Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Финасиски зависна која може да биде и финансиски независна. Има забрана некоја за вработување на домаќинки за која што јас не сум запозната?
     
    На Pa8la, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Omg..
    Argumentite ti se .. no comment.
    Ako zhenata raboti zhachi ne e samo full time domakjinka.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Не се обиде да докажеш зошто е поубаво да бидеш домаќинка, зошто за жал нема позитивни страни. Е па гледаш, кога имаш деца размислуваш поинаку, логично е да правиш се за да му овозможиш подобар живот на детето, а со две плати се живее многу подобро од една. Ама очигледно толку си убедена дека тие домаќинките нешто важно прават во животот.
    Кога мајката успева да избалансира и деца и работа и домаќинство, заедно со партнерот, е тоа е успех.
    Ти очигледно не сфаќаш дека жената доаѓа во сите облици на функции во општеството, па и препишуваш улога само на домаќинка. Има мајки кои имаат успешни кариери, не се цел ден само со муабети за перење, пеглање, чистење и чекање на комшивките да се вратат од работа за да пие кафе со нив.
     
    На Tanjamm и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Аргументите ми се на место, туку другата страна ништо не сфаќа:D

    Ќе бидам попластична во објаснувањето.

    Замисли домаќинка, или ќе ги користам твоите омилени зборови ,,финансиски зависна жена", цел живот живее добро поткрепен финансиски живот. Примањата на мажот се доволни за сите нивни функции и уживања. Си имаат заштеда, недвижнини, добар функционален брак.
    Не е на терет на децата.
    Кој е нејзиниот губиток тука? И што повеќе губи од друга жена која што работи, имаат помали примања од мажот, немаат заштеда, немаат недвижнини?
     
    На Pa8la, LiquidLuna, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Чувството дека и таа е способна да им овозможи на децата нешто повеќе во животот, не само она што обезбедил и постигнал сопругот.
     
    На Miss666, Purelove92 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Има многу позитивни страни, како и што има позитивни страни за мајка која сака професионално да се оствари. Јас и да почнам да набројувам, тебе ќе ти смени нешто во размислувањето? 100% не верувам, затоа што ти не сакаш да прифатиш луѓе со различни размислувања од твоето.
    Така да, имам ли поента да набројувам и да си трошам енергија за нешто што, пак ќе спомнам, во ѕид ќе мава.

    Кога зборуваме за успех. Дали мислиш дека успехот е универзално средство за сите, по кое мора сите да се раководат. Според мене, успех е само да си хирург. Зошто не си успешен хирург? Гледаш ли колку е само глупаво да формулираш успех врз субјективни чувства.

    Тоа со две плати исто ти е многу глупава реторика. Јас кога не работев, ништо не беше скратено во домот. Нормално, мојата плата си е еден бонус плус на буџетот, но дека подобро живееме, не, исто живееме. Ништо не беше ускратено, ништо не е ни сега.
     
    На Zumbulche, Pa8la, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Им овозможила, својот живот го посветила на нив. Поблагодарно од тоа нема.

    Замисли, некој на тебе да ти го посвети животот и толку многу да те сака.

    Зарем парите се бројат само како постигнување на нешто во животот? Децата треба да го сакаат родителот ако им дава пари?
     
    На Pa8la, Mnik, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    53.109
    Пол:
    Женски
    E bas. Majka mı rabotı vo gradınka ı ıma deca do 6 navecer. Izvınete ama za mene nıednı parı na svetot ne vredat kolku toa vreme pomınato so moıte deca. Toa e recısı cel den. Nakaj 21 00casot spıjat. Zarem samo 3 casa da pomınam so moeto dete? Nema sansı
     
    На Zumbulche, Pa8la, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.317
    Пол:
    Женски
    Замисли имаш две опции:
    - Двајцата да работите 40 часа и да земате просечна македонска плата
    - Еден да остане дома да ги чува децата после градинка/школо, за викенди итн, за другиот исто така да се жртвува за да постигне нешто повеќе од мизерна мк плата

    Едниот станува финансиски зависен, на другиот му се крати времето со децата ама јбг, за децата и подобар живот се ќе направиш.
    И сега само за да не ни падне круната од главата ќе водиме инает дека двајцата ќе работиме и ќе си преживуваме месец за месец? Мада некоја и тоа да го избере нема да ја осудам зашто пази, туѓ живот е и секој си знае како му се живее.
    Што сте фрлени како хиени да омаловажувате, како не ви здосади да се докажувате?

    Како тоа само таткото овозможил? Само материјалното ви се важи на вас?
     
    На Zumbulche, CameliaMiller, Pa8la и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Gubitok: kapaciteti da stvori neshto vo zhivotot, vremeto, parite i energijata potrosheni za uchenje, celiot trud da stekne veshtini, ugledot (da ne bide cel zhivot poznata deka e sopruga na toj bogat chovek), vsaduvanje na rabotna navika kaj decata, spravuvanje i balansiranje so obvrskite, ako neshto se sluchi na soprugot ili ako se sluchi razvod ona e na ulica, namalena samodoverba, pomala svesnost za neshto da stvori ona lichno, ako brakot ima kriza zhenata mora da go trpi mazhot zatoa shto nema kaj da ide, nema pari za kirija itn.
     
    На Tanjamm, ForeverYoung и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Значи тогаш таткото не им овозможил ништо зошто бил цел ден на работа.
    Според вас, прифатливо е таткото цел ден да биде на работа и воопшто да не ги гледа децата за да може мајката да биде со нив 24/7, притоа и да ја издржува и неа, здрава и работоспособна жена?!
    Нема логика ова.
     
    На Tanjamm и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  12. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Shto koga decata ke si odat po svoj pat?
    E togash kaj vakov tip zheni se pojavuva posesivnost i ljubomora, pa im se meshaat na decata vo zhivotot.
     
    На Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Тогаш тие обично стануваат неподносливи свекрви.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Свесни ризици млада дамо.
    Ништо поразлично од превземање на било каков ризик во животот.
    Ризик е да земеш голем станбен кредит, па пак го земаш.
    Ризик е да отвориш фирма, да имаш вработени и да се чудиш како ќе ги платиш.
    Ризик е да отидеш во странство, не знаејќи дали ќе се снајдеш.

    Се е ризик.

    Од каде знаеш дека жената нема каде да оди, ако се разведат? Или зборуваме за некоја конкретна жена. Јас секогаш имам каде да се вратам. Не ми зборувај за случувања од памти век кога било срамота да се разведеш. Кој свесен родител нема да си го прими детето назад, да го остави на улица?

    Само си додаваш нереални ситуации.
     
    На Pa8la, Anyshka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Мажот мора да биде цел ден на работа за да заработува за двајца? Не може со 8 часовна работа да заработуваш повеќе?
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Имаме блиски баш како во твојот пример,таткото со приватен бизнис за да заработат повеќе,мајката само присутна.Денес децата се 14 и 16 год и немаат воопшто блискост со таткото.Туѓинец им е кој им овозможил многу пари,станови,куќи.
    Не е решение мајката да биде мајка и татко 24/7
    Двете улоги се незаменливи.
    Затоа подобро двајцата до 15-16 на рабта.
     
    На H.VAGA, Skyler, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Kolku zheni ima vo temata brachni problemi kade shto mora da go trpi mazhot, zatoa shto nema kade da ide zatoa shto e finansiski zavisna.
    Inaku, samo za ova se fati, nemash kontra argument za site gubitoci?
     
    На Tanjamm, Purelove92 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Е па отвори ја темата дали да се разведам ќе видиш колку од тие домаќинките нема каде да идат ако се разведат. Зошто многу убаво е да бидеш домаќинка и зависна од сопругот.
     
    На Purelove92 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Нереални ситуации за еден куп жени кои не можат да излезат од лош брак поради недостаток на финансии е лудост.
     
    На sweet-cherry, Tanjamm, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.317
    Пол:
    Женски
    Не е долгорочно решение, се согласувам ама толку е животот непредвидлив и суров што во моментот гледаш како да се снајдеш најбезболно за сите и да се навикнеш на секоја нова ситуација.
    Сите знаеме што е идеално ама за жал нема секој и секогаш услови за тоа. Едноставно живот.
    Во врска со татковството, не мора да дојде до тоа ако добро се организираш ама пак се зависи од човекот.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.