Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    33.826
    Пол:
    Женски
    На Нетфликс ми излезе серијата Working' moms .
    Изгледав 2 епизоди и многу е реална и е добро опишана низ што се поминува една мајка.
    Погледнете ја може ќе најдете одговор на глупава тема која наполни дури 46 страни(facepalm).
     
    На Lizi, Калатеа, Curious cat и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    После се што исчитав можам да кажам дека во повеќе правци отиде дискусијава (ако може така да се нарече) а немаше реална потреба од тоа.
    Прво забележувам во многу коментари дека бракот е многу чудно сфатен од некои членки. Да, се се случува во животот, треба да се има план Б, и треба да е секој од партнерите свесен дека работите можат и да се сменат. АМА, се надевам дека никој не влага у брак со однапред смислени калкулации, со мои, твои пари, со рамномерно делење 50:50 на се. Бракот е љубов, заедница, почит. Не знам зошто од старт со толкава недоверба, како однапред да си го повикува некој лошото. Значи, двајцата придонесуваат во заедницата и тоа секој може да го прави на различен начин, готвење, чистење, пазарење, работа, домаќинлук, ватевр, договор е, кој никогаш нема да е 50:50 рамно освен ако не си играте полицајци по дома и не си ставате цртки кој што направил. Следствено на ова, ствар на договор е и поддршката од партнерот во однос на изборот да се работи или не. Јас сум си го гледала партнерот како работи работа кај што се осеќа мизерно и тоа се рефлектираше и на неговото расположение дома. По заеднички муабет го поддржав апсолутно да даде отказ, да се преквалификува и да бара друга работа. И не ми беше криво што работев само јас, зошто такви беа околностите, а со мојата плата бевме комотни. Утре може мене ќе ми се случи нешто што ќе ме натера да престанам со работа... живот, тоа е.
    Во однос на деца и мајчинство. Кариерно сум изградена. Имам убаво образование и убава работна позиција. Многу се трудев да стигнам до каде што сум и работата ми била можеби и најголем приоритет. Откако родив, ништо не ми е битно. Т.е. ништо не ми е побитно од неа. Се вратив на работа, не сум истата. На сто страни сум поделена како мајка. И да маж ми е еднакво инволвиран во се поврзано со детето ама јас пак сум поделена како мајка. Ко што кажаа, природа... Да имаме можност идеално би се вратила на пола работно време дур не си ја пораснам како што треба. За жал немам таква можност. И тоа е неправедното во феминизмот. Што биолошки сме предодредени за мајки, а општествено ни е наметнато дека треба да сме секаде се и само тоа е дефиниција за успешност. Во ред е да се вратиш чекор назад затоа што си станала мајка. Во ред е и ако немаш друга опција или работата ти е топ приоритет да се вратиш одма на работа и да оставиш дете во градинка или друг да го чува. Секој за себе го прави тоа што мисли дека е најдобро, секако и за своите деца.
    Ама под превез на феминизам да се правиме суперхерои што можат се, не баш. Нешто ќе страда. Дали работа, дали дом, дали дете, дали маж, дали здравје дали сон. Не може се да имаш. Тие што можат нека кажат рецепт еве.
     
    На Shelea, Giovanna, LUCI 99 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.727
    Јас работењето го сфаќам дека прво за себе (ќе) работам, не за нашата врска, брак или за него. Оти планирам од нешто да живеам ЈАС, без разлика дали он решил милиони да ми дава. Не сакам нашата заедница да е мојот целосен идентитет па ете ако не е он, јас да сум никој и ништо, без скршен денар. Туку некои работи да ги правам без разлика на околностите.

    И не е до недоверба толку колку што од некои работи нема назад. Може ќе се разделите утре ама ти ќе тераш даље и без него. Ама ако не работам со години и после се разведеме, а јас 60+ години, од што ќе живеам? Е тука нема идење даље, нема план Б, никаков.
    А и да делат некои 50:50, па они така одлучиле де, зашто да им се мешаме, мислам така се викаше.
     
    На ForeverYoung, Feminka22, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    97.496
    На 60+ не се разведувам маЌе, до тогаш ќе го умрам за се да му земам:worried:
    Дете МУ родив, ќе го соголам:devil:
     
    На senjorita-v, bittersweet, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    7.870
    Пол:
    Женски
    Ете за уште поточно да е болдот :rofl:.
    Билко мори :$:l:.
    Инаку ни за домаќинлк не ме бидува. Правев штрудла со јаболка, без шеќер нормално! Од ко ја направив укапирав дека маж ми за една друга збореше. А и баш не се погоди, сега криво ми е. Немам побеќе мастрав, а утре тука неработен ден и така, не можам ни поправна да направам :rofl:.
    Бев и до икеа, демек да си купам филџани за кафе, ама не ми се свиѓаа во живо. И така денов никаво фајде од мене. Џабе седам дома.

    На темата не ни знам што имам да кажам повеќе, освен фала богу што имаме приземни, умни и борбени членки. За восхит се вашите приказни :bow:.
     
    На Chantal, CameliaMiller, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Абе 50:50 никад нема да поделиш. Брак не е математика, ќе видиш. Партнерство е. Да се најдеш со некој и во добро и во лошо и да истраете. Па побогу после развод се што е стекнато во брак се дели на двајцата, не те прашуваат дали работеше или беше домаќинка.
    Супер што сакаш да работиш и јас сакам. Под кои услови со моменталната животна ситуација што ја имам е веќе друго. И работата не е идентитет, исто како што ни брачна заедница не е.
    И уште еднаш, не влагајте со толку калкулации и негатива у брак. Убаво е да делиш живот и се што носи тој живот со идеалниот за тебе. Срања се дешаваат, не викам ко мува без глава и без свое јас да се остави некоја. Ама не и да се прават стално филмови и стално да се врти се околу тоа што ако ме остави или тепа.
     
    На flower30, Irimiri, Anyshka и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    269.083
    Ама тоа упатува на поголеми и посериозни дисфункционалности, кои ќе испливаат и на други места, на пример ако жената заработува повеќе од него.
    Ако станува збор за партнерски, еднаков и искрен однос, со карти и договор на маса, без потиснување на разно-разни фрустрации, можно е да функционира ваков брак, заедница без поголеми потреси (бидејќи совршенство не постои).
    Ако самите имаме задна агенда или партнерот ја има, ако не сме искрени, неминовно ќе дојде до проблеми.

    Зборуваме дека ако се најдат двајцата на иста страница, на двајцата им одговара организацијата и двајцата се баш таму кај што сакаат да бидат - немаме право да им кажеме дека имаат проблем, тие си живеат со своите одлуки, возрасни луѓе се.

    Постојат парови кои не ни имаат деца, па жената не работи, баш пример од црни сценарија беа - таа со средно гимназија, освен во трафика друга работа не можеше да најде, тој со докторат и работа со во иЉадарки евра плата. Дур немаа деца немаа, ама меѓувремено и деца роди таа, факултет учеше и децата ги чуваше, толку. Евентуално се разведоа, па на 40+ почна да работи таа и еве ден денес работи.

    Се може, додека не е под присила.
     
    На senjorita-v, Anyshka, Viveki и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.727
    После развод се дели стекнат недвижен имот, заеднички основани фирми итн.
    Ама знам куп разведени и ниедни не поделиле плата/пензија. Побогу ни при алиментација не е 50% давачката.

    Не е идентитет ама еден облик на стабилност е што ти дава самодоверба. Да се фрлам комплетно во туѓи раце нема, колку год да му верувам на некој.
    Јас од старт сакам да имам црно на бело што имам и што немам и може да имам и немам.
    А чекај, тргаш пари на страна за некои ситуации? Или трошиш цеела плата од 1ви до 1ви, секако нова ќе добиеш. Не, нели? И не е зашто 24/7 имаш кошмари дека нешто ќе се деси туку сакаш да имаш една нишка на сигурност.
    Ете јас и сега по нешто тргам од скромнава ми плата. И ако имам деца ќе сакам да им штедам на страна. А зошто? Да се најдат дали за студии, дали за недајбоже, дали за убави прилики. Не викам аај бе, што ќе мислам за утре.
     
    На senjorita-v, ForeverYoung, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    269.083
    Паметно е да мислиш за после брак, јас секогаш мислев и иако не бев во на хартија брак, паметно сум мислела.

    Во Македонија не гледаш пола куќа на жена затоа што не ни живеат во куќа стекната во брак, туку најчесто наследена или во заедница со родителите.

    Државата ни е од недоверба, не мажите. Законите се таман, ама не се спроведуваат. Инаку не само стекнатото во брак што се дели на пола, туку и можеш да бараш издршка додека да се вработиш. Е сега пошто обично се копуци, ни алиментација не им се плаќа, па даваат отказ и на црно работат, тоа е друго.

    А во заедничкото живеење со партнерот, кога ќе живеете заедно, ќе видиш дека нема шанси се' да поделите 50/50, ма колку и да се трудите. Едниот секогаш ќе сработи нешто повеќе, друг пат другиот, едниот ќе потроши повеќе, друг пат другиот итн.

    Важно е меѓусебно да се разбирате и поддржувате, да не сте токсични и себични и секој на своја страна да влече само без слух за другиот, останатото се' е ситница ако успеете меѓу себе да имате разбирање и хармонија.
     
    На senjorita-v, Miss666, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Децата се одговорност и на двајцата. И двајцата треба да мислат за иднината на тие деца. Затоа и не се влага во брак и правење деца "од онака". Јас не оспорувам воопшто дека треба да имаш сејфти нет, свое јас, работа, образование. Така имаш стабилност пред се како личност а после за се друго. Ама кога се омажив не ми беше на памет прва работа, дај да работам и тргам пари на страна скришно од маж ми за ако се разведеме. Ако дојде до тоа способна сум да си го најдам крајот, ама не сум цело време со таа мисла. Не знам како поинаку да објаснам.
     
    На Annath, eliesaab, Polyincognito и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.144
    Допаѓања:
    35.903
    Пол:
    Женски
    А зошто па им се мешате вие на тие што одлучиле да не работат?
    Да не им се мешаме ако делат 50:50, а да им се мешаме зошто одлучиле да не работат.
     
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Женски
    50 50 викат, ама сите знаеме дека не е 50 50 дома во брак. 80- 20 е, за жената, оди на работа и плус после се грижи за домаќинството. Ретки се мажите шо секој втор ден ќе бришат прашина и ќе усисиват. Еднаш го прават тоа и очекуват медал, до крајот на животот фала да му кажуваш.
     
    На mssuniquee, Anyshka и Viveki им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.144
    Допаѓања:
    35.903
    Пол:
    Женски
    Па повеќето мажи, посебно од постарите генерации (со чест на исклучоци) не се ни замараат дали има прашина или не, не па да бришат, кај паднало не станало хаха . Има и жени такви, не само мажи, мрзи бе, што ќе правиш.
     
    На Viveki и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Женски
    Џабе е ние да се удираме во градите и да викаме дека треба да биде 50-50, ние не сме американци ни германци, ние сме затуцани балканци. Ова 50-50 само на мажите кај нас им одговара, на нас не. Затоа викам дека претеран феминизам не е на арно.
     
    На LUCI 99 и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.727
    Не може, тачно.
    Нема да мерам кој повеќе вода потрошил или изел повеќе храна. Јас сум била на гости кај член од негова фамилија по цела недела на нивен трошок.
    Ама не сакам да се опушти со трошење на неговите пари зашто моите ќе стигнат за после. Колку и да биле.
    Нека се заеднички, јас секогаш ќе имам во глава мене, на моја сметка да ми останат до крај на месец место да барам и да се мислам дали он ќе ми даде.

    И да зима 2000 евра, јас 300, ќе рачунам дека живеам прво јас сама со 300, после двајцата со 2300.
     
    На Just.do.it и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Муабетов е оф топик, ама апсолутно не е вистина дека е балканска појава, насекаде низ светот овој феномен го има. Налетај на reel кај што тема е како жената прави сè, а мажот си го лади и читај ги коментарите. Буквално низ цел свет истото се случува. Али да, таму кај што генерално општеството е понапреднато, сè помалку е така, па дури и кај новите генерации кај нас може да се забележи тој напредок.
     
    На LUCI 99, Angie1432, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Женски
    Не генерализирав јас, ај не испревртувај, и да , помладите ајде некако го пребродуваат тоа, ама секако повеќето уште се водат според тоа мажот да биде дел од интериерот дома и да не чепка ништо.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Па дека рече не сме американци, ни германци, туку затуцани балканци, како само на балканот да е така.
    Едит: не дека младите го пребродруваат тоа, туку кај помладите парови мажот прави сè исто како и жената, односно се грижи за домот подеднакво.
     
    На Angie1432 и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Женски
    Па сме, оти кај нас тоа најмногу се практикува.
     
  20. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Вака кога ве читам се прашувам зошто воопшто некој планира да стапи во заедница со некој друг ако нема доверба во човекот со кој што планира да живее. И тоа најчесто ова се коментари од девојчиња што не се ни омажени. Вие не треба да се доведите во ситуација да размислувате за брак во кој постои можност партнерот да ве условува. Тури му пепел на таквиот брак ако однапред имате такви можни очекувања. Прво осигурајте се дека партнерот е човек од доверба со кој може да планирате семејство и иднина, па после зборувајте за брак.

    Не треба да ситничите толку. Колку повеќе мислите кој што направил, колку заработил, колкав дел од парите е негов, а колкав ваш, толку повеќе имате материјал за да расте недовербата и разочараноста кај партнерите. Вие двајца придонесувате во заедницата и со тоа што се договарате и организирате меѓусебно за правилно да функционирате.
     
    На emiliana, LUCI 99, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.