Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Векот е тој шо е. Сега жените имаат избор. Каков е тој прогрес ако жените немаа избор, било тоа да седат до 3г со детето или да бркаат кариера? Башка шо поќето не можат да си дозволат да седат дома со детето, ете нека не е жената, еден од партнерите не можи да си дозволи да остани со детето две-три години. Седење дома си има свои предности и свои негативни страни. Не значи дека ќе затупи некој/а. Не седиш и само да медитираш. Секогаш можиш да се надградваш во многу сфери. Тука беше членка шо дур остана дома пиша дека шифт на професија напрај и откри шо ја исполнува да работи во животот. Уствари прогресот во општеството е да нуди избор. А, не да форсира некој по секоја цена да е ист со другите.

    Ова е пример за немање избор на пример. Нешто шо не е во ред де.

    Во тој каде има избор. Кај шо не е форсирана да прави нешто само зошто е жена чак било тоа и работа. Форсирање некој да е домаќинка, е подеднакво лошо со форсирање некој да работи. Првото влијае лошо на положбата на жената ако сака да избегни домот. Второто влијае лошо на менталното здравје ако не е задоволна од работата и потребите ако ѝ се поинакви и носи до фрустрации.

    Тој некој можи да одбери да не работи, оти има избор. Јас, можам да одберам да не ми е во животот оти сметам дека треба партнерот да ми работи, оти и јас имам избор. Ова шо збораме нема врска со шо преферираме. Туку со фактот дека треба да се има избор. Изборот на другите не смеј да зависи од нашите преференци.

    Назад му велевте на @Munchmallow20 зошто рекла дека ако партнерот е работоспособен и не работи - не е точниот за неа. Се согласувам. Тој партнер без амбиција не би бил и точниот за мене. Оти и јас самата на работа и ме исполнува на одреден начин и сакам партнер сличен на мене. Ама тој можи да избери да не работи. Не е форсиран да работи. Исто ко шо јас не сум форсирана да останам со некој кој не ми задоволува критериумите и да направам избор да не сум со него. Нормално, ова не важи, ко шо пишав во мислењево, ако двата одлучиме јас или тој да останат дома зошто финансиски ни е изводливо краткорочно (дур детето би тргнало во градинка).

    Ако нема амбиција да работи - не. Ако двата одлучиме тој да остани со детето дома 3г - да. Оти има разлика во тоа да неќи никогаш, ич да работи и свесни сме дека во денешно општество не можи само со еден вработен партнер. А сосем друго е ако испланираме и увидиме дека подобро и за мене и за него и за детето е тој да остани дома и да се грижи за детето и домот дур не тргни детето во градинка па да се врати на работа. Мешање баби и жаби е прашањето.

    И како е ова лошо? Не мора по секоја цена се да прајте сами, сем ако сакате оти ти опсесивно се изјаснуваш сегде дека сакаш. Некој неќи. Целта е да е чисто и да има кој да го гледа детето. Ако некој можи да си дозволи некој да исчисти, да има кој да гледа детето за после работа партнерите да имаат време и да одморат, и да си посветат време меѓусебе и да посветат време на детето - тоа е идеално. Порано имале многу деца луѓето. Тоа е така зошто it takes a village да порасниш дете. Сега немаме "село" за да растиме детето. Па се снаоѓаме со опциите кои ги имаме - или имаме можност да остани еден партнер некое време дома, или можност некој да платиме за помош низ домот или се правиме сами, но по која цена? Баш една членка добро опиша по која цена.

    Личен потсетник: до 34 стр. си со читање, никако до крај не можам да ве дочитам со деној веќе... XD
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На senjorita-v, Bezimenka90, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.719
    Допаѓања:
    23.925
    Пол:
    Женски
    За ова последново со мали букви.
    Џабе читаш, ја испушти бурата кога беше :D
     
    На flower30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Не ми турај сол на рана. Ќе си дочитам. Само нешто преку 10 страни имам сега, вечер дур ќе можам пак да читам... Неќам да замислам. :D
     
    На senjorita-v, flower30, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.320
    Допаѓања:
    182.097
    Сакав да ја цитирам Реин од понапред, пошто битна поента имаше, ама ај тоа во друг пост.

    Проблемот со вашите ставови, што не разбирате е дека тебе фокусот ти е на што после евентуално недајбоже, а членката се обидува да ти објасни дека не влегуваш во брак, ако очекуваш да заврши со развод. Штознам, можда и влегува некој со таква идеја, ама не бракот замислен за така. А ако влегуваш така, дефинитивно никогаш не размислувај за деца, пошто тогаш е дури игра со многу непознати и ризици.

    Значи, тоа што ти од старт сакаш да имаш свое, заработено, наследено, е логично и одговорно. Ама тоа е тоа што зависи од тебе и колку ќе ти дозволат околностите, да заработиш, да наследиш, да добиеш лото. Идеално е да заработиш за сопствен стан на пример, ама исто знаеме дека е малку научна фантастика. Рационално е, ако инвестираш заштеда во заеднички стан, имот, да имаш црно на бело, како Камелија. Мене ми е нерационално, да инвестирам во спрат, кај било чии родители, и тоа вклучува и негови и мои, пошто после е невозможно да се распраи во недајбоже. И све ова, до моментот што имам во старт. После, кога си веќе во брак, и настрана обезбедување живеалиште, е све освен 50-50. Пошто тие 50-50 се законска норма за евентуално делење имот во случај на развод, ниту се реални ниту возможни во делење во обврски внатре во бракот, ниту е реално возможно двајцата да придонесувате во континуитет финансиски 50-50, ниту е брак како таков за делење 50-50, туку е за множење, заедничко градење и правење од ништо нешто. Сега ова е моја перспектива, од позиција на дете од работничка класа, која влегла во брак со заштеда, колку што сега трошам на летување, немам појма дали е тоа визијата и на луѓе што влегуваат во брак со стан, џип и деловен простор. Затоа ти се кажува дека се влегува во брак со човек со кој сте на иста страна, со слични погледи кон животот и заеднички цели, и главно се влегува со доверба, а не со очекување ај да тераме дури да пукне.

    За останите делења и законски проблеми, ти одговорила Каме.

    Инаку апсолутно, штеди настрана ако ти се штеди, троши пари што тој ги заработува ако ти се троши, имајте посебни картички, имајте заедничка, како да ти кажам, внатрешното уредување на односи во бракот, не е ничија работа освен на тие во бракот.
    И многу смешно ми дојде, некој погоре коментираше- ама мажот ги држи парите, ако ги заработува, или како беше. Од моите баби, едната ги држеше парите, во буквална смисла на зборот- пари кеш во ташна, и ташната стално со нејзе:D. Значи, кој како ќе се договори;)
     
    На senjorita-v, Kolache na mama, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    53.224
    Пол:
    Женски
    Се е до домашното воспитување. Син ми неполни 6 год и брише и усисава. Нема да растам паразит нормално. И маж ми уште од дете сам си правеше доручек па и ручек оти мајка му работеше па гладен сигурно немал да седи. Денес поубаво готви од мене.
    IMG_9538.jpeg
    За другото како ќе се договорите,нам се во банка ни е на име на двајцата, мислам се е заедничко..
     
    На LUCI 99, Annath, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.896
    Пол:
    Женски
    Не реков дека е лошо жени да платат и да им чистат, кој како си сака така, јас за мене еве си кажувам дека не сакам некоја жена да ми се плетка по дома, не сакам во кујна да ми се плеткаат ниту мајка ми, ниту свекрва, ама тоа сум јас, не си ти, не е Трајанка.
    Некои ако си сакаат можат да одат и секој ден на ручек кај мајките и свекрвите, или да им готват, нивно право си е тоа, не можам да им се мешам.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.718
    Оф топик малце ама еве ќе ти кажам.
    Кога зборев во темана за снаи и свекрви дека одговорите беа ќе видиш кога ќе се омажиш дека и ти ќе мораш кај свекрвата. А вистината е дека од мојата будуќа е јасно прецизирано дека за мене таму нема место. Кажано ми е во очи.
    Значи знам однапред. Значи не е ај ќе видиме, ај не размислувај, ај ќе видиш кога ќе дојде, знам отсега дека или кирија или кредит, свекрвата е надвор од игра, не спијам на тоа уво дека она ќе ме прими. И вака за други битни прашања сакам да знам на што сум.

    Не ситничам ниту сум параноична. И да е најдобриот на свет, не сакам да се изгубам себе, својата стабилност зашто ете го имам него. Оти крај крајова, доверба тешко се гради, лесно и преку ноќ се руши. И после чорба.

    А низ форумов често гледам влегуваат во брак само со доверба, со куп нерасчистени работи, само на збор и после ама не ми дава мм картичката, ама золвата неќе да ни ја остави собата.
    Седнувам и разговарам вака и вака. И ќе биде така? Ако не биде секој по свој пат.
    Не сакам празни ветувања, не сакам симнување ѕвезди за џабе.
     
    На Miss666, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.719
    Допаѓања:
    23.925
    Пол:
    Женски
    Јас те сфаќам многу убаво шо сакаш да кажеш. И јас не ги подржувам тие жени шо сакат целосно зависни од некој да бидат цел живот. Јас пишав тука, сум работела и пак ќе работам. Едино сега шо седам дома оти така повеќе заработка се има. И пак не сум без ич. Иам и заштеда, и си ставам уште по нешто настрана. И тоа е МОЕ.
    Само тука на темава не знаеме за кои домаќинки се збори, дали за тие цел живот шо седат дома и се домаќинки или овие шо одлучиле да бидат такви додека децата се мали?
     
    На Lady D ❤️, SummerGirl и mssuniquee им се допаѓа ова.
  9. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Не ни треба да спиеш на тоа уво дека свекрвата ќе те прими.
    Ти не треба да планираш живот со свекрвата туку живот со партнерот.
    Ако така ги планираш нештата, треба да си ги средиш приоритетите во животот.
     
    На Annath, CameliaMiller, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.718
    Точно, со него. Ама да знам 100% каде ќе одиме а не кај неа па после да ме читате во темана. Ко да ме бутнал со сила кај неа некој.
    Кај неа нема да сум и фала богу расчистено е тоа. Место да ми викаат аај ќе видиш. Кажано е, готово.

    И никоја не треба да се надева на свекрвата. А не после темана фул.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  11. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.167
    Пол:
    Женски
    Работата е што никогаш не можеш да знееш 100%, колку и да си спремен за нешто, ќе се деси некоја ситуација и...
    Да знаевме сите 100% животот ќе беше лесен.
     
    На Annath, eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.718
    Па од нејзе е кажано, не знам како да кажам поинаку.
    Јас и да сакам и да сум приморана, она ќе неќе.
    А на туѓи одлуки не влијаам.
     
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.167
    Пол:
    Женски
    Ти кажувам за се во животот понатаму. Колку и планови да имаш, колку и да си сигурна, пак ќе излезе нешто и ќе те сјебе. Всушност и сите ти го кажуваме тоа...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.718
    Епа нема да се мажам тогаш јбг:)
    Нема да имаме заеднички живот ако не можеме да го имаме и тоа е тоа.
    Без разлика дали пречката се живеалиште или финансии.

    *****
    И дечки феминизам не е само жената да прави нешто по нејзин избор. Туку да им помогнеш на тие жени да разберат разлика меѓу слободен и проморан избор под влијание. Некогаш премногу буквално си го сфаќате ова со избор.

    Оти жени "избираат" и да се силувани во брак, и да ги мажат со непознати, и да носат хиџаб и да препуштат све на братот и да бидат слугинки дома и многу други нешта што не се случајно "избрани"
    Дали е слободен избор тука или само не се свесни дека се со нажалост исперен мозок?
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На senjorita-v, Just.do.it, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.320
    Допаѓања:
    182.097
    За да знаеш 100% се потпираш само на себе 100% и не влегуваш во брак и немаш деца. Е после и 100% кирија/кредит плаќаш и кариера можеш да бркаш и ако останеш неработоспособен на 50, 100% е твој проблем... и така.
     
    На senjorita-v, Annath, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.120
    Океј е да не сакаш да се омажиш затоа што партнерот не ти ги исполнува барањата и критериумите што ги имаш. Ама не може да го очекуваш тоа, а за возврат ништо да не понудиш. Треба да бидеш свесна и дека и ти треба да исполниш нечии барања и критериуми во бракот. Се е работа на договор и компромис.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.250
    Допаѓања:
    136.587
    Денес и утре има вработени мајки кои не се дома со семејството.

    Ноќта имаат спремено лепче за денеска и не си ги гледаат децата како коледарчиња, на вибер и делат паричка, и не може да си го баци детето оти му се паднала него.

    Без разлика дали мора или сака да работи, не е убаво ни за децата ни за неа.

    И уште убедување дека е подобро да си со колешките што ќе ве заборават за два дена ако умрете, или со децата?!

    Ако имате шанса, не работете. Или работете по 4 саати, или хонорарно.

    И омажете се за здраворазумен маж. НЕ со тој што е најубав у друштво, или оној што ебел јако, или имал јака кола. Туку со најдобриот потенцијален татко на децата. И најдобриот другар на светот.
     
    На senjorita-v, Shelea, Kolache na mama и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Супер се тоа и дај боже се по план да ви искочи. Свекрвата што рекла е скроз небитно зашто сите се такви јаки на зборови и после кога синчето ќе излезе од дома и ќе плаќа кирија некаде, ќе биде ‘па што не си дојдете кај нас зашто да плаќате кирија’, па на синот добра му се гледа идејата нели зошто да дава 100-200 евра кога може да ги трга на страна, па ти скокаш нели се договоривме сами да живееме, па попушташ за мир у кучи, па еве мама ќе го чува бебето зошто да оди во градинка…и така во недоглед. Затоа гледај го партнерот како размислува, што прави, а не што ти кажува или свеки што мисли.
     
    На Anyshka, Трагедијаупмм, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Gurl same. :D Ужасна мајка би била, од оние шо ги пцујат на форумов. :devil: Треба светот да е среќен дека мачор вдомив. Убав на мајка.

    Гледам дека се шо потенцијално би можела да цитирам е едно исто шо веќе пишав, па сега сакам да продискутирам општо.

    Пак, до крај сум секогаш секој да избери шо сака. Ама сега ќе пишам оти јас избирам како шо избирам.

    Не можам да замислам реалност каде подолго време би била без работа. Зошто? На мозоков мој му треба таква структура + социјализација шо ја добивам таму ми е доволно за во работна недела да не паднам ментално. Да ја имав привилегијата да сум богата, можи немаше да работам за плата, ама секогаш има хоби/passion projects кои можев да ги прам и волонтерство. Волонтерство со работа сум праела паралелно. Душата ми излезе. Сакам бе да имам привилегија да давам дел од себе за некој кој сметам дека заслужува и има потреба од тоа. Ама ја немам привилегијата тоа да си го дозволувам толку долгорочно колку шо би сакала и можам само во блиц моменти. Исто поназад беше спомнато пола работно време за мајки. Нека е општо за родители. Скроз би го земала. Да работам и имам плата плус да имам време да посветам внимание на дете колку шо јас сакам? Не разбирам како е грешно.

    Сега малку помалку субјективно, туку објективно. Останување дома со фокус на дете има свои ризици и предности. Апсолутно на дете му треба внимание. Пишав, за да се порасни дете треба село, како порано кога луѓе живееле во големи заедници и сите деца на купче. Сега немаме таква можност. Сега имаме можност родителите двата, или еден дома да останат со детето и низ нежност и внимание да го растат. И тоа е во еден момент привилегија. Да можиш да останиш дома со детето и да му поможиш да се гради во добра личност со емпатија, љубов и самодоверба. И тоа е огромна предност. Но, која е мааната? Јас секогаш зборувам во неутрален род за партнерски обврски и односи ама сега ќе велам жена зошто историски ова е точно. Жена која останала да е домаќинка долгорочно (дур и се школува детето итн) е во ризик да целиот живот ѝ се врти околу тоа дете. И иако би ја правела во моментот тоа среќна, детето расти и природно се движиме од семејство со дете кон празно гнездо, без дете. И секогаш менталниот и емоционалниот терет паѓа на мајката која останала толку време со детето и целиот нејзин живот уствари не е нејзин туку е на детето. И тогаш има криза, не знае што со себе, доаѓа до депресивни епизоди. И ова е огромен недостаток кој ретко го зема во предвид пред време за да превентира (со активности надвор од домот, нека не е работа нека е волонтерство, хоби, пријатели, градње на мрежа).

    Апсолутно нестимулација на мозок и "отупување" нема да ги земам како недостатоци. И да си дома можиш да се стимулираш. Избор е дали ќе го направиш то.
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На senjorita-v, JuLleE, jacqueline.s и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Најјако е што повеќе од најгласните членки тука скоро и да немаат никаков интегритет, зошто истите во свекрви и снаи ви викаат одделете се, сами сте си криви што не сте заработиле, јас без помош сум и жена и мајка и кралица и се, јас сум студирала 100 факултети, ама на оваа тема ако не морате седете не работете. Чест на исклучоците што си го држат ставот и таму и тука.

    И не знам што упорно се збори за неработење некоја година дури децата пораснат или слично, ко што сфатив темата е за жени кои цел живот не работат никаква работа, ни фриленс, ни некое хоби кои им носи пари, значи ништо. Искрено не знам колку многу пари треба да има човек за да не работи воопшто цел живот, а не ја разбирам ни потребата да не правиш ништо освен семејството, притоа зборам да може да се обезбеди семејство со пристоен живот како сопствено живеалиште, автомобил, пристојна гардероба, одмори барем два годишно и слично. Зошто јас моето дете не би го оставила да нема дел од ова, да има само да јаде и пие, оти тоа е баш идеализирање на сиромаштијата - немаме многу ама многу сме среќни. Не баш. А ако веќе имам партнер што има за сите овие потреби доволно од една плата, сигурно има доволно за да ми даде некоја сума инвестиција да си монетизирам некое хоби без притоа да работам за газда и 9-5 ^_^ Идеи имам куп, пари ми фалат :D

    Ама пак, си збориме за 0.1% од популацијата во Македонија.

    Случаи секако има кај што и да сака скоро невозможно е едниот родител да работи, кај што дете или друг член на семејството бара поголема нега и слично. Мислам дека тие секако не беа тема на дискусија, зошто тие најчесто веќе имаат full time job со самото тоа.
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На KateKane, Srckata28, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.