Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    11.049
    Пол:
    Женски
    Ова важи и за жените во конфекција? Пошто не верувам дека со радост одат на работа.

    Лесно е да се тупи на темава кога се има добро платена работа, и романтизира работа за минималец. :angel:
     
    На *Amethyst*, simoncelicius, LUCI 99 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.806
    Допаѓања:
    142.172
    Не бе, кариера бркаш. Те бираат у најуспешни 40 под 40, кај што си ја плаќаш наградата и тоа е кариера. Па плакети, благодарници, па градоначалникот ти дава признание најжена у општината сосе селата....

    А дома плаќаш жена да ти чува дете.
     
    На simoncelicius, LUCI 99, winnie02 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.772
    Допаѓања:
    38.614
    Пол:
    Женски
    Моментално сум домаќинка. Не оти сакам, туку морам. Здравје Боже напролет ќе барам работа. Никогаш не сум се замислувала како домаќинка. Маж ми е со став дека и жената треба да работи. Не можам цело време да сум дома. Ќе спобудалам. Сакам свои пари да имам. Да не морам да барам за гаќи да си купам. :D Познавам мажи кои се со сфаќања дека жената треба да седи дома, да чува деца и куќа, а тие да носат пари. Ама познавам и мрзливи жени кои цело време кукаат дека платата од мажот не е доволна, а ако и спомнеш да работат одма реагираат како ќе им било тешко ако работат. (facepalm)
     
    На Just.do.it, BlackNight, SuperGirl24 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.078
    Што ве прави среќни?
    Секој нека си одговори на ова прашање и нека даде се од себе да ја зграпчи сопствената среќа.
    Нашите приоритети, нашата замисла за среќа, не се општи ниту апсолутни.

    Што мене ме правело среќна?
    Да се надоградувам, академски, со познавање на странски јазици, да напредувам во работата, да патувам и истражувам.

    Поминаа икс години.
    Видов многу, пробав и успеав во многу, си ги достигнав сопствените зацртани цели и реализира многу мини и поголеми успеси на многу полиња.
    10г покасно немав желба да пробивам граници и лимити на стари желби и амбиции.
    Се појавија нови.
    Што ме прави сега среќна, после икс години од онаа прва замисла?
    Големо семејство, мир и хармонија, доволно пари за да може да уживаме сите на купче.
    Не се сметам ниту за затупена, ниту исфрустрирана а најмалку подчинета на сопругот.

    Секој ден ги гледам плодовите на мојот труд и на мојата вага и според мојата проценка ова е вистинското за мене, за нас.
    Мислам дека немаме сите иста претстава за поимот кариера. Реалноста на најголемиот процент вработени е работна позиција далеку од истата.
     
    На *Amethyst*, arontt, simoncelicius и 55 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.803
    Пол:
    Женски
    Не,не е.
    ниту е работата единствена цел во животот,туку е битна.
    Како да ги воспитаме децата?
    Да се омажат богато или солидно да бидат издржувани и да не мораат да учат и да работат или да бидат независни ?
    Да, жени кои не се реализирани се доста токсични и пасив агресивни,јас знам неколку такви.45+ и денес сметаат дека е доцна за се.
    Некои со пукнат брак,кој требало да трае,поради љубовта,посветеноста , трудот околу децата и довербата дека нема да бидат оставени,денес немаат ден стаж. Секоја жена која тврди дека во ред е да се грижи за домот,а мажот да ја издржува само го оправдува себеси своето останување дома.
    Единствена причина зошто не работеле е дека така требало тогаш.
    Замислете денес сретнуваш маж и му кажуваш,ти си треба да печалиш пари,јас ке седам дома и ке се грижам за домаќинство 8-|
    Не бре.
    Еден ден им збоктисува и пуштање машина и чистење низ дома,особено кога децата ке бидат 10+ не си потребен веке,па или ги третираат ко бебиња за да се чувствуваат уште потребни.
     
    На Just.do.it, Tanjamm, spacegirl92 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Зависи кој што го исполнува во животот, сум била и неколку години домаќинка, и во работен однос растрчана на сите страни и уште сто пати да можам да бирам пак би го избрала второто.
     
    На Just.do.it, theowndemon, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.806
    Допаѓања:
    142.172
    Или се доволно свесни да си најдат хоби што ги прави среќни. Зошто би трпела фрустрации на работа ако не ми треба?
    Ако не ми треба кеш, а сакам да сум исполнета, ќе си најдам убава занимација.

    Ама ако сум у ризик за кредити, не дај боже сум се омажила за идиот што оди по жени, што малтретира, се коцка, пие... Тогаш бараш што и да е да се осамостоиш. Оти мажот не ти е стабилен. И стануваш и маж и жена. Ама секако не е причината, кариера. Туку сигурност и безбедност на семејството
     
    На *Amethyst*, M&M, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.310
    Допаѓања:
    119.187
    Пол:
    Женски
    Какво дома седење ни под точка разно. Да ми се претураат пари не седам дома. Шанса нема. Користев одмор пред породилно, цело породилно го искористив, пак одмор па боледување за дете...
    Мислам дека оглупавев, отупавев без интелектуална размена на мислења без социјализација со останат свет... пелени каки мочки јадења по сто пати дневно...

    Имам пишувано јас и претходно, во време на корона јас морав да одам на работа и среќа што беше така, инаку дефинитивно или ќе развиев тежок облик на депресија или ќе скокнев од 6ти.
    Секоја чест на тие што оваа нова таканаречена професија им прави задоволство :bow:
     
    На BlackNight, H.VAGA, Just.do.it и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Повеќето луѓе работат работи што ги мразат за кои не се доволно платени. Ако ништо друго, мислам дека тоа би било попрва причина за пасивна агресивност и токсичност. Пошто цели денови на работа, плус цела грижа за деца и за домаќинството е доволно за некој да стане огорчен и да едвај чека прилика да не мора да работи.
    Секако, причините за станување домаќинка се многубројни а меѓу нив улога играат и менталитетот и одгледувањето - кои реално како поттик се неоправдани и заостанати; ама не може да се негира дека и тоа што огромен број жени имаат burnout ги тера барем да посакуваат да остават сѐ и да седат дома.
    На крајот, и да не постои ништо од наведеното и да се работи само за лична среќа, пак е валидно. Децата не ни мораат да го следат примерот од родителите, сите сме посебни индивидуи.
     
    На *Amethyst*, simoncelicius, Alm. и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.803
    Пол:
    Женски
    Мајка не е само да се грижи за децата,таа треба да е и пример, дека треба да се учи и да се работи.
    Збориме за пример со остварување на потенцијалите на мајката.
    Значи во тој смисол кариерно,ти учеше магистратури,јазици,личен развој, чуда,пред очите на ќерка ти си реализирана и остварена и тоа е она што многу повеке ке научи отколку да и готвиш 3 врсти супи на ден и да и даваш пример дека е најдобро да најде маж банкомат,а таа да се бави со цвеќарство како хоби.
    Што е со таткото,па таткото во семејства каде само тој работи е најчесто маргинализиран во тие семејства каде зависат само од таа плата.
     
    На H.VAGA, SuperGirl24, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.569
    Според мене, не гледам како нечиј избор за начин на живеење може да биде предмет на дискусија.

    Сите сме различни и според тоа, секој различни нешта го прават среќен. Зошто би ме фрустрирало кој што сака да биде? :D

    Не секогаш домаќинка значи несреќна робинка во домот, која не ја знае азбуката.

    Ниту пак вработена со кариера значи хепи интелектуалка која може светот да го освои.

    Не гледам потреба едното да се потценуваа, а другото величи, кога се си има своја тежина.

    Во голема мера, зависи за каков се омажила. Тоа секогаш ни дефинира каков ќе ни е животот во 99% од случаевите.

    Па така, choose wisely, не правете ништо со сила и гледајте да го правите она што вистински ве усреќува :*:
     
    На oblace1, Bezimenka90, see.emily.play и 13 други им се допаѓа ова.
  12. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)
    Како некоја која е финансиски независна од своја 18 година, незамисливо ми е ова.
    Искусив и таков период цели 5 месеци, без да го пресметаме породилното боледување, и ми беше супер до одреден период.
    Ама само кратко.

    Сфатив дека сакам да работам, уживам во својата работа, можам да се синхронизирам со добра организација и не сум јас за тие трендови.

    Убаво е да се грижиш за семејството, ама кога тоа го правиш секој ден станува рутина и се забораваш сама себе. Секогаш другите се приоритет.

    Кој напиша погоре вежбање, ручеци со другарки, вечери, секс 3 пати на ден, шопинг... :D
    Тоа само на филмови го има, или да имаш дома куќна помошничка.

    На крај на денот секој нека го прави тоа што го прави среќен.
    И сфатив дека најтешката работа на светот е да си домаќинка. Точка.
     
    На LadyR, Kolache na mama, riba79 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.806
    Допаѓања:
    142.172
    Ама и пример дека семејството е пред кариерата. Дека љубовта кон децата е пред печати да маваш у архива. Дека треба да си среќен, а не со главоболка од умор. Дека парите не се приоритет.

    Освен кога нема и мораш да работиш.

    И јас детето не го учам да учи за да има пари туку да е среќна. Кога учиш, не учиш за утре да те примат у кадрово. Туку да бидеш паметен. Сега секој втор е магистар по менаџмент на човечки ресурси а не можат дома мажот да го изменаџираат бурек да купи.

    Секогаш сум за самостојност, ама ако избереш стабилен маж, нема паники.
     
    На *Amethyst*, Alm., oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    259.553
    Дали некој ќе биде домаќинка или ќе работи, е договор меѓу партнерите.
    Сите би тргнувале од себе и секако таа одлука ни е најисправна.

    Јас неколку пати сум паузирала, сега пак работам, не фул тајм, ама работам.
    Поради лични причини засега мора да биде така оти некој друг е приоритет.
    И додека да пораснат децата, отстапки ќе има.
    Фул тајм домаќинка ниту сум била ниту ќе бидам. Ниту готвам секој ден. Ниту пробувам да постигнам се. Имам и јас свои приоритети, и битни ми се оти пред се мора да мислиме и на себе.
    Не би се мешала во туѓи одлуки, ама животот ме научи дека жена треба да работи и секогаш да може да се потпре на себе си.

    Тренд или не, ова си постои. И не би рекла дека е привилегија на богатите. Има жени кои не сакаат да работат. Има на кои и мажи не им дозволуваат.
    Има различни причини.
    Ко што реков, лична одлука е.
     
    На *Amethyst*, see.emily.play, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    259.553
    А зошто под работа секогаш се мисли на административна?
    Друг вид на работа не се брои или не се цени?
    Што ако некој е продавачка? Не е еднакво битна како во кадровско?
    Или мора сите да сме образовани и вработени во камцеларии.
    Во Мк поголем проблем е што само одреден тип на работа се цени и почитува, другите се оти се мора. А не може сите да бидеме директори.
     
    На ane.bella, izabela.nik, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.713
    Не се сметам како повеќе вредна со тоа што работам, ниту тие што не работат ги сметам за мрзеливи и помалку вредни.
    На форумов има доста жени што одлучиле да се посветат на децата и домот, се за секоја почит и воопшто не се исфрустрирани, баш напротив, среќа и љубов зрачи од нив.
    Во денешно време е благослов да можеш да останеш дома со децата барем до возраст од 10 год.
    Работам и имам солидна кариера изградено, но да можевме финансиски да издржиме, моментално немаше да работам.
    И не мислам дека децата за мене ќе мислат дека сум многу вредна и реализирана, туку ќе се сеќаваат на мама која седела пред компјутерот и не можела 5 мин да застане да го погледне цртежот.
    На мама која кога сите славеле празници морала да работи, затоа што друга колешка пред неа побарала да е слободна.
    На мама која кога не е на работа мора да чисти и готви.

    Нашето домаќинство двајцата подеднакво го оддржуваме и пак немаме време за ништо.

    Не сакам во очите на моите деца да сум мама која можела сѐ, туку мама која секогаш била тука кога им требало.
    За брзо ќе пораснат и веќе нема толку да им требам.
    Малку поемотивно реагирам на темата, извинете ако заминав оф-топик.
     
    На Harper, joy1, malinnnnnna и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.803
    Пол:
    Женски
    Да , многу кои работат работи кои не им се по струка или работата им е мачна но да бидеш остварен не мора да значи да бидеш Никола Тесла, да возиш бмв или да имаш огромна плата,туку да имаш некаков конкретен резултат од работата,дали е тоа социјализација со колегите од пекарата или плата со која ке придонесеш дома.
    Инаку и таткото може да е фрустриран зошто треба за цела фамилија сам да обезбеди приход.

    Кој збори за среќа ?
    Зошто да не збориме за причините да се биде домаќинка?
    Без разлика дали е сопствен избор или избор поради околности.
    Зошто треба да е табу тема?
    Зошто да зависи за каков се омажила?
    Нема ли сега жени кои не сакаат да работат?
    Лично познавам со девојче 10 год го третира ко да има 1 год само колку еве се грижи за неа демек има многу работа дома .
    И од мрза одлучуваат да не работат.
    Подобро маж банкомат нели.
    Знаеш ли дека има деца кои би сакале нивните мајки да им се вработени и тоа го кажуваат.

    Можеби не познавате но постојат жени кои цел живот им биле посветени само на децата и после и како возрасни не ги оставаат да дишат,и емотивно уценуваат од потреба да бидат потребни зошто никаде освен во мајчинство не се реализирале.Впрочем многу чест образец порано.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Tanjamm, elimkd и fana им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.569
    @Cosmi А зошто да не зборуваме за среќа? Тоа не може да е една од причините? Или не е дозволено да постои среќна домаќинка? :?:

    Мислам дека премногу застарено е ваквото размислување, водено од тоа како било порано.

    И воедно и стереотипно, дека по дифолт мора да е несреќна жената ако е домаќинка. Или пак е запуштена и само мие садови.

    Зошто зависи од тоа за каков се омажила? Бидејќи изборот на партнер ни влијае на целиот тек на живот и животни одлуки. Била домаќинка или CEO на Ејпл.

    Можеби едноставно ти не познаваш жени-домаќинки кои се исполнети, вешти, и замисли и по пораснувањето на децата, си живеат/живееле свој релакс живот :D

    Јас познавам многу такви и затоа мислам се е до личноста, карактерот и кој што сака од животот :*:
     
    На malinnnnnna, Anya321, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    57.650
    Пол:
    Женски
    Има едноставен одговор на темава: секој има слобода да си прави она што го исполнува и го прави среќен. :*:
    Не треба да ги осудуваме туѓите избори дури и кога не се согласуваме со нив, бидејќи во најголем дел гледаме само површина, а не целата приказна.

    Мојот личен став е дека треба двајцата партнери да работат и придонесуваат, но како што се дискутираше погоре ова, барем во Македонија, на поголем дел не е избор и сакале нејќеле не се живее од една плата во овие времиња невремиња.
    Мене ме нервира наративот дека ако некоја жена е домаќинка значи дека од дома не излегува, затупена е, освен за децата ништо друго не знае и не се интересира. Свесни сте дека ова е исто со наративот жената не вреди ако не стани мајка, само во спротивен правец?

    Лично јас не би сакала ништо да не работам, од прва причина што не сакам целосно да зависам, потоа од тоа што нема да ми е сеедно тој да се остава од работа за да живееме нормално (тргнувајќи од тоа дека не сме богати). Истовремено, пресреќна би била ако можиме да си дозволиме да имам барем парт тајм и/или онлајн работа дури децата се мали за да им посветам повеќе време. Децата се деца еднаш, растат пребрзо, и додека да трепниш си тргнале по свој пат. Жално е родители да се толку фокусирани на бркање кариери што овие моменти сосема ги пропуштаат. Сакам да растиме деца заедно, сакам да имаме време за нив. На работа си секогаш скроз заменлив, ама за децата не.

    Прва и основна цел во животот ми е среќно семејство, и друго буквално ништо не можи да има повеќе приоритет од тоа. И тоа не значи дека ми е единствен фокус и немам други интереси. Можеби исто и тие „жени домаќинки“. Така да, со помалку осудување. Сите горе долу знаеме што не исполнува и како сакаме да дочекаме старост без regrets. Среќата нема една дефиниција, just do whatever makes you the happiest.
     
    На Alm., Anya321, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    Еве јас моментално сум да речеме "домаќинка" уште за кратко, ненамерно но поради Х причини. Некаде во февруари ќе почнам со фул тајм работа.

    Овие 3-4 месеци живеење во сопругот како домаќинка ми беа преубави. Имав време за сѐ, за себе, за фитнес, за убава најубава храна, за филмови, серии, и најважно од сѐ, во овие неколку преубави месеци пронајдов хоби што премногу ме исполни. Маж ми дел зема кредит, дел плати директно со средно просечната плата и ми направи цело "работно студио".
    Сега еве ме ќе започнам кариера во таа област.
    Да не ми беа овие неколку месеци како "домаќинка" немаше никогаш да си го пронајдам сонот, пасијата и да го правам она што од секогаш сакав.
    Патем, сигурно во следниве години ќе се вратам на титулава на домаќинка бидејки сон ни е да имаме 3-4 деца едно по друго, што си бара целосна посветеност и речиси константно боледување.

    До тогаш ќе работам и ќе се потрудам да си овозможам да бидам дома со флексибилна заработка или идеално свој мал бизнис со број на клиенти што сама ќе си го одберам и воедно ќе бидам во својот дом и со децата.

    Не е страшно да си домаќинка, она што е страшно е да си домаќинка што не пробува да се усоврши и да направи од ништо нешто и да не ја искористиш флексибилноста што ја нуди оваа "титула" за да се изградиш себе си, да пробаш најразлични хобија кои што може да ти бидат и потенцијална кариера, или па мал сајд бизнис за скромна заработка.

    Денес има безброј можности за секого, само треба да ги пронајдеш вистинските за тебе. Домаќинката домот може да го претвори во што и да посака, во канцеларија, библиотека, уметничко студио, пекара, слаткара (лично познавам домаќинка која направи цел бизнис од печење и декорација на колачи што повеќе би сакал да ги купиш за да ги урамиш отколку да ги изедеш бидејки се вистинска детална уметност). Е овие типови на домаќинки верувам се многу поисполнети од работа за минималец во Рамстор 8+ саата на нозе. Не им тече континуиран стаж можеби, ама не безделничат и не џогираат паркети по цел ден.

    И доста веќе пљукате и осудувате, реално нема поголема завист од жена спрема жена, како што може жена да и ги ископа очите на друга, нема друг. Самите меѓу себе жени ќе се изедеме од злоба. Кој што сака нека си прави со приватниот живот.

    И да, како што пишаа некои членки, не е никаков тренд што се шири, не се плашете, и да сакате не може да се прошири зошто освен ако мажот не е богаташ или со огромна плата речиси и невозможно е бар на балканов да се издржи фамилија со деца без двајцата родители да заработуваат. За жал или не жал тоа е реалноста.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На Alm., winnie02, Ani45 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.