Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Прашање е колку успеваат. Може, не дека не. И точно дека треба да имаш желба.
    Јас имам и таков ми е планот, само во моментот премногу се мали децата за да си дозволам фул тајм работа, инаку секако дека планирам да работам кога ќе тргнат во школо. Ама прашање е колку ќе успеам да постигнам се. Децата имаат неколку ранливи периоди во животот, а тие ми се приоритет, работата е секогаш на второ место. Така да, не гледам зошто треба да се правда некој зошто седи дома, веројатно приоритети и можност. Тие што мораат да работат ок ама тоа веќе не е избор.

    А дека кариера се гради со 40 работни саати и после 16h си слободна, тешко. Нешто ќе жртвуваш во животот, дали кариерата, дали децата. Затоа немојте да судите ни на едните, ни на другите, секој си знае што може и сака.
     
    На IRBBB, Anyshka, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    269.138
    Само да се надоврзам.

    Дали може татко потполно да се грижи за новороденче?
    Да, може. Ако е на мајчино млеко може и' измолзено да му дава, нели.

    АМА

    Бебето уште во утробата ја познава мајка му. И' го знае гласот, срцебиењето. Првите месеци од животот, па и подолго, ја чувствува како едно тело. Итн.

    Не разбирам како ЖЕНИ се способни до толку да ја минимизираат улогата на мајката. Незаменлива е, доела или не. Толку. Секое одвојување во почетокот на животот предизвикува сериозно страдање и фрустрации за бебето.

    Можеби некогаш ќе сфатите дека единствено таму сте незаменливи, работејќи во фирма нечија, дуќан, маркет, конфекција... и те како сте заменливи и небитни. Па таман да сте хирург, ни таа улога не може да е поголема. Барем жените хирурзи што ги познавам, а се повеќе од една, не работеа по добри 2 години, ама им се можеше.

    Темава освен за искажување на сопствени фрустрации не знам за што служи, имајќи во предвид какви зборови се користат.
     
    На Bezimenka90, mareane, Kanya и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    182.243
    Ти, ко ќе го најдеш роботот, шепни ми;). Од функции да има и носење/земање деца, гушкање, читање книги... Како ќе го платиме ќе се договориме, може и гоуфиндми да отвориме.:mm:
     
    На IRBBB, Anyshka, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.130
    Пол:
    Женски
    Намали цветче со пасив агресив.Биди реална.
    И мајки кои работат немаат робот да им става во машина.
    И мајки кои работат и татковци пишуваат домашна.
    Да не ставаме мајка домаќинка на пиедестал и други вработени истото го прават.
    Да седењето дома делува на ментално здравје.
    Тоа е огромна вистина.
    Одличен пост навистина.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Е ова!!! Браво.
     
    На Anyshka и Polyincognito им се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    У право си. Не знам што се обидувам да ти докажам, на различна фрекфенција сме.
    А за видиците и нивно проширување, те молам, ни ти ме познаваш ни јас тебе. Само да ти кажам дека искуството ги менува ставовите и видиците во животот.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.861
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто, зошто кај нас па и на цел балкан, за жал 90% од мажите не знаар да вршат домашни обврски и жената ќе работи ама ќе работи и дома, ќе трча за се за децата и ќе чисти и оди и по мажот. А он ќе дреме уствари, ништо нема да сработува дома и се ќе биде на грб на жената. Ова сите знаеме дека е така и секоја чест на колку толку помладите генерации што почнуваат да се менуваат, јас апсолутно би се согласила маж ми да седи дома и да ги чува децата и да биде домаќин ако има потреба, ако јас сум со поголема плата и со подобра кариера, ама под услов да го прави сето она што јас би го правила во обратна ситуација.

    На крај краева и да е така, зошто сметаш дека е изговор, а не лична преференција, зошто тебе те тагнира што некоја жена во договор со сопругот решила да биде домаќинка оти сака а не оти бара изговори.
     
    На Bezimenka90, Anyshka, simonka93 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    269.138
    Абе што сте ми интересни со ова дека домаќинлукот не одземал време :D

    Перам во машина, сушам во машина, садови во машина се мијат. Немам деца, 2 мачки имам.

    Па секој ден после работа, треба да усисам, јебига немам робот правосмукалка, да изџогирам, оти и јас и мачкиве прљаме, правиме трошки, влакна. Да пуштам машина, не знам за вас ама јас секој ден перам бар една, те постелнина, те долна облека, те црни, те шарени, те перници, секој ден нешто се пере, чекам 22:00 за на ефтина. За една сама готвам, оти не ми се живее на брза храна, не знам кој тоа ручек, асален, се прави за помалку од 40мин - 1 саат. Прашина апсолутно секој ден бришам, затоа што вториот со прст да поминеш останува линија, јбг Скопје е. Онака сакам да се избањам, да фатам книга, можеби серија да гледам.
    И сум МРТВА.

    А не спомнав играње, чешкање, чешлање на мачки, борба за давање витамини оти ги нејќат :?:

    И се' ова без дете. Уште дете во приказнава, ела кажете ми дека не е 8 саати премалку. Можеби па некои едноставно сме неспособни, штаќеш.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Ти мислиш така лесно е?
    Мислиш нема отстапки?
    Најчесто баба и дедо се тука да се вклучат, зошто децата ако се болни кој ќе ти дава толку време да не си на работа? И на мајката и на таткото?
    Мислиш да децата не им фалат родителите?
    Мислиш не пропуштаат многу моменти со децата?
    Прошуштаме и тоа многу!
    Еве јас прва тоа ќе ти потврдам. Ни страда и работата и родителството на двајцата, а и јас и мм имаме приватни бизниси.
    Детето џел ден во градинка, после само со еден родител седи, другиов да доработи и не го гледа, само на спиење. Време за шетање најминимално можно. Кога е болен се треба да преорганизираме.
    Успева на крај ама како...тоа е друга работа.
     
    На Bezimenka90, IRBBB, emiliana и 9 други им се допаѓа ова.
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.759
    Допаѓања:
    140.452
    Ама јас се согласувам дека седењето дома затупува. Поготово кога си во таков период кај што те фатила депресијата, семејни проблеми, финансиски, болести па немаш време и желба да шеташ , да пиеш кафе, да читаш..... Јас секогаш искрено и реално сум пишувала( и повеќе од што треба).


    Ама јас не ги омаловажувам жените што одат на работа , како што овде се прави тоа со домаќинките. Јас викам браво за тие што одат на работа, иако пак ќе повторам- се однесува на личности што ги знам. Има жени што седат по цел ден на работа . Јас бев една од тие. Имав лесна работа, седев пред компјутер. Се завршуваше работата за пола ден, другата половина немав обврски, поголем дел од времето. И тврдам дека тогаш бев поодморена отколку сега.
    Ама ЈАС.
    Има жени што работат работи кои максимално исцрпуваат. Мајка ми беше една од нив. Турбо работа. Дома пак.

    И ги сфаќам и двете работи. И не реков " ај вие што работите доста се правите маченички" . А некои вас имаат зајадливи коментари за другата страна.

    @Biljarkata ќе го измислам бе. И така седам по цел ден, дремам на форум. Ќе станам иноватор:D
    За тебе гратис ќе биде :rofl:
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На emiliana, Anyshka, Alm. и 12 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Не се сите луѓе исти. Како што има поинтелигентни наспроти поглупави, така има физички поиздржливи наспроти послаби. Не можат сите истото да го издржат, башка што не ги имаат сите истите услови и околности. Среќа па нема една fits all шема за како ТРЕБА да се живее животот.

    Патем, и работата може сериозно да влијае врз менталното здравје, исто како и "седењето дома". Сè влијае врз менталното и физичкото здравје, не само едното или другото.
     
    На Bezimenka90, IRBBB, do-re-mi и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    9.248
    Пол:
    Женски
    Скроз се сложувам од збор до збор, мајка е незаменлива, посебно во првата година од животот на детето.
    Ама еве јас мое искиство да кажам, јас начисто се мрднав со две деца дома постојано сама, зошто маж ми раб мн во тој период, не го осеќав уморот, се правев за нив, не ми беше ништо тешко, ама.... ме стигна тоа што ме стигна покасно, и кога си реков дека сега се е супер!
    Сета одговирност што ја имав како мајка, домаќинка и се остало, која сама си ја накалемив, никој не ме тераше со сила дома да седам де, ама јас тала бев решена, и сето свое слободно време го посветував на нив, у 3 и нешто години 5 пати сама без нив дали сум била негде, ама сфатив дека е грешка, и дека ми треба и работа и време за себеси.
     
    На Cutiepie1 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Е па ако не седете дома дури децата да ви направат 30 години.
    Додека детето е во градинка, може да се иде на работа. Си ги презаштитувате децата. Ако не, за да не имаат трауми, цел век поминете го дома затворени.
    Домашните обврски не се само на жените. Ако обврските се поделени, многу полесно ќе биде и за двата.
    Зошто да се биде зависна од мажот?
    Зошто при развод се плашат дали ќе им ги дадат децата бидејќи немаат никакви финансии? Е па полесно е со пари, е да, животот со повеќе финансии полесен е.
    Машината и чистењето дома нема да ви дадат пари.
     
    На nextredstyle, Mumoftwo30, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Мхм, сите работни места се од 7 до 3, еурека
     
    На IRBBB, Mnik, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.135
    Од што ми е цела дискусија трагична, ми стана веќе и комична.
    Да ти одговорам во стил на темава. Кој бара ќе најде, без изговори:tmi::rofl:
     
    На emiliana, Mnik, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Сами се ставате во зависна позиција од мажите.
    Кажаа пример членките кадешто мажот не можел да работи повеќе или ете при развод, а вие без ден стаж, и?
    Што ќе понудите на пазарот на труд?
    Ама јас деца гледав до нивни 30 години за да немаат трауми...
     
    На nextredstyle, Spicy Senorita и hellocity им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Ајаа, да не ми кажа немаше да знам жими се, ништо, идам да барам работа по твој вкус
     
    На Mnik, Anyshka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.135
    :rofl:
    Оф леле, ниту ме знаеш ниту ми знаеш како ми е.
     
    На Mnik, Anyshka, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    269.138
    Чоек пред 30+ години се родив во семејство во кое двајцата беа домаќинки. Татко ми цел живот готви, пере, пегла, поправа, оправа. Исто и мајка ми.
    Цел живот заработува 3х повеќе од него најмалку.
    Ама тоа бара ЖРТВА. А жртвата бев јас. Сакав да е повеќе со мене, не можев да ја имам секогаш.
    Одев во градинка, школо, ме чуваа баби, вујко, стрина по потреба.
    Си ја сакав мајка ми.

    Баш затоа што мене ми фалеше, затоа што материјално донесе многу, но своја цена има тоа материјално, не сакам јас утре да западнам во таква ситуација.

    Во нејзиниот случај се мораше, татко ми заработуваше не доволно за лагоден живот за сите. Затоа ја разбирам.

    Ама ако едниот од нив двајца заработувал сам по себе доволно за сите, ќе ми беше многу криво што ги немав покрај себе колку што сакав да ги имам. Плус долго бев едно дете, и многу ми недостасуваа.

    Двајцата со сериозни работи, двајцата по патишта... ај татко ми се прибираше кога одеше на пат истиот ден, ама неа некогаш по неколку денови ја немаше.

    И да, сериозно страдав кога ја немаше, иако татко ми арно веќе на глава не застана да не сум тажна.

    Дете подразбира жртва. Ако не сме способни за жртва, не сме способни за дете. Ако пред 30 години многу работи не знаеле за развој на деца, денес знаеме.

    Долг период страдав од сепарациона анксиозност, не можев да замислам 1 ден да не ги видам, БАШ поради тие рани искуства. Тие правеле што мислеле дека е најдобро, ама како возрасна со многу терапија оправав фрустрација што сум ја имала како 6-7-8 годишна.
     
    На IRBBB, Amellie13, emiliana и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.