Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.718
    Ја не знам дали случајно спаѓам у "гласните":rofl: ама во меѓувреме имаш цела тема посветена на младите кои постојано менувале работно место, кои не трпеле ни малку авторитет на работа, па гледаш коментари јас рмбав за 6000ки, вие сакате све на тацна и тако даље.

    Или ако немаш деца тогаш треба да се убиваш од работа зашто свој живот не треба да имаш?
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На Feminka22, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  2. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.167
    Пол:
    Женски
    Да видиш дали им е простено на мајките, ако немаш млеко да му купиш на детето не за 6000ки, за 1000 денари ќе идеш вециња да чистиш.
     
    На Anyshka, No Makeup и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.719
    Допаѓања:
    23.925
    Пол:
    Женски
    Јас незнам зошто животот на жените секогаш го сведуваат или на работа или на деца. Зарем нема други работи во овој живот шо може да се напраат или искусат?
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.167
    Пол:
    Женски
    Не, туку 90% од мајките што пишаат тука дека би седеле дома да си ги гледаат децата како растат, наместо да одат на работа се со јаки кариери. Искусиле на своја кожа. А беа нападнати дека не треба да седат дома и да зависат од мажите, немало да имаат ѓаќи да си купат, па се омаловажувало татковството и што ти не уште...
    За младите од 20 години одете работете, шетајте надоградувјате се, кој ви рече домаќинки да бидете. За се има време. Или не работете, како сакате...
     
    На Anyshka, No Makeup и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.250
    Допаѓања:
    136.587
    Не се срамете да ме тагнете, не се плашете.

    Кога ќе разграничите живеење со свекрва и со маж, јавете ми се.
     
    На senjorita-v, Feminka22, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.320
    Допаѓања:
    182.097
    Ај да се одразам од тебе, да се вратиме он топик, алелуја.

    Можам да пишувам само од моја перспектива, од едно малку поинаку устроено општество.
    Значи апсолутно, правата или родителските бенефити, после биолошкото мајчинско отсуство, како пола/скратено работно време или законска можност за работа од дома, е апсолутно врзано за родител, не за маж или жена. Технички, новата мајка може да се врати на работа после 6 или не знам колку месеци, до 3 години, родителско отсуство може да практикува било кој, што се грижи за детето (може, не мора), до 9 години или не знам колку, законски можеш да работиш дистант (ако условите на работната позиција го дозволуваат тоа). И се се ова луксузи за привилегирани, очигледно не можеш да бидеш лекар или пекар си хоум офис, ама ете, за некого постојат. Ваљда пошто увиделе дека деца постигнуваат извесни развојни фази на извесна возраст, имаат потреба од родителско присуство во помала или поголема мера и никој не претпоставува дека бабите, дедовците, се одговорни за децата.
    Аспектот зошто најчесто е родителот мајката се биолошки и финансиски. Настрана мистериозната биолошка поврзаност, зошто мало болно дете има потреба од гушкање мајка, ваљда е негде и научно потврдено дека жени биолошки се поспособни за мултитаскинг. За ова гушкањево, и татко е опција, ама мислам да може да бира меѓу мајка и татко, ќе избере мајка. За мултитаскингот не морам да објаснувам ваљда, мене ми е барем очигледен и во приватен и во професионален живот.
    Е сега, финансискиот аспект или џендер пеј гап кој не постоел:^). И тука иде она шо сакав да го коментирам претходно
    Не е прво ни јајцето ни кокошката. Маж во почест број случаи зема поголема плата, затоа што:
    - Маж полесно стигнува до висока и добро платена работа, само затоа што е маж. За во одбор на директори апсолутно нема специјални вештини кои се полово условени, сегде што сум гледала статистики поголем процент жени стигнуваат до високи образовни дипломи, ама за ЦЕО, директор, главен, пожелно е да е маж. Има тука анегдотални примери од балкан, дека муж треба да е директор јер бизниси во кафани се склучуваат, па иде тука кеш, секс, народњаци, ама кој е резонот во мултинационална компанија 85% директори да се мажи, и притоа аспект кафана не постои, не разбирам.
    - Жена почесто е вклучена во да ги наречам хумани или сектори од јавен интерес, образование, здравство, и тие обично се помалку платени отколку оние со бизнисите од погоре
    - И најпосле, една иста работа може да е различно платена. Пример, возач на автобус, апсолутно има жени што возат автобус во мое село и не е никаква типично машка или женска работа. Ама, да возиш градски автобус е помалку платено отколку меѓуградски, а меѓуградски е помалку платен отколку меѓународен. Жена со мали деца ќе го вози градскиот, за недајбоже ако се јават од градинка или школо, да може да си го земе детето во најкраток можен рок.

    Уште една битна работа. По стоти пат, се меша еднаквост и рамноправност, и во тоа нема никаков феминизам. А општествата се сеуште далеку од тоа да ги третираат жените рамноправно и да им овозможат да го искористат сиот свој потенцијал.Затоа мајчинството е хендикеп. И тука ќе запрам пошто ќе се изнервирам, мажите го кројат светот по свој терк, оти само така можат да опстојат како понеспособни|(.
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На senjorita-v, JuLleE, Shelea и 14 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.109
    Допаѓања:
    269.076
    Имај на ум дека во таа тема зборуваме за жени кои не се среќни со ситуацијата во која живеат, овде со такви кои се среќни со ситуацијата во која живеат.
     
    На senjorita-v, Anyshka, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    За јајцето или кокошката мислев на тоа дека платите се нееднакви зошто помалку жени од мажи се дел од работната сила, ама помалку жени се дел од работната сила зошто мажите се поплатени за истата позиција.
    Станува збор за иста позиција, маж ќе биде поплатен.
     
    На Feminka22 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.250
    Допаѓања:
    136.587
    Гледај од аспект на работодавачот. На кој ќе дадеш повеќе плата, на некој што секој месец е една недела дома от е болно детето, или маж кој никогаш не отуствувал? На жена што у секој момент ќе ти отиде на патолошка и проектот ти е на пола и мораш да имаш бекап? На жена што зима саат и пол пауза да дои? Зборувам за исто инелектуално способни
     
    На Anyshka, Feminka22, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.672
    Допаѓања:
    202.261
    Пол:
    Женски
    Ама тоа законски е овозможено за жената, бидејќи е мајка. Не ми е логично поради тоа да е помалку платена, само затоа што е жена и мајка. Факт е дека живееме во машки свет, и женскиот труд и интелигенција се потценуваат максимално.
     
    На senjorita-v, JuLleE, Snow-Star и 8 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Сѐ ми е тоа мене јасно. Ама, тука треба општеството да ја реши работата. Даваш породилно пола пола, мажот, исто колку и жената, да отсуствува од работа ако се мора, друго, општеството треба да сфати дека жената со тоа што е дома со детето сепак придонесува зошто воспитува човек кој потоа ќе биде здрав во секоја смисла и понатаму ќе придонесе за општеството. Сѐ додека на одгледувањето деца се гледа ко на ништо, нема да мрднеме. Зошто се придонесува, се одгледуваат генерации кои нема да бидат понатаму товар на здравствениот систем. Исто важи и таткото да биде дома со детето, да речеме вториот дел од породилното.
    Ама, тоа е премногу долгорочно и затоа нема да излеземе од овој маѓепсан круг. И не им одговара на мажите. Да им одговараше ќе беше веќе решено.
     
    На Snow-Star, KateKane, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.320
    Допаѓања:
    182.097
    Да бе, еве гледам и на 50 години, жени цео мео се бројат на прсти, пошто на патолошка се. Не е ваљда дека им ги купувате приказните.
    И ова не познава раси и нации, може да е белец, индиец, марсовец ама жена тешко.

    Записи од општества кајшто и мажи одат на родителско отсуство, некои и задолжително:hai:.
     
    Последна измена: 6 јануари 2024
    На CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  13. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.777
    По закон еден од родителите останува на породилно. Не мора тоа да е мајката.
    Колку што се сеќавам имаше некој предлог мајката неколку месеци па потоа таткото само не знам дали го усвоија.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Не е усвоен. А предлог законот секако е таков да прво мајката останува 4 месеци со бебето па потоа може да се распредели кај другиот родител. Што е и логично.
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.113
    Допаѓања:
    26.993
    А, како така можеш да отупавееш дома?
    Можеш да отупавееш на работа со малограѓанска маса од колеги или на факс со народ главно сочинет со оговарачи.
    Мене па повеќе ми е тупаво да се глуме некое лудило, а не знае нешто основно од домаќинство за себе.
    И сметам дека треба да се знаат домаќински работи и мажи и жени и истите да се редовно применуват.
     
    На Anyshka, Bezimenka90, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    13.010
    Секако дека можеш да отупавеш дома, дури и ако правиш пауза од работниот процес неколку месеци ( а не со години да си дома). Пример, фирмите денес прават секакви реорганизации со цел поголем профит. Во текот на една година може трипати во една фирма да се промени начинот на работење, а секоја фирма во истиот сектор има плус некои интерни правила. И да, ако седиш дома со години, може ќе си читаш книги и ќе имаш богат речник, ама ако освен тоа немаш брзина на работа, креативност и други меки вештини, ќе биде тешко. Пример во основно имав професорка по географија, жената дипломирала и едно 10 години чекала за вработување. Самата си кажуваше дека материјалот од студии го подзаборавила, па дома кажуваше дека учела лекции буквално како ученик за да може утре да предава. Значи отупавала дома и заборавила тоа што знаела. Не е крива, за во просвета тешко се наоѓа работа.
     
    На Lady D ❤️, Feminka22 и franca им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    7.951
    Пол:
    Женски
    А нема ни родено сеуште
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.109
    Допаѓања:
    269.076
    Можеш и на работа да отупавеш, до човекот е, а и до работата.
    На претходната работа активно отупавував прво затоа што беше таква сама по себе, никаков предизвик ниту можност за напредување, а второ толку ме преморуваше што за основни работи дома немав сила, а не да се занимавам со ментално здравје, хоби, било што што ме исполнува.

    Кога ја променив работата, многу работи се променија. За почеток работам поинтересна работа, со поинтересни луѓе, а уште поважно со луѓе кои самите работат на себе да не отупават и те мотивираат константно.

    Баш поради тоа после 10 години пауза се вратив да го довршам факултетот, после 1 месец на новото работно место добив желба, баш поради тоа што не сум толку утепана од работа имам поголема желба и за хобиња и за социјален живот. И баш поради тоа што луѓето со кои работам константно работат на себе, добивам желба да се дружам со нив, нешто што ми било незамисливо порано.

    Поентата ми е, работата како работа не значи дека ќе ти помогне да не отупавеш, мене лично страшно ме отупаве и ми ја зема секоја сила и волја за било што.

    Така што, сега имам многу повеќе време, па ете не да не отупавувам, правам работи за кои порано не ни помислував да ги правам. Ако не работиш за плата, не значи дека интелектуално ќе пропаднеш, тоа е веќе до човекот и што прави со своето време.

    Јас учам, читам, бојам, цртам, фотографирам; некој активно ќе оди во хуманитарна организација, некој ќе планинари, е некој ќе трачари ден и ноќ де :D

    Ама мисконцепција е дека ако не работиш затупавуваш. Колку повеќе работев, толку поутепана бев, барем јас лично :)
     
    На senjorita-v, Snow-Star, ane.bella и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    8.293
    @CameliaMiller Couldn't agree more :*:

    Истовремено, токсичната работна средина може многу да влијае на самодовербата и вербата во сопствената способност.

    А општо работниот притисок на целокупното ментално здравје. Тоа може да придонесе и до разболување, не само уназадување.

    Освен ако не станува збор за лакирање нокти на работа како што вели Лилит, што објаснува многу за одредени мислења :drunk:
     
    На Anyshka, CameliaMiller, MarijaMi90 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    13.010
    Зборувате дека има незгодни колеги и тие влијаат на менталното здравје. Ок, стои тоа, ама незгодни луѓе има секаде во државата, кога ќе влезеш во амбуланта, во автобус, во такси, во институции, имаме незгодни пријатели, роднини...Кога си во работен процес, колку и да е средината отупавена, ја учиш и комуникацијата со луѓе, згодни и незгодни, професионални и непрофесионални. Тоа домаќинките кои се вечно дома го немаат осетено, па колку сака нека чита книги, нека следи онлајн курсеви, нека учи јазик итн. Еве и јас сум отупавена за некои работи. Следните денови ќе работам хонорарно, ама прифаќам само за фирми кои работат по стар модел, а новиот модел го немам пробано, правев пауза од 2-3 години во тој сектор, и возот отиде. Не сум била на предавања, не сум го пробала новиот модел на работа, да ми објаснува никој не е должен, па и да ми објасни, луѓето се себични, најважните работи не ги кажуваат и што ќе лутам, ич не прифаќам ангажман. Заклучок, со паузата сум отупавела, времето ме прегазило, други лица се инволвирале во тие фирми да бидат соработници и чао за мене.
     
    На H.VAGA, Lady D ❤️, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.