Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    Зошто некои од тука имате потреба да ги омаловажувате жените што одлучиле да не работат? Прочитав многу лоши коментари, се гледа дека не сте задоволни од вашиот живот штом имате потреба да ги навредувате, па уште и се расправате со нив, како вие пари да им давате. Секој човек е креатор на својот живот, вие ако сте се омажиле, сте родиле и работите, не значи дека и друга така треба да живее и дека ако не живее по тој редослед дека не е правилно. Како може да не работи, па како може, ете така може и причината да е дека не и се работи, па што? Берете си го вашето гајле.
     
    На Bezimenka90, WarriorAngel, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.727
    Имаше се сеќавам еден пост во Љубовни проблеми тема, една членка имаше пишано дека дечко ѝ (ќе) мора да ги издржува неговите зашто ќе немаат пензија. Работеле хонорарно без стаж, нешто така беше мислам.
    Коментарите можете да погодите какви беа. Сите ја советуваа дека со таков нема иднина, ќе имаат караници, несогласувања, дека неговите треба сами да си мислат, башка што финансиски би биле загрозени.
    И ајде тука работеле да ама на крај пак на целосен товар на синот останува. Не збориме за ниска пензија, збориме за никаква, нула.

    И јас не би била со таков дечко. А и да бидам ќе поставам ултиматум кого да бира. Зашто пак да повторам, не збориме за повремено помагање туку за целосно издржување
    А утре вака да му направам на мое дете, па ќе умрам од глад ама нема да живеам на негов товар, барем не 100%.
     
    Последна измена: 5 јануари 2024
    На eliesaab, Miss666 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    26.997
    Вие што пишувате дека домаќинството е мрзливост дали уствари знаете колку е тешко да се води едно домаќинство? Ако не оди и не работи во банка, а работи дома мислите прелесно е?
    А, домаќинки жени што живеат на село што треба и да се занимаваат со стока или пак со култури мислите прелесно е.
     
    На Bezimenka90, Kolache na mama, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    23.337
    Пол:
    Женски
    Не си во право. Затоа што ако си домаќинка која што се грижи за домот, ќе правиш работи дома. Едноставно е, не одиш на работа -- работиш дома. Не е мрза, работа на друго место е :)

    А ако ти е домаќинлукот изговор и ти уствари не одиш на работа ама не правиш ни дома ништо, е добро. Друг муабет.
     
    На CameliaMiller, Emy867, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    Ги мрзи бе, мрзата е опасна работа
     
    На Anyshka, Viveki и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Проблемот околу своеволни домаќинки е многу подлабок од тоа едноставно да кажеме дека жените се мрзи... (facepalm)

    Интересен опис. Дали тоа го прави мажот шеф кој ја плаќа за нејзината работа дома?
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2024
    На Anyshka, CameliaMiller, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    23.337
    Пол:
    Женски
    Не, туку е ствар на договорот што го тупиме 45 страни веќе. Во нормална брачна состојба не постојат шефови ебаго :rofl: Работиш како правиш нешто, продуктивна си, постоиш. А не дека работиш за парите од маж ти (facepalm)
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    182.107
    Доброволно работеле без стаж. Мрзи.
    Чив проблем е тоа Мачмелоу и што кажува тоа за општеството и кариерните можности?

    20+ години работам. За пензија ги рачунам само годините што ги работам во туѓа држава. Годините сработени во мк папала маца. Ако е за утеха, мажот ми е во поголем стажен минус отколку јас.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, јolene и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Најчеста реченица на тазе мајките околу мене ‘Едвај чекам да почнам на работа, да одморам’, чисто да знаете дека не е мрза во прашање. Мрзлив човек си е мрзлив човек секаде.
    Се друго е договор, избор, некаде љубомора од партнер итн, секаде е различно затоа мислам доста е генерализација, напади и осуди.
     
    На Kolache na mama, Anyshka, crimson и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Јбг, твој опис беше тоа.

    Ама ја рефлектира реалноста дека се пореметуваат динамиките во партнерството кога финансиите се кај мажот. И според начинот на изразување мислам дека потсвесно го знаете тоа...
     
    На Celltica, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    23.337
    Пол:
    Женски
    Извини што мешам скопски со дијалект. Јбг, не се научив :D прво пишав праеш нешто, ама мислев тоа дека ќе направи збунка :D
    Од лично искуство ти кажувам дека од 4 години во брак, првите 2 јас не работев, 3тата маж ми не работеше. Немаше потреба едноставно, имавме доволно за се и ништо не беше пореметено. Со дете и трошоци растат и сега работиме и двајцата и сме на став да заштедиме доволно за еден да остане дома пак, оти очи не можеме да си видиме..
     
    На Anyshka, CameliaMiller и Yowannty им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Сега значи маж ти треба да паузира една година за да не се поремети динамиката.
     
    На CameliaMiller, Yowannty и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  13. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    Нека остане дома тој што го мрзи :rofl:
     
    На Anyshka, Viveki и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Може да се признае дека додека домаќинство треба да биде и во ред е да биде прашање на избор и желба, исто така повлекува и финансиска несигурност.
    Исто како што цврста и јака кариера повлекува и помалку поминато време дома и стрес кој само со седење дома не се доживува.
    Две работи може да бидат истовремено точни зашто јбг, не може сѐ да добиеме во животов и да не направиме никаква жртва. Освен ако не сме ќерки на милионери, во тој случај немаше на фемина да го правиме муабетов туку ќе бевме на некоја плажа.
     
    На andromedae, Bezimenka90, KateKane и 13 други им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    23.337
    Пол:
    Женски
    Ќе фатам врски кај засегнатите страни да ја пореметам динамиката :D

    Plot twist, и двајцата :rofl:
     
    На Anyshka, CameliaMiller, LUCI 99 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.804
    Пол:
    Женски
    Зошто темава доби волку лош тек? А може нормално да се дискутира, без било кој да се чувствува прозван или понижен....а може и да се научи од туѓо искуство,впрочем тоа и би требала да биде улогата на еден форум...

    Јас почетно разбрав дека дискутираме за жени домаќинки како тренд кој зема силен замав во последно време. Значи не за жени кои се решиле да паузираат неколку години поради мајчинство, кои имаат услови тоа да си го дозволат бидејќи поголемиот дел од нив живеат во социјално средени држави.

    " Проблемот " може да се случи кога млади девојки овој тренд го инволвираат во својот живот, сметајќи дека е така правилно и најдобро, отфрлајќи ги сите придобивки кои им ги создале нивните мајки и баби, свртувајќи се само кон домот и децата, бидејќи поголемиот дел од нив со тек на време во секојдневната рутина која голта, ќе заборави дека некогаш биле личности со сопствени интереси и желби....

    Дали е тоа штета? Ќе се осмелам да кажам , да.
    Ако од дискусијава се извлече заклучок дека основната улога на жената е да биде брижна и мајчински настроена ( мајка или не ) , тогаш може да се дискутира како да ја подели таа своја доблесност и пошироко од домот....или не? Што е битно во дискусијава?

    Слобода на избор секако не, бидејќи кога станува збор за трендови, таа рапидно се намалува.
     
    На Just.do.it, Srckata28, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.310
    Допаѓања:
    36.987
    Пол:
    Женски
    Не значи дека секоја домаќинка е мрза. Јас не сум. Ама имам во фамилија мрза. И тоа апла мрза. Која само кука дека нема пари и се научила да бара од други. Нема да навлегувам во детали заради приватност, ама такво нешто јас не сум видела. Само ќе пишам... Тешко на децата и на мажот. :x
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nallla

    nallla Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали можеш да споделиш за каква онлајн работа станува збор, дека јас сум исто во потрага но доколку е парт тајм, моментално немам време но за неколку месеци ќе ми треба, или доколку ти е позгодно пиши ми во приватна (доколку за таа работа не е потребен факултет и некои специфични предзнаења што знам)
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    182.107
    Не знам дали може да се дефинира што е цврста и јака кариера. Корелирано со тоа, не знам ни кој стрес го мериме, стрес од работа, стрес од работа+дом/деца, или кои се сите операции на мерење.
    Има луѓе-жени што велат, да одам на работа да одморам. И јас сум една од нив. Јас истата, пред да имам дете, велев дека ми белее косата од неодговорно и лефтерно работење на други, реално живци губев. Јас, откако имам дете, објективно ми обеле косата, и субјективно тврдам дека тој стрес дома со дете (или на игралиште, или на пат, или на летување ) мене ми е поголем. И затоа сега к не ми чуе кој колку неодговорно работи, а единствениот страв од губење работа, ми е дека детето ќе ми биде ускратено за храна, облека, обувки, книги, летување. И, исто така, не помалку битно, тоа што имам научено на работа, последниве 8 години, ама ич не се мери, со се што имам научено заради тоа што имам дете, и во длабина и во ширина.
    Не дека сите учат и растат, ниту со работа, ниту со деца, ама на кој му се учи и расте, ќе научи и порасне во секоја ситуација.

    Ах, уште нешто. Праша мислам @Tanjamm која е успешна жена. Пред некој ден, случајно ми излезе ова https://off.net.mk/zezalici/meshano/dovolen-1
    Фрос е успешна жена. Фрос, неодамна, открила дека збирот на аглите во триаголникот не е 190 степени, како што пишувало во печатениот учебник за не знам кој клас. И не молчела за да не влезе во конфликт со ,,системот,, иако веројатно сеуште работи работа на државно (ако не е во пензија). И предава/ предаваше математика. И на едно чудо успешни луѓе им оставила белег во животот, на пример став, дека 2 плус 2 не може да е 22.
     
    Последна измена: 5 јануари 2024
    На CameliaMiller, јolene, sonuvana и 5 други им се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.777
    Не е мрза. Прашање на избор е.
    И луксуз е да не работиш а сите потреби да ти бидат задоволени.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.