Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Има и такви шо ко ќе ја изгубат работата, свесни дека живееме во тотална слободна и небото е граница (дополнителна фрустрација), со примери во главата како баба крпела крај со крај оти дедо ги пиел парите, друга баба ако потрошела поќе следвало пцовки и насилство. Родители кои живееле во времето на транзиција.. Сериозно мислиш дека ќе се само саботирам? И дегутантно е ова средување не средвање секоја жена си е убава. Само јас тогаш не се чувстував убаво, не бев продуктивна според мои стандарди.
     
    На Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    За средувањето прашај си ги другите членки кои пишаа дека мораш да работиш за да се средиш и излезеш од дома, дека домаќинките седеле несредени цел ден по тренерки и пижами.
    Е што има фали на тренерките?
    Има и убави тенерки, мене гајле ми е дали некоја се средува или не, туку само се надоврзав на некои членки што тврдеа дека ако седиш дома се затупавуваш и не се средуваш, како шминката и облеката да е најбитна на работа, а не знаењето.
    Па некои и одат на работа само да се дотераат, нашминкаат и прошетаат, а ништо не соработуваат.
    Ама средувањето било најбитно.
     
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.806
    Допаѓања:
    34.613
    Пол:
    Женски
    Може да прашам нешто?
    А тие што работат од дома, во средени или несредени спаѓаат?
    Прашање кое ме мачи. :?:
     
    На Pa8la и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    9.554
    Пол:
    Женски
    Во полусредени :^)
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.806
    Допаѓања:
    34.613
    Пол:
    Женски
    Е што значи тоа, само по долни пижами се по дома? :rofl:
    И шминка само на едното око. :rofl:
     
    На Pa8la и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.034
    Пол:
    Женски
    По горни само, оти само горниот дел го покажуваат на камера на лаптопот нели :D на доле се по гаќи :D:D
     
    На Pa8la, DELFINA81 и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.806
    Допаѓања:
    34.613
    Пол:
    Женски
    Може и без гаќи. :rofl:
     
    На Pa8la и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    12.647
    Јас кога сум останувала без работа, сум се осеќала како со исечени раце и нозе, потиштено. Среќа па било кратко, брзо наоѓав работа, ама тоа чувство на неизвесност, што од утре кога сите ќе си одат на работа, ќе си бркаат свои обврски, никој нема да е слободен за кафе, дружење, што по цел ден? Без плата, без придонеси, тотално исклучен од систем. Последен пат кога останав без работа, бев така очајна, па отидов во бутик да се почестам нешто, си купив една блуза онака да се чувствувам подобро, а си мислев што ако не најдам работа, следна плата кога? Има и богати жени што не се средуваат, ама како ќе се средиш без пари? За боја за коса ти требаат пари, за редовно потстрижување си требаат пари ( затоа фризерката ми вели доаѓаат жени што една година не се потстрижале, па се мачи да ги доведе во ред). Невозможно е да се средиш без пари или со малку пари. Ако сакам убаво сако, тоа и поскапо чини. Ако сакам тоа да го комбинирам со убави чевли, исто треба повеќе пари.
     
    На LadyR, see.emily.play, Purelove92 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    5.480
    Пол:
    Женски
    Кога работев од дома, со состаноци онлајн и се и сешто стварно само горе ставав кошула и средував коса, малку шминка и толку.

    Сега со бебе кога се случува да е настината и да морам да работам од дома бидејќи не се вклучувам на камера сум како од поплава исфрлена искрено. Работам, станувам, правам инхалации пример ако треба или чистам нос, се враќам пред компјутер.

    Е сега на темата јас не би можела да сум само домаќинка. Не дека е нешто лошо тоа.
    Моја блиска додека биле мали децата, работела и пропуштила многу од нивното детство, се додека не пресекла и не останала дома. Е сега вика, задоволство ми е да знам дека кога сопругот и децата си доаѓаат дома, си доаѓаат на чисто. Редовно се средени, имаат топол ручек/вечера на маса, јас сум одморена и тоа ме исполнува. Истата таа жена и си е прошетана и си оди на дружби, курсови, значи ни затупува, ни ништо.

    Е главен фактор во сето ова е што финансиите кои таа би ги придонела во домот не им се пресудни и многу потребни.
     
    На Pa8la, Anyshka, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Таа што ја знам е несредена. (facepalm)

    Разбирам да седиш дома, ама ништо да не те интересира?

    Јас сум дома ама не сум затупавена. Работам хонорарно.
     
    На Zumbulche, Pa8la, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Јас немав ни воља да одам блуза да си купам, како нозете сечени.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    12.647
    Сфаќаш дека секој си го брка животот, а ти треба да дремеш дома. И да имаш пари, секој ден ли ќе пиеш кафе? Мене седење дома ќе ме разболи.
     
    На LadyR, Just.do.it, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    ако домаќинка е full time job исто како другите работи, што носи исто предности како и другите работи, зошто кога кажав дека работам во IT сектор ме нападнавте дека сум се фалела што работам? :):)
     
    На Just.do.it, nextredstyle и mssuniquee им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.075
    Пол:
    Женски
    Секако дека во средени.
    Ако беше работа, ќе беа платени. Упс... :D
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.698
    Пол:
    Женски
    А како е работа да бидеш готвачка, хигиеничарка, да работиш во пеглана, сметководителка, негувателка, бебиситерка, ама не е работа да бидеш домаќинка?

    Има луѓе кои се вработени, а со месеци не земаат плата, значи дека не се на работа?

    Со потсмев го кажуваш, како да сакаш да се чувствуваш подобро за себе од некој друг. Ти вака, што направи со животот до сега, некое достигнување, висока работна функција, сопствени недвижнини, па ти е смешно зошто некоја е домаќинка? Прво, секогаш се гледаш себе си, која си и што си, па потоа можеби ќе имаш право да се потсмеваш за нечив избор. Само што и да мислиш дека си подобра од некого и се потсмеваш, тоа не те прави нешто супериорна од другиот, туку....додади си сама придавка.
     
    На ZAHRA, Pa8la, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Зошто домаќинка не е работа, не е професија. Тоа се животни вештини кој секој жив треба да ги прави. И затоа и не е платена, многу нормално.
    Можеш да наведуваш примери колку сакаш, не можеш да докажеш зошто е поубаво да бидеш домаќинка наместо да работиш. А со такви примери во обид, некој земал плата поголема од две плати, тоа се 1% од популацијата исто како и овој примерот што го наведе дека некои работеле ама не земале плата.
     
    На Tanjamm и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.698
    Пол:
    Женски
    Не можам да докажам зошто е поубаво да си домаќинка, затоа што никогаш и не се обидов да докажам. Јас не ни можам да кажам што е поубаво, односно што е подобро, затоа што изборот во нечив живот не е мој.

    За мене е подобро да го правам она што ме прави среќна. Тоа скоро никогаш не значи дека тебе, мојот избор, ќе те направи среќна, ниту пак мене, твојот. Нешто што пробувам да го дискутирам, но не наидувам на разбирање, туку ,,зборување на ѕид".

    Длабоко верувам дека не си загрижена за некоја жена што не ја познаваш, дека нема да земе своја пензија, ќе била нечив товар. Ти сакаш да омаловажиш една група на жени кои имаат различно размислување од твоето. Целта на пар луѓе во темава, е токму тоа. Зарем не сум во право?

    За мене секое движење што захтева труд, физичка и психичка кондиција, е работа. Без разлика дали со таа работа оди договор за вработување.
    Мајка е една од најтешките професии што некогаш ќе ја работиш во животот. Кога таа мајка, ќе стане и домаќинка, добива уште поголем товар и тежина. Но, тоа се сфаќа со искуство.

    Ќе бидам искрена и ќе кажам, дека ми е жал што токму една жена што себе си се смета за една паметна, реализирана, образована, врши таква дискриминација на споменатиот пол само врз база на нечива определба за работен или неработен однос.

    Ти со твоите размислувања, не си подобра личност од една домаќинка, напротив, покажуваш незрелост и надменост врз таа група на жени.

    Ќе бидеш подобра од било кого, кога ќе сфатиш дека жената доаѓа во сите облици на функции во општеството.
     
    На No Makeup, Pa8la, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Хиегеничарките, готвачките земаат плата за тоа што го работат согладно нивните работни обврски.
     
    На Purelove92 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.698
    Пол:
    Женски
    Тие добиваат плата, домаќинката има пари на располагање за трошење. Што е разликата?
     
    На ZAHRA, No Makeup, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    што домаќинката е финансиски зависна.
    и тоа е огромен недостаток, без оглед на тоа колку ти се трудиш овде да ги убедиш сите дека не е така.
     
    На Purelove92 и Just.do.it им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.