Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека тоа дискутираме. Затоа што гарант сите ќе се согласиме дека е океј мајка да остане дома и да биде тука за детето кога расте, со години.

    За многу кои дискутираат во темава домаќинството е реалност затоа што живеат во странство, каде што се може. Но, на страна тоа и на страна реалноста во Македонија дека со една плата не се преживува, многу од дискурзот е во врска со самиот избор да бидеш доживотно домаќинка, да ја живееш таа традиционална улога. И ете, јас мислам дека е многу подлабоко од тоа да биде само индивидуален избор, нашите избори многу зависат од тоа во какво општество живееме, како сме израснати, што сме слушале како мали, кои работи се нормализирани итн.

    Мислам дека пошто не можеме ни да замислиме како изгледа свет кај што патријахалност не е нормата, не можеме ни да ги разбереме или замислиме зошто би било лошо ако жената избере да биде домаќинка. Но, ова што Лела напиша остана со мене и е најблиску до објаснување:

     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Јебига, ако шефот е нервозен, таков му е карактерот, ако шефицата е нервозна, не е ебана.
    Не е фер ич капитализмот према никого, а према жените ич па :)
    За исто работно место не се зема иста плата итн.

    И има една друга работа што ја зборуваме неколкумина што не ви е јасна.

    Бидејќи бременоста и раѓањето во работниот сектор се третираат како хендикеп, затоа ќе земам таков пример, иако моето лично гледање не е такво.

    Значи. Што е еднаквост?
    Еднаквост е секому да се даде идентична шанса.
    Што значи дека ако постојат скали, сите ги добиваат истите скали, ама, доаѓа лице во количка. Како ќе се качи по скалите? Ќе му дадеме лифт, рампа? Значи не е еднакво веќе, туку даваме фер опција да ги качи скалите.

    На англиски има збор за кој не знам превод на македонски, equity. Се работи дека не сме сите исти, немаме исти почетни позиции, немаме исти биолошки позадини итн. Што би значело дека еднаквоста со мажите во работата не е тоа што ни е потребно, потребно ни е equity.

    Или поточно, и јас и колегата ако копаме бунар, јас физички можеби помалце ќе ископам поради биолошки предиспозиции, ама нема помалку да ме платат. Што значи, ако родам дете, па уште 2 после него и ме нема речиси 10 години во секторот, нема да ме гледаат како што овде гледате на жената. Туку ќе ѝ се помогне да се врати на работа.

    Дефиниција на англиски е ова, навистина не можам да се сетам на збор на македонски.


    The term “equity” refers to fairness and justice and is distinguished from equality: Whereas equality means providing the same to all, equity means recognizing that we do not all start from the same place and must acknowledge and make adjustments to imbalances.
     
    На senjorita-v, LiquidLuna, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    А може и за детето е океј.
    А може не сакаат двајцата да се посветат на детето.
    Може, може, може. Сè може.
    Секој знае зошто го прави тоа што го прави.
     
    На LiquidLuna, Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    Прашај го таквиот маж зошто му е океј да работи од јутра до сутра.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Пензија за дома седење?
    Мислам навистина претерувате.
    Татковците не придонеле за идните генерации, па и нив да ги следува пензија без одење на работа?
     
    На Lady D ❤️ и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.610
    Допаѓања:
    21.712
    Океј.
    Тогаш за тие што сме решиле да делиме 50:50 све до денар, да напуштиме партнер ако остане без работа или неќе да работи исто така нема потреба од паламудење зашто така сме се договориле. Или зашто можеби би го оставила ако се деси некоја несреќа и ќе треба да го издржувам. Ете, така сме се договориле.
    А не, тешко мојон било што сум сакала да работи, себична сум била, ќе сум видела понатака и не знам ти што. Куку нонен
    И да, така се имаме договорено да биде и ќе биде.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Тука е разликата :) Јас не мислам дека чувањето деца е само дремење дома и безделничење :)

    Ама не знам кој рече дека не е ок, во смисла дека никогаш нема да имате идентична плата, нема да имате, во смисла дека идентично ќе фрлате ѓубре, нема, во смисла дека едниот некогаш ќе има грип, па другиот ќе го чува итн. пошто се тоа нормални работи нели.
    А ако сте во брак, тој да заработува 20 000 денари, ти 120 000 денари, не се твои, ваши се. Буквално потпишуваш документ со државата дека меѓу другото, делите заеднички се, вклучително и издржување еден на друг. Ако сакаш да го избегнеш ова, единствен начин ти е никогаш да не сте во брак, а освен тоа, и да не живеете на иста адреса, оти после 1 година се сметате за вонбрачна заедница, па за вас важат истите правила како и за брачната.
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2024
    На LUCI 99, LiquidLuna, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.610
    Допаѓања:
    21.712
    Ама ете ние сме се договориле дека секој својата ќе си ја троши. И сам ќе се издржува
    Сме се договориле, капиш? Зашто друг да ми кажува каква врска или брак да имам?

    Иначе скоро беше во една прилика ми позајми мала сума на пари, 50тина евра. Со плачење и диазепами заспивав дур добијам плата да ги вратам. Не бев раат ич.
    И во иднина нема да бидам за вакви работи. Таква сум да неќам баш на грб на партнер да бидам.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
  9. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ама ако трошете ја како сакате. Битно е да се договорите и вас да ви е убаво.
     
    На Annath, LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    Прво, у врска (пред брак) се разговара кој што сака у животот и се прават планови. Ако не сакаш да бидеш во брак со некој што не сака да работи, нема да влезеш во брак со таков. Значи, за едниот да не работи, другиот треба да се сложи со тоа, односно тоа да биде нивна заедничка одлука. Што значи тој што рмба се сложил дека така му одговара.

    Второ, за развод може да има 101 причина. Па тргни од тоа дека ветуваат доживотна верност, ама пак некои вараат. И тоа е ризик во животот што треба да го земеш во обзир.
     
    На Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Не знам темава дали ја читаш.
    Да се навратам на Лела мислењето.
    Зошто е ова вака? Зашто жените се растргнати на милион страни и секогаш се осеќаат виновни. Се осеќаат виновни ако седат дома, ако не седат дома, ако заработуваат помалку, тогаш зошто одат на работа, а не седат дома, се осеќаат виновни за тоа како го растат детето, додека мажот нема гајле зошто никогаш ни немал гајле. А ние жените уште и очите што не си ги вадиме, се судиме на секој чекор со истите работи чувствувајќи се загрозени од секој избор поразличен од нашиот.
    Оваа реченица, што значи ова, мајките не се луѓе? Ќе престанат да постојат, ќе се изгубат, зошто се мајки?
    Толку страшно е дерогативна за жените. Обично се согласувам со Лела на повеќето теми, ама не и овде.
    Зошто и во ова „напредно“ време не е лесно да си жена, мајка, па еве вака ќе те осудуваат за секој можен избор. И тоа жени.
     
    На LUCI 99, do-re-mi, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.610
    Допаѓања:
    21.712
    И јас истото го велам.
    Дека може нема да работиш со години зашто така сте се договориле и оп на 60 ќе се разведете и ти ни пензија ни плата. Како што кажав познат пример де. Ене синот бил лош оти ја оставил мајка му без пензија да се снаоѓа.
    Ама многу црно сум гледала ми викаат, не требало толку да мислам за унапред.
     
    На Miss666 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    Никој не вика да не мислиш унапред.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Ама кој ти кажува бе чоек? Како ќе се договорите така ќе живеете, јас ти кажувам во смисла ако се разведувате, државата не ја боли ташак што вие сте се договориле. Ти со твојата плата ако купиш палата за време на бракот, тој ќе добие пола или дел, затоа што сте во брак, толку е просто. Можеш да се судиш и докажуваш, ама ако тој сам не рече не ја сакам палатата, нејзина си е, судот нема да го интересира. Тоа потпишуваш во матично, не знам како да ти објаснам. Потпишуваш дека ќе се грижите еден за друг и ако еден ете остане без работа. Ако не работи пошто останал без работа, а не го издржуваш, може да те тужи.

    Не знам како поинаку да ти објаснам дека 50/50 не постои во брак, освен ако не уредите претходно, а и тогаш има дупки на кои треба да внимавате. Јас не ти кажувам како да живееш, ниту ми е гајле, ниту за било кого ми е гајле пошто не ме засега мене. Ако си задоволна од животот каков е, не е мое да ти решавам проблеми што ги немаш. Ако имаш проблем, тогаш ќе ти барам чаре.
     
    На senjorita-v, LUCI 99, Chantal и 8 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.149
    Пол:
    Женски
    Јас вообичаено ич не се согласувам со Лела, ама ова ѝ е добро пишано.
    Реченицата не е дерогативна за жените.
    Жената да седи дома е токму она што патријархатот го сака. Ако секоја жена му удоволува, ќе биде повторно вратена во оние негови најцврсти стеги.
    Додека современиов период ѝ овозможува да бира меѓу повеќе опции, а ја учи седењето дома да не ѝ биде прва опција.
    Зошто?
    За да може да избега од насилник.
    За да си купи влошки од својата плата ако мажот не ѝ дава од неговите пари.
    За да може да купи за јадење и некој лек кога платата на мажот не стасува.
    За она и децата да не бидат гладни и на улица откако мажот ќе почине.
    Која рече дека е лесно да си мајка?
    Не е лесно да си мајка. Не е лесно ни да си татко (родителот кој е потценуван од некои во темава). Особено не му е лесно на таткото кога е единствен носител на финансии во домот.
    Назад на мајките.
    Не, нема да престанат да постојат. Но, со седење дома можат целосно да се претопат во таа улога и да не можат да разграничат меѓу нивната личност и онаа на детето.
    И после неколку децении (ако уште постои форумов тогаш) да бидат оговарани во темана како лоши свекрви кои не можат да се одвојат од синовите. :rofl:
    А, детето да биде човек зависен од неа и со ниска или непостоечка самодоверба.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.610
    Допаѓања:
    21.712
    Ќе ме тужи утре сабајле.:)
    Ќе се разведам и готово. Крај крајова поарно да живееме вонбрачно, барем ќе видиме реално зашто сме заедно наместо да правиме работи заради обврска.
     
  17. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    „Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница“, се пропишува во членот 13 од Законот за семејството
     
    На Lena0903, LUCI 99, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Да бе, така е.
    Ти кажувам зошто поминав низ слично искуство, ако не бев во брак.
    Многу е тешко да се разграничат работите кога не си во брак, а имаш заеднички имот, заеднички кредити итн. а во брак е уште покомплицирано. И тоа како што кажав порано, секогаш сум за тоа предвреме да се мисли, и сум мислела, и добро сум мислела.
    Па пак не успеав сосема безболно да ги решам овие работи, затоа што не знам дали можеш баш секое сценарио да го предвидиш, ете јас пазев на многу и добро е што сум пазела, ама можеби не сум толку паметна па една работа не запазив и си направив проблем :)

    Ова сфати го како совет од некој што преживеал разделба, иако не брачна (што е покомплицирана, посебно ако имате деца), и некој кој исто така работел, создавал, придонесувал итн.

    Едит, пошто се дополни: понапред ти пишав и за вонбрачната, ако баш сакаш да се осигураш, не живејте на иста адреса, после 1 година тотално е сеедно дали сте брачна или вонбрачна заедница, истите закони важат.
     
    На senjorita-v и Annath им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.156
    Пол:
    Женски
    Ако само оние што работат се луѓе, а другите се жени, дали е точно и она - имам 3 деца и една ќерка? :^) :D

    Чекајте дечки, стекнете искуство за да можете да споредите. Искуство во работа, искуство во домаќинлук и искуство со деца, едно големо искуство од се заедно во исто време, па обликувајте го умот.
    А ќе го обликувате и моделирате честопати. На крај, ќе го изберете она што мислите дека е најбитно за вас. Оти она што во моментов ви е најбитно, може нема да стои високо на листата понатака во животот. :)

    Во секој случај, очигледно појма немате деца како се гледаат и кој како воспитува деца, сериозно, знајте си и до каде може да одите со некои муабети кога не знаете, оти освен што се трошите напразно, дрдањето ви нема баш некоја издржана реалност најчесто.
     
    На Kolache na mama, senjorita-v, Erika.greeneyes и 18 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.788
    За една фамилија да се откаже од плус една плата е луксуз од финансиски аспект.
    Овој аспект секако повлекува и други фактори во однос на планирање на иднината, финансиска сигурност и квалитет на живот, за време на бракот и евентуално доколку истиот се прекине.

    И баба на времето кога беше домаќинка немаше пензија, исто и една тетка.
    Други црни сценарија, освен овие од нафталин, јас не знам.
     
    На senjorita-v, Annath, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.