Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    24.185
    Пол:
    Женски
    А зошто ти тоа домаќинка си го сфаќаш како една жена шо само дома седи, чисти, пегла, готви и гледа деца? Не, јас не чистам секој ден, јас не готвам секој ден, јас дури не ни пеглам ама скоро никогаш. И да, секој ден излегувам, на кафе, на гости, имам друштвен живот. Мојот живот е исполнет.
    Не значи оти ако си домаќинка и секој ден со крпата во рака ќе бидеш.
     
    На Curious cat, Anyshka, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Темата е општо за домаќинките, а не за твојот живот. 90% од нив, живеат така како што опишав.
     
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    24.185
    Пол:
    Женски
    Па и вие шо работите така живеете, само плус 8 саата на друго место.
     
    На Curious cat, Anyshka, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Па не. Не е исто. Знаеш зошто?
    Прво, тие што работат ги искористуваат своите потенцијали, се чувствуваат продуктивно и придонесуваат финанскиски, се социјализираат, напредуваат и учат и други вештини и стекнуваат искуство.
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    24.185
    Пол:
    Женски
    Па исто е. Само не сакаш да прифатиш. 8 саата на работа, си идеш, готвиш, чистиш, децата, тамо вамо и паѓаш уморен. Ние домаќинките имаме слободно време во кое се социјализираме, си се посветуваме сами на себе, завршуваме многу обврски например да се носи детето на некој час или доктор, па дури и ние можеме да се надоградуваме со тоа шо имаме време да одиме на некакви часови и да научиме нешто.
     
    На Curious cat, Pa8la, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.150
    Немањето работа не е исто со 24/7 дома.
    Мислам дека тука е најголемата забуна.
    АКО парите не се пресудни, и те како имаш што да правиш со животот, а да не си 24/7 дома.
    Тоа за никого не е здраво.
     
    На Pa8la, riba79 и MissChievous им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    33.833
    Пол:
    Женски
    Има перална таму нека ја покаже доминацијата не на жената.

    Не верувам дека има толку глупа жена што ќе иде со домаќин маж да се е**,поправо ќе остане нее** отколку да троши вода за ваков?Или?
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Јас лично, ако имам доволно финансии да ми туркаат ветер во грб, би работела само она што јас сакам и она што ме исполнува.

    Да отвориш ете свој бизнис, нешто што ќе се трудиш за себеси примарно, нешто што и ако не успее од прва, нема да завршиш на улица. Во редок случај би работела за друг, евентуално ако најдам нешто парт тајм што сакам да го работам. Мора нешто да правам, мозокот знае да ми забушава ако нема нешто да го вергла, ама не би работела ова сега што работам, дефинитивно. Да сум пак апла финансиски обезбедена, за деца би сакала да ги гледам бар првите 3 години, да не мора да ги оставам некому, едноставно да ги гледам дури растат. Успат ете, нешто парт тајм или чисто рекреативно, да ми работи мозок.

    Животот кога ти е обезбеден финансиски, ептен ми е крш да си го трошам за рмбање по 9-10 саати за друг и качување кариерни скалила, стресот бонус.

    Е сега, многу е битно за како финансиски обезбедени збориме. Ако зависите ко фамилија од плата на еден член, ете во случајов, мажот, тоа во не дај боже ситуации може одма да го снема, сета таа стабилност, развод, смрт итн. Така не би се оставила мирна никад, мора да имаш свој буџет.
    Друго е ако поседувате на име на двајца недвижности, бизниси кои не зависат од мажот баш, кои може друг да ги преземе или вие, асети, пасивни приходи ... е тоа е веќе муабет за финансиска стабилност веќе.

    Мене идол ми е жената на еден од газдите во фирмата што работам.
    Поседуваат неколку куќи по милион што вредат, возилото нејзино е над 200к, порше вози, фирмата утре да им текне да ја продадат или нему да му биде нешто, само со тоа е таа обезбедена за нејзе и за поколение, да не збориме за другиве средства што ги има. И жената идеше парт тајм да подработи нешто, и даваа тук таму нешто неозбилно, па болна беше, ја немаше два месеци без проблем, не ќе се стресира за дали отсуствува. Иде по секакви третмани, си се шета кога ќе и текне, одмори по три, четири годишно. Жениве се отепаа оговарајќи ја во фирмата, глупа била, праела грешки, не знам каква била, неспособна. Ја заболе нејзе што викаме ние обичните смртници, ние рмбаме за нејзе, таа само може да си се смешка, што и реално правеше, пошто и се може. :D

    Така да, јас ако би имала бар пола некогаш од оваа или да ми упали лото да добијам, знам како би си пополнувала време уште од сега. Ама пусто дотогаш мора да се рмба и да се снаоѓа. :)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.275
    Допаѓања:
    136.887
    За тоа имаме здравствено осигурување, иако имаме две плати, си плаќаме и тоа, за не дај боже. Со години веќе, иако скоро не се користи.
    Па ако не си спосбна да се омажиш со стабилен човек, тоа кажува и за тебе.
     
    На Polyincognito, Pa8la и No Makeup им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе носат розови очила и не ја гледаат реалноста во Македонија. Себереализирање и лична сатисфакција од работа во нашево општество нема кај добри 80% од населението. Ретки се оние што со задоволство трчаат на работа и не им се враќаат назад нозете секое утро. Без разлика на полот. И јас си правев филмови дека ќе бидам вработена жена што со песна ќе оди на работа, реалноста ми е друга.
    Не знам да има луѓе кои можат да си го дозволат тој луксуз да не работат овде, во Македонија. Работат дури не цркнат, живи примери имаме околу нас, луѓе 'рмбаат и пензија не дочекуваат, а и онака таа пензија би била мизерна, недоволна за пристоен живот.
    Млади умираат, не само од загадување и нездрав начин на живот, умираат од преголем стрес и притисоци на работното место. Па да се праша човек дали вреди да работи оти не им даваш убав пример на децата ако седиш дома, ама па каков пример е тоа да се убиваш од работа и да не можеш сметки да платиш, на одмор да ги однесеш без да се стискаш?! Да работиш за некој што има пари да си купи коли и недвижнини, ама нема пари да им покачи плати на работниците, да ги награди за вложениот труд, да им овозможи да ги искористат сите денови за одмор што законски им следуваат, да можат да земат боледување, дали за себе, дали за дете без да им биде преречено.
    Да имаш свое, не е полесно, напротив. Не е полесно штом живееш во држава која цица се' што може да исцица од тебе, да не ти дозволи да ги уживаш плодовите од сопствениот труд. Далеку сме од добро организирано општество каде се цени трудот на работникот. Работниците се двигатели на едно општество, ама тоа се заборава. Па жалби дека нема кој да работи, а не се запрашале дали нудат основни услови за работа и пристојна плата што не е минималец? Не спорам дека има и неработници, ама убиена е желбата и амбицијата кај многумина. И не се чудам зошто некој би одбрал да седи дома, без разлика дали е маж или жена.

    Јас лично од работата се осетив затупавено, непродуктивно и деморализирано. Да не зборам колку сум никаква кога ќе си дојдам дома, ништо не ми се прави, не ми се ни станува од кревет. А имам професија што секаде во светот е прилично ценета и добро платена, овде се други приоритетите. Приватен сектор во Македонија е приказна за себе, чест на исклучоци. Која црна себереализација во овие услови.
     
    На Harper, sparklie, M.B. и 31 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.913
    Допаѓања:
    171.760
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на паралела на тема "беж мамички" и "cottage core мамички" и "trad wives". :D Знаеш оние со тик ток акаунт шо живеат или минималистички или како во ептен фенси куќаре на ливада и као му прават хоумскулинг на децата, имаат најскапи беж играчки и опрема за в кујна и после отвораш коментари и читаш дека old money се или таа или сопругот и можат да си удоволат таков мир и минимализам.

    Под услов да го сакаат тоа, а не да се приморани - зошто е потчинување и непочитување на себеси? Пошто ако јас длабоко сакам нешто и одам спротивно на тоа за општеството да ме гледа на одреден начин - жртвувам среќа. @Ajronmen убаво кажа: "Инаку мислам дека е малку дрско да се лепат негативни етикети само затоа што не разбираме нечија одлука." така да какво понижување е нешто на пример, ако некој тоа вистински го сака?

    Лично, за мене никогаш не би било домаќинка избор. Мене ми е убо на работа, ми треба таа комуникација таму, ми треба динамичност. Хипотетички, ако не морам да работам, би волонтирала во најмала рака во здруженија важни за мене, нешто шо сега пак повремено го прам ама тогаш би го правела фул тајм. Ама ја немам таа привилегија. :D

    Едино нешто шо мора да го земи во предвид една жена која сака да е домаќинка е:
    Дури и да е домаќинка, фокусот дома да не е 100% на децата зошто како растат и се осамостојуваат - иди до неизбежна криза. Ама пак, мислам дека ова е "туѓ" проблем, ама не наш. Оти ретко кој можи кај нас да си дозволи да е "домаќинка" фул тајм.

    Па, не значи дека домаќинка по дифолт е необразувана или дека никогаш не работела. Само дека во еден момент решила да го напрај пресвртот и се држи до него.

    Протестираа за да имаат право да работат. За изборот. Само зошто сега имаат право не значи дека секој ќе го направи изборот. Не е толку комплицирано.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На IRBBB, la.malparida, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.805
    Анат све океј ама пак муабетот доаѓа до тоа зашто само едниот да работи.
    Ете да речеме јас ќе си свиркам ќе седам дома домаќинка место да се расправам со газди ама ако партнерот се расправа мислиш многу ќе ми е сеедно?
    Јас нема да идам на работа од што можам, он ќе иде од што мора.
    Исто и за децата. Океј јас нема да работам за да бидам со децата, ама тогаш и таткото не треба да работи за да биде со нив. Се провлекува ова како избор ама постои огромна нееднаквост и пак на сметка на тој избор имаш примораност.
    Малце е невкусно демек седи женче не ќе се стресираш со газди. Ама е маж ти нека се стресира.
     
    На Miss666, Just.do.it, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.662
    Пол:
    Женски
    A ti veruvas 100% na maz deka cel zivot tebe kje te finansira I ke ti ode po gaz? Welcome to reality

    Па 90 посто што сме тука не живееме во Македонија
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Да се јавам во име на домаќинките барем така не нарекуваат. Пред да бидм мајка работев на работно месро каде смените беа 12-15 часа. Социјален живот-0 па така таму и го запознав мм а и мн други бракови излегоа од таму,едноставно немаш кога да излегуваш. Слободен ден за чистење перење итд. Кога станав мајка реков дека ќе бидам тотална спротивност од мојата,која никогаш не беше дома,јас како најстара ги чував помалите сестра и брат и мн помагав околу дом обврски.
    Е сега по извесен период почна да ме мава психа дека сум дома, чистев и чистам секојдневно како за слава спремање,чистам и тоа што е чисто. Сите во мојата околина работат. НО,затоа јас сум дежурна мајка на сите деца во местото .Кај мене е секојдневна детска градинка , нормално бесплатна. Ги слушам децата за нивните слатки маки им помагам околу учењето им удоволувам и често слушам"Сакам и мојата мајка да е како тебе,никогаш не е дома".
    Далеку од тоа дека сакам некого да навредам но жените што работат во моете опкружување, само тоа прават-одат на раб. Другото по дома е се благодарност на свекрви золви итд.
    Јас ја немам таа среќа,свеки не сака да си зема одг и не ја кривам,никој не е должен да чува дете што ти си го родила. Моето секојдневние е турбо и секогаш имам нешто работа,до толку што некогаш немам време за себе. Ми фали работа,но од социјален аспект, да сум меѓу возрасни. Пак ќе кажам не по моја волја седам дома,но далеку од тоа дека уживам. Мн жени ќе речат одам на работа да одморам од дома и така е. Работев на неколку места со скратено раб време и тоа најмногу одг барем во мојата ситуација.
    А далеку од тоа дека сум затуцана,бидејќи читам се едуцирам башка имам високо образование кое за жал без непотизам во оваа држава не вреди ништо
     
    На la.malparida и Pa8la им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.662
    Пол:
    Женски
    Значи ти тоа што переш готвиш бесплатно може на друго место ќе ти е платено а дома работиш баш за без пари. И не романтизирај домаќинки, токсични е

    И не работат сите жени обична работа да се кичмат 8 часа, излезете од дома видите какви бизниси денес имаат жените
     
  16. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Јас не романтизирм не знам од каде извлече поука нити па конкретно тебе те наведов да ме цитираш. Збор ми е дека за било која сит од страна гледано се е лесно
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.662
    Пол:
    Женски
    Испаѓа индиректно ги напаѓаш жените кои имаат кариера друг им ги чувал децата
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.272
    Феминизмот е за тие што можат да си го дозволат изгледа.:?:
    Ти збориш за со елан одење на работа, за враќање на работа со речиси полнолетни деца. Ти збориш за избор, кој можеш да го имаш. Реално, 98% од жениве што коментираат имаат деца бебиња и немаат луксуз да подработуваат и да си го следат сонот. Животни ситуации разни, ама реално општеството е далеку од некое кое поддржува реализирани жени на секое поле.
    А работа треба, реално особено подоцна во животот. Од ко ќе пркнат децата до крајот на животот останува многу. Мајка ми на пример, и во пензија си измислува работа, и супер е тоа, повеќе нејзина исполнетост, помалку мешање во туѓи животи. Ама не оди да шие во конфекција, јер не е дефиницијата за исполнетост еднаква на работам за газда. И твојата дефиниција не е таа, само што за повеќето кога зависат од пари веднаш, работата е дај шта даш.
    И не е вистина дека за ништо не те бива по 10 години пауза, пак е тоа некое општествено наметнато дисквалифицирање. Жена на пријател беше безмалку 10 години на родителско, едно дете, второ, трето. Па се врати на пазар на труд, од осигурување, преку банка, за последно во некоја трговска фирма да работи. Ама ова општество кајшто живеам јас не е исто со македонското и тоа ваљда кажува доволно.
    Богом лајн - не е до мажењето лошо, до општеството е.
     
    На IRBBB, do-re-mi, emiliana и 12 други им се допаѓа ова.
  19. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Исто како што испаѓа дека ние што не по своја волја седиме дома зашто нема кој да ги чува но пак од градинка да ги земе ни е лесно и сме затуцани.

    Токму така
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Машки
    На сето ова горе...
    Не ти е незгодно да го пишеш ова:
     
    На Harper, IRBBB, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.