Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    727
    Жена не претерано амбициозна, напротив, задоволна од својата скромна платичка, културна, мила, емпатична и домаќинка.
    Да знае и да работи но, и нешто да зготви, зачисти по дома, а истото важи и за маж.
    Да нема превисоки очекувања од себе и партнерката, да нема стрес, туку да е хармоничен, отворен, разбирлив и домаќин.
    Да е симпатичен и да не е дебел...
    Жена може да е дебела, слатко е, маж не. :rofl:
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Па баш оти е така, треба да не не чудат толку многу некои избори.

    Факт, ако си на страна, нема баби и дедовци, нема фамилија, сами сте. Одлучувате да имате деца.
    Кој треба да се грижи за нив?
    Нормално, еден од родителите, се додека тие деца не се спремни да тргнат во градинка. Е сега моментот тргнување градинка не е по желба најчесто, т.е. ти изразуваш желба, ама од кога е можно е друго дваесет. Јас сакам дете да ми тргне со наполнета година на градинка и тоа 100%. Е ама нема. Ќе тргне кога ќе добие место. Од година ипол, и тоа само од 8 до 12, а башка ќе треба да и спремам ужинка и доручек.

    И сега, кој да ми чува дете мене во останатато време? А вака ќе биде додека дете наполни три. Која фирма би ме зела мене вака нефлексибилна? И пошто живееме во капитализам, на секој му е јасно дека дете во градинка најчесто е почесто болно и башка распусти скоро секој месец по една недела, не си конкурентен секако повеќе. Да држам место на работа со години, ми е малку нон сенс кога секако нема да се вратам таму во скора иднина, а државата ги покрива трошоците за пензиско во двата случаи.

    Пошто ние сме родители и не сакаме дете да ни чуваат бејбиситери, мора еден од нас. Да донесам баби и дедовци, ко они да немаат друг живот и се предоодредени за бебе да ми чуваат, не е опција. Се седнува и се прави план, кој и како би можел да не работи 100%.
    И пошто во државата во која живеам, има опција да земам и породилно до 3 години, со оглед на тоа колку финансиски ќе губиме, поисплатливо е јас да го земам, него татко и.
    Еден буџет сме според законот и плаќаме данок на него. Па така јас и со години наназад плаќам данок за двајцата, оти поисплатливо ни е на куп. На кој начин ние дома тоа сме си го регулирале е наше право. Вајда и законски сме заштитени. Не е дека нафта пиеме.
    И ако одлучиме да имаме второ дете, циклусот се повторува и дури станува понапорно, а идеата дека ќе можам да се вратам на работа станува се подалечна со две деца и така реалистични 10години се во прашање.
    Проста прогресија, а не сапуница во прашање. Чиста реалност.
    Ако јас, скоро 40 години, со пола работен век подзади мене, со работно искуство на најмалку пет работни места и во неколку држави, со почнување од почеток по незнам кој пат, сум одлучила дека ќе седам дома во следни 3 или ако родам уште па и во следните 10 години, вајда многу добро знам кои ми се придобивките, а кои губитоците. Белки сум способна да си ја направам домашната математика :wasntme:.
    И еве не родив деца на 20 години, за до 40 да ги имав израстено, па имав време да се себереализирам и ако не сум стигнала до не знам кое беше, четвртото максимално скалило од пирамидата, или пак сум, ама не знам, до третото сум секако веќе многу одамна.

    И секој има право на избор. Сега сум решила дека деца ќе чувам, оти нов живот е во прашање, не е нова чанта. Ми се менуваат приоритетите прво, а богами и обврските. А за ментално буден да се држиш секогаш има начин.

    А темата јас уште не знам за што точно е. Не разбрав. Оти воведот е каша попара. Дали е за некои нови трендови или е за нешто друго, поима немам. Во секој случај она кон што треба да се стремиме сите е внатрешно задоволство и среќа. Што и како до нив секој според личен избор, по можност не со билдање его одговарајќи други животи и берење туѓо гајле.
     
    На IRBBB, do-re-mi, emiliana и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Не.
    Јас зборам за избор да отфрлиш се што една жена вложила во себе и да биде зависна само затоа што е мајка.
    Нема ништо феминистички во тоа.
    Па многу жени имаат деца,а се себествариле.
    Има градинки за деца додека си на работа 8 часа.
    Така вработени мајки функционираат.
    Не се децата причина иако се најчесто изговор за да не се работи.
    Или треба да откривам тука примери какви успешни мајки има и опасност да се препознаат ,а имаат мали деца.

    И Каква е оваа теорија ако имаш мало дете немаш можност да го следиш сонот?
    Ако имаш мало дете не можеш да работиш?
    И не ррков за ништо не те бива
    после 10-15 год.
    Туку во струка си затупавел,те нема веќе.
    А можеш да најдеш работа, да.
    Ама дека некој инжењер кој 10 год не фатил епрувета,не посетувал обуки ,ке се врати ,нема.
    Да не зборам за ит сектор каде месеци отсутост менуваат ситуација,а не децении да бидеш ислучен и надвор од струка.
    адвокат исто,економист кој закони не отвориле дома додека биле со крпата и печеле пити.

    Можеш да најдеш работа да на 55 и на 60 некоја во трговија или каде не треба некои квалификации ама да се вратиш во струка ,откако си бил офф 15 год.не или многу тешко.
    Тоа само ако се лажеме.
    па поготово во општеството баш кај што живееш значи.
    Струките бараат континуитет.
    Секој за работник ке одбере лице кое има полна папка портфолио со стаж и обуки, наместо еден празен лист со 10-15 год дупка во професијата.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    7.442
    Некако во темава, сите што имаат нормални, совесни партнери и здрав партнерски однос се тие што би бирале да седат дома доколку можат, а тие што со веројатно прилично нарушени односи и партнери со балкански менталитет, бираат да гинат на работа и да се “реализираат”. Многу лесно се препознаваат фрустрациите.:)

    Почнуваме секој момент од животот да го гледаме низ призма на материјални средства и плата, скоцкано како *себереализација*.

    Меѓу редови, се реализирав себеси доволно за да имам на конто ако маж ми крене рака на мене?

    Јас лично, да имаме можности би уживала во слободното време со децата, прошетки, книги и слично.
    Ама тоа е затоа што не се чувствувам загрозена од мојот партнер.:)

    Паметни избори треба да се стремиме да правиме цел живот, не само после енормни грешки со трајни последици.
     
    На IRBBB, emiliana, Adidas888 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Јас работам алооо, ама не ги осудувам домаќинките како тебе, што ти е гајле ако трошат а не придонесуваат, не земаат од тебе, туку од мажот, а за тебе ли е темава? Најрабоспособната, ајде се пофали, ок, во ред е, браво за тебе. Форум е, ќе цитирам кого сакам, што ја отвори темава тогаш? Прави си монолог.
    Ќе навредувала зошто некој не работел, и одма дека ги подржувам таквите, мене ме ставаш во ист ќош, работам јас, што си се засекирала толку за тие што не работат, едно те исто верглаш.
     
    На la.malparida, Anyshka и No Makeup им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.345
    Допаѓања:
    182.266
    Ама јас не ја измислив женава што со 10 години дупка во Cv отиде да работи во банка и си најде после друга работа, пошто работа во банка не била вау. Не кај што јас живеам. И не е дупка во CV , родителско отсуство е. Општеството е така устроено, просто има работа и да можеш да бираш. Можеби не можеш да бидеш неврохирург или штојазнам ама се друго можеш. Закони се доучуваат, епруветите се тие, речиси ништо не е научна фантастика.
    Следење на сонот не знам кај спомнав. Јас, откако имам дете, главен сон ми е тоа дете, се друго е секундарно. Можам да работам колку што можам, кога е помало ич, како што расне се повеќе. Ама јас го имам луксузот да работам според моите потреби (на парт тајм, на фул тајм) и да, прилагодено на потребите на моето дете (емотивни, здравствени, едукативни...). Многу луѓе го немаат тој луксуз.
    ...
    И пак за сонот, кој не знам од кај излезе. Дали Мирка Федерер не си го следи сонот откако решила да роди 4? Дали Серена не си го следи сонот кога избра мајчинство и крај на една кариера? Или подобро следење сон се оние премиерки, пратенички што ги дојат децата во парламент за да докажат некоја поента, која и да е? Можеби соновите се менуваат и модифицираат?
    Се има свое време и за се има време.
     
    На Annah87, IRBBB, emiliana и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Амбициозноста,работоспособноста и себереализирањето не зависат од жената сама туку од мажот што една жена го избрала?:o
    Значи ако во брак избрала маж кој ќе ја финансира да не работи, тој брак е супер каде жената ќе зависи од него (facepalm)
    Во другите каде жената сака да работи,има амбиции таа сака затоа што е во лош брак инаку би седела дома.
    Што не ќе прочита човек на темава.
     
    На hellocity, Miss666, franca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Љубоморни им се, дека не се на нивно место, се би дале да трошат туѓи пари, ама не можат, мораат да работат, еве јас не морам, доволна ни е платата на маж, ми, ама ете сакам да работам, да излезам од дома, ама работата ми е канцелариска, а да работев во конфекција или маркет дали ќе сакав, и кога бев на породилно не ми било досадно и не чекав едвај да тргнам на работа, никогаш не ми било поубаво, дома со децата, па ќе прошетавме, цел ден на располагање го имав, побудалувале дома жените кога биле на одмор и едвај чекале на работа да одат, аха да, ако не знаат да си го искористат времето кој им е крив. Едно те исто вергла само, домаќинките трошеле пари од мажот, па мажот не е туѓинец во брак се е заедничко, утре не дај Боже еве мажот се разболува или доживува сообраќајка, и треба ние да го оставиме, што има да ни троши пари, до таму ја отера работава, работела две работи, е кога има време за две работи.
    А да ако работи до 14 часот може.
     
    На Adidas888, Anyshka, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Желба и можности бе. Ете им се може. Ги знам многу такви, уживаат во животот и мило ми е.
    Изговор? За кого изговор? Зошто некој нитренбал да ти се правда тебе и да наоѓа изговори за своја одлука и живот?
    Ти како вработена жена не треба да бидеш вака токсична, опушти се
     
    На emiliana, hellocity, Adidas888 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу лично се дискутира на темава, се води од своите искуства и се гледа само својот начин на размислување и ништо друго. (ок не е само на темава ова :D)

    Факт е дека секој различни нешта го исполнуваат. Некој ја имаше ставено пирамидата на Маслов, и за некоја можеби врвот на себеостварување ќе и е кога ќе стигне до највисоко ниво во нејзината фирма, за некоја врвот ќе е исчувување на децата, помагање во домот итн. зошто имање семејство и грижа за истото и било животна желба. И тоа е океј, зошто нели сите не сме исти.

    Друг муабет е колку е реално да си остварен работно во Македонија, колку е реално да си цел живот домаќинка и сл(иако многумина од нас знаат сепак вакви случаеви).

    Јас имав ситуација во пошироко семејство каде што жената не работеше воопшто, ги чуваше децата, мажот имаше бизнис и работеше. Ненадејно мажот починува, женава останува со долгови зошто фирмата пропаѓала а он криел, и сега за кого попрво да мисли? За децата? Или она да проба да ги издржи дома со минимална плата? Затоа ЛИЧНО јас не би можела да си дозволам да зависам сопруг, зошто секогаш во животот сакам да имам план Б, не знам што може да се случи и да останам без денар. Може да умре, може да ме истепа да треба да бегам ќе немам свои пари, може ќе си најде љубовница ќе ме шутне...Има илјада и едно сценарио што можам да ги смислам :D Ама тоа сум јас, пак, не сите размислуваме исто.

    Исто така малце ми е навредливо кон жените што работат испаѓа дека не се домаќинки, они идат на работа и истите работи по дома ги прават, перат, чистат, готват, рмбаат, зошто да бидеме реални ретко кој во МК може да си дозволи секој ден помошничка дома.
     
    На Miss666, JuLleE, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  11. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.670
    Што се човек нема да се изначита...
    Не дека некого ќе го интересира, меѓутоа сакам да споделам што ми се случи вчера а има поврзаност со оваа тема...
    Комшија имаше скршено рака и нога, вчера го среќавам во 7 сабајле кога идев накај работа му викам каде вака во ова време, вика па јас работам, не знаеше???
    Значи, луѓе со скршени раце, нозе идат да работат, а овде принцези од маж чекале, па дома седеле поубаво им било не знам што, мене би ми било срам, еве не знам. Инаку човеков кој го опишав има јака пензија и е во години со нарушено здравје и иде да работи плус, криви како работи јас не знам, не би да навлегувам, ама ми се лоши од здрави прави луѓе да бараат изговори за да бидат безкорисни.
    Еве јас лично не морам да работам, не плаќам сметки, парите се само за мене и 10.000 и 20 000 да зимам, утре ден нема од никој да барам пари за гаќи ако треба да купам! Прост пример :?:
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На Just.do.it и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    А за одење во градинка ,да не се лажеме мора да има барем еден човек плус на кој може да се јавиш да го земе во случај на потреба и да го чува кога е болно. Што со тие како мене што го немаат тој "луксуз"? Зошто жена на жена да не сме поддршка ?
     
    На Adidas888, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Па нели во осигурување нашла прво работа па во банка:?:
    Родителско отсуство не е 10 години.
    Не можеш да доиш дете 10 год.
    Туку макс.3 секаде.
    Жена која е работоспособна треба да работи наместо децата да и се изговор да не работи.
    И да во многу професии таа празнина значи.
    Остај ти тоа се доучува.
    На пазар на труд ке го земат тој што е во тек,а не тој што треба да скокне една деценија каде што многу работи се случуваат.
    Децата не остануваат деца цел живот.
    И Мирка и Серена сите имаат фирми и работат.
    Колку само мајки со 3-4 деца работат.
    Колку само самохрани мајки работат и деца во градинки носат.
    Ти како домаќинка си поприлично бесна на темава.
    Чепкам кај што не треба?
    На форум сме!
    Ќе прашам што сакам.
    Научете се да дискутирате на тема.
    Не туку квичете,ако сопствен избор бил.
     
    На Just.do.it, spacegirl92, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ви е тешко да сфатите дека има жени кои уживаат во готвење? Имам колешка прави благо после работа по порачка за пари, ужива во тоа, не го прави од што и фалат пари па мора, јас пример не уживам во правење благо, а во специјалитети да, е кој ви готви на вас госпожите некои жени ги плаќате да ви готват? И да работите, пак мора ручек да правите, за децата ако не за вас, моите се специфични за јадење, и за тоа само јас или мажот ми им готвиме, не ми паѓа на памет жена да плаќам за тоа.
    Кој ви ги пере гаќите, жена?
    Домаќинките не биле способни за ништо, а тие што плаќаат жена за се способни биле.
     
    На Anyshka и No Makeup им се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не бе, детето го пушташ во градинка и само ќе си дојде дома.
     
    На Anyshka и No Makeup им се допаѓа ова.
  16. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.670
    Градинката не е вечност, не е тоа причина да не се работи цел живот...
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Боледување за нега на дете постои.
    Може д аземе секој родител со болно дете.
    Како самохрани мајки носат во градинка деца?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Збориме додека не пркне детето
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Каде нема финансиска рамноправност, нема никаква рамноправност. Јас верувам дека индивидуални бракови функционираат одлично каде што само сопругот работи, еве членки на темава се искажуваат, познавам и личности надвор од форумот кои функционираат супер така, меѓутоа кога ова би бил дифолтот во општеството, не верувам дека би било идеално за сите.

    Едноставно психологијата на човекот не е толку еволуирана за луѓе што се помоќни финансиски, да ги третираат еднакво, оние што не се.
    И ова е преглупо да го кажеш. Најголем дел од жените не се чувствувале загрозени од мажите кога стапувале своеволно во брак, или врска.
     
    На Bezimenka90, Ambitious, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски

    Скроз се согласувам со Кечо, ова е многу сама си го барала муабет и е срамота да е кажан од една жена.
     
    На Feminka22 и Ketchup им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.