Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    И ти генерализираш. Не живее секој исто. Жени што седат дома за навек во денешницава, оти така им е ќејф, се реткост.
     
    На Amellie13, H.VAGA, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Леле аман со тоа сите на исто место ќе отидеме. Да, ќе отидеме. Ама сите и на различни години, и со различни дела оставени позади нас, и со различни животни приказни.
    Што да ти кажам, нека ти се идоли тие жени. Мене ми се идоли жени сосема спротивни од жените на газди кои мозокот им користи за само каде да пијат кафе и да јадат ручек денес.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека ниту една жена што решила да остане дома по нејзина волја, не по волја на мажот како во некои случаи што не и дава да работи и не и дава пари за влошки, овие жени што останале дома по своја волја не се скрос без работа, познавам некои што си имаат бизнис сопствен, решила дома да седи, со тоа што придонесува дома што прави ручек, децата ги носи во градинка, по лекари, ама нее, за вас тоа не е допринесување, така се договориле со сопругот и нема што некој да се меша, ако не оди на работа си зима плата, си плаќа придонеси, некои си имаат станови и ги издаваат, си плаќаат самите придонеси, ќе си земат пензија, ги боли нив што мислат Петкана и Стојна што не одат на работа, додека тие рмбаат оваа си пие коктел на некоја плажа.
    И пред да скокнете дека и мажот може да носи деца во градинка, по лекари, да прави ручек, ете тие така се договориле, и си ги гледа децата кога ќе дојде таткото од работа, не знам како си замислувате дека деноноќно е на работа.
    Што се однесува за здравјето, и тие што зимаат две солидни плати па може да немаат толку, не дај боже ако некој треба да се лекува во странство и има сериозна болест каде секој месец мора да издвојува пари за терапија.
    Животот е непредвидлив.
    Членката измеша баби и жаби, па наочари, па леќи, ете самата пиша дека тие жени работат, па немале доволно пари за скапи наочари.
    Па не мора оквир скап.
     
    На Anaroz1, ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Сме имале и друга категорија жени змии, уу браво :D
    Толку труд да вложиш во докажување дека некоја таму небитна за тебе е мрза, неработничка и паразит чисто онака за ти денеска да се осетиш поубаво. Иди работи нешто како што кажуваш дека имаш желба, попродуктивна ќе бидеш. Вака само млатиш празна слама за тоа колку си исполнета.
     
    На Iva2020, Yowannty, жули и 12 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Не знам за вас, ама јас работам, се издржувам сама себе, се плус што добивам е за ќеиф, на пример моите на гости кога доаѓаат ми носат дома салца, пинџури што правеле и слично. Мајка ми знае да ми префрли пари ете онака.

    И на дечко ми со кој не живеам му ја имам картичката во гугл валет и што сакам и кога сакам купувам, нит прашувам, нит објаснувам, нит ме прашува, нит отчет бара.
    Заработува повеќе од мене, сака да живеам подобро, и без неговите пари можам, со неговите живеам порелаксирано.

    И ич не ми е тешко на душава. Можам сама. Не сакам сама.
     
    На Shelea, Yowannty, LizzyGrant и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Повеќе од очигледно е колку и дали стварно обврски имаат некои луѓе од тоа што сеуште е толку активна темава со истите 5 души.
     
    На sweet-cherry, KuklickaSk, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Тие сме 20 души на форумот, плус некои дупли профили еве 30 да речеме :D
    А обврски имаат оние во 3 смени што работат, 2-3 деца дома, трчаат да ги носат секаде, мажот во кафана не се знае кога ќе дојде… Другото тука што се форсираме колку сме нај во се е скроз друга приказна :D Се е опционално, тоа е поентата.
     
    На Polyincognito, Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Ме има и мене, жена краљица без мајка, на работа сум, а работа немам... и така.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.582
    Допаѓања:
    34.965
    Пол:
    Женски
    Како бе не се големи пари? Месечно минимум 200евра се трошоците. Барем така беа, сега не знам колку се отидени. И место да ги даваш тие пари за да земеш некоја мизерна пензија (ако ја дочекаш) подобро тргај ги на страна, во банка или уплати си животно, па потоа ќе имаш солиден кеш за недвижнина.
     
    На Polyincognito, mssuniquee и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Јас веќе се изгубив што се докажуваме :D Дека ни е лесно или тешко, среќни или несреќни, што беше темата? Пошо мене не ми е целта да се мачам, па да се жалам како сум краљица што е најдобра, се сама постигнала….

    Значи сакам животот да ми е лесен, децата задоволни и среќни, работата да е стабилна и да можеме што почесто да шетаме и да уживаме. Ете може некоја сака секој ден да оди на работа, некогаш и јас бев таа ама како ситнам 40ка сакам што повеќе да уживам и да бидам со семејството. Никакво задоволство немам од работата т.е. имам сега кога јас бирам кога и како ќе работам. И зошто бе девојчиња сте такви лоши, со толку злобна намера да повредите туѓи чувства?
    Мислам за вас не е убаво да сте такви, мене убав ми е животот и со ваше и без ваше мислење.

    Околу 10.000 ден на минимална плата. На 700 евра плата се 350 евра придонесите.
     
    На Iva2020, H.VAGA, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Ако збориш за феминизам, треба да си добро поткована со знаење за теоријата на феминизмот и различните феминистички теории (еве ќе ти помогнам, 4 теории се основни).

    Феминизам не е напад на жени зошто решиле да седат дома. Феминизам не е нафрлање зборови за улогата на мајката во општеството, која и те како е значајна
    Феминизмот во својата срж е поддршка на жените во нивниот избор да бидат тоа што сакаат да бидат.
    Најопштата дефиниција за која "револуционерките" се бореле е социјална, економска и политичка еднаквост на половите.

    Затоа, треба да ја насочиш борбата, не да убедуваш жени кои решиле дека не сакаат да работат да се премислат, туку во:
    • Барање еднаква плата за исто работно место за жени и мажи
    • Барање за политичко вклучување на жените во политичкиот живот во земјава (ни 30% не се вклучени)
    • Барање за еднакво родителско отсуство на двајцата родители и можност таткото да користи боледување за болно дете (вклучително и можност да лежи во болница со болно дете)
    • Да работиш на едукација на младите девојки за важноста на образованието
    • Да работиш на едукација на младите девојки да препознаат насилство и пред да стапат во брак
    • Да работиш на подигање на свеста за еднаква распределба на имот и наследство меѓу машки и женски деца
    Во Македонија, дел од жените гласаат на избори, како што ќе им каже мажот, молчат на очигледна дискриминација при вработување кога ги прашуваат дали имаат деца, молчат при насилство во домот заради страв од осуда, ја даваат сметката од банка на користење на мажот итн, итн. Најмал проблем на феминиските (кои се пррвртуваат во гроб заради неподржување на други жени) е дали некоја жена сама и свесно одлучила да не оди на работа.
     
    На Shelea, Yowannty, жули и 11 други им се допаѓа ова.
  12. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    1.032
    Пол:
    Женски
    Притоа тие истите исполнети, препаметни, уште не се научија дека се пишува не знам. :D
    На темава, работам зашто морам, иначе радо би била ко оние "очајни" домаќинки по цел ден во шопинг и кафе со другарки.
    Не знам за вас ама мене баш и не ме исполнува да станам на -10 и трчам на работа и да се враќам на +40 брефтајќи.
    Богами ни да ги гледам колешкине не ме исполнува, ме исполнува време поминато со моите сакани, а не време поминато во расправање со искомплексирани странки.|(
     
    На Anaroz1, Iva2020, ArabellaStarfall и 6 други им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.109
    Пол:
    Женски
    Кога ние се распрашувавме беше минимално 10.000 ден. 15 години.
    Рачунај за двајца ? :)
    Секако дека и за недвижнина ќе се собере. Јас уште од сега можам да си го реализирам тоа ама сега со ситуацијава во Мк никако. Па и да дочекам пензија шо, кога све приватно се купува.
    Барем стан би им остал на децата :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    И уште ова зошто ми помина времето за редактирање.

    Кога се гледа зошто жените во една држава не работат, се гледа и целиот индекс на родова еднаквост. Први три земји за родова еднаквост се Исланд, Норвешка и Финска.
    Земји во кои нивото на социјална заштита, политичка вклученост на жените и еднаквите можности за работа се на високо ниво.
    Ко што вика една другарка преселна во Норвешка.
    'Треба да доживееш детето без врски, без норвешко државјанство за 1 ден да ти го запишат во градинка за да разбереш што зборувам'.
    Во земјите со висок индекс на родова едбаквост, меѓудругото, жените одлучуваат да работат зошто се друго им функционира и општеството е вистински еднакво за двата пола.
     
    На Yowannty, жули, LizzyGrant и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Ама и јаките пензии. Еве и 500-600 евра пензија да земам, не знам како точно се рачуна, која вредност ќе ја имаат тие пари за 30 години? Мислам и ова прашање е скроз индивидуално, еве ние си плаќаме ама може и не е најпаметно, не сум размислила подлабоко на темата. Да имам бар старосна, за другото понатаму ќе мислам.
     
    На Anyshka, H.VAGA, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Сите наведени точки вклучуваат плата, работа, едукација и тн, што реално не би можело да биде остварено од жена која е домаќинка. Низ целиот процес се потребни жени кои работат, кои би се стремеле да достигат одредена цел.
    Како ќе постигнеш социјална еднаквост, ако се смета жената да е домаќинка? За која еднаквост во плата е борбата?
    Нема како да се постигне еднаквост ако се смета дека жената е подобро да е домаќинка, дека мајката што работи е помалку мајка од таа што решила да има и кариера.
    Јасно ми е за високо развиените земји, ама таму и свеста е развиена на високо ниво. Додека кај нас е друга приказна.

    Не знам, се тоа е во ред што си го напишала. Ама јавно не сум чула за ниедна кампања или едукација од таков тип. И тие тематики треба да се разработуваат уште од примарно ниво на едукација. Бидејќи очигледно е дека кога жената е веќе созреана, тешко е да го промени ставот.

    И не наведувам никого директно. Кажувам мој став и мислење. Ако некој се пронаоѓа, навредува и не му чини, тогаш негов проблем. Нема да ми го премини ставот.
    И јас го сфаќам како навреда кон женскиот пол чинот дека една жена би се ограничела да биде само домаќинка. Не можам да прифатам дека тоа е треба да е круната на нашите способности.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Нема ни да има средства во пензискиот фонд, кој уште сега е во минус. И да има пензии, евентуално за сметка за струја дали би била доволна.
    Наместо во пензиски фонд, многу е посигурно инвестиција месечна во индекс фондови, еве SP500 како најстабилен. Во просек, годишен раст е околу 9-12%.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Нема уште сега и тек ќе биде проблем ама за тие што останаа да плаќаат придонеси. Ќе почнеме како германците бруто платата да си ја кажуваме.
    За инвестиции општо има многу опции, само треба време и пари.
    И сум за тоа да работиш паметно, а не да се убиваш од работа.

    За погорното, не наведуваш никого точно ама дали знаеш дека можеш својот став да си го кажеш без да омаловажуваш друг? Препрочитај се наназад и ќе сфатиш кај грешиш. Ти конкретно работиш за странска плата и од таму ти е самодовербата, скроз разбирливо. Иди работи за македонска плата, бори се со мк услови, газди и колеги, бори се со неправди, побарај боледување за дете… или најдобро, имај прво деца во Мк, пробај да ги запишеш во државна градинка, дојди и соочи се со сите македонски предизвици (без партиска книшка) и врв на се ова мораш да одиш на работа и да бидеш продуктивна, па тогаш ќе можеме искрено да правиме муабет на сите теми.
    Не викам дека е невозможно туку дека е многу тешко зашто го поминав. Преживеав ама знам дека не би се вратила на истото зашто не сакам да се мачам.
    И нека не ти биде толку тешко да го прифатиш туѓиот избор. Инаку, ни јас никогаш не би била само домаќинка, стаж имам повеќе од 10 год ама не ми е чудно, ни паѓам у несвест зашто некоја жена решила да остане дома. Почитувајте ги туѓите избори.
     
    На Anaroz1, жули, LizzyGrant и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.036
    Допаѓања:
    55.352
    Пол:
    Женски
    Нека трепка, во пресрет на празникот на жената. :f: Некои стварно треба да си прочитаат уште еднаш што значи право на избор.
    Не не, имате право на избор, ама имаме право и да ве вреѓаме за тој избор ако не е по наши замисли. Да живее феминизмот. :D
    И истиве со вакви размислувања ќе ти објавуваат цитати за 8ми март по социјални мрежи "women support women". Битно нас да ни е убаво на душата. :D
     
    На Yowannty, жули, ArabellaStarfall и 7 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    Вака, не кажувам работи за да се чувствувам јас убаво.
    За мене да ми е убаво, не ми е потребно да ми влијае што некоја личност работи, што кажала или што направила. Секој со своите избори ќе си легне на крај на ден. Негово е да размисли дали изборот е правилен, и дали стварно мисли дека не може повеќе.

    Тоа што јас работам за странска фирма, никој освен мене не ми го овозможил. Сама си градам пат за да можам да имам комфорен живот без партиска книшка, да можам да запишам дете во приватна градинка без да се полнам нервози ако не можам во државна, сама да си одлучам кога да имам слободен ден без да прашам некој.
    И затоа што сама сум го постигнала ова, знам дека не е лесно ама кој сака може да го достигне.

    Не знам на кој начин да кажам дека не е правиот начин кукање и изговор "Не можам да го запишам детето во градинка, не можам да се вработам без партиска книшка, и тн". Туку вистинскиот начин е да си кажеме "Што треба да направам за да не морам да барам работа со партиска книшка, што треба да направам за да не мора да барам врски да запишам дете во градинка"... И да се дејствува и направи тоа. Бидејќи не е невозможно.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.