Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Тролаш.
    Напротив,многу прифаќам мислења но ги нема.
    Почнувате со навреда и крај.
    Зошто не може да имаш работа и да гледаш деца?
    Кој збори само за кариера побогу?
    Читаш ли ти нешто на темава.
    Било какво остварување освен домаќински работи.
    Сите вработени жени кои ги знам побудалуваат дома после 15 дена годишен одмор и едвај чекаат да тргнат на работа и сите се со деца, и се супер мајки .
    Не се само домаќинките супер мами.
     
    На hellocity и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Работи во конфекција па види дали не е тешка работата.
     
    На Anyshka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Убаво им е на туѓ грб.
    Зашо да работат кога може друг да работи за нив?
    И ја не го сфаќам ова.
    Да иам капацитет да учам, да работам. А да неќам да го искористам.. од мала ме нервираат такви особи.
    Има луѓе што за жал не се способни да учат или работат, и тоа е во ред они ако не работат. Ама здрави прави, по дома коа лежат ми е смак света
     
    На Just.do.it и Cosmi им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ако работат по професија, да, оди работи некоја тешка работа по 8 саати на нозе, па некогаш и се останува, па едвај ќе чекаш слободен ден, а не да чекаш да одиш на работа. И аман со тие жени што ги познаваш, јас па обратно од твојата ситуација познавам. Епа да заработувале доволно и да отидат 15 дена на одмор да видиш дали ќе побудалуваат, ќе нема да им се оди на работа, ќе бараат уште одмор, а не тие дома со деца нормално дека ќе побудалат.
    Да отидат на одмор ќе се вратат рехабилитирани и како нови.
    Очигледно тие што ги познаваш не знаат да си го организираат времето да им биде убаво и да не побудалуваат по дома, има разни активности да не побудалиш.
     
    На Anyshka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Па одат и на одмор,кога си вработен имаш 23+ дена год .одмор.
    Има време и за одмор и за дома да поседиш.
    Зошто да не им се оди на работа?:?:
    И имаат пари ама дома не им се седи,едвај чекаат да одат на работа.
    Не си сретнала такви?
    Ти домаќинка си?
    Не работиш па од искуство кажуваш,имало активности.
    Со активности не можеш да пополниш празнини од лична нереализираност.
    Инаку и таа што работи тешка работа во конфекција е жена која придонесува .
    Колку и да и е тешко знае дека придонесува во семејството.
     
    На BlackNight и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Јас не познавам жена домаќинка. Онаква, што не работела никогаш ништо, се омажила, родила деца, пак не работела, не учела, маж и секогаш ја издржувал и она си била домаќинка, децата пораснале, она пак си е домаќинка.
    Стварно не познавам. Имало периоди кога не работеле, биле мајки на мали деца, или барале друга работа или нешто, ама баш онаква типична домаќинка не познавам, немам ни сретнато. Што тоа и е кариера нели, да си е домаќинка, мислам за тоа е темава, а не за не работела неколку години деца раѓала, па во застој е.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    8.952
    Пол:
    Машки
    Лично во мое опкружување не познавам жена на која околностите и дозволуваат да не работи.

    Премногу мал е процентот на луѓе кои од икс причини одлучиле едниот партнер да работи дома, за вака жестока дискусија да се води.

    Да се појаснам, ич не подржувам случаи каде што на жената и е забрането да работи.
    Ама искрено мислам дека бројот на овие семејства е мн мал.
    Логиката нагоре е дека ете во малите места било така.
    Епа скоро цела источна Мк е "мали места", па главен двигател е текстилната индустрија во која работат 99% жени.
    Така да стварно не сфаќам каде е оваа појава толку голема (освен можеби кај одреден етникум во државава, иако со новиве генерации и кај нив сега се менува тоа), евентуално у некое село со 10 куќи.
    Иако во тој случај многу веројатно главен семеен приход е од земјоделство и сточарство, па цела фамилија без исклучок го работи тоа.

    Од друга страна, ако дискусијата се однесува на оној дел кој имаат финансиски можности да остане дома, и притоа свесно го одбира тоа (од причини кои се комплетно небитни за нас - некомпетентни да солиме нечиј памет и да се мешаме во семејни работи), тогаш единственото логично оправдување за дрското напаѓање на овие жени ми е - љубомора некаква?

    Искрено на темава забележувам само една токсична и (пасивно) агресивна личност.
    Сите други водат нормална дискусија.
     
    На Iva2020, Anya321, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Јас сум образована и сум моментално домаќинка по своја волја. Првенствено финансиите ни го дозволуваат тоа и јас го уживам.Уживам да го гледам растот на моите деца и одбивам да ги воспитува друг моите деца (баби и дедовци) кога јас тоа го можам. Секако дека има време и за нив но умерено. Кога готвсм и чистам тоа го правам со ќејф.И дефинитивно повеќе го имам животот во свои раце од колку да работам за нечија идеја и потреба.Постојано сум на свеж воздух со семејството. За викенди сум излезена. Вака ќе терам додека не ми израснат децата па потоа пак ќе работам.Не гледам што е лошо во тоа да бидеш домаќинка ?Стварно до кога ќе труете со вакви прашања?Секој си има избор на сопствен живот.
     
    На Srcka28, Anyshka, Iva2020 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Не им судиме и не се мешаме, си дискутираме. Ретки се таквите. Преретки. За мене е најдобра опција да не се оставаме при очи ќорави и при раце сакати, па да зависиме од друг. Тој друг утре може утре да се разведе од нас, да почине пред нас, децата може да заминат во странство, снаиите утре памперс ли ќе ни менуваат(скраја било да не дотераме до таму), а страшно е што во земјава ни домови за стари немаме доволно, а по се изгледа со мали пензии и да ги има домовите во секој град, нема да можеме да ги платиме, и жално е од млади да се пропагира беа ден стаж да сме седеле, не било страшно.
     
    На Just.do.it и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Не мислам ни ти дека спаѓаш во оваа категорија. Мислам дека лека полека изумре со бумерите и поранешните генерации кога нормата била жената да е дома, а мажот да работи. Сега веќе е тоа реткост и само финансиски моќни би можеле да го направат тој избор, па и тие ќе се чепатат по социјални мрежи и ќе покажуваат колку домаќинскиот живот им прија. Иако, и они не се ни домаќинки зошто веројатно друг им ги работи домашните работи.
    Така што стварно не ми е јасно кои се жениве домаќинки што цел живот мажот ги финансира. Веројатно остатоци само од минатите генерации, како што реков погоре.
     
    На Cinnamon Bun, Трагедијаупмм и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас со ова, не треба да зависиме од некој, ама не треба и да им се мешаме зошто некои решиле да не работат.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Работам јас, не се секирај за мене, не значи дека ако јас работам, треба да ги осудувам тие што не работат. Како и во секоја тема, така и во оваа ако пишеш мислење одма ааа ти ли си таква.
    Ги изврте зборовите.
    Не пишав да не работат и да имаат активности, туку ете и кога се на одмор им било досадно, затоа пишав има разни активности во слободно време.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.427
    Допаѓања:
    287.362
    Во еден среќен и хармоничен брак никој никого не финансира.
    Заеднички се одлучува како ќе се печалат парите, како ќе се поделат обврските, заеднички се одлучува како ќе се трошат.
     
    На Tinaaa, Dust, butterfly6223 и 24 други им се допаѓа ова.
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    4.166
    Пол:
    Женски
    Јас познавам.. ехее лично и то во фамилија имам.
     
  15. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на жените кои можат цело свое време и енергија да ги посветат во фамилијата.
    Секоја чест. Сметам дека воопшто не е лесно.
    И кога би имала избор, повторно би избрала да излезам од дома, и да имам друга професија.
     
    На Anyshka, Pa8la и Чанта им се допаѓа ова.
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    4.166
    Пол:
    Женски
    И дај оставете веке секој си има право да си одлучи како сака да живее. Не туку паметувајте требало вака требало така, секој нека си ја гледа својата работа.
     
    На Anyshka, elimkd, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Жени кои не се ни образувале, не ни работеле, се омажиле и си се баш домаќинки без план за работа?
     
  18. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Познавам јас лично жена што си го запусти животот и беше цел живот домаќинка против своја воља, мажот и кој ми е роднина не и дозволуваше да работи и секгаш сите обврски дури и машките ги извршува таа по дома. Ама тоа е една стара генерација и верувам дека има и уште мн други такви. Но членката што ја отвори темата прашува за жените дури и образованите како сакаат да бидат домаќинки по своја волја.Јас дадов одговор од мој аспект. Во денешно време можеби и не спаѓа тоа којзнае каква домаќинка, ама стварно кога имаш избор да не работиш да си дома и да извршуваш обрски за себе и децата и притоа немаш финансиски тешкотии - што и е чудно тоа ?
     
    На Anyshka, Трагедијаупмм и Pa8la им се допаѓа ова.
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    4.166
    Пол:
    Женски
    Образована жена, но без желба за никаква работа ни по струка ни некоја друга. Едноставно, сака да си седи дома, деца веке големи има и сеуште исто.
     
    На Cosmi и Pa8la им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Како мислиш да работиш за нечија идеја и потреба?!
    Тоа ти смета,не сакаш да работиш поради себе?
    Добра мајка можеш да бидеш и вработена.
    Ок ,твој избор.
    Во животот на децата е битно присуство кнаку и на баби и дедовци.
    Не само мама.

    Како ќе работиш кога ќе бидеш исклучена од берзата на трудот долго време?
    За една деценија на пр.многу се менуваат работите и твоето образование може да не вреди ништо бидејки ке немаш искуство и не си биле во тек со професијата.
    Секогаш ќе одберат некој кој посетувал обуки,семинари итн наместо некој кој бил домаќинка со диплома во фиока.
    По пишаното ете постоите.
    Домаќинка како кариера.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На BlackNight, ladystardust, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.