Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.120
    ;(
    По тоа правило-поарно пари да праи, отколку да биде дома бескорисен. Пошто секако праи повеќе пари, само затоа што е маж. И слични други хендикепи на мажите, објаснети претходно, погоре, подолу, и наоколу интернет,
    По кое правило па децата по развод најчесто кај мајка завршуваат?
     
    На CameliaMiller, Pa8la, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Мислев на оние кои имаат брат. Повеќето кои ги знам таков проблем имаат.

    И јас немам стаж за пензија. Се надевам ќе ја дочекам еден ден.

    @Lady D ❤️ и на 35+ можеш да се вработиш. Ама зависи каква работа сакаш да работиш. По маркетиве примаат и жени на 40+. Ако некоја жена се договорила со мажот да седи дома и да чува деца, тоа си е нивна работа. На кој како му одговара. И дома има работа. А тоа што на почетокот го пишав се однесува на жени мрзливи. Кои очекуваат цела фамилија да ги финансира. :x
     
    На Pa8la, Anyshka, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Јас не се согласувам дека е бескорисен ако седи дома. И двајцата се родители, и имаат подеднакво право. Може и таткото да готви, и да чисти, да ги делат обврските и околу домот и околу децата. И жената може многу повеќе да заработува од мажот. И таткото треба да може да поминува подеднакво време во воспитно-образовниот процес на децата како и мајката.
    Убаво е кажано дека кога се бира сопругот, не бира само маж жената, туку бира и сопругот за децата. И обратно.
    Ако жената направила лош избор, и одбрала маж кој ако е дома е бескорисен, тогаш нејзина грешка во чекори.
    Треба да се престане со стереотипиве, се движиме напред како општество, не наназад. Помина времето кога мажот носеше, жената месеше. Сакаме рамноправност, а самите се деградираме.
    А за развод и старателство, мислам дека е многу комплициран процесот, многу фактори се земаат во предвид и не може да се констатира било што вака генерализирано.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.120
    Никој не се деградира. Супериорни сме, на сите можни полиња. И особено во најважното- одгледувањето дете.
    Како ми е прекурчено од се, на чекор сум да станам ,,домаќинка,,. И појма немам од прашоци, тој зелениот, се тура во машина, толку.
    Ко ќе порасне детето ќе бидам слободен уметник, лајф клуч, трговец со уметнички дела- ич не ми бери гајле.
     
    На MacenceEna, Yowannty, жули и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Не ти берам гајле ич јас, среќно. Ама уметник, трговец и тн не е исто со домаќинка. Значи пак не би била домаќинка само, а и моментално не си. :^)
    Темата е за друго, а упорно некои коментирате и ја носите во сосема друга насока.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.120
    Не, не, јас само се надоврзувам на поенти кои немаат поенти- ама кутриот маж, па зошто и он да не поминува исто време, ама кутриот маж, имал право, можел, да готви, да учествува. Не, не може. Не ги бива.
    Мислам нека готви, ама тоа не е најважното.
    Кој ја однесе темата во таа насока, не знам:wasntme:
     
    На MacenceEna, жули, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Беше кажано во контекст/одговор на погоре пишаното дека мажот ако заработува, зошто да работела жената. Жената можела со децата да е 24/7. Што не е причина ако мажот заработува, жената да не работи. Пак со склоп на темата е.
    Па ти ми реплицираше зошто при развод...... Да не повторувам.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Па не е тоа причината, други се причините.
    Некои членки (не знам дали си една од тие, небитно) упорно бараат одговори зошто па зошто некоја решила да не работи. И жени си ги напишаа своите приказни и добија само исмевање.
    Луѓе, нели ви е доволно тоа што конечно жените имаат избор да бидат тоа што сакаат?

    Имам чувство како да туѓата мака ви прави некое задоволство. Ако вие идете на работа, мора сите да одат. Ако на вас нешто ви е тешко, зошто на другиот да му е лесно.
    Не се секирајте, сите имаме некои проблеми во животот и сите гледаме како да си олесниме што повеќе.
    Гледајте си за вас и пазете што ќе кажете, кармата е опасна работа.
     
    На MacenceEna, Yowannty, жули и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    34.552
    Пол:
    Женски
    Tоа и ми е муабетот, не значи ако седиш дома или работиш од дома дека можеш да затупавиш или да си несредена, има и такви, ама има и несредени што одат на работа, до човекот е кој колку сака да се средува, некои не сакаат.
     
    На Pa8la, SummerGirl и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Жените во 17ти век немале избор што да прават. Мажите биле тие што се школувале, тие што се вработувале и печалеле. Жените биле оние кои се мажеле, раѓале и биле домаќинки цел живот. Бидејќи немале избор.
    За сега ти да викаш дека конечно жените имаат избор да бидат што сакаш и да алудираш на домаќинки е тотално апсурдно. Жените револуционерки кои животите ги имаат дадено за жената да не е гледана единствено како домаќинка се пребрнуваат во гробот.
    Која црна карма жити се... Од петни жили би се борила ако се случи да останам дома без придонеси. Во оваа ера секој кој сака да работи, има работа. И никакви вештини да нема, лесно достапно е и за да научи. Дури и да нема време некој период заради Х причини, има достапност за part-time работа барем онлајн. Се' се може ако се сака.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Значи сума сумарум Тања сака да ни каже дека јас што одам еднаш годишно на шишање и фризерката ми зема цели 150 ден, сум несредена жена, вода во очи немам. Ах бе, нема тема кај што нема да ме изнасмееш. :rofl:
     
    На MacenceEna, winnie02, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Те читам на темава,чим генерализираме, јас па мислам дека само тие што имаат пари можат да седат цел живот домаќинки, а една таква што ја познавам, гарантирам дека е многу побогата од тебе, домаќинка (со преку 20 години стаж) и сигурна сум дека ќе зема многу поголема пензија утреден и од тебе и мене заедно. Дур ти се мачиш да заработиш плата, она денес планира кај ќе шета викендов, си пие кафе на сонцево, си планира кај ќе шета денеска, во кој ресторан ќе оди на ручек. Ептен тежок живот. Утре исто. А и маж и, сигурно до кај 12 ќе и се придружи.
    И напрајте ме будала невидена, ама ако седам 6 дена во неделата и му го полнам џебот на некој газда, а наспроти можам да го имам ова,ќе го изберам ова. Не гледам како би ми бил животот поубав во првиот случај.
    Кога веќе генерализираш и имаш потреба од "ненавредување" на темава, нели.
     
    На KuklickaSk, ArabellaStarfall, desperate15 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Не викам дека нема такви. Има полно sugar daddy шо си имаат, има луѓе стрикно за финансии се мажат. Многу и раѓаат деца за после да зимаат солидна алиментација, мислат дека со тоа финансирање го достигнале врвот. А можеби и за некој стварно е врвѕ и не е способен за ништо повеќе од тоа.
    Незнам, секој има различен поглед. За мене е празен живот тоа. Паразитите не за џабе се викаат паразити.
    Ако дојде до развод, може да останат само и со сликите од рестораните каде биле.
    Да стануваш и цел да ти е каде ќе пиеш кафе, во кој кафич. Можеби месец /два би било интересно, ама после веќе и не баш.
    И не мораш да му го полниш џебот на газдата. Јас да сум на местото на таа жена, место да прекрстувам нозе од маса на маса, ќе направам да бидам јас газдата. Кога веќе има такви можности.

    И ние што "се мачиме" за плата, си шетаме каде сакаме. Не секој викенд, ама каде сум сакала-сум отишла, во која и да било земја.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Можеш и од дома да работиш. Во Мк една комшика прави торти, другата кифли и печива за прослави. Ми вика едната - Не ми се исплати да работам за 28 000. Поарно од дома ќе работам. Си плаќа придонеси секој месец. А многу заработува.
     
    На жули, ArabellaStarfall, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Од кај да знам колку ти често одиш на фризер? Има жени што немаат пари, ама навистина немаат и штедат за потстрижување. Може сакаат, ама немаат за редовно да одат на фризер. Дури фризерките ги познаваат кога ќе им дојде муштерика што дома сама се шишала. За 150 денари нема кратење коса, 300 е сега, а кај тие помодерните што се рекламираат, 500 земаат, па сега ти види секој месец по 500 колку чини и дали секој може да си дозволи. Ај тоа и не е толку битно. Знам и неколку жени кои оделе на очен доктор, им препишува очила, имаат диоптер, кога ќе отидат во оптика, рамка плус стакла некои 10.000 денари, си седат така, џмучкаат со очите и го оштетуваат видот уште толку. Една пријателка ја прашав за леќи, оти и јас користам, знам дека и нејзе и препишаа, има диоптрија -4, ама леќите скапи, еден пар потрошила и сега џмучка на работа, значи оваа е добра, работи, ама сепак леќите се скапи. Друга колешка со исто така висока и спефицична диоптрија со цилиндри, едно пакетче леќи и чинеше 10.000 денари за 6 месеци, жената си признава дека нема толку пари иако работи и таа и мажот, нема годишно 20.000 за леќи и носи очила со послаб диоптер. Значи свесна е дека го оштетува својот вид од немање пари, ама нема избор. Ова не е смешно, повеќе е трагично.

    Ај свртете се околу вас, не само брат, и сестра малтретира сестра ако се врати дома, а нема пари од што да живее во случај на развод. Моја школска другарка на 22 години имаше изедено ќотек од сестра си дома, оти и рекла „стара мома си, најди некој, омажи се веќе да не те гледам тука“. Пишуваме на фб, девојчето го снема. Сестра и дошла, исклучила компјутер, ја мавнала по глава и ја бркала од дома, а сестри се, немаат брат. Си правите филмови за некои вонсериски добри мажи, вонсериски добри родители, сестри, браќа, а во реалноста е многу лошо. Во Македонија нема кој да ти даде, а да ти зема и да те оштети, сите би го сториле тоа.
     
    Последна измена: 4 март 2024
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па жената е газда, заедно со маж и. Ама маж и' ја води фирмата, она ужива. Одма ги етикетираш ваквите ко спонзоруши бе, не може од љубов да е со него?
    Ни им ја знаеш приказната на повеќето, ама иста етикета на сите им шлапна.
    Добро, ти си нашетана сегде со платата што ја заработуваш, бравос. Јас ти кажувам дека и некоја без твојата плата е, не прошетана, изнашетана. А ти ги рамниш со бездомници, жените што не одат на работа.
    Значи чим мене некој ми зема 150 денари, очигледно постојат. Она наплаќа по 200 ама се познаваме, па мене помалку. Мм секој месец кај профи фризер се шиша, 200 ден плаќа. Кај отиде бе и наочари и што све не, аман. Овие финансиски проблеми ги има секој во оваа дупка (што не е сам,па треба да храни деца,да ги облече, да плати градинка), па и со просечна плата. Во еден месец да ти се погоди да треба да отидеш на заболекар, на роденден кај блиски, да купиш нешто за себе, зошто реално платата од секој месец ни е резервирана унапред, во - си, не на 0.
    И ја сакам да носам леќи, ама кога еден доктор ти кажува скапи ми се да ги купувам, ќе носам наочари, што па да не носам и јас наочари. Затоа и постојат,за 4/5000 ден ќе ги купи. Ова е неодговорност кон себе, не е дека ете или мора скапи леќи или ништо.
    Оваа приказнава со сестриве,не знам што ми ја спомнуваш, тоа се нарушени семејни односи, што врска немаат со темава.
     
    На LiquidLuna, ArabellaStarfall, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Можеш, ако имаш потреба. Ако не гледаш поента зошто би го правела тоа ти, што мене ми менува во животов, па да те навредувам?
    Не ти се обраќам тебе лично. Општо кажувам.
     
    На LiquidLuna, ArabellaStarfall, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Жената како е газда ако не работи?
    Жената може да вика дека е газда и некои да и веруваат. Ама се знае што значи да си газда, што значи да си паразит.
    Ако е така, овие по цел ден што се метлеат по кафичи, со белата лажица во уста, 50 ден за кладилница и 50 денари за кафе што зимаат од домашните, што од се разбират треба да се сите газди. :D

    Јас познавам жени кои имаат богати мажи со фирми и финансии за три поколенија после него. И жените не се понашаат снобовски. Си одат на работа, или си имаат нивен независен од мажот бизнис кој си го тераат. Е за мене е тоа права госпоѓа. Не седат со скрстени нозе без разлика колку и да имаат.
     
    На Lady D ❤️, Srckata28 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види, она се води како "Управител на фирма". :D камионите со коли сигурно еднаш неделно и влегуваат во државава, дали она лежи цел ден, а маж и работи,секако пари штанца.
    А дали ти ќе ја наречеш паразит или не, сите на исто место на крај ќе отидеме. Само ние си знаеме каков живот сме живееле. Јас сакам пред да отидат таму, да го правам тоа што го сакам. Па дали за тебе или не знам кој друг, јас или таа или онаа, ќе сме паразити, госпоѓи или не знам како уште ќе ти текне во меѓувреме, ама ич не е битно. За тебе до душа очигледно е. Ама на другиве очигледно не им е.
     
    На Iva2020, LiquidLuna, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Фино си кажа, ако имаш непланиран трошок, месецот си на нула. За здравје не се штеди, ама народот штеди оти нема избор, а тука се збори како еве ќе имаш приход од нула денари и ќе си екстра среќна, ништо нема да ти фали. Леќите се за да стагнира диоптрија, а со очила може и да расте. Низ град врие од жени што немаат ни заби, им паднал заб, нема пари да стави и така си седи. И тука се промовира демек супер ми е, кул ми е без да заработувам. Се е ок.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.