Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А и каде постои такво правило за "жени домаќинки" дека ако седат дома, децата не им одат во градинка?
    Еве свекрва ми била "домаќинка" и е сеуште, со 3 месеци стаж вкупно, па мм од 3 години и сестра му си оделе во градинка.

    Демек ако седи со баба и дедо повеќе ќе е социјализирано, така? Само седењето на мајката дома, стрикно е поврзано со несоцијализирање на детето?
    Ваљда мајката нема да го носи секој ден по 3 куќи, затоа не ќе е социјализирано.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Е па ако децата одат во градинка, тогаш жените може слободно да идат на работа во тоа време. Не гледам поента во ова. Посебно не кога некоја жена, 60 годишна има стаж само 3 месеци, па ќе зависи после од синот/ќерката.
     
    На Miss666 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Сериозно луѓе со корсетите низ дома? :rofl: Јас кога седев дома личев на Адам Сендлер :rofl:
     
    На Калатеа, Zumbulche, see.emily.play и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.700
    Пол:
    Женски
    Не би зависела од синот или ќерката , веројатно пак со истата пензија од мажот ќе живее, а постои опција да ја земе пензијата на нејзиниот маж ако почине.

    ,,Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, вдовицата се стекнува со право на семејна пензија доколку во моментот на смртта на брачниот другар има навршени педесет години живот. Вдовицата којашто во моментот на смртта на брачниот другар е на 45 годишна возраст го задржува правото да се стекне со семејна пензија на возраст од 50 години.

    Доколку вдовицата има деца или врши родителска должност тогаш таа ќе го користи правото на семејна пензија без разлика на возраста. Доколку тоа право го користи до 45 години, а потоа децата престануваат со школување и тогаш завршува родителската должност - и во тој случај жената на педесет години старост ќе има право на семејна пензија."

    А и да е така, мајка ми да беше домаќинка сигурно немаше како товар да ја чувствувам. Таа ме одгледала за да бидам способна да живеам, не ми е тешко јас да се грижам за неа. За родители правиме муабет, твоите ако сакаш фрли ги некаде во нива, бидејќи мајка ти решила домаќинка да биде, грев направила неопростлив, моите јас си ги сакам.
     
    На LUCI 99, Pa8la, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.077
    Пол:
    Женски
    Што да прави жена која не ги исполнува законскиве критериуми?
    Или жена чии деца не се заинтересирани да ѝ помагаат?
    Ајде, некоја ќе добива помош од други.
    Но, тоа нема да биде вечно. И тие кои сакаат да помогнат имаат своја фамилија и свои трошоци.
    Ајде, жената ќе најде некоја работа. Но, ако најде, кога ќе најде, кога ќе добие плата. Тоа не биднува одма.
    А, во меѓувреме ако нема кој да ѝ помага...
     
    На Lady D ❤️, Miss666 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Значи пак ќе зависи од некој, ете не од децата, од сопругот.
    Како што растат децата, така стануваат се понезависни од родителите, така што мајка на дете од 3, 4, 5, итн. години може да работи. Тоа дете не е зависно 24/7 од родителите. Штом детето веќе иде во градинка и школо, значи не е зависно 24/7 од родителите. Исто така не можеш да ме убедиш дека само со една плата подобро се живее. Живееме во материјален свет, финансиите даваат слобода. Јас на моето дете сум способна да му дадам и да го обезбедам и финансиски, не само љубов. Зашто, сепак, љубовта не ги плаќа сметките љубовта не купува храна.
     
    Последна измена: 2 март 2024
    На Lady D ❤️ и Miss666 им се допаѓа ова.
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Темава се растегна на долго и широко, често и со навреди и препукувања.
    По мене, факт е дека на детето во почетокот на живот му е потребна мама, но понатаму во школска возраст, сметам дека апсолутно е непотребно да седи жената дома. Да, голема улога играат финансиите, но еве, и мажот да заработува доволно, сепак мислам дека имањето обрвска, работа, колеги, дружби е подобро од дома.
    Ок, ќе идеш на курс, ќе имаш хоби, може и така. Секој за себе си знае.
    Јас би седела дома додека ги подраснам, после би сакала да одам на работа.
    Како беше онаа старинската Работата човек го краси :D
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.700
    Пол:
    Женски
    Ако некоја се одлучи да биде во денешно време домаќинка, ќе биде исклучиво поради финансиски комфор. Мислиш од една пензија ќе живеат. Можеби, баба ти, баба ми.

    Нема само минимални плати во Македонија. Многу земаат една плата колку 5 минималци. И како пример тие се полоши од двајца родители со минимални примања?

    Како мислиш дека изгледа едниот кога работи, а другиот не? Парите се заеднички, дали мајката ќе купи нешто или таткото, битно е? Ќе му кажуваш ти на детето, ова е од мама, или ова е од мама и тато? Ако е првото, тогаш проблем си имаш ти со своите размислувања за функционалноста на бракот. Јас и сега кога ќе купам нешто или зготвам, кажувам види што ти купија мама и тато или види што ти зготвија. Двајца родители во здрав брак, функционираат како едно. Не знам зошто не сфаќаш дека и домаќинската работа е работа и таа се наплаќа. Затоа што ако земе мажот одделно да плаќа чистачка, куварка, бебиситерка, направи математика колку кошта тоа.

    Не знам што сакаш да докажеш. Ако идејата за вечна домаќинка не е во твојата глава, не ја прави, тоа не значи дека е лоша и неприфатлива за друг.
     
    На LUCI 99, Iva2020, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.911
    Пол:
    Женски
    Зошто мажот да плаќа?!
    Значи мажот оди на работа, а за да не плаќа домаќински работи во кои инаку и тој треба да учествува , жената останува вечна домаќинка иако има и квалификации и образование ?
    Лошо и неприфатливо е за друштвото жената да биде таа која ќе се грижи за домаќинството и децата,а мажот за финансиите.
    Жените учеле за да работат.
     
    На Miss666, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Познавам многу кои немаат доволно финансии, само мажот работи ама кога ќе му спомнеш да работи и жената, некако не им се слуша. Значи не секогаш финансиски се стабилни тие семејства. И сите тие што ги познавам, на сите тие жените кои не работат, секогаш има пресметување до последен денар каде и на што ќе се потроши и исто така некогаш и кратење од некои работи. Па ваков живот јас моите деца не би сакала да имаат. Затоа сметам дека е многу подобро кога работат двата родители.
    Не му кажувам ова е од мама ова е од тато, ама заедно јас и сопругот можеме да му овозможиме многу повеќе отколку само едниот, во случајот сопругот, да би работел. Исто така би сакала мојата ќерка да ја научам да не биде зависна од никој и да не и е главна цел во животот добро и богато да се омажи.
    Не можеш да ме убедиш дека една жена која е 24/7 дома и притоа веќе децата не се мали, дека е среќна, задоволна, реализирана жена.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.472
    УШТЕ ЛИ ЗА ОВА :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Да ја имав вашава упорност..
     
    На elanor, Gentlewoman!, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.110
    Пол:
    Женски
    Den staz nemam. Ne nı ocekuvam deka kje docekam penzıja:) bas zborevme so maz, namesto tıe parı da sı gı davame za osıguruvanje sı gı sobırame pa podobro stan kje kupam ı kırıjata kje mı bıde penzıja. Plus na decata kje ım ostane:D
     
    На Zumbulche, Pa8la, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.911
    Пол:
    Женски
    Не е паметно ден стаж да немаш.Осигурувањето пензиско воопшто не се толку големи пари за да со нив купиш стан.
     
    На franca, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.700
    Пол:
    Женски
    Учела за да работи, добиле дете, се смениле размислувањата, не сака да работи. Избор. Што е толку тешко да се сфати. Не зборувам за пред 100 години, кога поради разни други околности, а не сопствен избор, останале дома. Туку баш во денешницава.
    Од каде знаеш толку многу фамилии со такво брачно уредување и од каде знаеш како функционираат финансиски по дома:D Имаш ли ти попаметна работа, од броење кој колку земал, дали жената му работела или не сакала. Јас сум сигурна дека само сакаш да доловиш нешто, а не можеш, затоа што ако зборуваме за модерна домаќинка, ти не можеш да знаеш како функционираат цел живот, затоа што животот им е тековен и не значи дека ќе претрпи промени.
    Две плати се секогаш повеќе од една, ама се зависи колку е едната. Може вашиот фамилијарен буџет нема ни осмина од нечива единечна плата. Како вие би овозможиле повеќе, отколку таа фамилија со повеќе примања од само еден извор:D
    Ти учи ја на што сакаш ќерка ти, на крај таа ќе си одлучи со кого и како ќе се мажи. Замисли да сака да биде домаќинка? Што ќе правиш? Ќе ја тераш со сила да прави нешто што не сака само поради сопствено размислување.
    Јас не можам да те убедам во ништо. Но, веќе кога познаваш толку многу фамилии со жени домаќинки и пораснати деца, прашај ги. Или и тоа се го дозна, дека се несреќни, неисполнети, прости:D
     
    На Iva2020, Pa8la, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ти може не гледаш поента, некоја друга гледа.
    Таа 60 годишната си зависи од мажот.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ова ми е втората тема на список "глупи теми".
    Првата е "Кога ќе родиш или ајде второ?"
    Значи ова ти е пикање нос ама баш кај што не ти е место. А истиве овие да ти се умешаат тебе во твои приватни работи, гарант ќе ги етикетираш ко "луѓе што не си гледаат своја работа."
     
    На anastasijaki, Bitter-Sweet, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Ти ако си личела така, некои не личат така ако седат дома, тоа со корсетите не знам како го сфативте сериозно, пишав на членката што пиша дека домаќинките седеле дома по пижами несредени, и што има лошо во пижамите кога има посекси пижами и од корсети и од долен веш.
    Сега појасно е?
    Сигурно никој не седи дома по корсети, ама и домаќинките не седат дома запуштени, има и што одат на работа па кога ќе дојдат дома седат по пижами, нема ништо лошо во тоа.
    Има што одат на работа па не се средени, има што не одат па се средени.
    Нема врска одењето на работа и седењето дома дали некој се средува или не
    Некој што си е таков, што не е по средувањето, џабе и да оди на работа.
     
    На Anyshka и No Makeup им се допаѓа ова.
  18. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Аве океј чоек има секси пижами ама јас сама се издржавам, треба шминка, храна, основни потреби, основни женски потреби, од влошки до пудра, а на дечко ми да му речев купи ми секси пижами леле нема шанса. Затоа и така личев хаха ама океј битно се среди. Неможам јас без социјализација, нови луѓе, пари, патувања, учење, нови култури .. Моите беа сиромашни па ако немам свои пари ме фаќа паника, а и свесна сум за жал како биле жените порано третирани кои зависеле од мажите. Ама нема врска мое мислење.
     
    На LadyR, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Целосно точно.
    И затоа кога сакаат да се разведат, тие истите жени кои тврдат дека е многу убаво да бидеш цел живот домаќинка, се прашуваат дали ним ќе им ги дадат децата зошто немаат никакви свои финансии.
     
    На LadyR, Purelove92 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    За да изгледаш секси не ти требаат пари.
    Како да збориме за пижами од 100 евра.
    Не е до парите, пишав има неколку што знам работат, имаат пари, зимаат добра плата, ама ете не сакаат да се средуваат, се е до карактерот, познавам и што немаат пари па кога ќе ги видиш изгледаат како да се ќерки на министер.
    Не треба многу за да бидеш средена.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.