Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Не ги понижува парите, но дајте малце нека се посветат на децата, а не уморна сум од на работа повели телефонот да одморам јас.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.213
    Допаѓања:
    89.010
    Пол:
    Женски
    Глорифицирање на мајчинството,присутноста и опседнатоста на мајките со децата седејки доживотно додека не се омажат децата или не отидат да студираат не ја менува поентата што едно девојче на темава ја спомна е дека патријахалното општество би се обновило кога сите жени би останувале дома да бидат домаќинки.
    Тоа би бил логичен редослед на настани.
    Кога сите жени би останувале дома образованието на жените би изгубило на вредност.
    Би било беспотребно вложување во женско образование, кога жената би се занимавала со домаќинство и шопинг, добро и цвеќарство како хоби.
    Кога повеќето жени би останале дома би имале исти права но како помалку корисни и вредни во друштвото би имале помалку влијание од мажите.

    Кој би работел?!
    Само мажи и жени кои не се мајки.
    Тие глупави се што работат за друштвото?

    (Аман прескокнете тие што имате бебиња и привремено сте дома,не е темава за вас)
    Има една министерка ли што ли е германка која вели жените во Ге.земаат во просек за 45%пониски пензии од мажите затоа што се креирала политика на тоа парт тајм работење.
    Затоа и бизнисот го држат 90% мажи,ако ти седиш дома додека почне детето да ти фаќа девојки,нормално дека бизнисот ке го водат мажи кои пак само 7 % работат парт тајм.
    Или ко што @Cka пред некој месец напиша мажот не вол па само тој да работи и носи пари,ама сега ви вика не работете.
    Тој маж може да работи тешка физичка работа,ама мора да обезбеди егзистенција,зошто возрасни работоспособни жени може да работат само ако работата не е тешка,за жената и тешката работа ќе се погрижи мажот,тој нема сероња шеф,или му е потплатена работата или досадни клиенти…
    Истото важи и за жени кои немаат деца да го користст мајчинството и работат и тешки работи.


    И со тоа избор те избор.
    Оној што дава право на избор,дава право тој избор да го комнетираме.
    Па многу работи се избор на жените,па им ги коментирате изборите.
    Те силикони во цицки или усти,те живееле од рекламирање…се е тоа избор, ама тој избор не ни се допаѓа.
    Нека живее секој како сака,но не мора неговиот живот да го гледам со одушевување.
    Сосема е легитимно некој да не гледа на таков избор како човечко неработење да гледа благонаклоно.
    Што се однесува до тој монотон домаќински живот односно познат како housewife синдром (фрустрации, ,депресија,окп )итн се занимаваат психијатри.
    А да,има и едно големо истражување од познат светски универзитет за децата на домаќинките и вработените мајки како испаднале.
     
    На andromedae, Peanut Butter, malerozna и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Мајките што одат на работа многу повеќе работат со своите деца дома отколку оние фул тајм домаќинки. Мајките што работат знаат дека нема да се дома 24/7 и слободното време после работа го посветуваат на квалитетно поминато време.
    Домаќинките 24/7 дома и баш дека постојано се дома, само со телефонот се занимаваат, па така и децата.
     
    На andromedae, Feminka22 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Сега ти зборам за мајките што работат и те прашувам еве зошто не му зборат децата на половина од нив? Дека го поминуваат квалитетно времето со нив? А познавам доста вакви примери, и тоа е индивидуално неможеш за сите мајки што не работат така да кажеш.И темава ја направивме каша попара, овде збориме за мајки која повремено не работи а не која цел живот нема да работи.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    13.452
    Пол:
    Женски
    Генерализираш неоправдано.

    И стварно непотребно е волку тупење и натегање на темава. Разбирам вечна е борбата преку докажување кој е у право но too much e веќе и излишно.

    Како не ви се смачи на сите не сфаќам?

    Секој нека си одлучува за себе и не смееме да ги критикуваме и да им судиме луѓето за нивните лични избори.
     
    На Zumbulche, flower30, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е, ама најчеста појава е давање телефон на детето, и баш кај домаќинките.
    Има свои предности градинката. Децата ќе се социјализираат со други деца, ќе се научат на правила и ред, ќе научат како да комуницираат, ќе ги стимулираат во говорот и ќе прават разни активности за развој на моториката.
    Од друга страна, седењето дома на мајките може негативно да се одрази врз развојот на детето. Потешко ќе се осамостои, потешко ќе се социјализира со други деца, ако мајката постојано е на кафиња, значи не поминува квалитетно време со децата. И презаштитувањето на децата не е во ред!
    Зошто една мајка би седела дома постојано ако децата им одат во градинка?
     
    На eliesaab и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.895
    Пол:
    Женски
    И јас не знам како не им здосади 5 дена да се докажуваат кој е во право, и тоа се едни исти членки.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    13.452
    Пол:
    Женски
    Искрено секоја им чест на трпението.
    Ама и на вас што читате.
     
    На LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.895
    Пол:
    Женски
    Интересни ми се хаха.
    Епа и ти читаш, сите читаме.
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Темата е за домаќинки кои цел живот не работат.
     
    На Feminka22 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    13.452
    Пол:
    Женски
    Хахахахаа, 4-5 мислења само прочитав и ми се смачи, можам да замислам 51 страна и поише.:drunk:
    Па и драми имало викаа пред некој ден и лични навреди.

    Ок. Сите сте у право. :handshake:
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Ете моето дете не оди во градинка сретнува дете кое од кога е родено во градинка оди моево го прашува прашања а ова само гледа и уста не отвара, е сега дека ке ти го научат детето во градинка на некој ред нема да ти ги научат, и џабе ке пишиме тука темата одите во неповрат од домајкинки до градинка.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.895
    Пол:
    Женски
    Во секоја тема има драми ако не се согласуваш со нивното мислење.
    Не знам модераторите што прават, треба трајни банови за тие што навредуваат.
    Ај да не одам оф топик, тие си знаат.
     
    На eliesaab и Mrs. right им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    И?
    Каков индикатор е дека детето не одговарало?
    Како ти процени дека говорот не бил развиен или не знае да се социјализира?
    Може детето е срамежливо, може е интровертно.
     
    На BlackNight и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  15. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Е па каков ми е одговорот? За ваков случај децата што одат во градинка срамежливи и интровертни, а за тие што не одат неразвиен говор и социјализација:)тука го завршувам муабето пошто темата е друга. И друго не спаѓам во вечна домајкинка, темата била за вечна домајкинка па како му одговара на чок така нека живее, не ги ценам помалце вечните домајкинки нивно право мене не ми сметаат.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.250
    Допаѓања:
    136.581
    Полека читај. Тука беше пред некој ден. Некоја членка ми рече оти не сум дала отказ сега. И тогаш реков дека маж ми не заработува толку за да седам дома. За да заработува треба да работи две работи, од сабајле до ноќ и дека не е вол. Дека ми треба здрав жив. Ако за исто раб време ја зима и мојата плата, нема оти да работам. Ама он да умира за мене, не. Тука ја губите поентата. Ако имаше два стана што се ребраст за 1600 ЕУ, не сум луда денеска да одам на работа а да плаќам жена за детето.
    Кога е мајката дома, нема забрана за градинка:) и да работи, пак може да плаќа жена и да не оди у градинка. Неповрзано е. Ако е мајката дома не е глупа да не знае дека градинката е подобра од седење дома. Многу од мајките кога мојата беше у градинка, беа дома и плаќаа приватна градинка. Ретки беа тие што трчаа да стасаат на работа. Одеа на кафе после оставање на детето, и мене ме канеа, ни отидов никогаш.

    Ќе ви повторам што мислам - децата се побитни од работата. Ако не значат ништо вашите плати у буџетот, времето дајте го на детето. Работничка у фирма може да биде секоја. За една недела ќе ве заборават ако умрете. И за венец пари некои нема да дадат. За детето една е мајка. Ниедна баба ни жена нема вас да ве надомести. Мажот ќе најде нова жена. Ама само на детето ќе му фали мајка. Затоа, не умирајте за работата и ако не ви треба, не одете. Ако сте у ризик со маж кој не е стабилен, пие, оди по жени, психички и физички малтретира, морате да работите. А оние што се мажени со мажиња со папочна врвца и уште се у ист стан со мама, задолжително работете и бегајте оти ќе вложите у на мамА станот и на крај пак мама ќе биде пред вас и ќе плаќате кредити за туѓа кујна.

    Доволно сум јасна? Вашите избори и околности диктираат одлуки. Не секоја може и треба да не работи. И не секоја мора да работи.
     
    На Alm., Shelea, see.emily.play и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Подобро од ова не можеше да се објасни мислам. :clap:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Мажот ако умре нит шефот нит детето ќе жали по него значи. Жената па ич.
    Детето не знаело кој му е татко зашто стално на работа, шефот си наоѓа нов работник, жената нов маж. И никому ништо
     
    На Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    "Ако за исто раб време ја зима и мојата плата" е пишано. И ќе знае кој му е татко. Ќе знае и која му е мајка и да оди и да не оди на работа. Ама не е исто ти да си го растеш детето и друг да ти го расте.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    А таткото како ќе го расте детето ако е на работа?
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.