Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.084
    Па технички абортусот е контрапродуктивен за кое било општество, секое родено дете е идна работна снага што ќе го одржува системот и државата.
    Глобално за една земја е подобро да има повеќе раѓања него пензионирања, ама нема такви трендови, спротивни се.

    И сепак ќе поддржувам абортус, оти не е нормално на ниедна да и' кажам што со себе да прави.
     
    На senjorita-v, Amellie13, see.emily.play и 9 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    286.856
    Секако дека тука станува збор за дискусии и мислење без законска важност.

    Само еве, не сум те прочитала да се избациш во некоја од споменатите теми да им кажуваш какви последици може евентуално да има врз општеството доколку некој одлучи што е најдобро за него.

    Точно. Прва сум за поддршка жената да одлучи за своето тело, сеедно обортус или да не роди никогаш деца. Ама еве, мајката дома ако остане општеството е веќе на стаклени нозе :|
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2024
    На mssuniquee, Amellie13, emiliana и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Сум кажала кажала во темите кај што сметам дека нечии избори лошо влијаат на општеството. Сум кажала кај хиџабите, сум кажала кај животните, кажувам и тука. Кај што не сметам дека има не сум кажала.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    286.856
    Не читам кај животните и хиџабите, прашав за таму каде што читам и каде што тебе сум те читала.
     
    На Anyshka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    7.877
    Пол:
    Женски
    За ти да им кажеш шо треба да прават:wasntme:.

    Оти сите се индивидуални и во здрави врски уште пред брак се дефинираат некои односи. Па после нема изненадувања.
     
    На Dennings, Viveki, No Makeup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    286.856
    Точно така, во секоја од набројаните теми не си кажала, само тука.
    Смееш да бираш дали некогаш ќе имаш деца, смееш да бираш дали ќе го задржиш детето, смееш да бираш партнер без разлика на пол…ама ако седиш дома со детето е тогаш треба да му ја мислиш за општеството и какво влијание ќе имаат ваквите одлуки врз истото.
    Затоа и ми е контрадикторно и wtf се што пиша.
     
    На An-na, Dennings, mssuniquee и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.909
    Пол:
    Женски
    Тетин ми имаше и се уште има фирма не кој знае колкава, само едната братучедка и зетот работат таму, работеше и тетин ми но си се пензионира, другата братучедка и зет си работат по професија, не се ни мешаат, дуќанот им е во двор, тетка ми не работеше и беше директор на фирмата, еве сега си зема пензија.
    Секако може, ама кој да сфати.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.084
    Види, премногу америчко-британски просеравања има, имале и ќе имаат влијание и врз општото размислување на повеќето.

    Ама се' треба да се земе критички, слепо следење на трендови повеќе ме заплашува него нешто што се покажало како одржливо низ цела историја на цивилизацијата.

    Мислам оф топик сум тотално, се' ми е океј и се' ќе прифатам пошто прво и основно начело, компас ми е слободата кој што сака со себе да прави. АМА, ама, негирање на биолошки факти во име на идеали и замисли, прилично тмурно ми делува иднината.

    Од една страна сакаме да веруваме дека светов оди кон подобро, од друга страна постојано скандали со вештачки предизвикани епидемии на зависности (Purdue pharma) - не е теорија на заговор, него нешто потврдено и судено, клиники за промена на пол кои исто така не се теорија на заговор него цели судења и пресуди има поради не-баш-среќното менување и неправење на неопходни психолошки проценки итн. да не набројувам понатаму.

    Ама се' мора да се прифати и аплаудира, иначе си затуцан, ама мајка да си ги чува сопствените деца, по сопствена волја, е тоа е веќе сериозен проблем.
     
    Последна измена: 5 јануари 2024
    На senjorita-v, bittersweet, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ау темава :D
    Јас ги разбирам тие што не сакаат да работат и тие што работат,не осудувам ничиј избор...
    Не сум мажена, меѓутоа потекнувам од голема фамилија каде што повеќето се омажени/оженети, сметам дека првата година логично е мајката да биде со бебето, но.. за понатака не оправдувам да не се работи, неповрзано за тоа, јас никогаш немав потреба да работам, ете моите заработуваат и убаво ми беше, стани, легни, јади, спиј, не ми паѓаше на памет да барам работа, си седев дома, чистев да, меѓутоа секој ден не можам да бришам прозори и слично на тоа, од седење дома сите можни болести по ред почнаа да ме напаѓаат, затоа што освен што седев дома и идев до продавница ништо друго не правев, се здебелив 13кг сигурно, висока сум па не ми се познава баш, меѓутоа јас се чуствував грозно во свое тело, да не ги набројувам болестите кои ги добив од комфорот дома, сега почнав да работам и се каам зашто порано не сум почнала, зашто седев дома и се доведов до тоа ниво, најголемата грешка ми беше седење дома, на работа запознав и луѓе и другарки плус си имам, често кога сум на работа со луѓе, си мислам во себе, како сум можела дома да дремам, највеќе ми е криво за тоа што фатив болести од ништо буквално, бидејќи и физичките работи во куќа не се баш како кога ќе се социјализира и излезеш надвор, пак ќе кажам, немам ништо против луѓе кои не сакаат да работат и сакаат дома да седат, мене седењето дома ми беше најголема грешка, за жал и хронично се разболев, сега да ми е овој памет, само на стари години ќе седам дома. ;)
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Не е контрадикторно зашто стварно не сметам дека да одлучиш да не родиш дете е лошо за општеството. Баш напротив, ама не би навлегувала во тоа, премногу радикално е за тука.

    Сите секојдневно избираме работи што се добри за нас, а лоши за колективот. Јас немам проблем со тоа, си го признавам и си го прифаќам како дел од комплицираниот живот на земјава. Ама не пробувам да го испревртам и да го продадам како нешто добро. Финансиска зависност по дифолт е лошо за секој, особено за жените, и имаме долга историја како доказ за тоа. Не знам што повеќе од тоа може да се разговара.
     
    На Just.do.it и Miss666 им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    286.856
    Богами контрадикторно е доколку смееш да одлучиш дали и кога ќе имаш дете, но во моментот кога ќе го родиш да не смееш да бидеш домаќинка.
    Ама твое си е, ок, само делува многу дискриминирачки.
     
    На mssuniquee, see.emily.play, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    26.997
    Која што сака нека прави. Се додека не е под присила да е домаќинка мене ми е океј.
    Јас лично не би била фул тајм жена со кариера 24/7 само тоа да ми е животот.
    Да сум домаќинка исто не би, ама некој баланс да. Како што ми минуваат годините некако да си парцијално домаќинка не ми изгледа како најлошото нешто во животот.
    Ама не би да значи дека мажот не треба да помага во домаќинството и да ме чека мене.
    Се ама со баланс.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.909
    Пол:
    Женски
    Исто и јас со брат ми се разликувавме, не сакам да се дружам со било кој, за разлика од него, и не сакам гужви, тој беше спротивно од тоа, а не одгледале исти родители, до карактерот е.
    Колку и да му згрешеа простуваше, јас не простувам, ама ептен некој ако ми згреши, толку е.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.275
    Пол:
    Женски
    Тоа ни на стари години не треба да го правиш. И да не работиш треба да излезеш од дома, пешачење, си имала време. Не е до седењето дома, повеќе е до карактерот. Секако дека седењето и лежењето цело време се болест, дали си домаќинка или не небитно. Некој може работи на столче цела смена и ќе оди дома пак ќе лежи и седи. И пак не бива.
    Исто ќе било и да одела на работа. Ќе одела, ќе дошла и пак на тебе ќе се истурела. Не е дека била домаќинка. За жал, знам како е, сѐ ми е јасно.
    И ова не е точно, јас бев жена која нема поима од деца, нити ме интересираа, нити знаев нешто, па кога родив ме удри одговорноста по глава и све си научив. Родителството се учи, фала богу.

    Ако некоја е домаќинка не мора да значи дека ќе биде добра мајка. Нити пак обратно. Сѐ е тоа до карактер и до личност, сосема индивидуално. Некои луѓе не ни треба да имаат деца, ама имаат под притисок на околината и после има вакви исфрустрирани родители кои се истураат на децата и осеќаат дека им го уништиле животот. И мажи и жени. И домаќинки и недомаќинки.

    Што се однесува до тоа @Lella што го зборува, еве некакво истражување за македонската работна сила, ако може така да се нарече, истражувањево.
    Каде е жената на македонскиот пазар на труд?


    Денеска е 8-ми март, ден кога се одбележува борбата на жените за политичка, економска и социјална рамноправност. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД. Но дали по 108 години жената успеа да ја добие рамноправноста со мажите во општеството?

    Во Македонија родовата еднаквост е загарантирана со Устав. Постои Закон за еднакви можност, Стартегија за родова еднаквост,Закон за спречување дискриминација. Но сепак во пракса состојбата е поинаква. Иако жените се помасовно се пробиваат во јавната сфера, сепак мал процентот на жени што се наоѓаат на високи раководни позиции. Споредено со годините наназад , македонското општество бележи напредок во однос на правата и статутот на жената денес. Податоците покажуваат дека од вкупниот број на дипломирани студенти 57,1 се жени, а од вкупниот број на магистри 58,6 се магистри. Бројот на жени доктори на наука изнесува 143. Според податоците од Државниот завод за статистика вкупниот број на вработени жени изнесува 282 илјади. Од нив , 76,3 отсто работат во приватен сектор, 95,3 отсто работат цело работно време. Над 30 проценти од новите фирми во приватниот сектор се отворени од жени, кои се застапени со 12 проценти на менаџерски позиции.

    „Бизнисот не може да се дели на машки и женски. Меѓутоа сите стереотипи, фамилијарното, грижата за семејството, грижата за децата сето тоа ни прави родово неизбалансирано општество за да може жените да прават развој во бизнисот. Имаме околу 12 отсто жени на менаџерски позиции, меѓутоа ако земеме предвид дека повеќето се во институции и установи, како што се школи, градинки итн, ќе сфатиме дека во приватниот сектор ни недостасуваат жени на управувачки позиции, а уште помалку имаме жени на раководни позиции во поголемите компании“, вели Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени на Македонија.

    Дали мажите и жените се рамноправни?

    Според истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“, во Македонија жените во просек заработуваат 12,5% помалку од мажите, а овој јаз се зголемува и до 28.4% кај лицата без образование или само со основно образование. „Најголем дел од овој јаз го објаснува неактивноста на жените на пазарот на труд. Постојат повеќе причини зошто овие жени може да не се случајно надвор од пазарот на труд. На пример, поради традиционалната улога на жената во Македонското општество на домаќинка и одгледувачка на деца, поради жените кои се неплатени семејни работници, особено во земјоделието, жените кои не работат бидејќи мажот мигрирал и им испраќа дознаки и така натаму. Од економски аспект, жените сеуште не се еднакви со мажите во Македонија. Имаат помала активност на пазарот на труд, имаат повисока невработеност и во просек заработуваат помалку“, вели Благица Петрески, извршен директор на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“.

    Истражувањето покажува дека голем процент од професиите кои плаќаат минимална плата се во индустрии или сектори во кои

    доминира женската популација, а дополнително, во текстилната и кожарската индустрија, минималната плата е пониска од националната минимална плата.Според Петрески потребни се низа активнопсти на различни пунктови за да се намали родовиот јаз во платите.

    „Најпрво, да се надминат стереотипите на поделба на машки и женски улоги и да се подигне свесноста за потребата од економска еднаквост на жените и мажите. Потоа да се зголеми свесноста за потребата од професионално профилирање на жената, покрај улогата на домаќинка. Покрај свесноста која е долгорочна цел, и за која е потребна поддршка од целокупното опшество,а пред се од семејството и партнерите, на краток рок може да се преземат конкретни мерки. Мерките би биле во насока да создадат услови жената да може да се активира на пазарот на труд и да биде попродуктивна. Дел од овие мерки вклучуваат, изградба на градинки, воведување флексибилни работни часови, мерки за потикнување женско претприемништво, да се избегнува професионална надградба надвор од работното време, и слични мерки“, вели Петрески.

    Неодамнашното истражување на американскиот сајт „Management issues“, покажало дека колку повеќе жени има во бордот на директори во едно претпријатие, толку поголеми успеси ќе реди фирмата. Според истражувањето 66% повисоки се приходите од направените инвестиции во компаниите во кои има повеќе жени на водечки позиции отколку мажи.
    https://faktor.mk/kade-e-zenata-na-makedonskiot-pazar-na
     
    На senjorita-v, Ambitious, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.730
    Значи домаќинлукот заради децата не те прави подобра мајка така?
    Тоа сакам и јас да кажам
     
    На Lady D ❤️, Just.do.it, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.275
    Пол:
    Женски
    Додека се мали подобро е за децата да бидат со мајката, или со татко. Ама, тоа да биде квалитетно време, да вложуваат во времето поминато со детето. Ако не е така тогаш џабе седат дома со детето, подобра е било која друга опција. За долги стази, децата се веќе независни и големи, па тогаш повеќе за себе си правиш избор дали ќе бидеш домаќинка или не. Ама, ако си никаков човек секако си никаков човек, тоа е јасно.

    Интересно е горе во статијата тоа што има разлика во платите на мажите и жените, но се вели дека тоа се должи на неактивноста на жените во работната сила. Ама, ако мажот зема поголема плата, тогаш жената веројатно ќе избере да седи дома со детето. И работата доаѓа што е прво, јајцето или кокошката?

    Испаѓа дека се фрла вина на жената што не работи, а општеството пак не презема одговорност.
    Има мерки предложени кои секако не се во функција. Како и да се сврти, жената е најчесто во неповолна состојба. Затоа мислам дека треба во темава да се престане со навредите од жени кон жени.
     
    На Lizi, Bezimenka90, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.088
    Допаѓања:
    179.221
    Пол:
    Женски
    Никој не смее да ја оспорува нејзината улога и правото на жената еднакво да се остварува во едно општество. Секоја жена мора и треба да има еднакви права и да ги остварува како еднаква единка во општеството. И еднаква плата за иста работа.
    Тоа понатаму значи, дека ако жената избере да остане дома, како личен избор и по своја воља никој нема право да и се меша. Како што не сите може да се вработени, така и не сите можат да си седат дома. Ние како просечни единки во нашите општества немаме избор, освен да сакаме да работиме мотивирани од нашите лични и моментални ситуации и преференции. Толку е едноставно.


    Свеста за битноста на присутната мајка во првите месеци/години од бебето се повеќе се крева, во најмала рака е смешно што на форумов мајка ќе ти каже ако де, остај бебе на баба на 4 месеци се ќе биде ок. |( Да, ќе преживеат сите, ама цената е голема. Е сега, кога ти требаат пари секогаш ќе ја избереш таа жртва и без друг да ти сугерира.


    Дали би била со маж што нејќе да работи? :D Апсолутно. :D Кој сака да ринта за други? Ние сите овде, сме ја сфатиле поентата на работењето и сме мотивирани да “сакаме” да работиме од причини за нас лично познати, за работи што сакаме да ги имаме во животот повеќе, отколку да ги немаме. Од голема љубов никој не работи.
    Не би била со маж, кој не е спремен да стане во 3 сабајле ако е треба за да направи се што е потребно за своето семејство.
    Кој сака да стане во 3 сабајле место да спие? :)
    Ама кога веќе имаш семејство имаш поголеми одговорности и мораш да мислиш и на другите и да бидеш спремен во секое време да правиш се што е во заеднички интерес. Како за мажот, истото важи и за жената. Без разлика на пол, двајца партнери во врска/брак, заеднички учествуваат и заеднички носат одлуки.

    Не можат сите да работат, некој мора и дома да седи. Било жена, било маж. Како што не може секој да е архитект, некој мора и месар да е, како што не може секој доктор да е некој мора и во конфекција или на фарма да работи, како што не може секој да е судија, некој мора и криминалец да е, како што не секој може да е музичар, така и не секој може да црта портрети на улица во Милано, итн, итн.

    Никој не пропагира седење дома, туку само е право на избор, како и се останато.

    Има родители со кариери чии деца не завршиле ниту обичен факултет, има родители без факултет чии деца се доктори на науки, така што се е предмет на личен интерес. Точно има и родители што сакаат да остваруваат лични соништа преку децата и не сите тие родители се невработени, оти има и такви на високи позиции кои сакаат децата да го завршат истото како и тие и да го преземат семејниот бизнис, иако децата имаат различни интереси и никој не ги прашува за тоа.


    Иначе да, кариерист е и неприсутен родител. Пошо работно време, редовни дообуки, конференции, семинари, работни патувања, прават да си често отсутен во животот на детето. Тоа исто никако не значи дека си лош родител, само факт е дека често си отсутен родител и пропушташ многу работи. Но и тие деца ќе пораснат и ќе си го најдат своето место под небото, како и оние чии што родители биле дома и не значи дека ќе бидат лоши деца ниту едните, ниту другите и дека ќе завршат со погрешни избори.
    И тоа е избор што некои родители го прават, кој никако не смее да се оспорува или осудува.

    Сума сумарум, лив & лет лив.
     
    На senjorita-v, Lizi, Kolache na mama и 20 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.084
    Болдот. Тоа и го кажав поназад. Ама за да се научи, треба да САКАШ да научиш прво. Околу мене повеќето веќе имаат деца, прилично лесно е да направиш дистинкција меѓу едните кои доволно сериозно ја сфатиле улогата и се трудат, и другите кои живеат и веруваат во "и мене така ме растеа, па што ми фали?".

    Опасноста се овие вторите, оти се' додека искрено не согледаш што ти фали, ќе ја пренесуваш истата траума на следната генерација.

    Еден мора да биде тој што ќе го прекине кругот, а идеално е да не бидат тоа сегашните деца, односно децата на идните родители.
     
    На Vanilla15, Kolache na mama, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    ....иии како и во секоја тема, така и тука си измислуваш што мислат другите, смислуваш контраргумент на тоа и се караш за непостоечка поента. Постојано проектираш и не ни приметуваш дека го правиш тоа и покрај тоа што цело време ти се нагласува.
    Јас моето го кажав во првите страници и не ми се пишува пак, на прашањава нема да ти одговарам зашто се смешни.
     
    На simona_baby, Bezimenka90, Viveki и 9 други им се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.777
    Знаеме за децата што е најдобро.
    Голема жртва е да оставиш бебе баба и дедо да го гледаат.
    И секој има право на избор. Ама со една македонска плата и немаме баш многу избор.
    Или треба мажот да зема доволно добра плата за жената да може да седи дома и да гледа деца.
     
    На Viveki, Annath, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.