Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.814
    Пол:
    Женски
    И пак ќе прашам оние кои прашувате како без пари домаќинките живееле, имаат пари, парите на сопругот кои се заеднички, оти ОНИ двајцата меѓусебно решиле дека тоа е најдобро за нив.

    Инаку јас кога бев домаќинка без дете, во слободното време сликав по цел ден и учев курс, сега во слободно време учам дигитална уметност, некои во слободното време учат градинарство, некои учат да готват, некој чита книга, некоја гледа серии итн. некоја може и цел ден во ѕид гледа, ама ако и е убаво, кој фактор сум ја да и кажувам дека е нереализирана.
     
    На theowndemon, Curious cat, Mrs. right и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.327
    Допаѓања:
    182.153
    Ах Цвето, го продаде кариерата за лажни убедувања ;(. Не ли гледаш дека сама ѓубре фрла, не постои таков робот:rofl:
    Ништо, све морам ја да праам, ќе земам утре со ќерка, ќе фатиме шестарите, лењирите, ќе напраиме прототип:angel:. Само немој после да се појавиш од негде со тужби]:)
     
    На Annath, Anyshka, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.710
    Јас сум порасната со дадилка и премногу ми фали.
    Цената на тоа што мајка ми работеше и ден денес ја плаќам.
    Заради тоа што таа работеше, јас од 9,10 годишна возраст, наместо да шетам со другарки, дома чистев или правев meal prep.
    Заради тоа што работеше, нема ниедна пријателка, што резултираше во воспитување дека ни мене не ми требаат другарки.
    Заради тоа што работеше, не се средуваше себеси за јас денес да имам пример за следење.
    Заради тоа што работеше, јас мораше сѐ да учам сама, и да добивам казни ако имам пониска оцена.
    Заради тоа што работеше, јас до бременост немав посетено гинеколог.
    Заради тоа што (меѓу многу други причини) работеше, јас денес немам никаков однос со неа.

    И пак материјално ми фалеше, се немаа пари за многу нешта, ама тоа не ми значи ништо, наспрема се што изгубив само затоа што тие работеа и немаа време за мене.

    Се гледа дека си без работа, кога од сега за нивна мажачка мислиш :rofl:
    Шала на страна, некогаш човек се уморува кога те чита на колку страни си растргана во однос на децата
     
    На LiquidLuna, Hisha, MissChievous и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.914
    Пол:
    Женски
    Не бе што ти е тебе, како така размислуваш, па на тој маж не му е дојдено до тоа.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    2.525
    Пол:
    Женски
    Не знам за туѓите избори, кој му одговара да седи дома и да не работи слободно, не ми зема пари од џеб, како му одговара да живее така нека прави. За себеси ќе си кажам.

    Ама, јас мојот избор дека нема да останам никогаш домаќинка го направив во короната со седењето дома и онлајн настава (тогаш моментално ми беше убаво да си спијам до касно, да не се замарам да трчам по автобуси, после некое време сфатив дека отупувам).
    Па ми се погодија и неколку месеци пауза од факултет од лични причини и после пандемијата, тој период не знам колку шетав, колку книги прочитав, колку серии, филмови и документарци изгледав, може да кажам дека бев на раб да "пошандрцам". Чистев, готвев по дома од досада, дури родителиве ми викаа што чистиш толку, претера, секој втор ден пребришував нешто. Од пуста досада со себеси. Зборев и со други луѓе што имаа слично искуство тој период, со сите бевме сложни дека дома седењето е тешка досада.

    Сите дома си одеа на работа, јас сама пола ден, нема со кого ни да направиш мубет, пријатели на факултет/работа, дечко ми на работа, немаш со кого ни кафе да испиеш. Сама се шетав по молови, денгубев.
    Освен со такви "невработени и слободни" ко тебе да си најдеш круг луѓе за дружба.

    Во тој период си барав онлајн работа од досада, што уште ја работам и имам по некои приходи, не преголеми, ама доволно да си купам сама облека и да имам пари за излегување, не бев/не сум целосен финансиски товар на родителите во тој период. Не можам да замислам колку полошо ќе се чувствував, ни тие пари да ги немав.
    За мене тоа беше хорор период, никогаш веќе да не ми се повтори си реков.

    Имав тогаш многу време да мислам, си мислев баш во брак со деца ако бев вака што ќе правев. Маж ми пола ден на работа, деца во школо, пријателки пола ден на работа, ќе приумреш од досада. За себе лично не. За тој што му одговара секоја чест. Јас не можам сама ни да живеам, сакам луѓе и интеракција. Со дома седење и се запустев, мрсна коса, преседени денови во пижами и тренерки :bug:.

    Кога се вратив на факултет си реков фала ти боже, сега секој ден средена, насмеана, денот исполнет, друго ми е меѓу луѓе. Колку и да е досаден денот некогаш, дома ми беше подосадно. Околу 3 години ми се собраа така тој период од 2020 со пандемијата, па се до пред некој месец кога се вратив на факултет. За мене беше депресивно искуство тоа.

    Не знам, не знам дали со деца би ми било подруго, но и децата растат, нема вечно да се мали и бебиња, што после тоа? Јас секогаш би одбрала да работам. И не сакам да зависам од маж, но пред се зошто сум таков човек, ми треба да излезам од дома. :D Се се случува, не викам не за ништо, само еве после моево искуство што го имав со седење дома, не би го повторила. Бар не во блиска иднина. А, пред да го искусам лично тоа, секое сабајле кога ме будеше аларм си викав "да не студирам, да не работам, да не правам ништо, секој ден малтретирање". Сега се смеам кога ќе ми текне, можеби и ме созреа тој период, стварно научив што сакам и што не сакам од животот, не било толку бескорисно.
     
    Последна измена: 5 јануари 2024
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Леле зборот ''жени домаќинки'' ми има трауми оставено, се присетувам на татко ми кога и кажуваше на мајка ми како да се однесува :drunk: not today old man. Инаку благодарение на феминизмот конечно сите имаме право да си правиме што сакаме, да се мажиме, да седиме дома и се грижиме за домот и децата, да се грижиме само за домот да немаме деца, да се мажиме и бркаме кариери, да унапредуваме, да се едуцираме и на 50 години, да не се мажиме и да посвоиме дете или милениче и се тоа е прекрасно додека сме среќни (а и кога не сме ќе смениме ) . Cheers жени :l:
     
    На theowndemon, nallla, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Значи смешни сте кога ке пишете за кариера, абе која кариера во Кам продавачка, во Веро на каса или во Фабрикиве што работат како робови за минималец?Па во филм влезени демек лошо е домајкинка да се посветиш на детето, а добро е отепан од работа главата ти чади си идиш дома неможеш од умор да му се посветиш на детето....и така сите нервозни ама кариерата да не трпи во Кам што се гради, абе ајде. Познавам домајкинки кои можат да му обезбедат на децата уште за два животи нити се затупени нити од дома не излезени, познавам жени со" кариери" што само трчаат на сите страни па нити децата му се многу повоспитани од оваа што е домајкинка нити ништо, на кој како му одговара така нека си живее.... Ама со ова кариериве отекивте, не секој има таква работа што ке гради кариера.
     
    На LiquidLuna, Чанта, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Зошто понижуваш жени кои работат? :worried: Познавам чистатчка на влезови на згарди која изгледа топ и е права дама, познавам девојка која мети во комуналец исто да ти е мерак да се дружиш и да разговараш..Нивни избор а и среќни си се ни една не делува ''отепано'' :D:inlove:
     
    На Miss666 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Не понижувам јас никој, само кажав дека не секој има работа што може кариера да гради, што кариера денес ке метам утре ке ме унапредат листови ке собирам... И јас сум од тие што имаат скромна работа, муабетот беше се запнале со тие кариери чудо, ко да не знаат каде живееме.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Па што..Животот е без лимит денес ќе метам, покасно учам курс, ќе се едуцирам, нагоградувам, ќе најдам подобро работно место, ќе завршам уште еден факс ако тоа е целта и ете. Тоа што те испонува тоа, ќе продавам во кам ама ќе сум најсреќна, ќе имам деца / нема да имам деца, ќе се мажам, женам, ништо .. Се е тоа личен избор со кој сме благословени во 21 век. Треба да сме среќни што патријархалното опшество е зад нас :inlove:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.098
    Апсолутно е така, само што во реалноста кај нас тие работни места не се stepping stone, туку се чиста експлоатација на вработените. Нема човек во оваа земја што е добро на такво работно место.

    Не ги потценувам луѓето ни најмалку, живееме во земја каде што на претходното работно место хигиеничарката ми беше магистер, а другата професорка по географија, ја критикувам државава што е корумпирана колку што е, што е се мижи како се третирани тие луѓе, како работат, колку заработуваат. Минималецот треба да обезбедува минимални услови за достоен живот, а 20 000 денари, не го обезбедуваат тоа.
    Памтам пред 10+ години кога барав работа дека аплицирав и по маркети, во 9 од 10 се работеше 6 дена, секако 6тиот ден неплатен, а не прекувремено платен.
    Да не почнувам за конфекциите...

    Тие луѓе не да не се за потценување, секоја им чест што се' трпат од немање избор, некој да те гази и понижува, преработува, и на крај да ти даде минималец. Не е тоа избор. Преживување е, особено затоа што од таква работа е најтешко да се тргнеш: преквалификацијата кошта, а животот уште повеќе.
     
    На Bezimenka90, Lianna Anna, LUCI 99 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    68.360
    Кои глупости се изначитав, не ми се верува. Помалце тикток да гледате бидејќи не се што се прикажува е вистина.

    Второ, да бевте толку еманципирани и едуцирани, пред да трескате глупости за воспитување на деца, да земевте да прочитате нешто на таа тема од стручни лица, а не инспирација да ви бидат измислени ликови од американски серии.

    Трето, дадилка не е замена за родител. Децата имаат потреби, од кои конекција со родителите е една од најважните.

    Никој не негира дека треба да имаш пари на своја сметка, но исто така тие што одбрале да ги воспитуваат децата и да се грижат за домаќинството, а притоа тоа го прават успешно, прават многу повеќе од една работа и притоа се исполнети бидејќи тој труд го вложуваат во саканите. Кои сте вие да им судите за тоа? И од каде знаете како стојат финансиски?

    И најбитното, вашите мислења се одраз на вашите искуства, и доста често, фрустрации. Така да ако приоритетот ви е да сте злобни на интернет, тогаш не се лажете себе си туку побарајте помош бидејќи таа слика што ја продавате не ќе да е толку совршена.
     
    На Dust, Bezimenka90, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Сите се согласуваме со тоа.
    Прашањето е зашто отсуството на таткото кога оди на работа не го доживуваме толку страшно како тоа на мајката.
    Оти упорно читам низ цела тема мајката, мајката, мајката
     
    На Selena01, Lady D ❤️, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    68.360
    Како упорно читаш, кога има членки што пишаа дека тие работат а татковците се дома со малите. Башка, во моето мислење пишав родител.

    И темата е жени домаќинки, така да можеш и кон авторот да се обратиш зошто ја насочила темата само кон жените to begin with.

    Секако дека мајките не треба да се носат со целиот товар кога станува збор за децата, ама па тоа исто не е тема на дискусија, ниту мислењата од тие кои што се за жената да има избор дали ќе работи или не, кажаа дека сета одговорност треба да е на жената.
     
    На Bezimenka90, Annath, Alm. и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.914
    Пол:
    Женски
    Затоа што има посебна врска помеѓу мајката и детето, тие се поврзани уште пред да се роди, таткото да раѓаше можеби повеќе ќе бевме приврзани за таткото.
    Што не ви е јасно?
    Едит: и темата е жени домаќинки, што се фативте за мажот/таткото?
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Па пак едниот е отсутен, што ако другиот е дома, тоа е муабетот. Што ако мајката е дома, ако таткото не е? И обратно. Ако детето има двајца родители, двајцата треба да се еднакво присутни.
    @Anyshka на 5, 10, 15 години уште се дојат децата или како? Уште бременоста е битна?

    Како имаш деца поповрзани со таткото тогаш?
     
    Последна измена: 5 јануари 2024
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.914
    Пол:
    Женски
    Кој се разбрал со тебе па и јас?
    Не спомнав доење, а како се поповрзани со таткото не знам, можеби дека има мајки што не се грижат толку за децата, има мајки што си ги оставаат децата, има многу причини.
    Едит:оф топик се муабетите, не е темата за доење, за бременост.
     
    На LiquidLuna и Pa8la им се допаѓа ова.
  18. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Татко ми (поради отворање свој бизнис, бркање клиенти, а уште работејќи на државна работа редовно) не беше често дома, ама секогаш надокнадуваше, никогаш во никој момент не сум осетила дека го нема за нешто, баш напротив, ако на некого можам да се потпрам во животецов тоа е он, дури и за кафе и плачки во 3 сабајле, не знам што толку напад према татковциве :D
    а бил "домаќин" дома исто на тоа се, од ручеци од алишта, се на пола најнормално кога се можело
    некогаш 50-50, некогаш некој повеќе некој помалку и так
     
    На Dust, Zumbulche и Annath им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Мене да ми рече партнер дека мајка си е мајка и дека он не може да има иста врска со детето као мене, ич неќам деца со таков.
     
    На Lady D ❤️, unearthlysarah и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.914
    Пол:
    Женски
    Ич да не сакаш.
    Многу работи измеша, кај реков дека таткото не е важен?
    Само дека децата додека се помали бараат мајка, не оди со оф топици.
     
    На Biljarkata и Pa8la им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.