Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    180.496
    Кое е сега вистина?
    Ако нема работници за лек, зошто таа не 50 не би можела да најде работа?

    Има луѓе кои се дома, неорганизирани, депресивни, има исти такви што одат на работа. Памтам колешки, што имаа мали деца и идеа на работа, па се привикнувало дете на градинка, па долго се привикнувало, па болно било, па беа несреќни и неорганизирани. Сум имала и странски колешки, и без деца беа неорганизирани, а и колеги богами, сеуште ги имам...Еве баш сега еден ме прашува нешто, што сам би го нашол кога не би го мрзело, или кога би бил поорганизиран(facepalm). И, што да праиме со нив?
     
    На No Makeup, mal.ecka, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    Мисли си :) Одамна си раѓала може, па не знаеш ете.
    Овие што раѓаа минативе 5 години, сите мои пријателки, сите имаа некакви реперкусии. Една не помина без некаков проблем, посебно па овие приватно што се. Од отпуштена бремена, до уназадување со експлицитно кажано дека е ради дете, до друга што “многу се разболувало детето“, трета ја уназадија во хигиеничарка да биде (ако сака, со цел да си даде сама отказ... и си даде) итн. Како да сте малце слепи со што се соочуваат тазе мајките.
     
    На Gosh, danichap, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    @Cosmi можеш да бидеш депресивен , неорганизиран и да одиш на работа .
    Се е до човекот .
    Неможеме да бидеме сите способни ко тебе , да работиме негде , да седиме на форум и да разглабаме теми за свемирот, мајчинството.
    Не е во ред ни посесивноста и опсесивноста кон децава ама не е во ред да бидеш игнорантен кон нив .
     
    На No Makeup, mal.ecka, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.379
    Пол:
    Женски
    Без непотребни лични напади,дискутираш на тема.

    Мајка која оди на работа не значи дека е игнорантна кон децата ниту таа која е 24/7 дома дека е посветена на децата.


    На 50 год не можеш да започнеш со работа како џуниор во своја струка негде.
    Можеш да најдеш работа но не и да стартуваш по струка на 50 год.
    Ограничен ти е изборот.
    На 50 год веќе ти остануваат 10 год. пензија.
    Ама и на 45 веќе е потешко.
    Па види ја и политиката на Германија и други држави за увоз/визи на работници над 45 год од странство.
    Не е за џабе така.

    Нема што да си мислам.
    Гледам околу себе.
    Имам 4 колешки кои имаат деца кои се предшколска возраст,бремени,породени вратени на работа.
    Никој никаков проблем не им направи.

    Имам внуки на возраст од 30 год кои работат и имаат деца родено, па никој не ги избрка трудни или со мали деца.
    Ама ај јас на 45 сум дементна баба,сум заборавила без да гледам околина ама ти гледаш по пример од околина.
    Овие 4 кои работат со мене На памет не им падна да седат дома и да не работат во струка за добра плата.
    И децата им одат во градинка.
    Која државна која приватна.
    Секакви причини ќе најдете да се оправда муабетот овде,кога имаш деца да се седи дома.
    Па и на 16 се деца и тогаш мајката дома треба д сседи.
    Аман.
    Не мора да си добра мајка само ако седиш дома со децата 24/7 додек не се омажат.
     
    На baby-star, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    Тоа е мојот круг на луѓе, нивните приказни се вистински и нивните искуства.

    Еве ти ја најпростата причина, не треба никоја да се правда - така им се може и им се сака.
     
    На LiquidLuna, ArabellaStarfall, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.955
    Допаѓања:
    35.054
    Пол:
    Женски
    Па и кога се оди на интервју прашуваат дали имаш мали деца, страв им е да не земаш често боледување.
    Имаше членки што пишуваа кога им соопштиле на газдите дека се бремени, смениле однесување на полошо кон нив.
     
    На No Makeup, CameliaMiller, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    22.799
    Пол:
    Женски
    Еве и јас спаѓам во тие примери. Односно спаѓав. Ова уште кога бев со бившиот.
    Работев во оранжерии во тоа време оти жими таму даваа 18 000 а секаде на друго место по 15 000. Местото кај шо работев беше 1 ипол час подалеку од мојот град. Станував сабајле во 4 или 5, чекав комбето во 6 и тргнувавме. Градинките покасно отвараа и неможев детето да си го носам во градинка. Завршувавме со работа во 4, а дома стигав во 5ипол.
    Арно бивша свеки, работеше во градот и го носеше детето сабајле во градинка и го земаше после. Бившиот маж си седеше дома ама ни стануваше од спиење да го носи детето ни да го земе. Џабе маж кога седи дома, арно кажа ти. Он неможе да му ги исполни потребите на детето.
    Е кога почна да се разболува..... го оставаше свекрвата дома а она одеше на работа. Да напоменам дека не живеевме заедно, свеки на друго место живееше, не со нас. Детето цел ден ми седеше дома болно и гладно оти овој волот не му се стануваше пред 12 саат и откако ќе станеше му давал само едно ќесе смоки да јаде за да може он на раат да си седе.
    Мене ми пукна филмот и оставив работа. Побитно ми беше детето да ми биде океј.
    И кажав од тогаш, поарно ќе земам маж шо ќе рмба од сабајле до вечер, ама ич не треба дома да го гледам, само за да можам детето да си го гледам како шо треба. Тие стресови тогаш шо ги преживеав, не си посакувам на никому. Поарно дома да си седам отколку да одам на работа и да се нервирам, да се грижам дали ќе се јават од градинка да го земам, па дали газдата ќе ми се дере, па дали било болно, гладно.....
    Вие шо имате и мајки и стрини и баби, цело село да ви чува деца, не треба ни да се осудите тука да пишувате.
     
    На жули, No Makeup, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    22.799
    Пол:
    Женски
    Мене на едно интервју за работа во Мк, прво шо ме прашаа беше дали имам деца и кој ќе ги чува. Одговорив дека маж ми ќе ги чува. Во исто време и моја другарка била на интервју, и она со дете, ама она одговорила дека свекрвата ќе и го чува детето. Неа ја примија мене не, оти погодете шо..... сите знаат дека маж нема да го чува детето како шо треба.
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.379
    Пол:
    Женски
    Па не им се може и сака.
    Ако немаат опции,немаат избор.
    Избор е да имаш опции и тогаш своеволно да останеш домаќинка цел живот.
    Ако е маж ти повеќе отсутен отколку присутен, не учествува околу децата, изборот ти е наметнат,нема кој друг.
     
    На Lady D ❤️ и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.094
    Пол:
    Женски
    Мојот избор не е твој избор , исто и обратно .
    Секој си прави како меѓу најдобро му одговара .
    Ако некоја се решила да остане дома да гледа деца ( додека се мали) или решила да се врати одма на работа .
    И да нема избор, да е приморана на таква одлука .. што може да смени во тој момент ?

    Јас ако сум задоволна од мојот избор нема да ме интересира изборот на некоја што останува дома и да се правдам како е добро да работиш дека инаку психа , депресија ово оно.

    Од жената се очекува да работи како да нема деца , да биде мајка и да се грижи за нив секогаш како да нема работа (да е вработена )
    Да биде секаде на секое поле успешна . Да не смее да се пожали дека и е тешко .

    Оставете секоја да си го живее животот како сака без да се објаснува за изборот.
     
    На Amellie13, жули, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    За мене е најдобро да не работам кога децата се мали. Јас не реков дека друга треба да не работи. Да не се лажеме, нема мајка која не помислила да ја остави работата, кога децата се мали и немаат помош од никого. Градинката колку што е добра, таа го отежнува континуитетот на присутност на работа. Кога е отежнат, нашите македонски работодавци не се толку милостиви. Макар и таткото да бил тој што отсуствува поради детето. Јас немам 60 години, па да не знам веќе како функционира работниот систем во Македонија. Се уште е присутен тој менталитет.

    Ќе се повторам, изборот да работиш или не работиш е врзан со изборот да имаш или немаш деца. Значи кога го правиш првичниот избор, свесна си дека постои друг избор кој може да треба да се направи по доаѓањето на децата.

    Да расчистиме, не има секакви. Посесивноста не е врзана за тоа кој колку седи или не седи дома.

    Секогаш времето поминато со децата е врзано со нивното посветување. Не можеш да водиш успешен бизнис и да си успешно концентрирана дома. Нешто ќе пати. Затоа што да водиш успешен бизнис захтева време и енергија. Кој е тоа чудо од човек што може да направи совршен баланс. Единствено идејата да работиш од дома неколку саати на ден е приближно до сето ова. Но, и тоа не е решение. Пробај да работиш од дома со мало дете. Бара за јадење, се беси по нозе, плаче, вриска, имаш состанок, детето не знае што значи тоа. Што можеш да сработиш и како тоа се случува?

    Да сумирам, сите живееме различни животи. Сите имаме различни сфаќања и однесување. Сите имаме различни привилегии и недостатоци. Јас не можам да кажам за една жена што да прави, јас можам да кажам за себе и моето дете што е најдобро. Зарем ти мислиш дека знаеш повеќе за мојот живот, за животот на маж ми, нашиот живот и животот на нашето дете? Можеш да кажеш што е најдобро да правам, ако ги согледаш сите мои животни прашања, т.е ги почуствуваш на своја кожа и тогаш да ми кажеш дека тоа што го правам и мислам е погрешно или исправно.
     
    На Misskirova, Anyshka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е малку сулудо да се форсира наратив дека мајките што работат имаат несреќни деца, ама вие си знаете :) Па и потсмев за жените што работат, извинете што не се сите во финансиска ситуација каде што можат да изберат да бидат по дома.
     
    На baby-star, Ambitious, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.379
    Пол:
    Женски
    Во еден момент пишуваш дека ти не можеш да кажеш за друга жена дека не треба да работи.
    А во следна реченица дека не постои жена која не помислила да остави работа додека се децата се мали.
    Тоа едноставно не е точно.
    И повторно истото не можеш да си посветена на работа и да бидеш посветена мајка.
    Не го знаеш тоа за други жени.
    Збори за себе.
    Ти не можеш.
    Јас познавам жена која е мајка на 4 год дете, и која е на врвна светска позиција.
    Живеат на два континенти.
    И супер функционираат како семејство.
    Побогу градинка постои додека си на работа.
    Треба да се организираш со мажот само за носење и земање.
    Секаде многу луѓе така функционираат.

    И потребна е градинката не само на родителите и децата, туку и на системот затоа и се граделе порано во населби и биле со работно време како и работните места.

    За да одат жените на работа.
    За да не бидат домаќинки ко баба ми што била само да гледа деца,додека не се омажиле/ожениле.
     
    На baby-star, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    О, Боже.
    Немам другарки домаќинки, ти кажав низ што поминуваат и поминувале вистински мои блиски.
    И кажав дека едната се пресели, едната уште мало бебе има, другите работат... која како.
    Работат од што немаат избор, нема мажот пари за сите доволно. По избор не би се мачеле, ама таква им е среќата ете.

    Ама пошто ти тргаш од фактот дека не збориме за сите жени, туку само за образовани и снајдени, нели, останатите не се битни тука во пресметкава, може и темата ти е несреќна.

    Може треба да биде: зошто високо образовани, со стаж жени, решаваат да остават кариера и да седат дома?
     
    На Yowannty, Chantal, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    22.799
    Пол:
    Женски
    Ти скроз ја имаш промашено поентата. Прво, оние шо работат се потсмеваат на овие шо не работат. Второ, арно викаш дека не се сите во финансиска состојба па да седат дома, значи одат на работа од шо морат, а овие тука викат дека треба да се оди на работа од среќа.
    А јас ниту еден човек не познавам шо оди на работа од среќа, ама тука на форумов се можело да се најде изгледа.
    Сите шо ги познавам и стари и млади, и образовани и необразовани викат дека да имат доволно финансии не би работеле.
     
    На Amellie13, жули, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Ај прочитај ја точно реченицата без да добива на контекст само од неколку зборови.
    ,,Да не се лажеме, нема мајка која не помислила да ја остави работата, кога децата се мали и немаат помош од никого."
    Дополни го размислувањето со деталот за немање на помош. Затоа што детето не оди континуирано во градинка. Ти си мајка, колку пати децата ти се разболеле кога биле помали, што правевте во тие ситуации? Постојано земавте боледување? Ве толерираа на работа на 2-3 недели да земате боледување?
    Ако работите државно, тогаш е друга приказна. Кој е тој приватник што го дозволува тоа во МК?

    Ти не знаеш за некоја каква е мајка и како се посветува на децата ако не живееш со неа 24-7. Може да ти продава некоја жена приказна или слики да гледаш на социјални мрежи и да си формираш некое мислење. Тоа не значи дека функционираат баш како што ти мислиш. Мислам дека баш ти даде пример за мајка инфлуенсерка која продаваше ,,м**а за бубрези" за живот со деца, па после ја уапсија за малтретирање на децата. Се што добро изгледа, не се конзумира.

    Јас знам дека постои градинка. И тоа земање и носење, посебно кога има сменска работа е научна фантастика за организација. Многу е лесно да се размислува за друг на кој не му ја знаеш животната ситуација. Сега се подруги времиња, порано знаеш како се организирале луѓето? Ги оставале дома на мала возраст додека другиот се врати од работа и да може да ги разнесува децата. Тебе тоа ти е нормално да оставиш мало дете само дома? Значи се може, ама некогаш правиш и лудости за да докажеш дека можеш.

    И не се читај тоа што ти одговара. Неколку пати е кажано за градинките. Како таа да е решение за се. Е решение, за една недела да ти го почува детето додека не се разболи пак. После што? Ти треба дома да седиш.

    Наместо да плукаш по концептот на домаќинка, насочи се кон плукање на несоздавањето на соодветни решенија за мајки на мали деца. Пример, создавање на секоја работна професија простор за пола работно време. Казнивост на работодавците кои ќе отпуштат мајка поради земање на боледување. Флексибилно работно време. Отварање на повеќе градинки кои нема да работат со полн капацитет, баш поради тоа експресно ширење на зарази. Многу други фактори влијаат врз нечија одлука да се биде домаќинка. А тоа секогаш е само поради нездрав систем во кој живееме.
     
    На жули, MacenceEna, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    Па најјако е што малку се мажите во земјава што уствари можат да издржуваат цело семејство. Без жените да работат ќе поцрка општествово, ама нека врви муабетот за некоја Стојна што е размазена и баш ни смета.
     
    На Amellie13, Annath, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    39.377
    Пол:
    Женски
    Јас еве не се потсмевам на никој, мнозинство е потсмевањето на "кариеристки", а малцинството се валидни прашања за и околу користа и штетите да се биде домаќинка. Ама затоа на секоја страна им хихихаха муабет за жени кои имаат кариера.
     
    На sweet-cherry, Just.do.it, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    22.799
    Пол:
    Женски
    Не, туку на секоја страна домаќинките мора да се објаснуваат дека имаат услови за да не работат ако не сакаат, ама кариеристкиве им се потсмеваат и ги нарекуваат "неисполнети". Мене лично освен семејството и да правам нешто шо јас сакам, друго ама баш ништо не ме исполнува, најмалку да одам на работа за на друг да му го полнам џебот.
     
    На жули, MacenceEna, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Токму тоа.
    Мене највеќе ме исполнува времето поминато со моето семејство. Во секоја доба од животот нешто друго те исполнува.

    Кога бев студент, ме исполнуваше идејата да го завршам факултет. Кога почнав да работам, сонував за кариера, напредување, добро работно место. Кога станав мајка, само детето ме исполнува. Како може некој друг да формулира мои чувства и да ми кажува за себе дека сум неисполнета:D?
     
    На arontt, Amellie13, жули и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.