Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Знам случај со маж бизнисмен кој во брак стекнал два стана, изградил куќа на село, ама случајно или не, имотот стекнат во брак не бил на негово име, туку на родителите, на детето. Жената имаше огромна слобода да троши пари колку сака, да оди кај сака, ама инсистираше родителите да и дадат една соба, во случај на развод да има кај да се прибере, а за пари ќе се снаоѓа, ќе се мачи.

    На некој сиромашен што ќе му земеш? Недвижен имот тешко се купува, а плус и долгови се наследуваат. Ако маж ти почине, ќе мораш да го враќаш кредитот. Ако наследиш нива од мајка ти, а таа има долг, ќе ги наследиш и долгот.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.940
    Се стекнато во брак се дели на пола. Тоа пред брак-не, добиено наследство -не.
     
    На LiquidLuna, Anyshka, Pa8la и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ти повторуваш едно те исто.
    Не ти здосади?
    Ако сакаш работи и 10 работи, никој не ти брани, детето ќе имало последици ако мајката останела дома, а нема да има последици ако го чува некоја си туѓинка?
    Ти читаш како ги чуваат децата или не? Никако.
    Тоа воспитувачки во градинки па ете последниот случај што направи со детето, и сега кажи детето нема последици, трауми?
    А бе имај дете утре, и ако сакаш одма после пораѓај дај и го на некоја туѓинка нека ти го чува, ама не можеш да се меша што другите прават, не земаат од тебе, дали ќе трпат за леб не е твој проблем.
    И со тоа што сте се научиле децата во градинка, иии?
    Па ти не знаеш дека не секогаш има место, па чекаш, па ете ќе го примат, па се разболело, има некои деца повеќе болежливи, и кој ќе ти даде тебе нон стоп боледување?
    Не знам како си замислувате, детето во градинка и решен проблем.
    Само да се паметувало, едно исто верглаш цело време.
    Едит: и 18 години да има детето, ако решила некоја да седи дома, не треба ниту мене, ниту тебе, ниту било кој да го интересира тоа, кога не ни прави проблем на нас, што ни е гајле ако не работи.
    Што толку тебе те засега?
    Како исполнета на работа премногу време имаш, на секое мислење вегета да додаваш.
    Викате за некои по цел ден биле на форумов, а вие, не сте по цел ден?
    Гледајте си во вашиот двор.
     
    Последна измена: 14 февруари 2024
    На Viveki, mssuniquee, butterflysk и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.530
    Пол:
    Женски
    Замисли денес некоја се вработила било каде, прв ден и е, пресреќна, застанала конечно на свои нозе или го прави првиот чекор и го чита ова... Во комуналец да работам среќна да сум, сите си имаме избор дачи ќе работиме, седиме дома.. не е во ред никој да не деградира.
     
    На WarriorAngel и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Многу лошо, не сте нормални што пишувате.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Да би можела, би се вратила во тоа минато време?
     
    На Just.do.it и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам да не биде дека само јадам гомна, тоа што го опиша еленакласик за продуктивност е последица на капитализмот (инаку исто резултат на патријахатот), а не на феминизмот кој едноставно и дозволил да биде на жената повеќе од сопруга и мајка... али sure, жените се криви што си створиле притисок сами на себе наместо само да седат дома и одгледуваат деца.
     
    На nextredstyle, Nausicaa, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Овие што се самохрани еве не знам како дишат. Или сигурно психопати растат оти мора и пари да носат и дете да гледаат.
    А ако сакаш и 24/7 биди дома со детето, ако немаш во главата да си добар родител, џабе е.
     
    Последна измена: 14 февруари 2024
    На spacegirl92, LadyR, Srckata28 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.966
    Пол:
    Женски
    Веројатно и јас можам да го кажам истото:
    - Ако сакаш и работи и носи деца во градинка, ако немаш во главата да си добар родител, џабе е.

    Се надевам дека сфаќаш каде ти е грешката во целокупното мислење што го имаш на темава, и сегашната констатација.

    Или децата на домаќинките по дифолт не се успешни, среќни, реализирани како оние чии мајки работат?
     
    На Mnik, LiquidLuna, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  10. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Тие за мене се херои, самохрани родители. Спориме за друго..ако имаш избор..зошто избрале да бидат Домаќини..еден од многуте одговори: оти така сакаат...сега разбираш? и според мене една од најтешките работи е да издигниш дете во добар човек.
     
    На LiquidLuna, Viveki, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Па не сум јас таа што посветување на децата го поистоветува со неработење.
     
    На LadyR и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Живееме во странство, јас, партнер и 2 деца. Никаква додатна помош околу деца, само јас и маж ми. Тој village што го спомнувате овде, круцијален за растење дете, у нашиот случај (а верувам и многу други), е non-existent. Деца одат во школо и градинка, јас и мојот партнер работиме 5 дена во неделата full time. Ниту се несреќни нашите деца, ниту “дремат” на таблет, ниту се невоспитани, ниту јадат брза храна. Јадат готвено.
    И пак стигнувам да идам на вежбање после работа, и ако ми се искача со другарки за викенд, да го направам тоа. Се разбира, викендот преку ден е резервиран за фамилијарно квалитетно поминато време, и подвежбување математика со малиот.
    Нас ни е лудо темпото ама ние сме среќни со нашиот живот. И децата се среќни што градат спомени со нас како родители.
    Така да, секоја генерализација ви паѓа у вода. Се’ може да функционира ако сме саглам ко луѓе (од индивидуален, партнерски и родителски аспект).
     
    На FridaodaMk, SummerGirl, KuklickaSk и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Ти очигледно не ја разбираш темата!
    Темата е за домаќинки кои цел живот се домаќинки со изговор децата!
    И ете, досега никој не кажа никакви позитивни страни зошто една жена цел живот би била домаќинка.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    5.966
    Пол:
    Женски
    Теоретски не може да се посветиш во целост на детето кога си во работен однос.

    Колку време во денот имаш да се посветиш кога си на работа? Мислиш дека е исто? Не е исто.

    Да, градинката има свои предности, но има и еден куп недостатоци. Личен пример, глава немам кренато од температури, кашлици, болести, неспиење. А има и куп деца што не можат никако да се адаптираат на условите што се нудат таму. По твоето, во ред е дете да се треска од земја, само за да се работи, а притоа се има услови, да не. Па така, сосема ги разбирам родителите што одлучиле да седат дома со децата.

    Убаво би било да се размени мислење на темата кога веќе знаеш што зборуваш или повеќето што зборувате.

    Коментирам за тоа кога детето е помало, за повозрасни деца кои што имаат капацитет да сфатат каде одиш и дека ќе се вратиш да ги земеш, тогаш е сосема во ред. Но, и во тој случај, доколку мајката нема инспирации да се вработи поради нејзини лични причини, која сум јас да коментирам за нејзиниот избор.
    Збор, чие значење не го разбирате од постоењето на темата.
     
    На Anyshka, Pa8la и жули им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Целава тема отиде оф топик и со навреди од едни кон други, а темава не е за мајки дали работеле или не некоја година. Може требаше насловот да биде Кариера како домаќинка, или нешто слично за да се знае за што се дискутира, а не дали некоја отишла порано на работа или по некоја година, ама сепак отишла на работа, а не е 60 години и го поминала животот како домаќинка.
    Нема поента едноставно вакво препукување зошто не е тоа темата.
    Па, или ќе се збори за домаќинки кои цел живот решиле да бидат домаќинки, ќе збориме за нашите баби кои веројатно се единствени примери за домаќинки, или на крајот, ќе се заклучи темава.
    АКо немате некој конкретен пример за тоа што е темава тогаш не мора ни да пишете, доволно се кажа мислам веќе, оф топиците ќе бидат избришени понатаму. Тоа што го наведов погоре кое спаѓа во оф топик.
     
    На LadyR, H.VAGA, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.198
    Допаѓања:
    156.841
    Колку е само нормално ова кое што сме го зборувале и пред се реално ми сведочат неколку случаи на жени, кралици, лавици со неверојатни кариери, преинтелигентни, успешни, со истиот заклучок - овој капиталистички концепт на 8 ч раб.време на жените е убиствен.
    Сите освен една не доаѓаат од ситуирани семејства и со сопрузите се селф мејд.
    4 од нив си дадоа отказ на работа за да го одржат балансот. Не за да бидат домаќинки, туку за да си го задржат разумот. Сите се на многу високи позиции патем...
    Во очи на 8ми Март, треба да размкслиме добро.
     
    На see.emily.play, Biljarkata, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Зошто една жена би избрала да биде домаќинка целиот свој живот, еве не знам.
    Лично за мене, тоа е едно големо НЕ. Не гледам зошто една жена би се потценила себеси со тоа што би била комлетно зависна од сопругот, наместо да изгради нешто свое. Океј, нека не е којзнае каква кариера овде во МК, ама сметам дека секој млад и амбициозен човек ако сака може да се снајде со пристојна работа.
    Знам како е дома да чуваш деца и знам дека е тешко. Секогаш велам, секоја чест на жените кои не работат и дома чуваат деца, само не разбирам зошто решиле да го прават тоа.
    За мене тоа е нешто што никогаш не идело во предвид и така ќе остане. Јас во глобала и немам заедничка тема освен темата за децата со тие жени и колку лошо и да звучи не ми е во интерес да се дружам со истите. Сметам дека е многу важно за една жена да работи, без разлика на финансиската состојба, да има причина да излези, да се среди, да се социјализира и дружи со луѓе. Размислувањата се други, темите на разговор се други. Личниот успех е многу важен за еден човек, чувството на самостојност, независност.
    Сепак, секој со своите избори.
     
    На Ambitious, LadyR, spacegirl92 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Тие што не одат на работа гледам запуштени одат, несредени.
    Знам многу што одат на работа па се несредени, а некои што не одат се многу подредени.
    За средување не треба да имаш причина, едноставно до жените е, некои обожаваат да одат по цел ден по козметички салони, некои дома си се средуваат, некои па не се замараат со средување.
    И ако не работат, немаат ли причина за излегување?
    Само дома седат изгледа и не мрдаат.
    Не се однесува ова за мене, јас работам, ама тие што одлучиле да не работат, кои сме ние да им се мешаме?
     
    На Iva2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    За средување треба да излезеш од дома, тој беше контекстот, не дека воопшто не се средуваат. Зимно време посебно жените домаќинки со по 2 деца еве нека кажат колку често излегуваат и се средуваат. Поентата е дека секој ден ти е ист, дома во пижами, тренерки, не е ни важно. Освен ти ако се шминкаш и за дома;) Друго е кога ќе се дотераш, нашминкаш, ќе отидеш на работа, ќе социјализираш со колеги колешки.
    Секоја чест за тие што се домаќинки и што успеваат секој ден да излегуваат на кафе, на шопинг итн.
    Инаку никој не им се меша, нивни избор, јас кажав лично за себе дека никогаш не би седела дома по сопствен избор поради горенаведените причини.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Целосно точно.
    Работата е потребна, не само за пари, туку и за себереализација, за чувство на продуктивност и корисност.
    За размислувањата и темите на разговор со тие жени домаќинки, се премногу различни, само за децата зборат. Добро опиша.
    Зошто во 2024та година некоја жена би се сведила себе да биде само домаќинка.
     
    На spacegirl92, BlackNight и Annora им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.