Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.182
    Допаѓања:
    36.095
    Пол:
    Женски
    Колку само не е точно дека ако жената е домаќинка е затупена и токсична. Познавам многу жени што цел живот работат, одат со колешки после работа негде, се забавуваат па сепак се затупени и токсични. Познавам и такви што не работат, чуваат деца само и се многу посреќни. Не сите можат да работат тоа што го сакаат и по професија, познавам и со факултет па работат друга работа од што мораат. Жена што работи во конфекција и маркет може да биде среќна? Може ако си ја сака работата, ама ако работи само од што мора, тешко да е среќна.
    И нема врска дали мажот не и дозволува да работи, има и такви жени што приоритет им е семејството, и ако се договориле така со мажот, кои сме ние да им судиме? Не знам зошто толку осудувате ако жената сака да биде домаќинка, не сите ги исполнува работата, работат од што мораат.
    Осудуваат жени што работат по професија, што за викенди и празници не работат, одете во конфекција па дали вака ќе осудувате.
     
    На *Amethyst*, anngelique, Cinnamon Bun и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    33.836
    Пол:
    Женски
    Зошто не го обрнеме прашањето?Зошто еден маж сака да седи дома?
    Жената да работи ,а тој дома?

    По твојот пост се гледа колку препреки има една жена во животот, а колку е лесно да си маж.Што има нас да ни е гајле зошто Мелани седи дома?Штом седи може ,мажот и работи и се грижи за неа.
    Еве Косми ќе ти кажам за една жена што беше домаќинка со 4 деца.Седеше дома и ги разнешуваше децата до школо ,па пазареше ,па ќе зготвеше нешто и пак одеше да ги зема децата па ги разнесуваше по активности и термини,на шопинг на масажи.
    Денот и беше многу напорен и беше преморена искрено.Децата и беа 15,11 и 4 близнаци.Имаше и кој да и чисти и пегла,мајка и често беше на гости па и готвеше.Не беше ич исфрустрирана,напротив задоволна и секогаш добра и мила.Не чув да им се дере на децата.
    Маж и работеше и имаше плус некогаш и по 2-3дена беше на патување.
    Ама штом влезеше дома одма беше татко ,а не маж.Го правеше истото што и жената-се грижеше за децата или готвеше ,пазаруваше итн.Кога едното дете се разболе мајката отиде со него во болница таткото ги намали часовите за да се грижи за децата.
    Така не секоја жена е затуцана, напротив тие што се имотни не мора да работат ,работиме ние сиромашните оти од нашата работа зависи нашиот буџет со кој се трудиме да преживееме.
    Најлошо е осудите од жените и на крај скршени од тага дека сме разделени од децата одиме и на раб добиваме стрес и после се враќаме и караме со мажот им се дереме на децата оти се гласни , а ние преморени забораваќи колку ни недостигале и дека растат со брзу и така секој ден.
    Не сме ние вредни лошо сме омажени:P-шала.

    За еден од парнерите да има добра кариера мора едниот да е жртва,обично е жената дека мажот е поплатен и помалку потценет.
     
    На Emilija28, LUCI 99, Iva2020 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.285
    Допаѓања:
    137.031
    Буквално сеедно е кај работи. И у градежна фирма нека е, надвор на ветерот, и келнерката нека е, цел ден на нозе, исто е. Дури и потешко е. И нека има сопствена фирма, пак е ужасно тешко. И да е кадрово у приватна фирма, пак дома ја чекаат деца за да им стави јадење, да пишува домашни, да се гушка, да пушти машините. Кај и да работи, сака да и бидат прво децата среќни, после газдата.
    Ама кога зависиш од тие пари, викаш, децата ќе ги носам по курсеви, ќе ги чуваат баби, ќе им фалам, ама нема за леб да умрат. Ќе слушам како газдата по 10 пат кажува иста приказна, или ако си продавачка, секој ќе треба да го услужиш, а нема основна интелигенција, па ќе оди да се жали од тебе оти не си му кажала дали кифличките се со две или три јајца, ќе трпиш се, за да однесеш леб. Ништо од ова нема да го трпиш ако има мажот плата што се ова надоместува. Или пари од кирии, од акции, од наследството... Никој нормален нема да трпи.

    Тука се на кантар времето со семејството, од една страна и 500 евра плата, која реално не треба. Никој нема да одбере плата, под превез на кариера, оти кариера у мк нема.

    А ако е тешко цел ден со деца ( а реално е, ќе збеснеш по некое време) има фитнес, курсеви, обуки, кафиња, шопинзи, масажи, книги...
     
    На *Amethyst*, Anya321, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Никогаш не бев "кариеристка" ниту сакав да бидам. Работам за плата.

    Кога го слушнам зборот кариера првин што ми падне на памет се докторки, функционерки, такви некои професии кои навистина бараат жртва да направиш и се во животот да подредиш под работата.

    Јас сакам семејство секогаш да ми е на прво место. Порано, во не така модерниот свет, повеќе се работела физичка работа, жените биле вклучени, али исто така и околу домот и надвор од домот.
    Во денешно време, додека децата се помали, позависни од тебе, убаво е да си со нив, да се грижиш за нив, за сите нивни потреби. Реално, кога ќе потпораснат малку како моите што се, веќе на училиште одат, не знам што би правила дома во 80 квадрати по цели денови. Тоа би било чисто затупавување да ништо освен готвење и чистење не правам. Да имам градина надвор, башта, на село да живеам па да имам животни, што и да е, па да и замислам дека сум дома, али во зграда, во 2-3 собички, што ќе чистиш веќе, што ќе готвиш?

    Е сега, реално да не морам да работам, и да имам приходи од други страни, вероватно би била вклучена во други активности во бизнисот и слично. Или би пробувала нешто па додека ми здосади, па пак одново. Сигурно дома немаше да седам без никакви идеи, дал ќе работам по малку, волонтирам или хоби да имам, ама бар немаше друг да ми диктира скоро секој ден да 10 саати од своето време посветам на фирмата, додека со децата и другите обврски жонглирам во организацијата да ги вклопам во мојот ден. Модерно робовласништо. Али, тоа е систем, што да се прави, јас би да сум целосно слободна и да не работам ниту еден ден ако не ми се оди на работа, ама тоа само во случајот да имам други начини и финансии како да го исполнам денот и да се чувствувам продуктивна.
     
    На Zumbulche, Cinnamon Bun, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    21.825
    Мојава струка е таква да можеш далеку да стигнеш кариерно во една поидеална држава само кај нас потешко. Ама сепак сум решена дека ќе ја работам.

    На дм му имам кажано дека без разлика утре он колкава плата ќе зема, ќе работам и јас. Едноставно ќе ме утепа грижа на совест ако не придонесувам ни денар. Ако имам деца, уште повеќе би ми било мотивација да работам. Оти shit happens, разводи, несреќи, па со што ќе ги гледам тие деца после? Па и сама себе. Кои вештини за работа ќе ги имам?
    Истото го барам и од него. Ако јас зимам голема плата, он сепак да работи.

    Додека барав работа ај што се занимавав со други работи, се занимавав ама ем побудалев дома, ем се осеќав неспособна и како да тапкам во место.
     
    На BlackNight, WarriorAngel, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Сметам дека пронаоѓање на себеси во одредена кариера е многу важно, да бидеш задоволен од своето работно место и да те исполнува е многу битно. Мислам дека на многу од жените кои не се пронаоѓаат кариерно на местото каде што работат, не се задоволни од работата, или едноставно не знаат што сакаат да бидат, полесно им е да се одлучат да бидат домаќинки, ако нели финансиите дома им го дозволуваат тоа.

    Сфаќам дека на некои жени им е океј да бидат дома и да зависат од мажот, убаво им е секојдневието да им е исполнето со домашни обврски. Ама мене прашањето ми е што кога децата ќе ги израснат, и веќе не им е потребно надгледување 24/7, што ќе прави таа жена домаќинка со толку слободно време? Мислам дека тука се раѓаат често фрустрациите. Зошто мажот (скоро) секогаш има живот надвор од домот и работи на кариерата. Башка што да зависиш од некој друг е многу тешко, посебно зошто во животот секакви непредвидливи работи се случуваат и можеш да останеш без денар.
     
    На BlackNight, theowndemon, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Се спомна стабилен маж. Тоа е категорија во изумирање во Македонија. Илјадници жени во земјава живееле и живеат со префрлања дека мажот мисли за се дома. Тоа не е среќа, туку е психички терор. Стабилен маж не е тој што те издржува, а те убедува мајка ти на село да ви ја направи цела зимница за џабе или шурата ноќе да оди да краде дрва за да имате за греење, оти тој купил само 3 кубика, а ви требаат 10. И знам жени кои се омажија млади, па додека родат и пораснат едно, па друго дете, веќе имаат 35 години, немаат ни ден работен стаж, никакво искуство, англиски јок, компјутери исто, значи неупотребливи на пазарот на трудот. Што ако мажот си најде љубовница и ја избрка од дома, ако се разведе? А животот во бракот им поминува во страшно штедење. Се мери и премерува секој денар. Ако треба да се купува облека за децата, се шпарта цел град, се купува најевтиното. Оди биди исполнет со вакво темпо на живот. Одмор е мисловна именка.

    Од друга страна, жени користат збор кариера, ама кариера не е да работиш и едвај да преживуваш месец за месец. Ако утре ти дадат отказ и се чудиш со што ќе купиш леб после 5 дена, толку од кариерата и успехот, нема ништо од тоа. Но, има жени кои во младоста работеле напорно, биле во странство, купиле стан, имаат кров над глава, имаат заштеди, имаат и пасивни приходи и за нив е добро. Може неколку години да не работи, а да си живее нормално. Ќе си седи на топло со детето, ќе му купува убава облека, поквалитетна храна, а пасивните приходи ќе си врват.

    Ми е гајле за газди, не работиме за нив, работиме за себе. Утре ако умрам, на основа на мојот стаж детето ќе прима пензија до 26 години или како беше. И каква мајка ќе сум ако немам едно чоколадо да му купам на детето, каква баба ќе сум ако утре немам пензија и немам едно пакетче макар најевтино да купам и подарам? Само од љубов не се живее. И на лекар кога ќе однесеш дете, ти требаат пари. Сируп на пример не се купува со љубов во аптека.
     
    На firequeenn, BlackNight, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Па има и мажи кои седат дома,мојот прв комшија има околу 55 год,жена му е докторка,децата големи и тој е таков чангризав,од што нема што да прави се кара со сите.
    И за него исто важи.
    Не реков затуцани.
    Зошто не можете да дискутирате без да ја убиете дискусијата со тоа навредлуво било ,понижувачки и што ни е нас гајле.
    На форум сме,ќе дискутираме ,не се работи за ничија конкретна одлука туку општо.
    Или ај ке ќутиме и ќе ги тапкаме по рамо супер е да си домаќинка.
    Да ги учиме децава домаќинки да бидат.
    Не мора да учат,нека најдат богат маж само.
    Е тие што имаат машки нека му ја мислат.

    Никој не вели да направи не знам кариера и пол мајката.
    Веќе пишав туку лично да се оствари,без тоа да биде само преку децата,чистење дома и правање ручек.
    Па макар и ѕоа да е мал продонес. ,ментално е поважен отколку никаков.
    И да, гледате жени кои имаат помали деца,па ви изгледаат задоволни што се домаќинки.
    Дали навистина се со таков монотон живот?
    Тоа еден куп активности,хоби,излегувања само во очајни домаќинки има.
    Најчесто никакви активности немаат,вработените со помалку време се поорганизирани.
    Дали знаете како изгледа кога ќе дојдат средно школо/факултет домаќинките?!

    Многу блиска роднина ми е во таа ситуација,има 5о год. многу пари имаат,, цел живот беше домсќинка .
    Без ден стаж.
    Без никакво лично остварување.
    Сега,кога децата се големи,многу се кае.
    Разговарајте малку со тие жени.

    Зошто мене ни малку не ми изгледаат задоволни, напротив тие што ги знам,а знам неколку и сите се 45+ се хипохондрици со запошани сите броеви на приватни и државни доктори,бараат болест кај себе,а сето тоа е последица баш на тоа.
    Неоствареноста,монотонијата ,апатија ги направила такви ниту една не ми изгледа среќно.
     
    На Peanut Butter, WarriorAngel и riba79 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Животот во Македонија е многу тежок, посебно ако се работи за жена. На неколку куќи од мене, една сосетка цел живот беше роб на мажот и трите ќерки, значи готвење, чистење, перење. Цел живот лош брак, мажот кога влезе во пензија се поремети психички, стана екстремно насилен и ја избрка од дома. Трите ќерки се дистанцираа, ја прибраа малку, на кратко кај нив и потоа нашле некоја бабичка на која и треба нега од 24 часа, таму ја шутнале. Ја сретнав скоро жената, ме изгушка и ми кажа, што и како е, кај е. Мислите убаво е цел век да биде слуга и во години кога треба да биде пензионерка, да менува памперс на некоја стара баба за еден леб и покрив над глава? Каде е таа љубов од децата што се глорифицира тука? Ќерките си гледаат нивни живот, а и нивните бракови не се нешто стабилни, па да мислат што ќе прави мајка им. Жената завршува како стара крпа. Од друга страна имаш жени што исто растеле деца, ама и работеле, па сега си зборуваат „полна пензија земав, со 40 години стаж“, средени, си шетаат по екскурзии, живот си живеат. И вториве знаат да замесат леб и да направат манџа, ама на младост биле паметни, не се оставиле друг да ги вози на празни муабети, да ги искористи и фрли.
     
    На firequeenn, Just.do.it и riba79 им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    33.836
    Пол:
    Женски
    А дискусија е да ги навредуваме заедно:doh:.Тогаш че треба да ја преименуваш темата во која ќе биде опфатен и машкиот пол,пошто и тие може се хопохондрици од седење дома:wasntme:.
     
    На 1209, јolene, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Зошто е навреда дискусија за жени домаќинки?!
    То што јас лично познавам такви и сметам дека се фрустрирани е мое мислење,на кое имам право.

    Ако не ти се допаѓа не пишувај.
    Уствари веќе напиша супер им било што биле домаќинки ок.
    Твое мислење.
     
    На Peanut Butter, Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    33.836
    Пол:
    Женски
    Епа ќе си траеме ако не пишувам:D.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  13. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А кои сме ние да се мешаме што тие жени решиле домаќинки да бидат? Во една тема каде ситуацијата е напната и кажа на една членка да не се меша, а сега викаш да разговараме со тие жени, ете решиле да не работат, и?
    Не земаат од нас пари.
    Затуцани бе зошто биле домаќинки, исфрустрирани, баш тие што не ги исполнува работата се исфрустрирани, што не работат по професија, работат од што мораат, и кога ќе дојдат дома сета нервоза ја истураат на мажот и децата.
     
    На 1209, Cinnamon Bun, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ти ако познаваш такви, јас па обратно, тие што работат било што колку да преживеат се исфрустрирани, познавам и што не работат па се среќни и исполнети.
    Не знам зошто мислиш дека тие жени само дремат дома, чистат и готват, дека не излегуваат од дома, дека не шетаат, не се дружат. Познавам комшика што е 70+ мажот и имаше фирма, доволно заработуваше, таа нема ниту 1 ден стаж, си плати и си зема пензија, толку културна жена и исполнета не сум видела.
    Значи само ако работиш не си затуцана, женава сите држави ги прошета, може само да и завидат.
     
    На 1209, riba79, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Toa ти е една во милион, имала среќа да најде одговорен маж, па се прошлепала на сметка на неговата интелигенција, вештини и плус е од постарата генерација. А греота е да имаш своја фирма, а да не дадеш никаков придонес за неа, барем еден ден во неделата да отидеш да поработиш. И тоа е екстрем, ако е така и не е ок. Денес доволно е да се свртиш околу себе или да видиш официјални статистики, ќе видиш колку бракови се распаднале. Во Македонија нема нефрустрирани, сите сме фрустрирани, само зависи кој од што.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Не,зошто.

    На која жена конкретно и се мешаме?:^)
    Затоа на форумов не функционираат теми.
    Не знаете да дискутирате,кога ќе почнете да тупите со осудување ,да му се одмили на човек било што да напише.

    Темава е за жени домаќинки.

    21 век сме,жени се школуваат,заработуваат,работат.

    Зошто би бил личен избор да бидеш домаќинка ко од времето на баба ми?

    Животот да ти се сведе на ручек пречекување маж и деца.

    Дали нашите женски деца треба да ги учиме да бидат домаќинки?

    Дали е навистина добро на 35+ да немаш ден стаж?!
    Каде ти прочита затуцана?
    Нереализирани и затуцсни не е исто.
    Шетањето не е лично остварување.
    И Ај како си плати и си зема пензија жити се.:rofl:
    Без ден стаж тоа е невозможно.(facepalm)
    Кого лажете.
    Имаше такви плаќања порано кога им фалеше стаж .
    А и зошто и е пензија?
    Не ја тролај темава.
     
    На Peanut Butter, BlackNight и hellocity им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па тоа ми е муабетот, кој од работа е фрустриран, кој од нешто друго, и браковите не се растураат само ако жената не работи, има многу што и двајцата заработуваат па се разведуваат.
    Членката пиша само домаќинките биле христијани, сите што ги познавала биле такви зошто не работеле. Едноставно така решиле со мажот, кои сме ние да им судиме? Ете и таа жената така си се договорила со мажот, ајде кога ќе ја сретнам ќе ја прашам како тоа не придонела за фирмата.
    Може тоа не и било струка, мажот и имаше градежна фирма.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не ја тролам темава, ти ете повторно ги навредуваш домаќинките, па ете самата пиша порано било така, се плаќаше ако им фалело стаж, погрешно пишав, 1 ден нема работено, а си зема пензија, и како зошто и е пензија, па и мажот се пензионира и ја затвори фирмата, ете што пиша членка требало да придонесе во фирмата, не сакала ете, ниту син му ниту ќерка му не работеа во фирмата, си работеа по професија, не значи ако мажот има фирма мора и јас таму да работам или децата. И ти ако не знаеш да дискутираш и не прифаќаш мислења различни од твоето не отварај тема. Домаќинки како баба ти бе, ова нели е навреда?
    Бабите мои не биле домаќинки, работеле, твојата ако била ок, нејзин проблем.
    Па не пишав дека шетањето е лично остварување, туку дека тие жени не дремат само дома.
    А според тебе што е лично достигнување, да имаш кариера и да не си ги гледаш децата?
    Епа на некои не им е тоа.
    Нека ги чуваат дадилки децата, битно ти и маж ти имајте кариера.
    Децата брзо растат, кариерата може и да почека.
    Ајде златен медал за најработоспособната.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.027
    Личен избор е ако личноста сама одбрала така да живее, оти слободна воља.

    Ако тоа ја прави среќна, ја постигнала целта во животот. Ако не ја прави тоа среќна, треба да се преиспита, да си направи нови планови и да си ги подреди приоритетите кои би ја направиле среќна.

    И женските и машките деца треба да ги учиме да си ги извршуваат домашните обврски како нормален способен возрасен човек. Нема врска женско, машко.

    Дефинитивно не е добро, освен ако си вистински богат и стажот не ти прави разлика.
     
    На 1209, Amellie13, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.597
    Децата се среќни кога родителите им се среќни.
    Додека се мали децата мислеш дека е подобро да седеш дома и да се грижеш за семејството, но што кога ќе пораснат?
    Мажот си има и колеги и свое катче каде 8 часа ќе избега од дома, ама што е со жената?
    Друго, ти работата ја престави како најтешка во животот, а не е.
    Каква и да е, не е. И се она што го наброја се секојдневни обврски во животот.
    Тебе, а очигледно ти е тешко што работеш, зошто работеш?
    Ако скратеш на некои луксузи, нема да мораш. Или еве зошто заврши втор факултет, зошто запишувавш и учеш други јазици, а времето не го минуваш со семејството? И тоа одзима време.
    Тоа го правеш за себе, за твое лично надградување и усовршување. И тоа ти носи унапредувања, поголема плата, ама и лична сатисфакција. Башка се остваруваш кариерно.
    Ти никогаш не би се откажала од ова, дури и да имаш можности. Знаеш зошто? Оти постојано нешто учеш и вложуваш во себе. И не е само за лично задоволство и потреба, туку очекуваш и верификација и награда.
    Затоа, сите работете за пари. Впрочем, да, сите работеме за тоа, ама работеме и за себе оти работата човекот често го одржава во живот.
     
    На Peanut Butter, andrejko82, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.