Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Леле не знам дали со сила се правите дека не разбирате или стварно не разбирате.
    Дур е мало детето според мене е подобро едниот родител да биде со него во неговиот раст и развој. До одредена возраст, не цел живот (мене 9 месеци ми беа малку ете).
    Дали ќе биде тоа мајката и таткото зависи од повеќе причини меѓу кои и висината на платата. Секако, кој може да си дозволи.
    Никој не оспорува дека животот е таков и дека деца растат и во градинка и во јасли на 8 месеци и со баби и дедовци. Исто така не е за оспорување дека дете да биде дома со мајка/татко до 2-3 години и те како има свои предности. Пола Европа дава можност за родители да останат на породилно до 3 години и можности за парт тајм работа.
     
    На LUCI 99 и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Ама упорно со тоа дур е мало дур е мало.
    Ете рачунај правиме муабет за деца од 6 и 8 години што више идат на школо или деца во ран пубертет, мајка им ја гледаат 24/7 дека не работи, татко им само у 11 навечер кога иде од работа и легнува за следното сабајле да стане у 6. И ок е ова или битно мајка имаат?

    А темава е за цел живот домеќинки, не дур тргне детето во школо/градинка.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.302
    Допаѓања:
    23.280
    Пол:
    Женски
    Инат срцка :D Посилен од се :D
     
    На Erika.greeneyes, LUCI 99, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Зошто мене ме прашуваш кога уште првото мислење кога го пишав реков дека јас лично си ја сакам работата и кога се работи за поголеми деца, да сакам да работам. Ама не ја судам Трајанка зошто останала дома, маж и работи само од 9 до 5 (не до 11) и носи пари што им се доволни за живот ко семејство. Они си знаат.
    Ќе почнам да цртам веќе :D
     
    На Anyshka и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Па маж ѝ на Трајанка исто така може не сака да работи и сака да си се посвети на детето ама мора пошто Трајанка не сака. Живот, јбг

    Иначе и јас да умрам уште утре нема никој да ме жали па еве очигледно не вредам да живеам чим така оти немам за кого. За себе не мора нели.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Се договориле бе. Толку е тешко да разберете дека никој никого не приморува на ништо? Дека сте партнери? Дека седнуваш и праиш муабет и си кажуваш се и заедно правите работи и носите одлуки? Дека имате дете заедно, ваше, вие сте го направиле? Дека нема мое, твое? Дека сте едно, дека сте семејство?
    Се надевам и од срце ви посакувам да си најдете добар партнер во животот кој ќе направи да ги видите овие работи...
    И ако маж и на Трајанка сака дома да седи и она добро заработува, ќе оди она на работа. Ако немаат доволно ќе одат и двајцата. Ваљда знаат што прават и што е најдобро за нив и нивното дете.
     
    На Erika.greeneyes, LUCI 99, flower30 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.213
    Допаѓања:
    89.010
    Пол:
    Женски
    Не на оваа тема, на друга,
    IMG_8846.jpeg
    И повторно не збориме на темава да се остане до 3 год.
    Туку многу долг период доддка не станат полнолетни или доживотно посветување само на мајчинство .
    И тогаш е апсолутно точно дека кога сите би одлучиле така, би работеле само мажи и жени кои не се оствариле како мајки.
     
    На Lady D ❤️, nextredstyle и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Нема мое твое све дур не побара мажот пари од жената да купи нешто за свекрвата :rofl:
     
    На senjorita-v и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  9. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ако ти имаш таков, со среќа нека ти е ;)
     
    На Lena0903, LUCI 99 и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    А зошто?
    Ти откако се омажи немаш ништо поклон купено за твоите по некој повод?
     
    На Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Ова нема да се случи зошто сите жени не сме исти. Тука на темава зборуваме повеќе за мајки кои се одреден период дома, а ретко за фул тајм домаќинки зошто таквите се 1 посто или помалку (и останати од претходните генерации). Со тоа се побива ова тврдењево погоре. Да го додадеме и на тоа дека со една плата не се ни преживува, така што загриженоста дека жената ќе се врати на тоа да биде домаќинка е смешна, во најмала рака. Ама, мора да се претера за да се долови некоја поента, која исто така нема смисла поради горе наведеното.
     
    На senjorita-v, Chantal, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Девојче не ја спамај темата нема потреба. Збориме цело време за здрав брак, здрави односи. Кај што не е проблем да купиш поклон за мајка, за свекрва и кај што маж и жена знаат да седнат и да се договорат, без драма, без разлика дали се работело за пари, за кој ќе работи или за кој ќе чува деца.
     
    На LUCI 99, Annath, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Зошто би останала некоја дома ако детето оди во градинка?
    Не е подобро место мајката дома да дреме, додека детето е во градинка, таа да оди и да работи нешто, за место големо ништо и љубов, да му створи подобра иднина. Сепак живееме во материјален свет. Сметки не се плаќаат со љубов кон детето.
    А за ова дали ќе ја заборавело или не, врска нема со одењето на работа. Ниту пак умирањето.
    Зошто некоја би останала дома кога децата веќе одат во градинка и училиште? За подоцна кога ќе треба да земе пензија, да зависи од децата. Ова никако не е подобра иднина.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Јас искрено не познавам многу жени што трајно/никогаш не работеле. Всушност не познавам ни една барем од помладиве. Не работат ако имаат услови дур им се помали децата, после обично се враќаат на работа.
    Двете баби ми работеа, со тоа што едната почнала на работа кога децата ѝ биле средно.

    Нема да се вратиме на патријахално општество :D Ниту гледам такви тенденции. И во тие привидни патријахални уредувања, договорот им е многу јасен, за да биде таа домаќинка, тој мора да носи доволно пари да не ја боли главата :) Во патријахално општество немаш право на мислење, ни ДАЛИ ќе работиш, ни ДАЛИ ќе раѓаш, а овде зборуваме за луѓе кои меѓу себе си ги уредиле односите на начин кој им одговара на двајцата. Тоа што ги гледате по странство, посебно Америка, мислам и кога се стеј ет хоум мам, да се разведат буквално можат да бараат, и бараат, spousal support. И во Македонија, и во Америка, стекнатото во брак е заедничко. Значи не наследеното, не на баба му куќата, туку што ќе заработи било кој од партнерите во брачната заедница е заедничко.

    И искрено ова погоре не се ни аргументи што сте ги пишувале, не им обрнувале внимание на говор, телефон 24/7, мислам врска нема со дали е родителот дома или не е, има врска со повторно, личноста на родителот и начинот на родителствување. Ако работи не значи дека ќе биде подобар во таа улога.
    Затоа што маж ѝ доволно заработува да не мора да плаќа таа сметки, затоа што од татко ѝ и мајка ѝ наследила пари, затоа што работела порано и има 3 стана кои ги издава, затоа што купила акции и зема дивиденда, затоа што има 101 причина што им одговара и на неа и на маж ѝ.
     
    На LUCI 99, do-re-mi, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    За мене и тебе не е океј, за овие што ги спомињаш е океј, и за жената и за мажот? Што е проблемот?
     
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Темата е за жени кои никогаш ништо не работеле и се вложиле само во одгледувањето на деца.
    Како тие жени би земале пензија? Автоматски, се зависни од некој, а тој некој би биле децата. Значи на долг рок неработењето нема да допринесе за добра иднина на никој.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Па и тие што така можат да си дозволат да живеат, не е дека мажот работи 2 смени во Кам за така да живеат :) Не знам како замислуваат, дека тој 16 саати на ден истовара камиони за жена му да седи дома. :D
     
    На Chantal, Annath, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Може за детето не е. Пример сака и тато да го гледа по цел ден како што ја гледа мама ама тато мора да работи.

    Зашто двајцата да не работат за да се посветат на детето?
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    21.715
    Значи кога маж работи, е де де не е од јутра до сутра на работа.
    А за жена, муабети за капитализам, мобинг, угнетување, трпела шефови и колеги што немало да ја жалат ако умре.

    Тука не ми се свиѓа муабетот.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Тие жени, според мене, треба да земаат пензија, впрочем како и секој независно дали и колку работел. Со тоа што сме социјална држава, да, треба. Придонеле за воспитување на идни генерации, ете тоа им било работата.
    Пензија нема да има лична своја, ако маж ѝ умре ќе ја зема неговата, ако е жив ќе живеат од неговата.
    А за ваков начин на живеење, мажот не работи за минималец, ниту зема минимална пензија.

    Мислам баба ми имаше и своја пензија од која се откажа за од дедо ми да ја зема оти поголема беше неговата и тоа многу.

    И на крајот, пак не ми е јасно, како ова е нешто што треба сите да не засега. Зборуваме за луѓе кои задоволни од својот живот, не е дека имаат проблем за кој дискутираме решение.
     
    На LUCI 99, do-re-mi, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.