерализираат?
     
    На 1209, Anyshka, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    39.794
    Пол:
    Женски
    Баш така . Романтизирање на време што поминало . Ништо не е како што било порано. Пола се веќе заминати негде низ светот , пола на жал ги нема засекогаш.
    Сега е ново време .

    Моите деца играат надвор, поготово малово ,секој ден после 14 часот се собираат надвор и додека чукне камбаната во 18 часот знаат дека е време за дома.
    Моите деца имаат убаво детство .
    Не им фали ништо од Македонија , зашто немаат многу време поминато таму . Освен летен одмор , со моите братучеди новините деца и тоа е.
    Имаат овде тетка , чичко, вујко и остала фамилија .
    Не сум осетила дела им фали нешто , среќни се со тоа што е тука.
     
    На Anyshka, Yowannty, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    Ептен отидовме оффтопик. Темава е преопширна, и не и е ни местото овде. Ама пак и индивидуално е сепак на крај.
    Научни студии има милион за раст и развој, за стимулирање на децата. И факт е колку алармантно расте бројот на деца со аутизам, со потешкотии со читење, памтење, задржување внимание, и да не набројувам. И не, не е тоа заради вакцините. Туку најмногу влијае модерното родителство, и какво детство им се пружи, како децата растат и се развиваат. Не зборам за тебе конкретно, зборам генерално. Не секоја промена значи дека е и добра. Нешто се добива, нешто се губи.

    @Biljarkata Не ми беше муабетот за фамилија каде целиот поширок состав од 30 души се на исто место. Ептен ретки се таквите случаеви.

    Таму каде што живеев пред да дојдам на студии во Скопје, децата го имаат и сега малтене истото детството мое. Со примеси од технологииве. Јас уште јадам домашно свинско/телешко, баба ми и дедо ми чуваат. Јадам домашни сирење, гледаат и крава. И јајца домашни, и разни зеленчуци и овошки. Не романтизирам за ништо... Децата на вујко ми се 6 и 10 години, живеат во тоа село. И колку ми е мило какви дечиња се. Незнам зошто мислите така, ама надвор од Скопје постојат уште многу луѓе кои живеат поразличен живот од луѓето во Скопје. Помирен, поедноставен, побавен...
    Мислам дека овие работи немат цена, и не можат да се заменат со нешто друго.
    И настрана од се друго што се имало или се има, Сонцето грее поубаво кога си во родното место. Без ништо да правиш, на земја да седеш опкружен со семејството, тетки, братучеди е за мене вистинско богатство.

    Дека сме на години каде во друштвото се сите со бебиња, или деца до 5-6 години максимално, можам слободно да кажам кутри деца. До парк одат со родител, на штрек цело време. Дома по станови на таблети и под клуч (куќа со двор е веќе ендемска работа во Скопје). Цело време со родителите, нема кој да ги причува ни ако затреба нешто итно. Деца на улица да играат на рака се бројат колку пати сум видела. Не викам дека нема деца што играат на улица или во двор, ама нивниот процент е многу помал од децата кои ја немаат таа слобода.
    Додека низ градовите надвор од Скопје е сосема спротивно. Можеби намален е бројот на жители, ама тие деца што се низ градовите/селата се на улица многу повеќе од Скопскиве.

    Скроз отидовме во друга димензија, што нема врска со темата. Мислам дека не е океј.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    @LadyR потешкотиите не се секогаш ниту поради некакво модерно родителство. Повторно генерализација за која немаш доволно искуство, дај боже така и да остане.
     
    На BlackNight, Anyshka, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.279
    Допаѓања:
    125.891
    Пол:
    Женски
    Не е исто за дете родено во странство и за дете родено во Македонија, па однесено во странство.
    Но, не е до тоа. Детето секаде може да има среќно или несреќно детство.
    Но, овде малце играат двојни аршини.
    Не сакате домаќинките да бидат критикувани, а некои од вас ги критикуваат вработените мајки.
    А, реалноста е дека детето може да има проблеми и поради мајка која седи дома.
    Колку може отсуството да влијае, толку и присуството. Второто може да го направи детето позависно од мајката и да нема самодоверба или да му е многу ниска.
    Ако мајката нема барем некаква занимација, со седењето дома само ќе го гуши детето. Ненамерно, ама ќе го гуши. Нема да умее само да се бори за себе во животот.
     
    На Lady D ❤️, sonuvana, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    Не реков секогаш... Повели. Ова вака ми текна скоро дека го читав, како дел од модерново родителство и прекумерените технологии. Не зборам од искуство, зборам работи за кои се правени студии.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    Да де, но освен вакцините, медиумите, има и трета страна. Ама еве, за да биде поинтересно ќе ја испуштиме.
     
    На Anyshka, ArabellaStarfall и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.007
    Допаѓања:
    180.027
    Во кратки црти кажуваш дека за да се порасне едно дете е потребно цело село. И така е. Ама кога немаме цело село, кога заради сплет на околности семејството се мама, тато и дете, што да правиме, освен мама и тато да прават најдобро што можат, па кој како работи, кој како заработува е нивна работа скроз.
     
    На elenaklasik, 1209, Anyshka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    Ова за кое зборам јас не е ниту од вакцини ниту од медиуми. Институтски научен труд е.
    Инаку има и други - генетски, тератогени, да.
    А ако ти мислиш за нешто сосема трето, слободно кажи, што да ти кажам. Нема да се нагодувам, јас верувам само во докази поткрепени со наука.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.027
    Пол:
    Женски
    Те немам многу читано по темиве, па не знам дали имаш деца. Поентата не ми е класична реторика (не си мајка и не знаеш) оти тоа и мене ме нервира најискрено. Туку ова:
    Едноставно не можам да си ставам во глава дека родител би го напишал ова. Прво, не знам какво е тоа модерно родителство, оти постојат 4 основни типови за истото. Да, истите се според истражувањата кои ги посочуваш.

    Друго, аутизмот е генетски и е хромозомски проблем. Никако, ама баш никако не е од модерно родителство, нели, што и да значи ова. Лол. Постои виртуелен (псевдо) аутизам, кој наликува на правиот, но тоа не е. Следствено, многу успешно се третира, бидејќи настанува од прекумерна технологија. Останатите потешкотии кои ги наведуваш, исто така можат да произлезат од дијагноза. Сакам да кажам, не можеш да знаеш зошто некој е таков каков што е, следствено генерализацијата ти е излишна.

    Дете не можеш да изгледаш по книга, но можеш да се едуцираш за истото. И благодарение на технологијата која денес ја имаме, денешните родители не се како родителите од нашата генерација. Што е секако за поздрав.

    Натаму, секое дете го ужива детството во времето кога е родено. Ова нема врска со тоа кој каде е роден, туку со промените што ги носи времето. За детството најмногу влијание имаат прво родителите, бидејќи од внатрешната средина (домот) започнува се. Потоа следува прилагодување на надворешната.

    Него, каква врска има се ова со Темава?
     
    На 1209, Anyshka, M.B. и 9 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    Од морето судбини ќе се извадат примери и некоја студија во полза на некој став кој фанатички се обидува да се прогура под актуелната тема, домаќинки, па после генерализации.
    Е да, генерализации.
    Се има, со стотици најразлични причини и позадини, па спомнувањето на медиумите, предходно и пиење кафе како главна активност на домаќинките.
    Како да се сфати сериозно или во најмала мерка како квалитетна дискусија или аргумент во тема за домаќинки.


    Што да се очекува од една цела отворена со само една цел.
    Да се генерализира, категоризира и профилизира животот и улогата на домаќинката.
    Па малку тоа, после и за децата на домаќинките.
    Па шпекулации за нивниот живот, ментален склоп, иднина. Теории, најчесто црни, поткрепени со судбината на тетката на комшиката.
     
    На elenaklasik, 1209, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    Нема, затоа викам оффтопик отидовме.
    И вака, цитирам што напишав „Научни студии има милион за раст и развој, за стимулирање на децата. И факт е колку алармантно расте бројот на деца со аутизам, со потешкотии со читење, памтење, задржување внимание, и да не набројувам.“

    Никаде не гледам дека само аутизам сум пишала. И другите може да произлезат, може и да се засебни. Инаку не е до крај диференцирана оваа дијагноза, ниту пак дијагнозата како АДХД и слични, така да ни јас ни ти не можеме да знаеме најточно од што и како е. За тоа што јас го спомнувам како ризик фактор има студии кои го потврдуваат.
    Инаку, за многу работи можеме да имаме генетски предиспозиции, генетски мутации, рецесивни гени за одредени состојби. Ама многу пати начинот на живот одредува дали тие генетски нарушувања ќе доведат до одредена клиничка слика или не.

    Сепак не одговори на прашањето, ама нвм. Убав ден!
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2024
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    Ти одговорив и образложив.
    Генерализираш и си одбираш што тебе ти одговара за дискусија во обид да го протуркаш истото како апсолутна вистина.
     
    На 1209, Anyshka, Curious cat и 5 други им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    Океј, нека е така. :D За мене вистина е поткрепени факти.
    Секој може да верува во што сака, личен избор.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    285.957
    Никој не ги негира фактите.
    Кажи ми каква врска имаат дел од овие факти, за изложеноста на медиуми врз развитокот на децата, со децата на македонките кои живеат во странство или воопшто со децата на домаќинките?
    Сфаќаш сега кој дел ми е дискутабилен во твоите коментари?
     
    На 1209, Anyshka, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    7.500
    1. Се однесува за технологискиот развиток и децата - мобилни, лаптопи, видео игри, гледањето разни јутјубери деца, тикток и слично.

    2. Муабетот ми беше дека децата седат повеќе време затворени дома, место да играат слободно на улица. И поминуваат повеќе време на горенаведените нешта. Не се однесува само за децата во странство, туку и за децата во Скопје. Пораснав во друго место, живеам 10 години во Скопје. За викенди си одам во родниот град, и воочливи ми се разликите во тоа како децата го поминуваат времето. Пола од роднини/братучеди ми се иселеници, и ги гледам кога ќе се вратат овде на одмор како се, и како функционираат сами во странство. Ја немаат децата таа слобода што ја имаат кога се овде на лето. Го немаат растење со баби и дедовци, со братучеди. Да бидат настрана од родителите, со некои други блиски лица. И самите нивни родители отворено го кажуваат тоа. Сами се, и нема како.

    За децата на домаќинките и со ова поврзаност немам ништо кажано. Темата е за тоа, а отидовме со разговорот во друг правец. Незнам ни каде прочита да имам зборено за таа поврзаност, апсолутно никаде.

    Се надевам е појасно сега за што зборев.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.