Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Ме засега за да можам да ти одговорам на рашањево што го постави, пошто очигледно е дека домаќинството според тебе е дремење цел ден, па од тука извлекувам дека немаш искуство па затоа така збориш. Ништо лично, твој живот, но твојот став мањка со искуство. Еве сега ќе ти објаснам. Кога имаш деца, цело време треба да чистиш, цело време да переш, цело време да миеш садови, шишиња, тањирчиња, играчки, да пеглаш, да готвиш посебно за бебе, доручек ручек вечера, во исто време да анимираш дете,бебе, па се удрило па плачело, па температура дигнало, па повраќало, па навечр не спие, па заби вади итн итн итн. Време немаш у огледало да се погледнеш, а не цел ден да дремеш.
     
    На IRBBB, Anyshka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.462
    Допаѓања:
    60.958
    Пол:
    Женски
    Иначе целосно се согласувам со @Annath, еднаш коа ќе те исшамари работење во приватна фирма и сета таа неправда која мора да ја истрпиш, полека ќе почне да се гаси сиот жар што си го имал како помлад. Еве 32 години имам, не се препознавам сега и кога почнав да работам. Порано трчав на работа, сакав буквално да следам све, да учам и да се надоградувам, да нема подобар од мене. И после ме удри реалност за тоа што значи приватно да работиш, достапност и вон работно време, мала плата, трпење на секакви човечки табиети, никакви бонуси, никаква награда за трудот...

    Не дека ќе одберам дома да седам, не можам тоа да го направам, јас сум дури и во друг екстрем замината каде имам productivity anxiety и ако одморам еден ден вина осеќам.

    Јас лично за мене сакам да одам на работа, ама толку сум разочарана, толку понижено се чувствувам што тотално ги разбирам оние без елан што се. И за мажи и за жени важи ова. И затоа има егзодус на населението, жими Скопје што е живо, малечките градови се празни. Пред некое време бев во мало гратче на истокот, ко во филм на Милчо Манчевски се осетив од тоа колку е градот....празен.

    Не е темава само дали некој сака или не да работи, туку огромен импакт има за тоа како е третиран работникот. За ова не зборам за партиски напикани луѓе на кои им е топ, или обезбедено место од вујко владика, туку сите што мораат со сопствена крв и пот да се борат.

    Да ми е ценето ова што го работам, ќе летам. Ама не ми е нажалост.

    Знам дека друга е темата, за свесно останување дома, ама ете и малку друг агол на тоа зошто се повеќе и повеќе луѓе се разочаруваат.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, marsilia и 21 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    37.042
    Пол:
    Женски
    Јас често си ги поставувам прашањата што ти ги пиша. Што ако...? Од кај да знам што ќе биде утре. И за случајов во фамилија го зборевме истото со маж ми. И ете... Се случи тоа што се случи. И нормално, паника. Требаат пари. Треба децата да се прехранат, да се облечат. Тие пари што ги имаат не стасуваат. Една роднина и рекла на жената да оди да работи, оваа и рекла - Не. Поубаво ми е дома да седам. Е па нека седи. Немам ништо против. Ама пари не давам.
     
    На nextredstyle, Miss666 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Те прашува зашто од напишаното се гледа дали си се грижела за 3-4 члено семејство. Ако не си го осетила тој товар, не знам како би сфатила што и да ти одговори. Ништо лично.
    Што прави мајка цел ден додека се децата во градинка?
    Па прво додека ги однесеш те фаќа 8.30, да испиеш кафе и доручек и почнуваш. Да ја средиш кујната од хаосот од претходниот ден кај што си готвела минимум 4 оброци, дневната што е полна со трошки и играчки, 1-2 перални сигурно, да ги здиплиш претходните, да усисаш и џогер. Да се видиш со некој близок зашто после градинка немаш време, да си посветиш време на себе дали шопинг, депилација, маникир, на децата им фалело облека, маркет итн. На се ова, јас плус имам работни обврски 3-4 саати зашто останатото маж ми го сработува од 8 до 18h, ако не му помогнам нема ни да ги види децата. Ете јас сум домаќинка ама сум среќна и исполнета на секое поле.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Кога ќе престанете да правите од перење, пеглање и чистење висока наука? Тоа се животни вештини кои притоа треба секој да ги прави.
    Ако детето иде во градинка или школо, мајката дреме дома. Тие саати додека е во градинка она може да работи. Ама на кој му се работи... изгледа тоа е тука проблемот...
     
    На nextredstyle и Miss666 им се допаѓа ова.
  6. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    За време на короната, се намали работата и бев една од многуте кои за жал тогаш добија отказ, еден месец дома додека не најдов нешто друго, умрев од досада значи побудалев и денес домакинка не знам што е, кога секој знае да притисне дугме на машина за садови, машина за алишта, машина за сушење алишта, робот за под и домакинка не знам денес што е, без навреда ги разбирам и тие што можат дома се едно исто секој ден, јас не би можела
     
    На Miss666 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Види сега, и јас до пред една година ќе го речев истото како тебе, да имав време да постигнам се, со дете дома едно, а не пак повеќе апсолутно 24 саата се малку ако сакаш се да ти е средено. Или цело време ќе чистиш или ќе баталиш и ќе го игнорираш хаосот, јас не можам да го игнорирам барем засега, Значи единствено во ова можам да се согласам дека кога ќе бидеш родител ќе сфатиш за што збориме, не у навредлива конотација, оти работата не се дуплира, се триплира. Значи апсолутно си во еден магичен круг каде колку и да средуваш не е средено, додека не го осетиш тоа нема да веруваш кога ти кажуваат, јас барем не верував.
    Значи џабе е што си дома, никогаш нема да ти биде досадно и секогаш ќе има работа некоја, ама секогаш. Така да ради ова членките прашаа дали си мажена и дали имаш свој дом и деца.
    Не ниту тоа дека домашните обврски се научна фантастика, не се, многу се прости ама сепак не постасуваш да ги завршеш ниту кога си дома, а плус ако работиш, рогаш веројатно не спиеш или спиеш минимално, друго нема како да постигнеш се,барем јас уште не знам како, ако некој сфатил нека ми каже.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    46.677
    Пол:
    Женски
    Не е висока наука,кога пеглаш за две раце и една глава. Ама кога пеглаш две машини одеднаш,а мали човечиња ти седат под даската за пеглање, па вардиш да не тргнат кабел, да не се изгорат од пареата,тогаш не е наука туку циркуз. Жонглираш и анимираш и со деца и со време и со нерви.
    Ете затоа повеќето членки не ви ги земаат мислењата за меродавни.
    Иначе вработена сум на две работни места со две мали деца.
     
    На Bezimenka90, IRBBB, do-re-mi и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Како успеваат жени кои се мајки да идат на работа и да градат кариери и да ги воспитуваат децата?
    Значи желба е во прашање, другото се изговори.
     
    На nextredstyle, Miss666, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.408
    Допаѓања:
    287.140
    Браво за нив.
    Јас не прочитав некој да омаловажи една жена, мајка, која успешно балансира помеѓу приватниот и професионалниот живот.
    Да и рече дека е помалку мајка, дека е помалку домаќинка или нешто слично.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, IRBBB и 15 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Јас не велам дека не успеваат, успеваат и тоа како, ама мора да жртвуваш нешто, дали сон(како што прочита, ако воопшто ме читаш), дали време со децата, дали кариера, дали време за себе, дали време за со маж, апсолутно без жртва не постои ваквов идеал, е сега секој е спремен да жртвува различен аспект од неговиот живот и поентава на темата е дека не треба да ги осудуваме тие што решиле да жртвуваат кариера и да бидат домаќинки за да имаат време за се друго.
    А тоа дека дремат дома кога децата се у школу и у градинка…тешко. Ти посакувам да “дремеш” и ти вака кога децата ќе ти се у школо и градинка.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.759
    Допаѓања:
    140.452
    Го заборави роботот што ги става садовите во машина и ги вади, после роботот што пружа и пегла алишта, роботот што пере на рака кога имаш деца , роботот што пишува домашна со деца, што им го брише газот, роботот штомора секој ден да чисти заради алергии кај дете, роботот штоќе мора да зготви 2 ручека пак заради дете и.т.н.. ....

    Ова се стварно работи од кои човек затупува, поготово кога седи дома, ама па човек кога ќе каже дека се е само да стиснеш дугме, јас се фрустрирам бидејќи тогаш сфаќам дека немам таков робот што стиска дугмиња и стварно лошо сум омажена;)


    И да, познавам жена која оди на работа само и само да не седи дома и да работи. Оти за домашни работи е мрзлива. Да ! Работи било што, не брка кариера , и таа работа што ја работи не ја работи со љубов и не се ни замара да ја научи. Ама работата и е изговор. Дома се дере на сите, се кара со сите , дури и со бабата и дедото кои ги чуваат децата . Не можела да работи дома оти е уморна од работа. Децата мора да средуваат се позади нив ,кога ќе дојде од работа ако е расфрлано се дере, мора да се прошета и да пие кафе шо кафичи оти ако не, паѓа во депресија и нема време да работи со децата заради работата. Таткото во случајов исто работи, само подолго работно време од мајката. Ако не и е погодено нешто прави драми, и пак само тоа го збори дека она оди на работа. А дома атмосферата е ужас. Дете што е слаб ученик, кавги , ручек нема .... А во случајов не се парите толку голем проблем...
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На mal.ecka, IRBBB, Anyshka и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Неколку членки тука упорно тврдат некои работи, меѓу нив си и ти. Мајчинството е тешко. Едно е да имаш обврски, друго е некој да зависи од тебе комплетно. Ќе ме разбереш кога ќе родиш.
    И јас мислев се што лета све се јаде, ама не било така. Сега сфаќам дека баба ми за све била во право ;)
    Пак ќе ти кажам ништо лично.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Со поделба на домашните обврски меѓу родителите, може се да се постигне.
    Зошто при развод, жените се тие кои се плашат дали ќе им ги доделат децата зошто ден стаж немаат? Што кога мажот не може веќе да работи?
    Ама изговори, тешко се надминуваат...

    Тврдам дека може, од пример во семејството. И на работа се иде, и дома доручек, ручек и вечера и исчистено и исперено. Ама ова е ствар на договор со сопругот. Ама на некои жени полесно им е да се домаќинки и вакви небулози да пишуваат отколку да идат на работа, да придонесат и заработат повеќе, а со тоа и ќе му овозможат и на детето поубав живот. Ама кој да работи....
     
    Последна измена од модератор: 4 јануари 2024
    На nextredstyle и Ta-mara им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Алал за мислењето, посебно за болдираното. Испадна на темава само мажите се способни да заработуваат, сите жени се damsel in distress и се тотално неспособни за кариера и обавезно 200 евра земаат и ни денар повеќе.

    Да се надоврзам на мислењето, мислам дека 90% од муабетите тука се лицемерни малце, зошто истите жени што би прифатиле да не работат, а притоа нивниот партнер да работи и обезбедува финансии, никогаш не би прифатиле да бидат самите оние кои сами би ја обезбедиле фамилијата и ни на сон не би прифатиле маж кој е невработен и се грижи само за домаќинството. Скоро сум сигурна дека не би ни погледнале таков маж, а не да се омажат со него.
     
    На nextredstyle, Spicy Senorita, sonuvana и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Ние живееме со платата на мајка ми, бидејќи татко ми имаше сообраќајка и не може да работи, мајка ми да не работеше не знам како ќе живеевме, на 50 години не знам кој би ја вработил, не дека не е можно, меѓутоа доста потешко, па и јаките плати во РСМ уште со 1 плата не. Знам
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Небулози? Што од напишаново е небулоза?
    За твоја информација јас сум вработена плус работам хонорарно.
    Немој да ми кажуваш само дека ако си домаќинка дома цел ден ќе дремеш, тоа не само што е небулозно мислење туку е и крајно инфантилно.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Зарем домашните обврски кои многу од нив ги прави машина, никој не пере алишта или садови рачно, се обврска само на мајката домаќинка?

    Зарем мора да се избере работа или дом?

    Зарем само жените се задолжени за домаќинството па затоа е толку тешко?

    И дали навистина мажите се само способни за голема заработувачка, а жените мајки не?

    Па макар тоа значело и да биде на работа 10-12 часа ,мајката дома не и се работело имала многу домашни работи?

    Многу себично кон партнер што сме го избрале.

    И не,не исто да одиш на работа и да работиш и да пуштиш машина за садови или да избришеш прашина.
    Тажни се вакви размислувања денес , ја деградираат жената максимално.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На SummerGirl, fana, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Небулоза е тоа што од домашни обврски кои притоа треба секој да ги прави, ги издигнуваш на ниво на наука.
    Може да ги прошириш своите видици и да сфатиш дека тие не се обврски само на жената и дека децата не се само на жената, па само таа да се грижи за нив.
    Доста ја минимизираш улогата на таткото во родителството.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.849
    Пол:
    Женски
    Па тука само тоа читамр.Мажот ми помага дома.. ало кој бре помага дома, он живее тука. Колку мене што ми е обврска да е домот чуст и него му е, ако мене ми се јаде и него му ср јаде. Ми помага... иди бре.
     
    На nextredstyle, fana, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.