Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.911
    Пол:
    Женски
    Е сега па и ти, а кој ќе ни чисти и готви ако немаме мажи?
    А да, жена ќе си платиме.
     
    На Cinnamon Bun и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Еее ти па, да си живееме се жени дома, мајки, баби , тетки, сестри, и не ти треба да плаќаш некој да ти чисти, сите ќе си чистиме, детето ќе ти го чуват а ти ќе можеш на работа да одиш. Супер замисла а :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.092
    О Господе.
    Тропате глупости и нека ме банираат, поима немате од детска психологија, ни медицина, поима немате од физиолошки и психолошки потреби на едно новороденче, па и дете, ама знаеш што е уште пострашно?

    Сега сте жени кои немаат деца и немаат поима за деца, утре ќе родите и ќе бидете мајки што нема да имаат поима.

    Независно дали детето се дои или не, нема побитен објект за него кога ќе се роди од мајката. Значи не постои. Може и таткото да го храни (што и треба) и на секаков начин да се грижи за него (што и треба), можам и јас на комшиката новороденчето да и' го чувам, не е во тоа поентата.

    Бебето ја бара МАЈКА МУ, посебно во првите месеци од животот, првите денови, никој не може да го утеши и смири како неа затоа што неа ја познава веќе, уште пред да се роди.

    Не се потценува улогата на таткото, туку е РАЗЛИЧНА од таа на мајката, колку и да сме еманципирани, напредни, се' уште сме животински вид, се' уште постои нешто во нас што се вика нагон и природа.

    Погледни како реагираат животни кога ќе ги одделиш од младенчето, тие немаат свест, погледни нагонски каква е реакцијата и на мајката и на младенчето.

    Секако дека таткото треба да учествува во чувањето, негувањето, воспитувањето, со текот на времето можно е детето со него повеќе да се приврзе, ама овде зборуваме за природа.

    А природата не знае за еманципација и не е фер, па таткото не може да роди дете, ниту детето да е на таков начин приврзано со него кога ќе се роди.

    Дај олабавете со глупости и небулози, сериозно.
     
    На elanor, Трагедијаупмм, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    7.879
    Пол:
    Женски
    Јас не би била со маж што не сака да работи. Не би била ни со маж кој привремено е без работа, а привременото е временски период подолг од три месеци, без валидна причина.
    Зошто?
    Оти ми е незамисливо. Оти нема да се осеќам сигурно со таков човек. Оти во моментот кога јас ќе решам да раѓам и чувам деца, ќе останеме без приходи. Оти ми треба некој кој ќе ме мотивира и гради заедно со мене и ќе може без проблем да се грижи за нашето дете, а не да остави се на мене.
     
    На Polyincognito и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.911
    Пол:
    Женски
    Да беше така, татковците ќе раѓаа.
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Јас ова сакав да го пишам уште кога почнаа со таткото, таткото, ама не бев сигурна дека некој тука може да го разбере. Браво. Убаво напишано.
    И да додадам за психологијата. На детето му треба и емотивна подршка и љубов, шо многу повеќе ќе ја добие од мајката отколку од таткото. Оти татковците а и цел машки род се емоционално заостанати, а и нивната љубов е conditional, а на мајката е uncoditional.
     
    На Cinnamon Bun, Hisha, Kolache na mama и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Без валидна причина е за тебе заеднички договор помеѓу партнерите како да ги трошат финансиите и да ги распределат обврските околу домот? Убаво вели членката од горе појма немате за брак,деца,финансии и општо заеднички живот под ист покрив со партнер.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.092
    Јасно. Само ако ја отвориме таа пандорина кутија ќе ни треба скроз нова тема зошто dead beat татковци има неспоредливо повеќе во однос на dead beat мајки.
     
    На Curious cat, Srckata28, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Не треба тука таква тема пошо сите се израснати во семејства каде машкото се величи. И најверојатно, ќе ги бранат татковците.
    Некои немаат ни чуено шо е тоа психологија. А на некој ако му кажеш дека и ние сме животински вид, ќе те напрае несалам. Така да, не треба.
     
    На Cinnamon Bun и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.911
    Пол:
    Женски
    Има една поговорка "таткото со тоа прави, со тоа жали", тоа е само поговорка, да не скокнете сега.
    Инаку има татковци што се повеќе посветени на децата, јас кога бев мала бев приврзана за татко ми, плачев кога одеше на работа, ама секогаш кога ќе настинев ја барав мајка ми, иако и татко ми исто се грижеше, кога губите татко губите кров, а кога ќе изгубите мајка губите цела куќа.
    И секако двајцата се родители, и многу јасно дека и двајцата ги сакаме, ама подруго е со мајка.
    Си кажувам за мене, иако татко ми беше секогаш тука за нас.
    Ама не знам до каде ја донесовте темава, не е темата ниту за татковство, ниту за мајчинство.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    7.879
    Пол:
    Женски
    :rofl::!:
    Чекај ако поима немам. Како тоа живеам во брак веќе 10 години. Башка што живеам во друга држава. Имам дете и никој не ми плаќа сметки?
    А и патем, имам толку години работно искуство колку што членката има години.
    Вајда сите си ги бираме партнерите под одредени услови или вие без критериуми сте?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    5.575
    Пол:
    Женски
    Не си платила, најверојатно се водела како вработена во фирмата на сопругот, а не одела на работа, пријавена била и затоа земала пензија, вакви случаи знам, не работи сопругата, сопругот е сопственик на бизнисот, и тече стаж и тоа е тоа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се надоврзам за муабетот дека појма немате од заеднички живот со партнер. Посебно овие шо се чукат во градите дека жената мора да работи а не се мажени они самите.
    Искрено, не ми се пишуваше толку али ај да објаснам. Еве за мене пример.
    Како шо знаете јас не работам моментално. Виша школа неам, факултет неам. Кога работев, работев за обична плата, минималец. Маж ми има свој бизнис и работи секој ден од сабајле до вечер, таков си е човекот сака да работи. Кога пристигнаа децата, разговаравме и одлучивме јас да седам дома а он да работи. Сега да ви објаснам зошто. И за во Мк и за во странство исто важи. Градинките знаете како се, од толку до толку, а работата е во смени. Тешко да се најде работа само во прва смена. Јас ако земам да работам, маж ми ќе треба да си скрати од неговото работно време за да ги зема децата и да ги чува. А на нас тоа не ни одговара затоа што јас работев и ќе работам за минималец, а он тие пари ги вади за два дена. Значи ќе бевме многу во загуба ако и јас почнев да работам. Така си се договоривме, додека да потпораснат малку, па ќе одат во градинка, школо, а јас ќе можам да најдам нешто на пола скратено време. После и на цело. И на двајцата така ни одговара и така си праиме.
    И не не ме отупи овој живот, мене среќна ме прави мојата фамилија и да си ги гледам децата како ми растат. Сдкој ден шетам, се дружам. Планирам скоро и на курс да одам. Планирам и да работам. Значи јас иам работено повеќе и многу потешки работи за разлика од некои од вас тука. И пак би работела. Ама сеганза сега, ова ме исполнува и ова е мојот избор. И супер ми е вака, и на маж ми му е супер.
    Не мислам дека цел живот треба да се црнчи, треба и да се живее. Е ако и ова не го разбравте, тогаш веќе не коментирам.
     
    На emiliana, see.emily.play, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    А има и жени со минимум 15 години стаж што од нивни причини понатаму престануваат да работат.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Неќев да кажувам свој личен пример ама еве мајка ми со години не работеше додека бев дете, покасно почна.
    Придобивките од тоа?
    Имам едвај неколку другарки, ненормално тежок интроверт сум и тешко комуницирам со луѓе. Да не кажувам колку тоа ми пречеше про наоѓање работа.
    За глупости се вознемирувам, све си земам при срце. И на што кур се посветила? Да направи несаглам човек од мене и после да лечи комплекси дека ете не работела ради мене
     
    На Lady D ❤️, WarriorAngel и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.723
    Пол:
    Женски
    Темава се претвори (као и обично) во мешање во туѓ живот, трачарење и докажување кој е по мадафак.
    У реду е ЖЕНИ! Знаеме дека сте најнезависни, најпаметни и такодаље. Остајте ги тие кои не сакаат да бидат се тоа што вие сакате, туку за себе си гледаат некоја поинаква перспектива, да си ја остварат истата.
    Многу е просто мислам, само треба да имате толеранција и да ги оставите другите да си го живеат животот како што сакаат :nod: Докажете на дела, не само на зборови, дека сте еманципирани, културни, современи итн...
     
    На Bezimenka90, fana, emiliana и 18 други им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    На темава се кажаа разно разни примери, по што можеме да заклучиме дека: во животот сè е индивидуално. Значи и вака и така и онака, секој со свое искуство. Што значи, пак не можеме да наметнуваме или да дефинираме како е општо најправилно, туку секој за себе може да си дефинира како му е најдобро.
     
    На Annath, Anyshka, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум интроверт, ама сестрами е спротивно од тоа, гледани исто со истите родители и сега родителот е крив што јас сум интроверт?
     
    На Alm., Anyshka, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.778
    Па не е баш така. Еве сега јас работам маж ми е на породилно.Со првата бременост бевме обратно. Не гледам дека тој лошо се наоѓа или децата повеќе мене ме бараат.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.361
    Пол:
    Женски
    Жени домаќинки, посветувајте малку помалку внимание оти од многу децата може вака да ви се понашаат.
    Како може да кажеш на шо кур се посветила???
     
    На Erika.greeneyes, Emy867, No Makeup и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.