Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.312
    Пол:
    Женски
    Значи напишаа во темава поназад причини. А главната е затоа што така сакаат. Едно е да нема избор, друго е сама некоја да си избере да биде домаќинка. Секоја си знае за себе...
     
    На ArabellaStarfall, Pa8la, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Значи ова е форум и служи за дискусија. Секој има право да си го искаже своето мислење.
    Досега една позитивна страна не беше нагласена зошто некоја цел живот би била домаќинка.
     
    На Lady D ❤️ и Annora им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.312
    Пол:
    Женски
    За тебе нема позитивна страна, можеби и за мене нема, за Трајанка нема, ама за таа што е домаќинка, има. Тоа е. А не дека не беше, беше посочено во темава и тоа, само или не си видела или не си сфатила. Не можам да ги барам коментарите, еве ќе напишат пак ако треба, убаво си беше напишано, на долго и широко.
     
    На ArabellaStarfall, Pa8la, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Досега никој не даде објективни позитивни страни зошто е убаво да се биде цел живот зависна од некој.
    Ете добро елаборирано мислење.
     
    На LadyR, Lady D ❤️, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    15.399
    Не велам дека не е убаво жена да има кариера, да заработува и да биде самостојна. Но, според мене, во последните децении натпреварувајќи се со мажот, жената се губи во својата важна функција во која никој не може да ја замени а тоа е мајчинството.

    Кога ќе прочитам оглас од типот "Се бара жена за чување на осуммесечно бебе од 07:00 до 17:00 часот.." некако ми е језиво. Како може некоја рандом личност да биде замена за мене како мајка која најдобро знае кои се потребите на моето дете. А за емоционалната страна ... е тоа е друга тема.. Да не зборам за Америка, каде бебиња стари неколку недели ги оставаат во daycare установи.

    Можеби мислиме дека сме дистигнале исто ниво со мажите, но цената која ја плаќаме за тоа е многу голема.
    Погоре еден добар разговор на темата (која е во секој случај доста деликатна).
     
    Последна измена: 29 февруари 2024
    На Iva2020, No Makeup, ArabellaStarfall и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.312
    Пол:
    Женски
    Јас можам за себе да си кажам причини зошто нешто сум избрала. За друга жена, не барам причини и не се прашувам зошто во 2024 избрала нешто, туку едноставно сфаќам дека е избор и поддржувам. Јас лично не сакам да сум, како што викаш, цел живот зависна од некој, но ете на некоја жена ако и е удобно така, зошто да не? Бараш објективни позитивни страни од тоа да се биде зависен, па еве, на пример, на сметка на таа зависност, ќе се посвети на грижа и воспитување на детето. Ти велиш, детето за во градинка е, не за дома, ама не значи дека дома ќе седи. Куп активности има што може да прави.
    А бидејќи тврдиш дека нема позитивни страни во тоа да си домаќинка и зависна од мажот, еве и да нема, треба да ги осудуваме жените домаќинки? Глупи се дека останале дома? Едноставно, избор е. Тоа е. За неа е убаво така и тоа е доволна причина. Ова најдобро би го одговорила жена што е по свој избор домаќинка, ама нема таква на форумов. Јас не ни познавам таква. Што значи, во 2024 еве жените баш и не се зависни, можеме мирно да спиеме. :D
     
    Последна измена: 29 февруари 2024
    На ArabellaStarfall, desperate15, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.492
    Пол:
    Женски
    Лично јас ко ја изгубив работата незнам како си заминав дома. Не дека беше којзнај колкава плата, не дека моите ќе ми направат проблем окулу финансии.. Едноставно ми недостигаше да станам, да се средам, да одам, таа рутина, па комуникација со луѓе, смеење и чувството на независност.. на постигнување. Не ми паѓаше на памет да забисам од тогашниот дечко. Ама тоа е мое лично искуство и размислување, а и немам деца така да..
     
    На Lady D ❤️, Annora, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.065
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава не е за жената која си го чува детето дома првите години.
    Таман работа уште таа да ја искомплицираме!

    Темава е повеќе за кога жената одлучува да остане дома години подоцна, како тоа се одразува врз неа и врз другите блиски.
    Е сега тука има многу услови, фактори, ситуации и не е една дадена, така што сѐ би било само хипотеза.
    Јас можам да имам едно видување според мои примери, а вие други.
    Јасно е дека кога човек е активен и продуктивен, подобро се чувствува.
    И јас сум на тоа мислење.

    Жената која останува дома, може да прави други нешта, значи да си надомести да кажеме, не само да готви и чисти, што секако еднолични работи и го отупуваат човекот.
    Значи жената може да чита книги, може да слуша курс, може да научи некое ново хоби, може на многу начини да си се исполни. Тоа е супер, за кога ќе се видиш со таквата пријателка да не е муабетот само ручекот и запршката или непегланите алишта.

    Ама ако е обратна ситуација, да остане дома жената и да не си посветува себеси внимание во смисла на читање, збогатување на речник, идеи итн, изглед, тогаш таквата жена станува огорчена, се занимава со ситничарење, рекла казала, муабетот со неа е секогаш едноличен, нема идеи, озборување итн.
    Значи почитувам личен избор, да, ама да си биде своја и да не ја засега што комшивката оди на работа и е премногу зафатена за кафе и трач -муабет.

    Некако размислував на темава и сфатив дека тука некаде има разлика во сфаќањата како и во однесувањето на едните и другите.
    Пред сѐ е карактерот, личната освестеност, па потоа и околностите.
    Не дека некоја што оди на работа не може да трачари, може и таа, сѐ тоа е многу индивидуално и нема правило.

    Пак ќе кажам, почитувам личен избор, не можам јас на некоја да ѝ се мешам во одлуките, ама да си стои на тоа што и да направи, да си биде задоволна и исполнета.
     
    На Just.do.it, desperate15, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Еве една јас што ја познавам. Не работи ништо, одкога е омажена, маж и' е во странство, нејзе не и се живее таму, па оди со детето таму седи 3 месеци, со доаѓа овде, седи некое време. Жената е отепана од шетање. Дома за спиење си иде. Алал да и е. Знам и една друга, поназад пишав, ама оваа апла си го живее животот. Можда не се замара што би било кога би се случило нешто Не Дај Боже, не е ни моја работа да ја прашувам, ама секако е многу поисполнета во животот, од мене да речеме, што одам секој ден на работа и се дотерува, итн, итн. Подотерана од мене шета, а маж и, најреално не е на некоја функција и не зема некои невидени финансии (барем колку што ние знаеме).
     
    На ArabellaStarfall, desperate15 и Pa8la им се допаѓа ова.
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев на породилно и седев дома, "запуштена" одев, а бре не се ни чешлав :rofl:.
    Не знам како си ги замислувате домаќинките дека одат по дома несредени, по пижами, јас не знам такви ти ако знаеш.
    Уствари не знам ниту една домаќинка, туку жени што седеле дома на породилно, и кога сум одела кај нив тип топ средени и за по дома.
    Еве и јас за викенди кога сум дома секогаш сум средена, и коса и минимална шминка, немам потреба од пудра, имам чисто лице, ама без маскара и кармин не одам ни до најблискиот маркет.
    А за пижами хммм...какви има секси, по секси и од корсети.
    Си замислувате дека домаќинките одат парталави и бушави. :rofl:
    Комшики па и колешки како одат на работа, јас така ни по дома не одам
    Така да заклучок, кој што си е по дотерувањето и шминкањето ќе си го прави тоа и ако не оди на работа.
    За социјализација не требаат колешки, си имам пријателки и со нив се дружам, имам само една блиска колешка што се дружиме и после работа.
    Со другите само службено.
     
    На жули и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ако неа смислата на животот и е шетање, во ред. Но, како таа придонесува за животот на децата?
    Сметам дека ако некоја жена вложува во себе и се надоградува, учи нови вештини, може да му овозможи подобра иднина на детето.
     
    На Purelove92, Lady D ❤️ и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види, не е тоа моја работа, како и дали придонесува во животот на детето, само знам дека детето си расте со мајка и е каде, каде попрошетано од моето на пример. Денес и' текнало ќе го носи во игротека, утре и текнало ќе оди не знам, во Маврово итн. Искрено не гледам ништо лошо во ова. Какви и' се плановите за во иднина не знам, само знам вака кога ќе ја прашаат радознали комшики, демек "најде ли работа?" она им вика што ќе ми е, супер ми е вака. Чим е она исполнета и среќна, мислам дека тоа е најбитно за една личност.
    Периодот кога седев дома и си го гледав повеќе детето, ми беше многу поубав отколку сега. Ова е мое мислење и не мора секој да се согласи со тоа.
     
    На Iva2020, Pa8la, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Нормално е во оние денови секоја жена сака да е дома и да ги свитка нозете во колената но, само два проценти не можат да одберат нешто друго.
    Убаво е кога жените си помагаат меѓусебно и домаќинството само по себе е економија. Ако не може некоја жена сама ќе се најде некоја да и помогне.
     
  14. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Тоа со средувањето и шминкањето е до самата особа, некои едноставно и немаат време па ни мерак толку да се средат. Јас ретко се шминкам за на работа кога сум прва смена особено,лицево не ми трпи шминка.
    Мајка ми на пример не ја паметам да отидеше некогаш нашминкана на работа, пошто секад искачаше од дома гз преку глава ( стануваше рано да зготви ручек) па трчаше по автобуси :(
    Се зависи до жената, јас познавам докторки кои да не знаев дека се докторки, професорки, ќе мислев дека продаваат на тезга на пазар.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.707
    Пол:
    Женски
    Тебе човек и да ти нацрта пак нема да сфатиш, не знам само причината дали е желба за несфаќање, или нешто друго.

    Со самото тоа што таа некоја си мајка седи постојано со своето дете-придонесува.
    Ако знаеше што сакаат децата и што значи дете, ќе ти беа нештата малку појасни.
    Дете сака присутни родители, а не купишта играчки.

    Дека на детето му е место во градинка, не му е. Мислиш дека негувателките се грижат исто како родителите на децата:D Се разболува на две недели, доаѓа дома прегладнето, има деца со месеци не може да се адаптираат.
    Преубаво чувство за една мајка.

    Ама не, ти знаеш се и мислиш дека се е апстрактно во љубовта меѓу мајка и дете.

    Да ми врнеа пари од небо, немаше сигурно да работам. Тој што ќе ти каже дека работи за некое си душевно воздигнување, себепронаоѓање, реализирање, а не пари како примарна причина за само опстанок, лаже или...не, нема или, лаже.

    На старост нема да се сеќавам на испитот по економија или право како сум го полагала или дали на шефот му бил денот на 24 март 2022, ќе се сеќавам на спомените со децата. Тие ќе ме живеат.

    Што значи, секоја чест на тие што имаат можност да си седат со децата без да се грижат за финансии.

    А тоа што некоја избрала да седи цел живот, не значи дека живее неисполнето. Има куп активности, животни случувања, авантури кои можеш да ги оствариш.
     
    Последна измена: 1 март 2024
    На Iva2020, Zumbulche, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не ја ни сфаќаш темата за што е. МАЈКАТА САМО АКО СИ СЕДИ ПОСТОЈАНО СО ДЕТЕТО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПРИДОНЕСУВА ЗА НЕГОВИОТ РАЗВОЈ. Какво сфаќање... Очигледно е дека немаш прочитано некое истражување за развојот на децата. Со децата треба да се поминува квалитетно време, а мајката само ако си седи со детето не значи дека тоа време е квалитетно поминато. Второ темата е за домаќинки кои се жел живот домаќинки. Трето, на детето му треба простор за да се осамостои. Значи и мајката да е постојано дома, може да има негативни последици по развојот на детето. Не знам како не ги сфаќаш овие работи. Четврто, детето треба да научи да се социјализира до други деца. За жал тоа дома не може да го научи.
    Ама кој да сфати....
     
    На spacegirl92 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.707
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека мајката што е домаќинка не придонесува за развојот на детето? Што подразбираш под развој на дете и како едно дете подобро би се развивало?

    Кое истражување за деца го прочита ти?

    Што е квалитетно поминато време со дете? Како ти тоа го дозна дека една мајка домаќинка не поминува квалитетно време со детето.

    За колкаво дете дискутираме? На мало дете што не знае да се избрише, му треба простор да се осамостои:D

    Детето може да се социјализира и на куп други начини. Многу родители одлучуваат децата да им ги чуваат бабите и дедовците за да одат на работа. Сакаш да кажеш дека и тие деца се посоцијализирани од овие што седат со мајките дома? Еве конкретно тука каде што сум, има градини со животни насекаде, еден куп деца, игротеките се отворени уште од сабајле, музеи наменети за деца. Па дали ќе одиш на некоја од овие активности или градинка, кажи ми што е разликата?

    Кој се тие негативни последици што може да ги има детето од седење на мајката дома? Или кога одиме во екстреми, а какви последици ќе има детето ако мајката се прибира во ниедно време од работа?
     
    На Iva2020, Zumbulche, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Само да ти кажам, дете повеќе се осамостојува со мајка или татко, него ли со баби и дедовци, дур се на работа родителите. И да оди во градинка, добар дел деца што ги познавам, попладне се со баби и дедовци. Мајка само ќе го научи да се облече, да се измие заби, да јаде, а 90% од баби и дедовци све на тацна ќе му дадат, ќе го облечат, ќе го хранат, нема да го остават само ни чаша вода да земе, нели од што они многу го сакаат и мало е, уште ништо не разбира, ќе го направат уште понеспособно. Свекор ми го жали син ми, 5 години, зошто сам закопчувал јакна. Се мачело детето.
    Јас од искуства го зборам ова (мои и туѓи), не лупам на памет.
    Значи имаш родители и родители.
    И нема потреба да генерализираш, не сме сите во еден шаблон.
    И не знам по кој пат ќе кажам, не разбирам зошто темава постои, вистина. Ваљда да ги оговараме познаничките, бабите, свекрвите без ден стаж во животот. Зошто, во денешницава ептен голема реткост е да најдеш жена што не работела за плата макар 1 месец во животот.
     
    На Iva2020, Zumbulche, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    87.947
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам јас, со мајката дома ќе нема со кого да се социјализира, и многу е голема разликата во социјализација на дете кое оди во градинка со врсници, во иста група на деца со посета на детски музеј или игротека.
    На детето му е место во градинка и му е потребна во развојот!
    полесно ќе учи, ќе соработува, ќе наоѓа пријатели, ќе стекне самодоверба.
    Тоа ниту еден музеј или игротека или седење со мама до 7 год дома не го нудат.
    Социјализацијата е процес, чии основи зспочнуваат во градинка.
     
    Последна измена: 2 март 2024
    На LadyR, elenaklasik, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.707
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам дека детето може да се социјализира само во градинка.
    Носење на детето на активности?
    Дружење со останати мајки со деца кои седат дома?
    Можеш да си инвентивен и има куп начини како да социјализираш дете и без градинка.
    Дека има бројни бенефити градинката има, но дека има и недостатоци, и тоа има, и тоа се зависи како се користи нејзината полезност. Истото важи и за децата кои не се во градинка.

    Родителите ги носат децата во градинка затоа што нема кој да го чува. Не поради ,,бенефитите" кои ги наброја. Да има, сигурно ќе ја одлагаат градинката до доцна возраст.

    Бидејќи сакаше истражувања да читаш, еве ќе ти одвојам пар пасуси.

    The best behavioral and cognitive outcomes come from starting half-days in daycare around 2½. Switching to full days provides no benefits and long days may worsen behavior until around 4.
    Before 2½, any relative as carer gives the best outcomes. Failing that, nannies
    are probably better than childminders (in-home daycare) and both are certainly better than daycare centers.
    All of the negative effects of non-relative childcare are more pronounced for
    younger children; childcare choices in the first 12 months make the most difference, as children are particularly dependent on their carers then.

    Hours matter. There’s a big difference between being in a center 8am–6pm (50 hours a week) and being in a center 9am-3pm (30 hours a week).

    Значи бенефитите на градинката зависат во голема мера од возраста на детето и саатите поминати во неа. Со оглед дека во Македонија, има мала достапност на пола работно време, значи градинките не се одразуваат добро на самите деца, поради наведените причини во истражувањата.

    Кога веќе зборуваш за социјализација.

    The part that I most often see parents get wrong is this: they assume sending young children to daycare will improve their social skills. It doesn’t: the only large study of this finds more time in daycare is linked to poorer social skills in primary school.

    A likely reason is that children typically start playing alongside each other around 2 or 2½; playing together starts ~6 months later.* For children under 3, their main social environment isn’t other children; it’s you, their adult carers, who teach them about turn-taking and so on. Daycare ratios mean less adult attention per child, so we’d expect social skills to develop more slowly.

    *1-year-olds can play with each other in calm, familiar environments with one-to-one adult support. Very few daycares provide that, though.

    With less adult attention in daycare, children learn to interact aggressively instead — a study finds around one incident of physical aggression per 9 mins per child, excluding play-fighting. That in turn likely raises children’s stress levels.



    First, here are the effects of 15–30 hrs of daycare a week, broken down by age.

    For ages 3+, there are few downsides and substantial advantages. Daycare boosts both cognitive skills (literacy and mathematics) and social skills as measured in the first few years at school.
    For age 2, the findings are more mixed. This is the best age to start in terms of boosting later cognitive skills, but children are more likely to act out and be angry when they reach school.
    For age 1, childcare may improve cognitive skills a little, though certainly less than starting at age 2. But it also has even larger negative effects on later behavior in school. There is no boost to social skills.
    For children aged 0–12 months, daycare likely damages cognitive skills and children’s later behavior at school is even worse. There is no boost to social skills.
    Compared to 15–30 hours, 30+ hours a week before 4 or so doesn’t give any cognitive benefits but makes children more likely to act out and be angry when they reach school. For children from “middle class and affluent families”, that much time in daycare has about two-thirds the negative effect on behavior of having “a moderately depressed mother”. Children spending long hours in any kind of out-of-home childcare have been found to be three times as likely to have “elevated levels of aggression”.

    Note the age and long-hours effects are separate: putting 6-month-old children in daycare for long hours has a particularly large negative effect on later behavior.

    Значи сепак може да се заклучи дека до 4 годишна возраст, оставање на детето полно работно време во градинка, сепак би можело да има негативни последици и нема некакво влијание врз социјализацијата на детето.

    Со оглед дека во доста европски држави, децата започнуваат со училиште уште пред 6 години, па така влијанието на градинката не го гледам како услов за нечиво соодветно однесување.
     
    На LUCI 99, Iva2020, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.