Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Имам искуство и струката ми е таква така што можам и сама приватно да работам.Тоа беше одговор на членката што константира дека жените стануваат агресивни и пасивни затоа што не работеле ,боже сачувај. Цела психологија стои зад тоа и е долга и опширна тема.Кај ги извади информацииве од ракав или и љубомори на некоја познаничка? Неќев да коментирам такви работи затоа го кажав само моето искуство зошто сум јас домаќинка. И да се надоврзам на се од погоре да потешко е и да работаш и да се грижиш истовремено за децата и свака им част на тие жени. Другите што имаат избор ќе си го направат како мене. Тоа не значи дека сум помалце вредна. Нити па ширам пропаганда или убедувам некој да е стеј ат хоум домаќинка.
     
    На Anyshka, Zumbulche, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    8.304
    I think you nailed it :*:
     
    На Трагедијаупмм, Niandra LaDes и Чанта им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Не е тоа одговор на моето прашање.
    Небитно е дали можеш приватно да работиш.
    Општопознато е ако си исклучен 10 год од професијата ви било која струка не можеш да се вратиш на берза на труд.
    Секако твој избор.
     
    На BlackNight, Just.do.it, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Упорно и упорно ги навредуваш домаќинките, ова веќе не е дискусија, туку расправање.
    И да, децата имаат потреба и од баби, дедовци, вујковци, тетки, ама не 24/7 да се со нив, кога ќе се разболат или кога ќе им се случи нешто бараат мајка, не бараат ниту татко, ниту баби, ниту дедовци. Не им даваш ти пари што седат дома, мажот нека му ја мисли, ако доволно заработува, може одлучиле жената да не работи, ако тоа секако е и нејзина желба, а не мажот да одлучува за неа и да не ја пушта да работи, тоа не го оправдувам. Има и образовани жени па седат дома, тоа си е нивна одлука, дали имаат или немаат нас не треба да не интересира, гледајте си за себе.
     
    На Anyshka, Трагедијаупмм, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    А исто нели после 10+ години не може да се преквалификуваш ако имаш желба? Оти венчан си само за една струка?
    И што ако веќе сум се остварила и достигнала некој мој зацртан план, пред да родам дете? И еве сега сакам у следните 10 години да останам дома и да си гледам деца. Ќе станам токсична и неспособна одма?
    Темава аман. Ко полицаец одиш и ред ставаш кој што кажал и како кажал. Смеел не смеел. Само оти ти ја отвори. А сите други теми, ти смееш да ги усеруваш само оти имаш право на мислење.
    Смешки
     
    На MacenceEna, Anyshka, Pa8la и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    А ти ќе кажеш што е навреда?!
    Зошто да не може да се дискутира на оваа тема?
    Тоа што некој му смета да се збори за “домаќинка” значи не е по сопствен избор да биде истото.
    Ако е сопствен избор слободно ќе дискутираш.
    Јас не сметам дека млада образована жена или без треба д абиде домаќинка.
    Без разлика дали мажот доволно заработува или не.
    Или има брдо пари.
    И тоа не е навреда.
     
    На MacenceEna, Just.do.it, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Па значи тебе ти сметаат домаќинкиве чим толку сметаш дека не треба да постојат домаќинки по сопствен избор без да работат :rofl:
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.181
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да сум домаќинка, шо убаво да не идам на работа по дома да си средувам све нате нане, да си го растам детето раат. А не вака 10 саати на работа, 8 работни плус 2 додека отидеш додека се вратиш цел ден отсутна, 6 дена во неделата, да не знаеш шо попрво да направиш. Ексик, дома сакам да си седам, најубаво ќе ми биде.
     
    На Harper, LiquidLuna, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Да се преквалификуваш после 10+ години дома треба учење,труд обуки,а не единствена сатисфакција да е правење ручек и гледање деца.

    Каде пишав кој смеел не смеел.

    Зошто толку ве погодува и иритира темава?
    |(

    Ај важи еве @RainBow нека ја затвори темава да им биде полесно на wanna be домаќинкиве.
    Зошто би ми сметале мене?
    :?:
    Би ми било жал само сопствените деца да станат домаќинки откако вложиле во образование и труд.
    Жално е како оди светов назад.
    Жената дома,мажот на работа.
     
    На Miss666, hellocity, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Нема да ми е жал ако се здрави и среќни. Тоа ми е најбитно.
     
    На Anyshka, Pa8la, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Темава не иритира, туку не е релевантна. Збориме за еден процент, може не е ни толку. Еве и што пишаа поназад, жени со веќе големи деца, што ги става во постарите генерации, кои ги спомнав претходно.
    И 10 години да не работиш, а си работела, пак после да работиш, пак не си таква домаќинка ко ти што ја тераш темава. А и сигурно дека не можеш да се вратиш во струка, луѓе во денешно време се преквалификуваат, ништо не знаеле, почнуваат од нула почнуваат во друго поле и пак се успешни, па нонсенс е да се збори дека по 10 години не си бил конкурентен. :D
     
    На theowndemon, Pa8la, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Искрено на ниедна од жените што ги знам и останале дома да гледаат деца, не им е единствена занимација ручек и крпа. Мислам дека генерално имаш проблем да сфатиш во кое време живееш.
    Имам некое чувство дека си застаната некаде у титово време.
    Не ме погодува мене воопшто темава и не може, фала богу доволно знам за да не може некоја смешна тема да има влијание врз мојот живот. Ти во воведот, направи една таква генерализација, боли глава.
     
    На MacenceEna, winnie02, Anyshka и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Па не битно еве и 10 год нека бидат домаќинки ,зошто?
    За да бидат подобри мајки?
    Некако и тоа се провлекува низ темава дека попосветени се тие дома што се, од тие што работат.
    И Жени кои не работат по избор се 35-40 и не се постари генерации.
    За 10 год ке имаат 50 ,каде ке работат ?
    Кој почетник направил кариера на 50+?
    А и Не си конкурентен после 10 год надвор од струка,да не се лажеме, тоа факт.
    И да постојкат многу жени што се фул тајм домаќинки до крај пшо сопствен избор,нема за нив работа.
    Да?
    А тие што останале дома да гледаат деца,во што се реализираат?
    Не што им е занимација.Занимација може да ти е форумов.
    Јас сум во титово време што сметам дека жена треба да работи место да биде домаќинка која треба да седи дома и 10 год еве нека бидат?
    Седење дома.Тоа што го пропагирате вие.Во 21.век
    Во титово колку што занм имало 4 месеци породилно и оделе на работа.
    Не седеле дома до 1 средно,да трчаат со тањирот по нив.

    Очигледно има влијание штом олку се вознемири.:*
     
    На BlackNight, Feminka22, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Има жени кои цел живот сонуваат да се мајки и да се реализираат и уживаат во улогата. Реално секој може да има тежок период или несреќен но тоа нема врска само од каква улога “играш” или која работа ја работиш.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.285
    Допаѓања:
    137.025
    Не, децата не се среќни кога родителите се среќни, тоа е мајндсет на новата генерација мајки за да можат да прават што сакаат, да испаѓаат до касно, да пијат, да скитаат... тоа не е среќа за детето. Си иде дома среќна пијана, и детето кое го успала непозната жена вика, леле колку сум среќно, мама не беше дома, колку сум среќно.
    Лага е тоа, и само оправдвање на својата себичност. Не дека ако е мајката у депресија детето е среќно, ама факт е дека детето е среќно само кога неговите потреби се задоволени, не на мајката. Мајката прво има дете да усреќи, а после себе.
    Вистинската реченица е дека мајката е среќна кога и се среќни децата. Не обратно.

    После ќе мислиш на себе. Не на работа. На книги, на шетање, на кафиња, на јога, на море... Па и можеш да работиш ако имаш знаење за нешто.
    Си има другарки. Моите другарки не ми се од работа. Од секогаш ми се. Имам каде да одам на кафе и со кој, ама немам време од 10 саати одам на работа секој ден и поретко се гледам со нив од тоа што би сакала.

    За пари, кажав погоре.
    Не сакам. Лусуз не е свој дом, не е своја кола, не е алишта, школство и јадење. Да сум под кирија, ќе работам за да обезбедам кров над глава, не да чекам некој да ми качи кирија. Да немам кола, ке работам за кола. Лусуз се одмори по светски дестинации, и тоа не го правам.
    Не втор факултет, туку мастер. И многу жалам за тоа. Првиот мастер и правосуден ми се пред детето. Вториот ми беше у странство и очајно жалам за тоа. Да, има бенефит, ама кога ќе поминат 8 години гледаш колку време си изгубил на учење и патишта, а помалку на детето. Школо можам и после да учам, а додека имав бебе, требаше дома да си бидам, ама немав услови. Морав да учам и да се вработам со поголема плата и тоа го правев. Да имав многу пари, немаше тоа да го направам. ќе го направев после 10 години. Секоја мајка се теши дека учи за да им олесни на децата, ама уствари прави штета на детето.
    Е само платата е битна у сето тоа. А јас го правев за поголема плата. Може сега имам топ плата , ама времето што не го поминав со детето никој нема да ми го врати.
    Јас не се ни откажувам. И сега учам, ама не на штета на детето. Тие саати додека има час и ќерка ми е на тренинг. Реално, треба да стојам пред сала, а јас наместо да чекам, учам. Веќе никогаш нема да и одземам време. Морав кога беше мала, оти немаше пари, ама сепак беше со татко и. Секој момент имаше родител, не жена, не баба, никој. Татко. Ама мака ми е што можев тогаш да бидам со неа. Ама па опцијата беше кирија или две години тато да ја чува. Немав многу избор.

    Мојата мајка работеше цел живот, еве ја 42 години работи цело време. Ни една Нова година не била дома, одела цели ноќи на работа, одела на нива, одела секаде и носела леб. Мораше така. Мене знаеш што ми фали? Мајка. Што беше со мене барем еднаш да си честитаме нова година, барем еднаш да отидевме на виденд некаде, барем еднаш да станев од кревет и да беше дома, а не сами да се чуваме со баба. оти баба, и да е од злато, никогаш нема да е мајка. Мајка нема замена, а на работа си заменлив како пачавра, најнечиста крпа. И ние трошиме време таму каде што сме заменливи, место таму кај што сме незаменливи.

    За жал, ни требаат пари за да живееме, и си ги оставаме децата за да заработиме. Лудо е да имаш пари доволно, и да си оставиш дете да ти чува друг, оти сакаш карира на продавачка, на багерист, на кол центар, на архивар, на метлач, на што и да е занимање. Медаља да не ни дадат.

    Да е работа по 4 саати, без стрес, окај е. Ама 10 саати се. Секој ден. А детото е дете само еден период. Кога ќе направи 15 години, не му требаш. А мало дете... плаче по мајка. Не по баба или платена жена. Ама мајка кариера ке брка. Сигурно. Малце утнати приоритети се тоа.

    И ви кажува жена што има и кариера, и образование и дете и изгубено време со детето. Не сум теоретичар што нема деца, живее со родители и мудрува тука. Се од ова изживеав, и времето со децата е најголемата среќа за една мајка. Сега нема потреба да не работам, детето ми е на школо колку што сум јас на работа, ама кога беше бебе, кога се разболуваше од градинка... јас одев на работа. И се каам до коска. Оти на болно дете му треба гушка од мама. Не од жена што го чува.
     
    На Harper, MacenceEna, M.B. и 23 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Можеби така сакале во тој период? И можеле да си дозволат? И?
    Луѓе на 50 години почнуваат во ново поле, се дообразуваат, на денешено време, со овие информации постојат куп работи што можеш да ги правиш. Само ако не сакаш и немаш волја можеш да збориш дека не можеш. А денес, сѐ се може. Луѓе на 50 сфаќаат дека сакаат нешто друго да работат и се преквалификуваат. Ќе збориме овде не можело. Тоа порано, кога работеле една работа до крај на животот и тоа е тоа. Ко жените што не работеле, истата приказна е.
    Денес тешко.
     
    На Anyshka, 1209 и Chantal им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.593
    Скроз си во право, ама пак доаѓаме до тоа дека мајката ако има можност нека прави пауза за додека потпораснат децата. Ама не и засекогаш.
    Период да, впрочем јас два пати се ставам на пауза заради деца. И јас можам сега да работам фул тајм, ама приоритетите се други. Само што ова е привремено.
    И тоа трае некои 2-3 години. Потоа, било каква работа е подобра од седење дома.
     
    На mssuniquee, fana и Cka им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.710
    А што кога ги нема? Еве, ние ги немаме. Па на некој начин и нивната празнина треба да ја дополниме.


    Никој не пропагира седење дома, затоа што грижата за домот и децата е сѐ освен седење.

    Ако не сте свесни, живееме во Македонија, каде што за да работиш треба детето да ти е згрижено во градинка, а за во градинка треба да фаќаш врски како за во НАСА.
    Во малите места како нашето, не постои целодневна настава, па да знам дека и поголемото дете ќе ми е згрижено некаде додека сум на работа.
    И затоа сме во трка и функционираме на начинот на кој што функционираме, и радо би го сменила да можев.

    И да, сите работиме само заради пари, ретки се тие што бркаат кариера.
    И најчесто не се во брак и немаат деца, или имаат веќе пораснати деца.

    А и каков е кариерниот напредок во Македонија реално, каде што голем дел од населението работи во маркет, во фабрика или во казино? Ќе ги унапредат на понова машина да работат? Или на понов компјутер?


    За крај на постов, изгледајте го видеово. Па кажете ми дали, ако можеа да бираат, овие жени ќе работеа.
    https://www.instagram.com/reel/CxnXNsKsz25/?igsh=YTY1bzhuaDd0bjJ0
     
    На Anyshka, Anya321, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    89.134
    Пол:
    Женски
    Многу можат да си дозволат,па жените им работат сеедно. До жената е и нејзините амбиции.
    Почнуваат во ново поле само ако се преквалификувале во меѓувреме.
    не можеш да почнеш да се преквалификуваш и да работиш на 50 кога децата ке ти се големи,треба претходно да вложиш во дообразование.
    Искрено,јас не знам некој кој почнал прв пат да работи на 50 и е успешен.На денешен пазар на труд 50+ ке најдеш солидна работа само со дебело портфолио,а како почетник не.
    @Cka
    Маж ти работи.
    Зошто ти не даваш отказ,?
    Не се парите најважни во животот,ке имаш за живот и ке бидеш дома.
    Маж ти нека работи две работи,ко многу од младите домаќинки кои ради луксузот да бидат домакинки како некоја нова мода фул тајм мами.
    Стварно мислиш дека и после сето твое образование,целта на една жена треба да биде мајка само?
    Што е жена?
    Само мајка?
    Дом и деца не се само места каде што една жена треба да се реализира.

    Не мислиш дека детето и треба да биде малку оставено и само наместо да му дишеме зад врат 24/7 дома за да биде независно и борец,наместо мама да трча околу него?
    твојата е веќе голема.
    Мислиш дека на 12 год ке сака да се вртиш околу неа дома?
    Едвај ке чека да одиш на работа,наместо цел ден да и се шуткаш дома.
    Да симонка,некои немаат помош,немаат каде да остават деца,се трудат,работат и заработуваат.Се реализираат во работноспособни луѓе кои носат леб на своите деца.

    Не мора да имаат кариера.

    Да не бидат заробени дома и надвор о д надворешниот свет.
    Значи не мора да е бесна кариера,туку да остваруваат и бидат вклучени во остварувањето приход за семејството е доволно.

    Ко во пирамидата на Маслоу и неговата хиреархија на човекови потреби,

    На врвот на пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување/реализација чиј неуспех предизвикува разочарување, тензија,немање животно задоволство,фрустрации.
    Затоа секоја жена треба да работи, а не да биде домаќинка, каде опсесијата само со децата може д абиде многу опасна.
    Потреба е на секоја жена да ги шири крилата и да се труди и на друго поле.
    Затоа што разочарувањето и фрустрациите ке дојдат тогаш кога ке има средношколци кои ке одат во друг град средно школо,ученички дом или студии во друга држава.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Абе ќути. Еве морав Дијазепам да земам за да се смирам. Е до толку вознемирувачко ми е.
    Абе според тебе и баба и дедо да чуваат внуци е ок. А мајка да се врати на работа што поскоро. Нели да не стане исфрустрирана дома. Па уште поарно сите да живеат во една куќа, за ете попрактично да е.

    Шо знам тебе може да ти биде единствена занимација форумот, ако подалеку од него не гледаш.
    На некој може му е плетење, на други читање, пливање, волонтирање, вежбање патување. Секој нели според можностите и преференци.

    Ти рекоа и други членки овде, дека на денешно време да останеш дома е или луксуз или нема друго решение. И како останувањето дома ја исклучува секоја друга можност за себенадградба не знам.
    Мене лично нема кој да ми гледа дете. Ќе тргне и на градинка негде после година ипол, ама пак нема да работам 100% сигурно. Најмногу што ќе работам ќе се пола работно време. Ако решам да родам уште едно, нема да работам у следни 10 години оти така сакам.
    Ќе носам деца на активности, ќе печам мафини и ќе готвам по три пати. Ќе бојам и ќе лепам. Ќе одам во природа, ќе организирам викенди, ќе волонтирам и ќе вежбам. Оти ми се може. И ич не ми е гајле колку професионално ќе затупам.
    Трчав, правев и постигнав и си докажав на мене дека можам. За другите што ќе речат гајле ми е.
     
    На MacenceEna, Anyshka, Anya321 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.