Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.290
    Допаѓања:
    285.066
    @LadyR ќе се сложиме дека муабетот нема никаква поврзаност со темата.
     
    На eliesaab, 1209, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Како викаат човекот од село ќе го извадиш, но селото од него не. Па, така некои во моменти на слабост и кога немаат аргументи, ќе почнат да се служат со навреди. Но, добро, тоа повеќе кажува за твојата личност и карактер.

    Јас можам да се служам со било што, кога нештото ми е дадено на располагање. Јас не сум крива што целата интима на форум ја истураш. Ама баш, ич. Кога веќе ти се доведуваш до ниво да ми кажуваш дека моите деца ништо нема да научат од мене, јас ќе се осудам и ќе паднам на твое ниво за да те мавнам со свој камен по своја глава.

    Не верувам дека ти е грижа до моето дете, но јас сум тука за неговата иднина. И има и ќе има убаво детство. Затоа што можеби ако излезеш некогаш од МК, ќе видиш какви се активности за деца постојат. Нешто што не можеш да визуелизираш, не пак да разбереш.

    Продолжи дрско да ми враќаш, ќе бидам уште повеќе дрска со тебе.

    И како што тебе не ти е грижа дали мене ќе ми повредиш чувства, така и мене не ме интересира што си бремена, па како ти со мене, така и јас со тебе.
     
    На 1209, Anyshka, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Овие па лајкови што ставиле, не можам да ги разберам. Навреди кон членката и сопругот.
     
    На Srckata28, LadyR, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    7.380
    Жено, сто пати ти теков да не ми се обраќаш. Ако сакаш и на Месечината оди да живееш, џабе ти е со таа злобата. Ако јас живеам во Македонија, не значи дека не излегувам од неа. :D Ти реков оди фрустрациите да си ги средиш на друго место.
    Ако сакаш и до утре пребарувај мислења мои од пред 10 години, ако немаш попаметна работа како да си го исполниш денот, you go girl. :rock: Барем нешто корисно ќе научиш.
    Како сакаш сфати тоа што сум го кажала, нема да се објаснувам за некој кој не разбира, ми здосади. Не секој е вреден за дискусија. :hai: Adios
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Не гледам дека не сум вредна за дискусија. Некако не ти се дискутира со мене, ама и ти си ја преседе цела вечер на форумот за да ми се докажеш.:D
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    19.949
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема. Освен кога постои обид да се протне како аргумент за децата на домаќинките и/или децата во странство. Налик наративот уште од почетните мислења и еве се уште се влече. Вистината е, дека е сосема неважно дали родителите се во работен однос или не, кога станува збор за вакви компликации.

    Буквално секому може да му се случи. Затоа ќе прашам, зошто истово не се поврза на пример со децата на вработените? Или уште подобро, зошто воопшто да се поврзува со било чии деца? Мислам, темава е крајно несоодветна за истово.

    И уште не ми е јасно како дојде до оваа тема, но добро. Па во таа чест, дури и истражувањето го прочитав. Ништо досега непознато. Студиите се прават со цел да се идентификуваат ризиците и предиспозициите за раст и развој кај децата. Технологијата не е и не може да биде директна причина за реалната дијагноза. Станува збор за комплексни мултифактори, генетски предиспозиции и биолошки фактори. Секако дека е можно да постои тригер, пред се од надворешни влијанија. Но нема правило и не е примарен фактор.

    И да, никој не негира дека наведеното е во пораст, но како што реков, треба да се прави разлика меѓу проблемите кои настануваат од технологија и оние кои се од сосема други причини.
     
    На Anyshka, LiquidLuna, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  7. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Со маж ми кога почнавме да живееме заедно останав без работа. Бев без работа два месеци и потоа се вработив. Скоро цела година работев и кога останав трудна не ми го продолжија договорот. Сега пак сум дома со некои ситни примања месечно. Не ми беше така планирано ама ете се случи. Немам никакви замерки за маж ми. Кога работевме и двајцата заедно чистевме, планиравме и готвевме. Сега нормално откако сум дома јас сум повеќе задолжена но некогаш заедно средуваме и готвиме. Здравје кога ќе се роди и порасни детето се надевам ќе почнам со работа.
    Муабетот ми е дека се е до избор на парнер. Парите ни стојат на едно место, ниту еднаш не кажал мои туку наши пари.
    Сепак јас мислам дека не би седела многу долго дома освен ако најдам работа онлајн. Тоа е мое мислење.
    Има многу непредвидливи ситуации и секој треба да биде обезбеден финансиски. Уште поубаво ако има шанса да си изградиш своја кариера.
     
    На Srckata28, Mawoto-Stefi, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.065
    Пол:
    Женски
    Феминизмот, којшто е последица и реакција на патријархалното општество, ја предизвика денешнава состојба кај жените во поглед на заработувачка. Жените, како никогаш претходно, се ставени под притисок да заработуваат и да изградат тн. кариера.
    Ама улогата на жената биолошки е и да раѓа деца, а потоа и да се грижи за нив. Во минатото, таа улога беше главна кај жената: седи дома, се грижи за домаќинството и децата, па следствено и се потценуваше жената интелектуално. Кога феминизмот ја виде светлината на денот, сето тоа доживеа револуција. Жените се просветлија и се побунија за правата во било кој домен.
    Не дека тоа е лошо од општествен аспект, ама трпат другите аспекти. Првенствено, жената самата се стави под сопствен притисок, дека не е доволно продуктивна, не се чувствува корисна и вредна, не придонесува.
    Ее ама за да придонесува и излезе од куќниот праг, треба да најми друга ЖЕНА, за да ѝ го чува детето, додека таа работи за да ја плати.
    Некој мора да е тука за детето. Подобро би била јас лично, отколку туѓинка.
    Мене ми е што тој општествен аспект за заработка удри на емоционалниот аспект кај жените. Тие се сѐ понезадоволни, анксиозни и депресивни, прашање е зошто дојде тој бран на денешницава.
    Најголемиот автогол е што жените самите се предизвикаа на тоа.
    Од една страна, сака да биде видена и доживеана како самостојна способна, ултрамоќна, ама од друга страна, колабира на психолошко ниво и потоа бара стручна помош, па имаш тука мотивациски говори на големо за менталното здравје.

    И оваа работа, како и сѐ друго во животот е меч со две острици.

    А како Косми ја постави темата, дека жените кои свесно одлучуваат да останат дома, да гледаат деца и да се домаќинки, па потоа се исфрустрирани... Ако е нивен избор, тогаш и тоа спаѓа во доменот на феминизмот, т.е поддржување на жената во сопствениот избор.
    Нели и тоа е поентата?

    Ако околностите довеле до тоа таа да сака и треба да "седи дома", веројатно е свесна што прави и би била исполнета со тоа, нема што ние да ја сожалуваме.
    Ако друга некоја сака, пак, да работи, да биде активна во друг тип на работа, слободно, нека успее.
    Само не мора овие два типа на жени да се во двобој, нели?

    Еве пример од поблиско опкружување.
    Дури беа мали децата, секое гледање жената оддаваше чувство на самосожалување, дека само гледа деца, сака да работи, да излезе, нешто друго да прави... Јас искрено да ви кажам ниту еднаш не ја доживеав дека губи нешто, само затоа што е дома со малите. Ама воопшто. А тогаш не ни имав деца мои.
    Истата таа, откако пораснаа децата нејзини, наоѓа работа, напушта, наоѓа втора работа, еее платата не била до 1000 евра, напушта, наоѓа трета, пак нешто не бива си оди, четврта, се фали дека работи работи цело време на Инстаграм па ја отпуштаат... Сега до скоро беше без работа, не знам што ѝ се случува сега.
    Сакам да кажам, (понекогаш) неисполнетоста е постојано тука. А таа за сето тоа време само феминизмот ѝ беше во глава. Како можела да работи во фирма и да не зема еднаква плата со машките вработени, се чувствуваше како нееднаква, а тогаш тазе вработена.

    Имам друг пример, самата кажува ааа не сакам сега работа, понатака, мажот ѝ работи две работи, таа ја чува малата. И кажува гордо, без срам.

    Сепак се сведува на личните преференци, околности, свест, исполнување...
    Јас сум моментално дома, со 1годишно бебе. Барам работа онлајн, добро би ми дошло 2-3 часа да работам, сакам да имам проекти, да имам задачи, да си работам во некоја програма, да научам нови работи...
    Ама и сум исполнета и благодарна што успеав да добијам две деца, и покрај некоиси перипетии што ги имав, а и психолошки стравови за бременост.
     
    Последна измена: 13 февруари 2024
    На warrior, mKdevojce, LadyD и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    79.378
    Пол:
    Женски
    Постов пред мене ме потсети на нешто. :D
    Senorita Misteriosa, што постира на Тик Ток кратки видеа, еднаш рече нешто во смисла, зошто го измисливте феминизмот, да мора да одам на работа наместо да седам дома. :D
    Една друга, од Америка некоја, така среќна, весела и одлучна, си кажа дека сакала домаќинка да биде.
    Јас се искажав на темава поназад, јас лично не би можела цел живот домаќинка да бидам, но тоа сум јас. Ако некоја може и сака така да живее, немам што да се мешам и да кажувам дали е правилно или не. Неа ако и' е добро, во ред. Клучниот збор е избор.
     
    Последна измена: 13 февруари 2024
    На mssuniquee, Anyshka, Pa8la и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.056
    Допаѓања:
    55.459
    Пол:
    Женски
    Во која ситуација и да се наоѓаме, исполнетоста или неисполнетоста зависи од нас најмногу. Можиме да сме и домаќинки и кариеристки неисполнети, ако не направиме нешто во врска со таа ситуација за да не сме мизерни, нема ништо да се смени. И тоа не значи дека домаќинството или работата сами по себе значат мизерување и ни се криви, туку не сме постигнале она што сме замислиле, ни фали уште нешто и од нас зависи да го постигнеме.

    Без разлика како сакаат некои да свртат, слободата на било каков избор на жената спаѓа во феминизам. Кога е среќна и исполнета со она што е, без надворешни притисисоци. И било кој што суди некаков избор на жена што не штети никому и ја прави среќна, треба да се преиспита дали е за феминизам.
     
    На Anyshka, Pa8la, жули и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20240213_115402_Instagram.jpg
     
    На Lena0903, Kanya, mssuniquee и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Iva2020

    Iva2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Gluposti!!!Kariera vo Makedonija,zarem stvarno veruvate vo toa??Toa sto Treba da rabotite ne vi dava za pravo da nametnuvate vase mislenje a uste poveke da gi navreduvate tie sto resile sami da si gi cuvaat decata.Vo denesno vreme da mozes licno da si gi gledas decata e PRIVILEGIJA i nikoj ne moze da me ubedi vo sprotivnoto!!A plus i ako mozes se da im obezbedis!!Ako edniot roditel e sposoben da obezbedi i da se grizi za svoeto semejstvo, na majkata sekogas treba da i se prioritet decata,,a ne kako sto nekoi miluvaat da kazat “Kariera” i dokolku dvajcata roditeli se dovolno sozreani i dobile deca sigurno nema da razmisluvaat na razvod i STA BI BILO KAD BI BILO tuku sto e najdobro za decata vo momentot..Pozdrav
     
    На mssuniquee, Anyshka, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Јас само ова го прочитав и бидејќи многу често се спомнува истиот наратив помеѓу жени ме интересира некој правник да пише конкретно.

    По мое познавање жена во брак без пред договор и да мие цел живот тањири има исто право на се што е стекнато во брак, практично нема поврзаност со приходи затоа што и чувањето деца и емотивната улога на жената во домот е дел од тој брак.

    Исто и обратно. Бракот не треба да биде поврзан со тоа кој заработува и колку.
     
    На Anyshka, Pa8la, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Да, се шо е стекнато во брак се дели на пола. Ама ако земиш маж голтар, шо куќата е на татко му а он работи за минималец и нема ни еден точак на негово име, ќе видиш круши. Затоа отворете очите кој го земате :D
     
    На mssuniquee, Polyincognito и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ова исто може да го каже и маж за жена домаќинка 8-| Знам дека е шала. Јас сум со само точак на мое име значи нема од што да се плашам:lol:

    Кога се земаат ретко има некој многу сопственост, генерализирам просек од двајца типични млади луѓе пред да кажете пример за некој што се створил. Од брак понатака ствараат заедно, многу лошо би било како што се споменува ако од заедно створеното да го следува еден или на чие име е кредитот, женава кој ја рецка :D

    Среќа што не е така, лошо што така се зборува па се создава грешна перцепција.
     
    На H.VAGA и Pa8la им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ако идеме по таа логика тогаш ни мажот не треба да работи, зошто кариера во Македонија не е можна.
    А на таткото не треба да му се приоритет децата?
    Изгледа не ја разбираш темата.
    Што би правела мајката дома кога детето е веќе големо и иде во градинка?
    Може негативни ефекти да има врз детето ако мајката постојано е со него и дома. На детето му треба простор да се осамостои!
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Еее, жално ама тоа е вистината за повеќето мажи во Мк. Работат за една обична плата, друго се е од родителите, и немаат амбиција да напраат нешто нивно. Е со таков треба да се плашиш од развод.
    Кај побогатите е друго. Се шо ќе инвестира или гради во брак, жена му може да му лапне после :D. Знам еден од мојот крај, шо се занимава ете со такви инвестирања, градење. Зеде жена, фала бого се им е океј во бракот, ама еднаш ми кажа оти морал да ја слуша шо ќе каже она оти ќе поднесе за развод и ќе му земе се :D.
    А на обичниот маж и работник шо ја претставува пола Мк шо ќе му земеш? :D
     
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Мажите во случајот што ги опиша, се трудат да заработат нешто. Која е улогата на жените?
     
    На Lady D ❤️ и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Не земаш ништо негово, се дели заедничко створеното.
    Ако нема што да се дели = заеднички немате створено.
    Време, пари, емоции, енергија секој со различен влог.
     
    На Pa8la, Annath, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Така е, само ти одговоров на прашањето погоре. Инаку жално е колку малку се цени емотивниот влог , грижата и трудот на жената. Посебно кога ќе прочитам дека жена напаѓа на друга жена. Срамота.
     
    На LiquidLuna, Anyshka, Pa8la и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.