Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Тоа што ти не сфаќаш е дека не можат и нема потреба сите да го следат твојот пример. Живееш во Македонија, сама себе на минималец се имаш пријавено, а заработуваш доста повеќе за да можеш да си обезбедиш доста повеќе. Не ти се мешам во финансии, само ти кажувам дека фаќаш кривини со тоа што се што ти е надвор од минималецот не плаќаш данок.

    Второ, за детето да ти оди во приватна градинка, ако сите работат за странски фирми, кој ќе ти го чува детето во приватната градинка? Кој ќе исчисти занимална? Кој ќе го пресоблече? Кој ќе му зготви? Кој ќе го нахрани?

    Ако сите работат фриленс и за странски фирми, кој ќе биде полицаец? Касиер? Земјоделец?

    Сфаќаш дека за сето ова, твојот живот да е функционален во оваа, а и било која држава, неопходно е да постојат сите видови на професии. Една операција да ти треба, во приватна или државна болница, знаеш дека мора да има хигиеничарка за да не умреш од сепса нели? Како доктор барем тоа треба да го знаеш.

    Советите сите да прават ова или она се тотално безвезе, затоа што за ти да живееш како што живееш, сите останати треба да се нешто друго, така функционира едно општество.

    Не ја потценувај хигиеничарката докторке, оти чистење мочки, гомна и крв не е кариера, а не е ни платено. Може ти најдобро да направиш операција, ама од неа зависи некогаш дали ќе ти преживее пациентот. И дали ти можеби ќе си баш тој пациент.

    За тебе бизнисот да ти опстане, зависиш од интернет провајдер во земјава, кој исто така постои со секакви профили на луѓе. Не се само директорите, само со нив нема да имаш нет, а со тоа ни бизнис.
     
    На arontt, simona_baby, Yowannty и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Мене само не ми е јасно зошто жени кои имаат удобност да се финансиски независни романтизираат домаќинство? Си ја сфаќате вашата добра положба во општеството здраво за готово и игнорирате колку привилегии имате кои доаѓаат со условите на имање образование што ве донело до тие кариери и околината која ви го дозволила тоа.

    Според мене, воопшто не е проблем домаќинството ко домаќинство, нема ништо погрешно една жена да се грижи за домот, но има погрешно во тоа што неминовно во едно општество колку е поголема стапката на жени домаќинки толку е поголемо патријархалното влијание. Ова сум сигурна дека секојдневно го гледате кај дел од нашата популација.
     
    На Anabelle.Amorette, sweet-cherry, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Затоа што овде немаме нормални работни места, сигурност... итн.
    Затоа што не ист стресот да си вработена тука и во Шведска.
    Затоа што другарка ми дур чекаше за градинка за малиот, без шведско државјанство, државата и' плаќаше пошто е нели, крива што нема место. И за неа и за детето.
    Овде ако нема место, моли се на баби, комшии, не знам еве.

    Затоа што во Македонија ништо не е нормално и стабилно, затоа што ќе те отпуштат ако "премногу" раѓаш, болна си ти, детето ти е болно... затоа што другарка ми тука не и' продолжија договор оти бремена.

    Па ќе седиш дома и ќе воспеваш ако имаш можност, затоа што стресот вака немајки што го трпат, што живеат со родители не е нормален, а не па ти да си таа што е родителот и одговорниот.

    И да не хвалоспеваме сега фриленсери, директорки и професорки, знаеме дека секој кадар треба. Не може едно без друго. Кога и таа во маркет нема да се осеќа како роб, може да се прашаме зашто е дома, а не на работа.
     
    На MacenceEna, жули, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Па освен во Шведска и тук таму некоја земја не знам каде е идеално ако сме реални. Секаде се луѓето преработени и секаде има огромен стрес, да не зборам што на многу места по 2 работи мораат да работат за да преживеат. Повторно, не се мешам таму каде што стварно некој е принуден да биде дома, дали од здравствени причини дали друго, нормално има 1001 ситуација.

    Ама обвини го капитализмот што сме колективно на оваа позиција, не да бидеш адвокат жените полека полека да се враќаме на улогите кои со векови ни биле наметнати.
     
    На eliesaab и Celltica им се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.315
    Пол:
    Женски
    Камелија кажала се што треба да се каже, да не додавам. Само ќе кажам и ние (пошо сум во брак и функционираме како заедница) си овозможивме сами тоа што сакавме да го имаме ама па не заборавив каде живеам, како живеат други луѓе, како се мачат мои блиски. Не можам да речам супер е кога ништо не функционира во државава, а најмалку да судам зошто некој си донел некоја своја одлука.
    ‘Што треба да направам…?’ Да се иселиме бе човек, што друго можам да направам? Еве и не гласам веќе пошо џабе е и да гласам, овие на државна цицка не надгласуваат. Не можам јас сама ништо да направам, а ни ти. Еве јас и ти сме се снашле ама тие што не успеале и имаат реални проблеми со основни услови за живот?

    @Angie1432 Мислам дека секоја во темава ќе биде против улога која е наметната, дали вработена или домаќинка. Познавам жена која маж и ја принудуваше да работи на породилно и сигурно нема да ја бодрам колку е вредна и заработува за дома. Мислам збориме за сопствен слободен избор.
     
    На жули, LiquidLuna, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    И тоа како го обвинувам капитализмот, а уште повеќе корупцијата во секоја пора.
    Жената не мора ништо. Мора само тоа што сака.
    И никаде не е идеално, ама ретко каде е толку утепано како овде. Да бидеме реални, од државава не се селат луѓето оти таму некаде не е поарно. Не се селат инженери ѕидари да бидат прво дур нострифицираат, оти арно им е овде со инженерска плата. Не им е. И не е платата само, целата клима на едно постоење овде е далеку потоксична него во многу други земји.
    Е ама таму, нема ама фриленсер сум не плаќам данок.
    Оваа во Шведска што замина, со пенкало во рака овде работеше.
    Сега работи физичка работа, далеку помалку интелектуален капацитет ѝ треба. И овде со средно гимназија работеше работа што иначе за со факултет беше огласот. Ама паметна е, ѝ се “посреќи“ ете.
    Знаеш кога ќе се врати? Никогаш. Не ради плата. Туку ради стресот што е неспоредливо помал, а може да живее слободно, да се чувствува слободно и да расте дете слободно, да земе боледување и да не ѝ врши никој мобинг.
    Овде со баби и сестри и тетки се справуваат, епа она таму сама со маж ѝ е. И не ѝ треба никој. Овде ти треба, ако сакаш да не добиеш отказ.

    Во Македонија меѓу стрес да јадам ненормален секојдневно, и да живеам релативно мирно и зависна, секогаш ќе го одберам второто. Да не бев толку лигла по семејството, ќе одберев друга земја, ама тоа е друг муабет.

    Само аман немојте феминистички приказни за земјава, кога жените во оваа земја се утепани на работни места, на високи функции, а не па на “обични“. И тоа од други жени, да е пострашно.
    На форумов бе жени ќе се потепаат трудничко да не е подолго, божемесачувај.
     
    На LizzyGrant, eliesaab, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  7. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Скроз. Слабата поддршка на улогата на жената од системот, нефункционалноста на градинките, отежнатиот транспорт/сообраќај, климавото здравство и добро познатото слаба плата ја прави зависна од заедницата, распостелана за коментари и осуди, манипулирана и потсмевана дека не е доволна ако не ги балансира сите аспекти од мајчинство, социјален живот, работа па и скок во кариера, да не заборавиме добра витка фигура и топ стајлинг на секоја пригода.

    Не се жениве со една клетка што не можат да ги стигнат жените во другите земји. Условите поставени не се исти.
     
    На Mnik, LizzyGrant, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    34.553
    Пол:
    Женски
    Ооо па 500-600 евра пензија е добро, знам што имаат над 30 години стаж, па не земаат ни 300 евра пензија.
     
    На SummerGirl и Skyler им се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    @CameliaMiller Едно е да си осигурен на минималец, друго е данок да не плаќаш. Јас си плаќам рамен данок на се', што е 10%. Ама одбивам да се осигурам на повеќе, зошто околу 40% се придонеси. Наместо 40%, јас си плаќам 10% и разликата си ја инвестирам во stocks наместо да го полнам пензискиот фонд во Мк кој нема ни да го има за кога ќе земам пензија. Никакви кривини не фаќам.
    Основни работи се овие. Значи јас плаќам данок на се', имам поголеми приходи и ги трошам парите во Македонија. Индиректно помагам и сум корисна во општеството. И би сакала да е истото и со сите кои за жал заминаа од државата, парите ги трошат на друго место, и се најголеми интернет патриоти.

    За да во една држава функционира системот, потребно е да се трошат пари во државата. Инаку од каде ќе се градат патишта, болници, училишта, плати и тн. Тоа што се краде од политичари и што не се води домаќински државата и се' е корумпирано, е друга тема.

    Кога сите би заработувале повеќе и би трошеле повеќе, ќе има од каде да се зацврстат сите сектори. И лубеницата која ќе никне на нивата ќе му биде поскапо платена ма земјоделецот, и учителката која ќе ни ги едуцира децата ќе има повеќе плата и тн.
    Искрено, да не се странскиве фирми во Мк, на пола ќе бевме на број од сега. Становите во Скопје немаше да де продаваат, а и цело производство од било каков вид во државава.
    Секој трет е програмер за странска фирма. Не е хигиеничар или земјоделец бидејќи требаат финансии за живеење.
    Во последно време дури и дефицит е на работници. И покачени се и дневниците и на чистачките, и на аргатите на нива.
    Баба ми ги плаќа 2000 ден за 6 ч плус оброк. И некогаш е стварно тешко и да се најдат аргати у за таа дневница Што ми е мило што растат дневниците. Уште да растеше и цената за откуп на производството...

    Не потценувам никаква професија. Било која професија од било каков вид е корисна и потребна. Се заработуваат пари, се трошат пари, се плаќат даноци.
    Само кажувам дека ако некој сака да заработува повеќе, има можности и може да заработи. А не само да се кука. Шефот, колешката, градинката...

    Факт е дека државата ни е отидена у пм, ама барем за финансии не мора да се чека на нејзе само. А каде и да си, каква и да е државата, кога се има повеќе пари животот е полесен. Кој што сака нека каже...
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Пак не ја сфати ти суштината.
    За ти денес и сега да си во позиција да можеш нешто, мора да постоиме сите други за да го можеш нештото. За основно твое преживување, од храната и тоалетната што ќе ја купиш, до градинката за детето, здравството, училиштето, колата што ја возиш, авионот со кој патуваш, патот до аеродромот да стигнеш, ти требаме сите ние што не сме фриленсери и не сме толку "снајдени". Затоа што не може општеството да опстане од онлајн бизниси само, ете толку е просто. Јас ти требам тебе за Х, ти мене за У. Не можеш да кажеш - ако јас можам, секој може.

    Не, не може секој, ниту мора секој, ниту треба секој. Не треба 90+% да се запишуваат на факултет. Не е срамота да си земјоделец, хигиеничарка, касиерка, шофер, ѕидар итн.

    Тоа што го зборуваш е суштински погрешно, хвалоспевање на работев и студирав и ќе умрев од стрес, сфаќаш колку не е во ред тоа? И јас од 18 работам, затоа на мои години имам стаж колку што немаат луѓе дупло постари од мене, за кратко ќе имам право на пензија старосна.

    Тоа што треба да е, и тоа што е се многу различни работи, треба секој да е слободен и да не трпи како што трпат повеќето, треба да има социјален систем стабилен, ама треба.

    Во пракса не е така, па ај пробај не советувај дека "секој може", затоа што не може секој, ни во најидеална држава, а не во нашава.

    Истава другарка моја ќе ја спомнам, знаеш што се случи кога се врати од трудничко? Ја симнаа на пониска позиција. Оти "често ќе одела на боледување". Епа да ти се нас*ерам на државата и на етаблираната фирма, извини. Она го направи попаметното, место да остави да се изживуваат, ене ја, отиде чистачка да биде, па не е. И таму и' препознаа капацитет и способности, работи нешто што врска нема со ништо од овде, ја обучија, јазик ја научија, сега жива сила не ја носи навака, нејзините одат горе. Со бебе во раце се пресели.

    Ни нејзиното не го може секој.

    Помалце во туѓи чевли и џеб мешање, таман ќе е се'.
     
    На LiquidLuna, Mnik, жули и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    И како ќе се избориме за сите жени да искористат трудничко и да бидеме еднакво третирани и ценети на различни функции ако се повлекуваме и се промовира дека за една жена најдобар избор е да е домаќинка?
     
    На Celltica, sweet-cherry, Just.do.it и 6 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Никој не промовира дека е најдобро да биде домаќинка, не знам што е комплицирано во промоција на "право на избор"?

    Ќе промениме кога повеќето жени ќе се променат, па место на 8ми да дремеме по кафани, откако ќе си ги завршиме "нашите" обврски, ќе одиме и ќе го срамниме Скопје, ќе протестираме, ќе штрајкуваме.

    Најголемите саботажи над нас ги прават нашите сонароднички Енџи, тоа е проблемот :)
     
    На Mnik, жули, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Не знам не знам, во темава најпопуларен е тој наратив, дали измеѓу редови дали експлицитно кажан.
     
    На Celltica, Just.do.it, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.819
    Пол:
    Женски
    За избор?!

    Кој избор кога е принуден тој избор?

    Ако немаш градинка што работи попладне,тоа не е избор,принудена е да биде дома,нема избор.

    Ако немаш школо што има дневен престој, не е избор, принудена е да биде дома.

    Ако таткото е отсутен цел ден поради работа, и мајката природно мора да биде како родител со децата, тоа не е избор.
    Можеби нејзин избор би бил да биде адвокат на пр. ама не може, мора да биде дома.

    А ако има големи деца, и остане дома цел свој живот прашање е дали е избор или немање опции не си конкурентен на пазар на труд.
    Да не се лажеме на 50 год и немаш многу опции дапочнеш да бараш работа.
     
    Последна измена: 4 март 2024
    На BlackNight и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Правото на избор е многу покомплексно од тоа што изгледа, до степен што никогаш не може да е „едноставно“ право на избор. Битно е како си израснат, каква култура влијае на тебе и слично. Да почнеме да збориме за тема како што е носење на хиџаб или евентуално проституција, одеднаш многу брзо би ви станало јасно што е проблематично во тоа „право на избор“, но вака се правите глуви и слепи, не знам зошто. Многу избори се во корист на патријахалното општество и резултат на тоа што не знаеме поинаку од такво општество.
     
    На Celltica, Lady D ❤️, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    7.355
    later-ppsize.jpg

    Кажано од Dave Ramsey. Кој сфати-сфати... Толку имам да кажам на темава.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Како не е избор, како што порано потенцирав, ако личноста е СРЕЌНА СО ТОА КАКО ЖИВЕЕ?

    Не секогаш зад некој избор стои една работа, еве не знам како да се објасни. Не Енџи, не е никако ни скриено ни експлицитно кажано - жената да седи дома, туку експлицитно се кажани повеќе примери ЗОШТО некоја се одлучила, а уште поексплицитно дека не може да очекуваш сите да имаат живот според твои сфаќања.

    Највеќе што може да направиме е да се бориме за можности на жената да е жена, без да треба да изиграва маж за да е успешна, а не да го погледнеме својот живот и да се потапшаме дека - така треба, јас правам најдобро.

    @LadyR далеку ти е зимата за некои работи, а малце намали со чувството на супериорност, во темава многу од домаќинките го направиле тоа што и ти или повеќе. Ако си задоволна со својот живот - супер; не знам од каде потреба на други задоволни да им кажеш дека не треба да бидат, оти според твои стандарди не живеат баш како треба. Никој не е до толку "уникатен", не си ниту ти.
     
    На do-re-mi, Annath, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Свекорот зема пензија 250 евра. Со над 40 години работен стаж. Свекрвата само се жали зошто и она не земала пензија. А како да зема кога нема ден стаж?

    Да не беше татко ми, и јас ќе бев домаќинка. Јас сум среќна ако работам. Некоја е среќна ако седи дома. Мајка мораше да напушти работа заради болеста. Земаше инвалидска пензија. Од одредени комшии имаше коментари како си ја прчи дома и му ги троши парите на татко ми. А не ја знаеја вистинската причина за тоа. Кога почина сите беа со наведнати глави. Тогаш сфатија за што се работи. Ѓубриња.
     
    На Anyshka, Tanjamm, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Кога си израснат со одредена идеологија, дали се чувствуваш среќно ама баш ништо не значи. Луѓе што се родени во култови се чувствуваат среќно сѐ додека не видат дека животот има и друга страна. Ако се родиш и живееш со идејата дека твојата единствена улога е да родиш десет деца, да бидеш покриена и да не работиш, ќе бидеш "среќна" да. Ако мајка ти родила дете на 17, те растела дека и ти треба да родиш млада наместо да учиш, големи се шансите дека ќе бидеш и ти баба на 40 години и нема да мислиш дека постојат повеќе опции. Колку е вистинска среќа, а колку гаслајтинг? Многу е тешко да се разграничи избор од она што е условено од околината и се надевам дека тоа ти е јасно.
    Па јас ја читав темава кога се отвори и иако бев согласна дека домаќинството само по себе не е нешто за осуда и имаше нормални мислења, полека се сврте идејата дека уствари домаќинство и ете некое лесно парт тајм работиче е најдобриот избор за една жена. Не измислувам, мислењата си стојат. И те молам читај со разбирање, сто пати напишав дека има валидни причини за напуштање на работа и не го оспорувам тоа.
     
    Последна измена: 4 март 2024
    На Celltica, Srckata28, LadyR и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    34.553
    Пол:
    Женски
    Епа затоа не треба да се мешаме во туѓ двор, туку да си го гледаме нашиот.
    Не секој кажува баш се зошто седи дома и не работи.
    Тетка ми болна од карцином на дојка до последно одеше на работа затоа што така сакаше, лесна и беше работата, канцелариска, мислам секоја работа си има своја тежина, ама не работеше физичка работа.
    Не одеше на работа кога одеше на хемотерапија, и баш и кажуваше на мајка ми дека едвај чека да оди на работа, не го може тоа секој, болен да оди на работа, не сме сите исти.
     
    На Mnik, SummerGirl, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.