Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    253.491
    Ова е сосема друго и овде фокусот би бил на подобрување на социјалните услови на мајката.
    Еве конкретно овде породилно е 12 месеци, мајката до навршување 3 години односно доколку има две деца, до навршување на 8 години, има право да работи пола работно време. Пола и плаќа фирмата, пола државата.
    Одлична мерка.

    Проблемот во Мк лежи во подобрување на условите, ама овде зборуваме за жената која свесно избира да не работи. Притоа се потенцира дека мажот е обврзан да обезбеди финансиски услови оти нели он е помалку битен како родител. Со ова се деградира жената како единка и пак се враќаме на старото од кое сакаме да избегаме.
    Зошто?
    И зборуваме за жени кои не прават пауза од неколку години поради мајчинство, туку воопшто не сакаат да работат.
    Изговори има. Мали плати, незадоволство, мобинг итн.
    И тоа постои, особено во Мк. Ама на крај од денот нема ништо подобро од чуството да заработеш сопствени пари.
    И секако да не ја заборавиме сигурноста и независноста која во одредени ситуации се наше оружје.
     
    На Just.do.it, tanjaaa, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Мислам дека така само делува бидејќи жени сме ние кои дискутираме на темава моментално. Се кладам дека еден куп мажи би се согласиле да не работат ако жената заработува многу или е богата.
     
    На Anyshka, Annath, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    35.744
    Пол:
    Женски
    А жени кои седат дома и заработуваат како ги класифицирате? ^_^
     
    На Anyshka, 1209, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.280
    :bow:
    Лично, апсолутно се сложувам со мислењево. Особено дека сме единствено незаменливи во животот на децата дури се мали. Искрено, не знам како би функционирала со мало дете во Македонија, веројатно никако. Да бирам меѓу дете и работа (која секако не е кариера) би избрала дете. Дали би можеле да си дозволиме да живееме со една плата, исто не знам. Пре би рекла, жални се тие избори со кои живее мнозинството, отколку дека би забележала некои чудни избори на малцинството (во демографска, не во етничка или незнам каква смисла).
    Општ тренд кој мене лично ме загрижува е што скоро никој не сака да работи кога би можел да си дозволи, не дека жени не сакаат да работат. А зошто е тоа така и каде води тоа е ваљда предмет на некоја друга тема.
     
    На Anyshka, Kolache na mama, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    Каде пишува дека е мажот обврзан да работи?
    Генерализирате кај што нема простор за генерализација. Може и мажот да е домаќинот, како ќе си се организираат. Може таа (или тој) да имаат пасивен приход.

    И Јуле, можеби за тебе нема ништо подобро од да заработиш свои пари, ако веќе на лично одиме што е најдобро, ич не ми е гајле да заработам сопствени пари. Највеќе би сакала да имам наследство што ќе го рентам, а ќе се запишам на часови по цртање и пиано. Оти ама ич не ми е сатисфакција платата како таква, средство за да преживеам ми е. А работам и подобра и поплатена работа од претходно. И секогаш ми е жал за саатите поминати во работа, наместо во нешто што креативно и духовно би ме исполнувало. Ми се случува кога немам обврски да не знам што да правам попрво оти се' сакам :)
    А не ни имам деца.

    На крајот на денот, одлуката за како еден пар ќе си го организира животот е премногу лична, ако од договорот се задоволни двајцата, ако се среќни со своите избори, што има да разглабам јас за Трпана на инженерот жена му?

    Не зависам од ни еден маж, ниту сум зависела, работам без престан уште од кога студирав, па еве не мислам дека тоа е најголема сатисфакција. Лично за себе (сум кажала одамна) би сакала кога ќе имам дете да бидам дома барем додека асално не прозбори, до 3-4та година.
    Амбиција за којзнае каква кариера немам, за се' што имам желба да правам, не плаќаат, освен ако не си Симон Трпчевски, а не сум :)
     
    На Anyshka, Bezimenka90, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.805
    Мене лично ми значи ако партнерот работи од аспект дека придонесува.
    Нека зимам јас огромна плата, доволна да си дозволуваме луксузи и ако ни 100ка нема од него донесена, нема ни денар од мене да добие.
    Исто му имам и за мене кажано. Дека освен у недајбоже ситуации, неќам да ме издржава и да ми дава пари за кафе со другарка ко гревче некое да сум. Или да седнеме некаде со пријатели или купуваме нешто и јас ко сирота чекам од него новчаник да извади.
    Не е само до сумата туку како гледа на целава работа.
    А иначе домаќинки сме сите прво. И вработени и невработени и мајки и немајки.

    Не е тоа некое посебно занимање ко што не е хоби бањање на пример.
     
    На Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    И познавам стеј ет хоум татко, во Скопје, пошто ми е роднина. Почна да работи на 40+ години пак, кога детето веќе средно појде. Жена му заработува многу, работи одлично платена работа, цело детство на детето од таа плата живееа. Кога појде средно детето, тој се запиша на факултет, паралелно со тоа и најде работа, еве го сега спрема магистратура.
    Не мислам дека било кој во тоа семејство е неисполнет, баш пошто ми се блиски, драго ми е кога ќе ја видам таа хармонија меѓу нив двајца, буквално ја чувствуваш додека седиш со нив, сега веќе се 50+ годишни.
    Најголемиот дел од животот тој беше "домаќинка", жена му речиси ништо дома не правеше.
    Ни на него му зафали машкост, ни на неа и' се роди фрустрација што само таа работи.
    Скоро 30 години брак е во прашање. Според мене, таа хармонија меѓу себе што ја имаат, е најголемо достигнување, без оглед дали, кој, што и колку работи.
     
    На Јова, Anyshka, Kolache na mama и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.280
    Ти уствари треба во Виена да се преселиш, ем мајчинско отсуство хумано, ем клавир шпилен е престижна професија:D.

    Малку рикверц на муабетите. Еве, ти лично, со мајка како рол-модел , со работа ваква или онаква си независна. Деца се раѓаат во брак, врска, штоидае, значи заедничка одговорност се на двајца, финансиски и емотивно, како ќе се поделите небитно. Ми се чини дека амерички вредности кои се пропагираат, ќе се омажам за најбогатиот за да не работам во животот, не се вистинскиот рол модел. Не знам дали треба да елаборирам зошто.
    А дека може Трпана на инженерот жена му да не работи во мк, може, пошто не мора, не пошто не сака. Не мора значи, нема рационална причина да оди во продавница или во конфекција, пошто не и се исплати стресот и/или мобингот за парите. Да имаше човечки работни места а не чиста експлоатација, ќе сакаше. Случајно ми текна на Трпана, Трпе стварно заработува доволно за сите, а таа не е повеќе фрустрирана отколку комшиката што мора да работи, за да прехрани фамилија. И знам дека не се мажела Трпана за пари, ниту била без работа цел живот, просто сплет на околности.
     
    На Anyshka, Skyler, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    Речиси ниту една америчка вредност не вреди ниту да се пропагира, а уште помалку да се наведува како пример без позадинското објаснување.
    Сите ЕУ земји, Австралија и Канада се социјални земји, САД е чист суров капитализам.
    Седењето на жената (или мажот) дома е најчесто затоа што е прескапо некој да ти го чува детето, под услов да е едно. Замисли тек три да имаш, една цела плата нема само daycare да ти покрие. Второ е тоа што не е густо населена како Европа, на пример, патувањето до и од работа (ако нели работиш нешто поконкретно од бензинска или фаст фуд) бара и подолго патување, немаш на секој ќош фирмички. Имаш во поголемите градови, ама Америка е сосема различно организирана од Европа.
    Политика е тука во прашање најмногу, едноставно - твое дете - твој проблем. Нема платени отсуства, одмори, породилно.

    Така што америчките филмови за стеј ет хоум мам како кариерен избор, се избор од немање избор. Другата опција е доенчето да го пратиш друг да ти го чува и нецел месец по пород да си се вратиш на нормални работи обврски.

    Работата може да те исполнува, ама во реалноста, барем во Македонија, не да не исполнува, туку исцрпува. Ја исполнува братучетка ми, 20 саати неделно поправа заби и ужива во тоа, а останатото време од животот ужива со децата дома или на плажа или на некое трето место. Ама кај нас јас еве уште не сум доживеала некоја навистина да има таква поволност.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Anyshka, Bezimenka90, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    253.491
    Низ темата се провлекува тоа дека мажот е тој кој треба финансиски да се грожи за семејството, а жената да е дома.
    Плус, во Мк е полесно дете и работа оти речиси повеќето имаат помош од баби и дедовци.
    Ама пак ќе кажам тоа е некој период од 2 до 3 години. Што потоа?
    Патем не секоја мајка која работи е отсутна од животот на детето. Многу е битно и како го минуваат времето со децата.

    Пак ќе кажам, изненадена сум што повеќето не сакаат да работат. Сите велите ќе се посветите на активности. Хм, во тероија е така, ама добар дел кои работат, па поради некои причини престанале, едвај чекаат да се вратат на работа.
    Немам ништо против, барајте се и реализирајте си сите желби, хоби, ама пак ќе се вратам безбедноста, независноста и сигурноста која ја имате од работата. На други теми ставот ви е друг.
    На другите теми читаме како жената треба да работи, а не да чека пд мажот и дека ако работи нема да мора да трпи насилство. Контрадикторни сте.
     
    На Just.do.it, Harper и fana им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.913
    Допаѓања:
    171.761
    Пол:
    Женски
    Допрва ќе читам шо сте пишале па ќе се дополнам ако не опфатам то шо е важно. Ама, сакам да одговорам на прашањето зошто некоја би сакала да е домаќинка - оти не сме сите исти? Некои луѓе имаат различни желби од нас. Убото во општеството кон кое се стремиме е фактот дека дава избор. Не секогаш разбираме туѓиот избор, ама важно е секој да има свој. Секој од нас башка работи го исполнуваат. Така да, зошто некоја да неќи да е домаќинка? Како е толку лошо? Како е лошо ако некоја па ако сака да е жена со кариера? Како е то толку лошо? Ништо не е. Сите имаме свои животи и приоритети.
     
    На Feminka22, Bezimenka90, Калатеа и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.111
    Допаѓања:
    179.465
    Пол:
    Женски
    Сите ги знаеме личните бенефити од одење на работа во оваа средно класна заедница. Никој не рече дека нејќе да оди на работа на сметка на мажот да работи 5. Сите ние “сакаме” да одиме на работа затоа што знаеме дека таа работа ни носи првенствено приход. Прво и основно поради финансиска стабилност и е единствен начин да си дозволиш работи кои иначе не би можел.
    Пак да повторам. Ниедна не рече дека сака да седи дома на сметка на мажот ниту дека дома седење во 4 ѕида некоја ја исполнува. |(
    Ама хипотетички, да имате јаки и стабилни приходи од недвижнини, никој нема да ви верува, па ни самите дека нема да изберете будење на Комо со еспресо и паста полна пармезан, или собна услуга во апартман со поглед на Ајфелова и мирис на тазе печен кроасан, јагоди и шампањ, за да се расправате со секакви будали на работа, во име на некаква замислена себе реализација. Како одма идејата за себе реализација се менува со висината на контото ехеее. :D


    Да имам стабилно дебело редовно конто, и те како ќе се реализирам, остварувам и растам духовно, во друштво на луѓе околу мене што јас ќе ги изберам, а не кои ми е наложено да ги трпам пошо немам друг избор.

    Да имам работа која ми овозможува секакви луксузи, а маж ми да работи за мала незначителна плата, секако е подобро да седи дома со децата одреден период оти за нив секогаш е подобро еден целосно присутен родител отколку ниеден. Домата не е пазар и ние не сме конкуренти дома. Дома нема мерење и премерување. Дома сме партнери.
     
    На Anyshka, Kolache na mama, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    53.228
    Пол:
    Женски
    Вработена домаќинка:) Таа сум.
    И фала богу шо е така, за мене е најдобро. Ем со децата сум цело време ем со маж ми заедно работиме и си помагаме.

    Децата не ми одат во градинка, ние ги чуваме, сакам јас да им спремам оброци и да ги пратам толку јадат оти знам во градинка гладни би седеле. Плус се не разболуваат толку често како син ми кога идеше во градинка.

    За мене искрено одлично ми одговара работа од дома, друга работа моментално не би работела.
     
    На Anyshka, 1209, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    2.997
    Пол:
    Женски
    Не би избрала да бидам цел живот домаќинка да бидам (ако се мисли на тоа да седам дома и да не работам) но има некој период од животот што би го поминала и дома во чување деца додека се помали. (Еве сега, едното 3 години друго на пат)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    Не разбирам како сум контрадикторна. Сум за тоа дека детето секако треба да има врска и релација со баби и дедовци, ама не и дека е нормално што се НЕОПХОДНИ ако сакаш да работиш. Треба родителите да имаат можност сами да си ги чуваат децата, а не детето 39 температура, родителот на работа оти нема избор.
    Никаде и никогаш не сум рекла (за други не знам) дека жената МОРА да биде потполно независна од мажот (и обратно) или да трпи насилство од било кој карактер.
    Но, ако условите во кои живее не се нормални за живот (маж и' ја малтретира, не можат да живеат сами со една плата) нормално дека е попаметно да работи и да се осамостои отколку да трпи константна психичка или физичка тортура.

    Апсолутно не би работела да имам станови за издавање пример, или би се занимавала со моите хобиња, од кои ниту едно не носи стабилен и сигурен прилив. Ама би го имала луксузот да заработувам од нив кога можам и кога сакам. Ама бидејќи живеењето ми зависи од сопствената пот, немам избор. Ниту па доживувам толку трагично ако за семејството како целина е најдобро едниот да не работи, на одредено време, засекогаш, или да работи 20 саати неделно.
     
    На Anyshka, Annath и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    253.491
    Во тој случај пак имаш приходи и некоја стабилност.
    Да ги имам тие приходи, пак би работела, ама би избирала тоа што јас сакам. Всушност тоа ми е животната желба, да имам пари доволно за да отворам дом за сираци и да се грижам за истиот. Значи пак би работела.

    Сега исто работам, ама парт тајм, заради децата. Но тоа е привремено.
    Може и до мене е. Јас секогаш ги избирам децата, ама тоа не ме спречува да работам или учам. Балансот е клучен. И секако желбите.
     
    На Just.do.it и fana им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Па ако е мајката по свој избор доживотно домаќинка,некој ќе мора да работи.
    Тоа би бил логично таткото.
    И како не ти е битно да имаш сопствени пари?
    Зошто работиш цел живот тогаш?
    Нели беше битно?!
    Сигурна сум дека твоите можеа да те финасирааат,а ти да се бавиш со хобиња.
    Ама ти работиш.
    Знаеш зошто?
    Зошто мајка ти била работник,а не домаќинка која цел живот чекала ,туку завратила ракави и работела.

    Заради слободата,што ја немаш ако си финасиски зависен од маж или родител.

    Заради чувството на продуктивност,дека можеш да заработиш сопствени пари.

    И не,не се сите во Мк со работа што ги исцрпува.
    Мојата другарка е познат скопски адвокат,ужива во работата и има две деца на кои е посветена.
    А може д аси седи домче,маж и е директор.
    Сака сопствени пари.
    Тоа е себереализација.
    Кога работиш работа која ја сакаш,не гледаш да е малку часови,времето ти лета.
    А не издавај 3 стана купувај партали,шетај, троши пари,а на децата модел кој еден денар не заработил.
    Тоа е површност.
    Па после не сакаат да работат,сакаат да трошат само,така тоа оди ако родители им се неработници.
    Тогаш тие што имаат наследство е глупо што завршиле школо,можеле и со 4 одд да истанат,ќе имаат секако пари за живот.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    40.671
    Мене не ми е проблем некоја да е домаќинка, проблемот е дали имаат примања и услови за истото. Јас лично не би живеела со една плата, и да преживуваме по дома, и да се крпиме.

    Ако се има пари, шо да не. Секако, знам дека просеравање, али ја без мој динар не седам у џеб. Не верувам на никој. Ако муж ми има пари да ми дава за дома, за децата, за све значи, и плус има да ми дава да си се дотерам, нашминкам, да идам на кафе, да прошетам, па да ме шета и он, да не се затуцуем по дома, и ПЛУС да ми дава пари, да не речам плата, шо си се мои, надвор од сите мои обврски, ќе му седам дома бе, шо. Ќе зготвам, ќе исчистам, со деца навака, натака, али се знае коа ќе си дојде дома, фамилија ќе си играме. Ќе седи со децата, ќе се јаде на маса, а не да ме искористува служавка да му бидам, он да ака да скита. Ако

    Проблемот денес е шо жените ем работат на работа, и ем најголем дел рмбаат сами и дома. И кај е тука еманципацијата и еднаквоста?

    Затоа треба добар муж, па ако не можете да си приуштите дома да седиш, и на тој начин да си ги делите обврските, ондак ќе си ги делите обврските на друг модерен, капиталистички начин .

    Јес да денес многу жени ги романтизираат седењето дома на времето, оти си немаат поим како живееле жените у тие времиња, без благодетите како струја, машини, баби да ти го причуваат детето, тоа не го негира фактот дека ,, седењето,, дома и грижењето за своето семејство е еден вид на привилегија.
     
    На Malesia, Anyshka, Kolache na mama и 14 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    253.491
    И јас не доживувам и не ми смета некој да не работи. Негова одлука. Ниту осудувам, туку само дебатираме.

    Јас сум од многудетно семејство, каде што мајката не работеше, а таткото не го гледавме. Нивен избор беше тоа, наш не. Јас пораснав без татко буквално. Татко ми сега внуците ги гледа.
    Истиот став, подобро еден родител присутен отколку отсутни и двајцата. А еве можело да бидат и двајцата присутни, ако мајка ми работела.
    Денес и таа мисли поинаку. Далеку е од фрустрирана, неисполнета, ама често знае да каже дека и фали да работела. Не од финансиски аспект, повеќе да излегува од дома и да смени средина.
     
    На Just.do.it и fana им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    Ако мајката и таткото гледаат само секој за себе, без заеднички договор и план, најлогично е дека тој брак, партнерство е длабоко дисфункционален. Зборуваме дека жената не работи со договор и план заедно со маж и', оти ваљда ни еден не е надмоќен да наредува на другиот.

    Моите не ми ги финансираат хобињата, ме финансираа кога бев дете. Одамна не сум дете. Мислам дека во првиот пост објаснив од аспект на дете што значи имање на родител со кариера, најчесто е меч со две острици. Материјално имаш повеќе, ама и тоа како се чувствува отсуството.
    Мајка ми по сопствен избор создавала кариера, а јас и мајка ми не сме иста личност.
    Никогаш во животов не сум сакала да имам кариера, ни денес, можеби баш поради тоа искуство мое. Во периодот кога бев баш мала и доучуваше, се усовршуваше итн. Сестра ми пак има друго искуство, бидејќи ја роди многу подоцна, кога беше доволно етаблирана и меѓу другото, можеа да си дозволат дадилка.
    Мислам, не можеш да и' кажеш на 3 и 5 годишната Камелија - што ти фалеше?!
    Ми фалеше мајка ми дома, колку и да си ги сакав бабите, со мајка што создава кариера и татко со 2 работи, прилично е непријатно чувството како дете.

    Не ми е гајле искрено за рандом луѓе, како живеат е нивен проблем, во мое опкружување имам секакви приказни, а на крајот на денот, секој живее со своите избори.

    Исто така, добро знаеш дека во врската, иако не бев зависна, тој заработуваше далеку повеќе од мене, а немав контрола дали и колку трошам од неговите пари, никогаш.
     
    На Anyshka и Annath им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.