Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.160
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    Па имаат жени по дома што им чистат и готват, повеќе се тие паразити отколку тие што не работат. "Домаќинки" бе, секоја жена е домаќинка на некој начин што дома не плаќа жена се да и средува, па и мажот што учествува во домашните обврски е домаќин, плус оди на работа.
    Ако се има време за се, тогаш зошто плаќаат жена за дома да им чисти? Како што пиша, ништо не се прави рачно, еве за прашина бришење има ли некоја машина, нешто не знам јас, можно е да има.
    Јас познавам многу што работат па се по затуцани од "домаќинките", само работа дома и тоа им е, за разлика од оние што не работат како што пиша една членка имаат повеќе време и да се усовршат, да се запишат на некој курс, на јазик.
    На кој како му е убаво така нека си прави, неможеме ние да им се мешаме. Тоа е исто како тие што плаќаат жена за чистење, да им кажеме "зошто ти е жена, сама исчисти си".
     
    На Adidas888 и Alm. им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Работите дома вклучувајќи ги и домашните е придонес кој има само семејна вредност.
    Жената не придонесува никако во друштвото поинаку,тоа е факт.
    И да парите се заеднички ама не е тоа партнерски , фер и рамноправно мажот да работи 12 часа, а мајката да не сака да работи,зошто имала деца и сакала да им се посвети до полнолетство.
    Тоа е себично , а не договор.
    Можеби и тој не сака.
    Ама мора зошто мајката ќе биде таа што ќе седи со децата.
    @Annath
    Ич не ми чуе зошто некоја сака да седи дома,нејзин избор.
    Ми чуе и коментирам зошто во 21 век жената се сведува само на мајка и домаќинка финасиски зависна од мажот.
    Тоа била баба ми во 1950 год.

    Сега се пропагира само модернизирана верзија , ако се има пари не мора да се работи.
    Тогаш не е потребно и никакво образование на женските деца,никаква амбиција, потенцијал, талент, ќе ги спремаме само мајки и домаќинки да бидат.

    Покрај тоа ќе треба да ги учиме ќерките само добро да се омажат, за да не мораат да работат ако не им се свиѓа работата, а мајките на синовите имаат пак обврска да ги научат да бидат многу работоспособни за да обезбедат пари на жената за да седат дома ако госпоѓата не сака да работи.
    Или некој имот поголем да го рентаат за да не работат.
    Тоа и се случува сега .

    Затоа е оваа дискусија отвара многу морални и етички прашања додека не ја затупите со тоа што тебе ти чуе зошто седам јас дома.


    Не ,никако.

    И бтв одлично прашање!
    Не праша за привремено туку ете да не сака воопшто да работи?!
    Би се омажила ли за човек кој во старт би ти рекол,јас не планирам да работам.?
    И ти да го финансираш цел живот?
    А ти нели имаше мало бебе?
    Не си на породилно?
     
    На lale22, nextredstyle, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.160
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    Со жени што им чистат по дома, и со дадилки што им чуваат деца.
    Ете така.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Ама не знам како не сфсќате дека секоја жена треба да си одлучи што ја прави среќна, што ја исполнува или што и оди во прилог највеќе за доброто на семејството. Нормално дека тука многу важна улога има и партнерот. Ако од него нема поддршка и разбирање, тогаш џабе е сe.

    Се останато на темава е безобразна генерализација според која сите домаќинки се мрзливи паразити и интелектуално закржлавени особи.
     
    На TrueToMyself, Bezimenka90, Mnik и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    На породилно сум, на патолошка бев, за еден месец треба да се враќам на работа, на 7 месеци треба да си оставам бебе дома. Јас и кога се омажив за него немаше редовна работа. Двајцата сме артисти, заедно работиме хонорарно плус јас имам редовна работа. Не можам повеќе да објаснам може ќе ме препознае некој, пошто стварно ни е специфична работата, 10% дали ја работат...Како и да е , јас сум имала среќа да најдам редовна работа по струка, а тој не. И повеќе се исплати да оди хонорарно за приход отколку да се вработи во Кам маркет во магацин за по секоја цена да има редовна работа.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На IRBBB, 1209, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.846
    Пол:
    Женски
    Затоа што немаат елементарна култура ни еден посто.Никогаш нема да се симнам на тоа ниво жена да навредам со ваков гнасен збор.Но, добро не може сите да сме исти.Некој мора и прост да е.
     
    На Noemi, Bezimenka90, IRBBB и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Абе точно е дека секој возрасен човек треба пред се да биде домаќин, да знае да готви, да чисти, да пере, затоа што тоа на некој начин е и основна животна вештина (исто како одењето на работа и заработувањето пари). Егзистенција е во прашање. Ама не е убаво да се потценува страната која останала дома да се грижи и да го води целото домаќинство на свој грб, и да се обезвреднува нејзиниот придонес.
    Ако е така, ете нека си земат жена дома што ќе им го води домаќинството, ама за без пари.
     
    На CameliaMiller, Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Секако дека твое право е, и да, исклучително тешко е, не е за секого.
     
    На flower30, Anyshka, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    И што е најтрагично тие што се најгласни, не го ни искусиле воопшто.
     
    На Bezimenka90, Mnik, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.662
    Пол:
    Женски
    Гледам..
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Разбирам.
    Не е страшно да се остави дете на 7 месеци.за работа.
    Немој да си ставаш притисок дека мора да бидеш со него ти дома за да биде се во ред.
    Ќе биде се во ред и татко му да го чува.
     
    На Just.do.it и Viveki им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Многу е директно прашањето, да или не е одговорот.
    И после, зошто да, зошто не. А не, оста Феминке.
    Дали би се венчале со маж што не сака да работи?
    Ова е веќе релевантен одговор
     
    На nextredstyle, Tanjamm и Viveki им се допаѓа ова.
  13. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Не, мене знаеш што ми е најјако? Што они као пропагираат феминизам и некој си модернизам и сакаат да направат паралела со времето во кое живееле нашите баби и прабаби, притоа не сфаќајќи дека нашите баби и прабаби немале право на избор и биле принудени да го прават тоа што им го наметнува општеството. Значи таквите нивни коментари и ставови воопшто не му одат во прилог на феминизмот, напротив го уназадуваат сето она за што успеале да се изборат вистинските феминистки низ годините.
     
    На IRBBB, CameliaMiller и joy1 им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.160
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    И јас без деца па 24 часа ми се малку, иако работам од дома и имам многу повеќе време од мм.
    Неможам јас да го чекам додека дојде од работа, па да пазарува, да пушта машини итн, пазаруваме заедно кога е слободен, ама претежно сама пазарувам, сакам да не ме брза некој, или пред да си дојде дома ми се јавува да ме праша да не ми треба нешто од маркет.
    Ретки се тие мажи што уживаат во пазарење, јас на пример уживам, и сакам да одам и на пазар, затоа повеќе сама одам за нешто ситно, за поголеми работи одиме заедно со мм. За готвење готвиме и двајцата, ама повеќе јас затоа што имам повеќе слободно време.
    На крај краева си порачуваме нешто, нема да умреме за јадење.
     
    На Viveki и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    И?
    Што е страшно ако дадилка го чува детето?
     
    На fbaby, nextredstyle и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Женски
    Фала за подршка, но сепак не е лесно. Тоа сакав и во претходните постови да кажам. Не е понижување да си домаќинка, тоа е тешка работа, особено додека детето е мало. Уште потешко е да си на работа, скоро цел ден отсутна од дома, и да успееш да посветиш време на дете,бебе на куќа све...
     
    На SV1911 и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Ама така е за жал
    Цел живот да седиш со дете ќе останеш на тоа ниво сфаќаш?
    Еве мајка ми е економист по занимање. Од коа не работи сѐ има забораено, учам со татко ми 4 год. Она само теорија и сметководство ми помага. Ама татко ми е уште во економијата, следи трендови, па има нови закони, нови МСФИ, нови МССР. Да искочат сеа со бифшите колеги, они ќе зборат и за работа меѓудругото. Како она ќе се уклопи?
    Ја сеа 4та факс сум, со средношколци исто не можам да седам. Не сме на исто интелектуално ниво. И тоа не е срамота
    Исто као шо дете шо го чуваат баба и дедо и не иде и градинка, нема да е исто со тоа шо идело у градинка. Пошо у градинка се СОЦИЈАЛИЗИРА, учи нови карактери, си игра со врсници. Баба и дедо не се врсници, не гугаат и најбитно не се педагози за да го воспитуваат како у градинка.

    а од многу седење со деца, мајка ми го пробуваше тоа
    Демек поише да е со мене. И ме гушеше некад, пошо мислеа дека цел живот ќе живеам у стаклено ѕвоно и дека ќе ме пазат. Не може така. Светот треба да се искуси на своја кожа. Ако сте цел живот до нив, како ќе се одвојат од вашата цицка? На мајка ми другарка, ќерка, не знае НИШТО да напраи без мајка ѝ, НИШТО. Сѐ праи мама од перење, готвење, чистење. А поголема е од мене.
    Ако мислите дека им праите добро со 24/7 со нив, дента коа ќе ве снема нема да знаат кај тераат
     
    На nextredstyle, Tanjamm, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.160
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    Ти даде маж ти пари за кафе? Хаха.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Феминизмот ке го уназади ставот и изборот денес жената да биде само мајка.
    Жената има капцитет за многу повеќе од тоа.
    Жената така свесно избира подредена и нерамноправна улога во друштвото со тоа.

    Знам.
    Но се ќе си биде во ред,ќе видиш.
    Една недела е кризата кога се враќаш од породилно.
    И ќе бидеш многу поорганизирана и ке биде полесно.
    Не мораш да бидеш до 3 год ти дома.
    Ќе биде здраво право дете и ако ја чува друг и ако оди во градинка.
     
    На Viveki и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Ама зошто мислите дека домаќинките седат дома 24/7 и ништо друго не работат освен гледање деца? Па во денешно време постојат многу начини на кои може да се социјализираш.

    Работата на себе е многу повеќе од одење на работа. Читај книги, гледај документарни филмови, прати вести, комуницирај со други луѓе. Не ти треба за тоа работно место, доволно е да имаш желба да сакаш да учиш, да се надоградуваш и да работиш на себе.

    И не, не зборуваме тука за седење дома и не работење ништо додека детето не стане полнолетно или додека не се омажи/ожени. Зборуваме за период од животот во кој децата се мали и имаат потреба од 24 часовен надзор од страна на родител или старател. Нека е тоа и таткото, ако така си одлучат младите родители.
    Секој си го прави есапот во рамките на семејството.
     
    На IRBBB, Mnik и CameliaMiller им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.