Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Леле постов :D
    Ќор да си, сакат да си ама на работа да одиш :D
    А принцезиве дома на готово чекаат ха ха ха.
    Не можам значи на вакви мислења коса ми се крева.Кои принцези бре, дома со бебе, со дете?
    Да исчистат, да зготват, алишта да исперат па и цела вечер да не спијат дете ако е болно и џабе парите ги јаделе. Иова е феминизам?
    Природно е, мајката не може никој да ја замени, таа има една улога, таткото друга улога.
    Од овој вештачки феминизам што се величи, дојдовме до дереџе веќе да не се знае што е маж, што жена...На џенифер Лопез ќерка и се осеќала и како машко и како женско, па морале со среден род да и се обраќаат. Кај отиде светов?
    Никој не ви забранува да работите, ама не туку шлапотете какви се тие дома што ќе останат и ќе решат на домаќинството да се посветат, што исто така е креативна работа. Да израснеш дете во квалитетна особа е најголемиот успех за една мајка.
     
    На IRBBB, emiliana, anggell и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Ама тоа си ти, тоа сум јас, тоа е Петра ама што има да ви е криво што друга жена не е тоа?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Јас сфатив.
    Зошто бегаш од одговор?
    Зошто јас не се лутам кога ми пишувате ти или Pa8la дека сум токсична,фрустрирана или разни адд хоминеми.Па вие лично ми пишувате.
    А јас во воведот напишав тие што ги гледам (значи ги познавам)стануват токсични и фрустрирани останувајки домакинки цел живот.Да,такви се.

    Да ли тоа се однесуваше за тебе,што толку бесно реагираш и ме навредуваш од прво обраќање?
    Не.
    Полесно ти е?
    Да ,сакам и морам да работам поради себе, зошто не сакам да бидам паразит да трошам пари од наследство или маж ми да биде единствен вработен,а на децата да им бидам модел на домаќинка која иако работоспособна не работи.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Јас моментално сум домаќинка, уствари и мажот ми е домаќин, и двајцата не работиме јас 9м скоро, он околу 6м, го чуваме детето, јас сум на породилно и сосема доволно ни е породилното од странство за живот во МК, па решивме една година да се посветиме на дете. Дека е лоша ич не е, дека сакаме да работиме и ни фали работа, да, мене лично ми фали.

    Веројатноста ако идеме пак за Англија е дека јас ќе бидам домаќинка уште сигурно 3 год поради ситуација со градинки.
    Маж ми ќе работи и финансиски ќе бидеме зависни од него и од заштедата што ја иаме. Јас ако иам време да продолжам со фриленс и со она што моментално ми е замисла за бизнис ќе поработувам, ако немам време, апсолутно побитно ми е да сум присутна за детето.

    На прашањето зошто некоја би избрала да биде домаќинка, веројатно оти сите иаме лични преференции во животот, ако не можеме да ги разбереме туѓите не значи дека не се валидни.
    Ако сопругот е доволно способен да заработива за се и жената да не се осети како да им фали нешто не гледам проблем во оваа одлука. Зборам за новите модерни домаќинки оти они се тема на муабет.

    Да можам да си дозволиме да бидам дома додека детето не тргне на школо би одбрала да бидам, не ми смета ниту да перам, чистам, спремам оброци, одгледувам градина, да рашетувам деца, да ги забавувам и растам.
    И да имам и факултетска диплома и топ рејтинг за фриленс бизнис, имам неколку сертификати за струката, моментално учам дигитална уметност и сум традиционален уметник и апсолутно не се осеќам нереализирано иако на струка не работам со години веќе.
    Доволно сум исполнета со хобито кое го имам и апсолутно нема да се осеќам како исфрустрирана домаќинка.

    Во МК како што веќе сте кажале повеќето работат за плата и преживување, ретко која од сите жени по конфекции и маркети не би избрала да биде домаќинка место да работи, мајка ми знам дека сигурно би одбрала, место да рмба 6 дена во неделата за мизерна плата веќе 30 и кусур год.
    И верувам дека би била сто пати порелаксирана и неисфрустрирана отколку сега.
    Па и свекрвата исто што има супер плата, работи во собрание и е архитект, пак мислам дека би седела дома после 45та год.

    Мислам дека самата тема е малце осудувачка, оти секој личен избор е личен избор и нема што нашето разбирање за истиот да е тема на дискутирање.

    Тоа дека не можеш да смениш кариера на 50 год не е точно, можеш и тоа многу повеќе отколку на 30, децата тогаш веќе се пораснати и животот веќе пак генерално се врти околу вас, кога децата веќе се пораснати сите работи кои сте ги сакале, а не сте имале време за нив сега ви се на дофат, така да се може ако се сака.

    И уште нешто за темава, мајките кои седат дома и те како работат и тоа неплатено, некогаш и многу понапорно од татковците.

    Да за восхит се сите жени кои успеале да имаат страшна кариера и доволно време за фамилија, многу ретко се ваквите, за восхит се и жените кои преоритет им е квалитетното време со фамилија и деца и да бидат домаќинки.
    Секој со свој личен избор, ако тоа го прави среќен кои сме ние да кажеме не чини.

    И уште нешто што се влече низ темава, сите велите финансиски да сте независни би работеле било што, тоа е ок додека не сте во брак, ама после нели парите се заеднички? Ако маж ми работи и сме решиле јас да седам дома, се подразбира и е очекувано парите да одат пола пола. Ете сега ние од моето породилно парите ги делевме на две сметки и секој имаше еднакво пари исто како да работи, така беше и предходно кога само тој работеше, кога си во брак нели веќе се е заедничко? Без разлика дали ми требаат пари за пелени и храна или за моја лична потреба, маж ми е должен да ми обезбеди ако договорот бил јас да не работам, оти каде поинаку би нашла пари јас, на улица сигурно не.
     
    На IRBBB, theowndemon, emiliana и 22 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.304
    Пол:
    Женски
    И тоа седење дома ради децата не ми се допаѓа.
    Може да биде поштетно за нив. Може да имаат ниска самодоверба.
     
    На Just.do.it, Feminka22 и Cosmi им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    116.849
    Пол:
    Женски
    Ама Косми тебе тоа ти е целта во животот. Исто како јас што не можам да замислам. Ама ете на некои жени достигнување им е да се омажат, да родат 5-6 деца, маж да работи они дрца да гледаат. И среќни се. Верувај среќни се. Тоа дали енекоја фрустрирана или не бема врска со тоа дали работи или дома гледа деца и куќа. Да знаеш околу мене на работа колку фрустрирани има. Кој како си го најде својот мир така нека живее. Јас за себе зборувам, сега имам доволно стекнато што сама што наследство (единица сум), што се врли обезбедена сум, можам да се омажам и да не работам ама, не дај боже имам позади мене да ако не оди му спакуфам куферчето и да си свиркам да имам кај да одам и кај да живеам. Лошо е според мене, што со 0 свое влегуваат во бракови, глумат амеркански домаќинки, и кога ќе пукне тиква аууу сега што..
     
    На SummerGirl, hellocity, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Бебињата растат.
    Не остануваат цел живот бебиња,за деца има градинка.
    Еве не мора Мирка или некоја селебрити.
    Свекрва ми имала 4 деца била жена на зафатен директор во екс ју,без никој свој во Мк и работела,можела домаќинка да биде.
    Сега има 80 год знаеш кога било тоа.
    Не можам да ја сфатам теоријава.
    Испаѓа ако имаш мали деца ,седи дома.

    Секако дека е.
    Не само ниска самодоверба туку и од таа мајчинска презаштитеност.
     
    На Just.do.it и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.761
    Допаѓања:
    140.452
    Јас како затупавена
    Жена - Домаќинка ,
    само да ви кажам дека се зачудив каков речник користат и колку осудуваат некои исполнети , модерни и образовани девојки , жени и мајки кои бркаат кариера и гледаат од високо на домаќинките !
    Ете, предност плус кога одиш на работа !

    На човек да му е страв да си напише мислење на форум. И позади секој пост стои човек, а не робот , па може да го "погоди" нечија навреда.
    Секое мислење напишано на секоја тема не е 100 % целосно до детал објаснето, главно заради приватност.
    Секој има причина зошто седи дома , зошто го прифатил истото или зошто оди на работа.

    И за крај , познавам жени во моја околина , меѓу кои сум и јас,кои се исфрустрирани и несредени домаќинки ( п.с. имам високо образование).
    Но , познавам и жени со работа, кариера (исполнети нели), кои ем се несредени ем се секогаш нервозни, безобразни, исфрустрирани.

    Така да, нема да е само работата или домаќинствувањето причина за "затупавеноста, фрустрациите , лошиот изглед или уште полошиот отров што се фрла спрема некој" . Повеќе е до воспитувањето, средината во која растела жената, карактерот, околностите...

    Извинете многу, ама морав да пишам .
     
    На IRBBB, emiliana, do-re-mi и 22 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Премногу луѓе што работат уствари немаат амбиции во животот.

    Ако некој официјално не е вработен, не значи дека е бескорисен. Поготово ако се грижи за сопствените деца и дом.

    Добро е да работи, за секој случај. Ама ништо не треба. Исто како што не треба да раѓаш деца, на пример. Само затоа што Светле и работи и гледа деца, не значи дека Жане треба истото да го прави. Различни луѓе, различни желби, различни околности, различни животи.

    Класика реплика на форумов. Ако дискутираш непристрасно, објективно и си способен да гледаш од сите агли, значи автоматски за себе збориш од искуство, демек лично се пронаоѓаш.
     
    На Bezimenka90, IRBBB, la.malparida и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Точно. Таа финансиска независност доаѓа до израз ако ти пукне бракот, да имаш некаков грб и самодоверба да се тргниш од токсичниот партнер, да може да застаниш на свои нозе. А додека сте во брак парите треба да се заеднички и се да е ствар на договор. Денес он ве издржува како семејство, утре ти, а може ќе дојде ден и кога вашите деца ќе го прават тоа за вас.
     
    На la.malparida, Annath, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.040
    Џабе се навредувате едни со други. Како што рече една членка погоре, сите сме домаќинки, сите. Сите готвиме, чистиме, переме. Е сега, кај нас фали амбициозност генерално. Знам млади жени, мајки сосе деца (странкињи) одат по странство да се дообучуваат, значи ако е распуст, го зема детето со себе и оди. Утре ќе има повисока плата и ќе има повеќе можности за нејзиното дете, а и ќе прошетаат, зошто да не? На скала од 1 до 10 ние со амбициозноста сме на 2, и не е ни чудо кога некој подалеку од Балкан не смета за прости, никакви, заостанати. Овдека дури сметаат нормално било во 50 години да најдеш работа за првпат. Оди кажи му на некој странец, ќе рече ментален си ако тоа ти е нормално. И каде се тие воспитани деца што мајките цел ден ги воспитуваат? Вчера видов нови бетонски клупи искорнале на кеј, нашле начин да ги демолираат, а пред нова година видов 3 млади момчиња Македонци снимаа и дираа еден дедо, му замавнуваат со клоци накај фаца, му ја земаат капата, тераат мајтапи. Каде се тие воспитани деца плод на мајките што 20 години седат дома? Во Македонија владее сиромаштија, фрижидер едвај се полни, сметки едвај се плаќаат, луѓево фантазираат што би било кога би било и што би правеле да имаат многууу пари.
     
    На Just.do.it и 1209 им се допаѓа ова.
  12. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.831
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам ништо на темава што не е кажано, не сите го имаме тој луксузен избор и живееме на балкан каде што не можеш да земеш 60% присутност на работа во неделата па да балансираш. Кај нас е или одиш или не. Една не знам што оди понеделник и среда само.

    Многу се познава дете на кое е посветувано внимание и со кое родителите работат и дете кое небаре само околината го има пораснато дур родителите ја вложуваат својата енергија на друго место.

    Има деца со кариерни или константно со работа родители на кои за жал парите не им го компензираат недостатокот на воспитанието на детето.
     
    На IRBBB, Annath, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Имам другарка која има 2 деца,работи таа , сопругот не. Мн пати ми има кажано што дека имам свои пари пак не стига да си купам нешто. Нити има време за себе ни за децата. Малото одкако ќе дојде од раб се и во раце,трча и пак ништо не стигне. Кога е на раб тогаш наоѓа време да сурфа. Така да не е сјајно никаде
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Ако размислиш подобро, не е неплатено. Односно да, никој не те плаќа да чистиш и готвиш дома, меѓутоа ако ти плаќаш жена да ти чисти и готви дома, кога сам тоа го правиш ги заштедуваш тие пари што е исто како да ти е фамилијарно платено.
     
    На Anyshka и 1209 им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    5.579
    Пол:
    Женски
    Јас веќе знам неколку вакви, имаат сопрузи кои заработуваат повеќе од добро и не децата не се проблемот, одат на училиште, на другава и се веќе жени возрасни, првава има млади баби, сами си патуваат со сопругот некогаш и без децата, децата се целодневна, ама и реално не и се работи. Овој тренд зема замав и кај нас, но јас лично никогаш не би одбрала да останам без активен, редовен приход и не би се потпрела исклучиво на примања од сопругот или на закупнина доколку би издавала стан или слично, тоа би бил приход плус. Никогаш не се знае, што носи животот, пропаѓаат и домашни и странски комании, се случуваат откази, болест, смрт, никому не му е гарантирано работното место, ниту висината на приходите, ниту било што во животот, затоа одбирам да работам, а и на крајот зошто се образуваме, ако не сакаме да си го материјализираме знаењето.
    Е, сега во однос на проблемите со чување деца додека се болни, неможноста да се праќаат на училиште, ниту многу често кај повозрасните заради ризик по нивното здравје, хибриден модел на работа (комбинирано, работа од дома и одење на работа) ми е еден позитивен начин за ублажување на овој проблем, па подржувам равој на овој модел во сите сфери каде е можно.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.411
    Пол:
    Женски
    Не знам како ги замислувате домаќинките бе :D Мене баш ми беше убаво ко си бев домаќинка само. Ќе си средев дома и ваму на кафе, онаму на кафе, ќе си дојде мажето ќе си ручнеме, ќе си шетнеме. Милина. Ем и наспана од сабајле :!:

    Сега ко вработена мајка, ваљда така ги викаат по ново главата не знам кај ми е. Нит јадење ми е направено како што треба,нит луѓе имам видено раат.
    Штета шо немам доволно пари за да не работам :D
     
    На IRBBB, emiliana, la.malparida и 9 други им се допаѓа ова.
  17. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.670
    Не ме цитирај на една реченица, јасно е на што мислам и да, здрав прав човек кој не работи е бескорисен
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Јас моментално сум малце фрустрирана што неам време за хоби оти детето сака 24 саата внимание, а и двајцата сме дома, не знам како е да ти биде досадо оти си домаќинка:D
    А веројатно така е и натаму додека не почнат да одат во школо, па и после реално кој не може да си најде занимација да не му биде досадно, јас пак ете ова не го разбирам. Пример ние и во короната некаде 9м не работевме, колку само не ми беше досадно. Иако реално првата година во пандемија, беше една од најстрашните и најпаничните во мојот живот, јас у исто време порелаксирана и поодморена од тогаш не сум била.
    По цел ден си наоѓав занимација, изучив два курса, си готвев по три оброци, сликав, читав, серии, прошетки, јас не знам кој нормален човек ако има доволно финансии не би одбрал да ужива и да има хоби(ња) место да работи. Иако си ја сакам струката пак би одбрала да го шетам светот и уживам и да бидам домаќинка него да работам(мислам ако и двајцата не работиме ова)
    Е сега ако се нема доволно што најверојатно во мк па и настрана е така, освен ако маж не зема 5-6000 евра плата за да може да се живее нормално и да се штеди и шета, никој не би си дозволил да седи дома.
     
    На IRBBB, emiliana, la.malparida и 5 други им се допаѓа ова.
  19. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.670
    Добро, вечно ли децата ќе бидат мали?
    Смеј се, голем успех да зависиш од друг да немаш пари гаќи да купиш, ај убав ден
     
    На Just.do.it и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.411
    Пол:
    Женски
    Далеку од досадно, ама немав ни дете тогаш. Мислам дека само заради нејзе и работам додуша. Не стигаат онака иако зимам доста голема плата за мкд стандард. 2 години бев домаќинка без дете и се научив да готвам многу поубаво од што знаев пример. Читав книги, сега книга не сум прочитала со месеци. После тие 2 години, маж ми остана дома со дете и видов разлика од домаќинка со и без дете. Јас ако читав книги и не излегував од кујна, мм немаше време да јаде :D

    Се си носи своја тежина и најбитно е да бидеме среќни додека живееме. Оти животот е краток за да се замараме дали на Перса врвот на животот и е да биде домаќинка или директорка на банка :sun:
     
    На unearthlysarah, la.malparida, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.