Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.140
    Пол:
    Женски
    Не е инфантилно и нереално паметно да размислуваш како да влезеш во врска и во брак, а да не зависиш од партнерот. Затоа што може да те удри животот, ама ќе си спремна.
    Црните сценарија се можни и реални. Им се случуваат на некои жени.
    Спремните жени подобро се справуваат.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Имот стекнат во брак е на двајцата по некоја логика, независно чие име стои
     
    На Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    68.330
    Од слобода на избор до 55 страни дискусија за тоа кој е помодерен. :D
     
    На senjorita-v, Anyshka, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.166
    Пол:
    Женски
    Молам?
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    И на мене ми е незамисливо човек цел живот да седи дома и ништо да не прави за себе. Не за работа туку општо, да не се грижи за својот живот и здравје.
    Само начинот на кој мислите дека се живее во брак е пресмешен, онака не знам ни што да искоментирам, а да не е со потсмев.

    @Munchmallow20 Освен ако не е нешто сериозно, се друго е решливо и пролазно. Ама не може да ви се објасни се додека не изгубите нешто што не сте ни знаеле дека го имате.
     
    На Miss666, Anyshka, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Точно, ама за да не биде обврзана да е 50/50, и да избегне брачна/вонбрачна заедница, мора да најде начин заедничкото да е поделено согласно со парите што ги вложил секој.
    Мислам, ко воли нек изволи ваљда :D

    Немажена сум, немам деца и жена сум, не знам што е спорно во тоа кој е и кој не е жена? Не е жена само личност што се родила со XY хромозоми, сите што сме ХХ сме жени.

    Е сега, како да ти кажам, ова со лудницава и стресови и плачења месец дена, не е ок. Можеш да кажеш дека сум таква, сите сме некакви, ама тоа ја прави целата разлика. Треба да поработиш на себе, нема ништо лошо во тоа.
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2024
    На senjorita-v, Annath, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Јас знам. На пример членката што кажа дека маж и' не и оставал пари за книга на курс да си плати, ниту пак за јакна. Имаше и друга со слична приказна, маж и' не сакал нова картичка да извади за да ги троши и таа заедничките пари. Имаше и трета што реши да остане со него откако тој и' се пуштил на сестра и', бидејќи куќата е негова а таа не може сама да им обезбеди слични услови. Ти и без да кажеш би претпоставила дека ги имаш испланирано финансиите за секакви сценарија, ама дали грешам кога претпоставувам дека не се сите како тебе и дека поверојатна е јакна ситуацијата што ја спомнав?

    Жал ми е што ме доживувате толку антагонистички на темава и што мислите дека ги напаѓам жените со ова. Не мислам дека жените што седат дома се затуцани, мрзливи, нереализирани. Мислам дека работат многу повеќе неплатена работа од нивните сопрузи, и пак мажите се тие што ја имаат контролата и што можат да забранат јакна да се купи. Ама се договориле заедничко да е. Сите погоре набројани катастрофални случки на патријархатот стојат со некаков договор зад нив. Ама пропаѓаат договорите и секогаш, секогаш подебелиот крај го извлекува жената. Јас стварно не сум видела случај кај што маж е принуден да остане со жена што го изневерила во име на доброто на семејството, кај што маж е до тој стелен понижен од партнерката да не добие пари за основни работи. Бидејќи договорите секогаш се во нивна полза.

    Она што јас цело време го зборам на темава е што патријархалната организација на семејството им одговара само на мажите. И она што ми смета не е што некоја сакала да биде фул тајм мајка, а демек треба да сака да е фул тајм астронут туку што упорно се турка наративот дека најлогично е мајката да сака да е со децата, најлогично е он да е тој со дупло поголемата плата, најлогично е тој да е важен за општеството, а јас да сум важна за него. Не мислам со цела сериозност дека ќе се врати патријархатот во својата најпрекрасна форма, ама и нема стојам и да гледам слипери слоуп од ,,убаво е за развојот на децата" до ,,жената само кај децата е незаменлива и треба дома да седи со нив". И ова не си го измислив јас туку Чка го кажа, а вие го исполајкавте.
     
    На andromedae, Lena0903, La-loca и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.710
    Не се однесуваше на тебе тоа за жена, требаше да го одвојам. Се знае на кој мислев.
    А тоа со долгот да, до мене си беше. И затоа сакам по пола во заедница, да не ме пече совест секој ден
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Ретко се слагам со тебе, ама сеа се слагам на макс.
    Се надевам ќе допре нешо до нив шо збориш.
    Ти на пофино (бар од мене) им објаснуваш
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и BlackNight им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Болдот.
    Не, не е најлогично, тоа е проблемот.
    Се адаптираат луѓето на системите во кои живеат.
    Како што наведовме многу пати, нема ништо феминистичко во начинот на кој се третирани жените како работна сила, од проста причина што треба да изиграваме мажи за да сме успешни. Затоа што светот е создаден по потреби и специфики на мажите, а не на жените.
    Од друга страна, скроз навистина, новороденче бара мајка. Значи нема тука еднакво-нееднакво, бебето, онаа нова личност на светот, без оглед на полот, ја бара мајка му.
    Понатаму, кога ќе се надмине фазата на новороденче, и кога веќе бебето е способно да има исто таква врска и со таткото, може кој било од нив двајца да е тој што ќе биде дома, не мора да е жената.
    А моментално и во најразвиените земји, со највеќе права на жени, најлогично е да остане жената затоа што постои pay gap, односно затоа што најчесто мажот е тој што повеќе заработува. Жената е таа што останува многу повеќе од финансиски аспект за целото семејство, а помалку од тоа дека е жена.

    Прво да изедначиме pay gap, да не сметаме дека тоа што сме жени е хендикеп, да не сме “послаби“ оти за разлика од мажите можеби еднаш месечно имаме разорни болки низ кои работиме како и колегата до нас, да не излагаме од работа за да доиме, да не не уназадуваат кога се враќаме од породилно, да не не прашуваат дали сме мажени или дали планираме да раѓаме или колку деца имаме на интервју за работа итн.

    Оној ден кога нема да постојат овие разлики, на индивидуално ниво, може да се прашаме кој родител седи дома повеќе и од кои причини.

    Денес причините, во развиените земји, а не на блискиот исток, се чисто финансиски, тој просто заработува повеќе.
     
    На senjorita-v, Anya321, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Zvezda5

    Zvezda5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Вие што седите дома, како го поминувате времето? Нели ви е досадно? Ајде и да чистиш, не можеш секој ден, да чуваш дете ок, ама нели децата треба во градинка да одат да се социјализираат? Повеќето кои ги познавам сите имаат деца и си работат, после раб време зимаат дете од градинка а тоа е 15/15:30 часот, стандард ,не сум иронична, меѓутоа не знам, од сабајле 8 часот да станеш и до вечер што правите?
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.140
    Пол:
    Женски
    Не секое.
    Упс!
    Се случува мајката да умре на породување.
    Или...

     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Е тука лежи зајакот. Ако продолжиме да се адаптираме на системот, како ќе го срушиме системот? Како сме ги добиле ние правата што ги имаме, бидејќи на мажите им текнало еден ден да ни ги дадат? Влегувањето на жените во работната сила, платената работна сила, и тоа како пркоси на системот, и токму фактот што од Втората светска војна наваму имаме многу повеќе жени на моќни позиции е причината поради која денес ги имаме правата што ги имаме. Како ќе се избориме за поголеми плати ако сите шефови се мажи, за подобри работни услови за мајки, за поголемо породилно, за поеднакво породилно, за неплаќање даноци за влошки итн. Како кога сите носачи на одлуки се мажи. Мора да се поттикнува нетрадиционалност во семејните улоги ако сакаме светот да престане да биде машки. И мислев дека сите се согласуваме со ова. А не единствена пречка што не се посветуваме комплетно на децата е што мора на работа да се оди за да се издржи месецот. Иначе фала богу, мажот парите, јас децата и сите среќни и весели.

    Да се надополнам: Не прво да изедначиме pay gap, па после ќе има поурамнотежена распределба на тоа кој останува дома. Туку прво мора да се стремиме да урамнотежиме кој седи дома бидејќи само така ќе изедначиме pay gap.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На viol, Peanut Butter, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.787
    Апсолутно дека има се од ова ти што го наброја, се сложувам.
    Но овие бракови и жени имаат далеку подлабоки проблеми кои не по автоматизам произлегуваат од одлуката да се остане дома.

    Одлуката да се остане дома е заедничка, помеѓу брачните парови со предуслов да се има финансии, слога, комуникација и флексибилност.
    1, 3, 5 или 10 години, не знаеме што ќе донесе иднината.
    Живееме во подинамично секојдневие од она на нашите родители, па да кажеме засекогаш би било нереално.
    Доколку споделуваме примери од нашите родители или баби, повторно, други времиња, други околности, не се веќе соодветни на нашето секојдневие.
    Но едно е исто. Ако имаш работа со битанга и бараба ќе си ја чукаш главата, сеедно работела или не.
    Стотици жени, и покрај работа и финансии не успеале да испаднат од влијанието на такви сопрузи и седат и патат.
    И обратно, многу финансиски зависни жени се избориле и испаднале од таков брак.
     
    На simonka93, Chantal, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Поентата е дека не знаеш што ти носи животот, можеби, не дај Боже, ти ќе бидеш таа што нема да е во можност да работи. Од многу причини може да е тоа.
    Пак ќе кажам, паметно е да не инвестираш во нешто што не е твое, затоа што после може да биде куку нонен, меѓутоа екстремите не се добри, а кај тебе гледам страв.
    Не треба да се плашиш толку од човекот кој си го одбрала, дали сегашниот или некој друг. Треба да е човек на кој можеш да се ослониш и да се чувствуваш безбедна покрај него. И може тој да е најдобар на свет, ама ти поради лични трауми да не можеш му дозволиш да ти се приближи.
    Не ти го кажувам ова како осуда некаква, туку како поттик да поработиш на сама себе, не вреди живеачката ако ја живееш затворена во својата лушпа и со страв од сите. Еден ден ќе имаш деца можеби, ќе им ја пренесеш таа траума и на нив.
    Чисто совет е, ти си возрасна секако, сама одлучуваш за себе.
     
    На senjorita-v, ForeverYoung, simonka93 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.140
    Пол:
    Женски
    Или е манипулација изведена од страна на мажот, а маскирана во грижа пред другите.
    Од типот „не мора да се мачиш“. :D
    Има и вакви, но поретки се. И се во таква ситуација оти не бараат помош.
    А, има и вакви што по некое време се одлучуваат да излезат. И успеваат благодарение на сопствените пари.
    За разлика од невработените кои се принудени да молат институции и роднини за помош.
     
    На Peanut Butter и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Така де, само што ако денес јас треба да одлучам како ќе го хранам детето, јасно е што ќе одлучам.
    Нема да се случи сите жени да се дома, ниту сите жени да се домаќинки, ниту некакво враќање на патријахат. Повеќето жени сакаат да работат и работат, а тие кои се во позиција да бираат се минорна бројка во однос на другите.
    Јас зборувам за Европа, Америка не ми е репер, а во Европа не гледам тенденција на неработење кај жените, всушност моментално има повеќе жени на државни функции него кога било претходно.
    Е сега, колку тие жени ги интересираат навистина женските прашања, а колку конформираат со да се биде маж за да се биде успешен, е друго прашање.

    Но не, нема да се случи сите жени да станат домаќинки, како што нема да се случи сите мажи да имаат кариери, како што секогаш некој ќе треба да е шофер и касиер и хигиеничар, итн.

    Американците како ќе се организираат понатаму не знам, ама еве и кај нив има огромни промени, почнаа да се бунат како се плаќани, па МекДоналдс и слични ги триплираа платите, пак не им работат. Кога ќе имаат финансиски исплатливост да се на работа наместо само дома, и кај нив тој тренд на стеј ет хоум мамс ќе се намали. Сега е така затоа што е лудо колку треба да платат за некој да им чува дете, едноставно не можат да си дозволат.
    Мислам глупостиве...
    На двете веќе те цитирав тебе, навистина не ми е јасно зошто ме цитираш ако треба да ти повторам што веќе сум ти пишала.
    И бебето во сиропиталиште ја бара мајка му, нема да умре, ама да, создава фрустрации и страдања кои ќе го афектираат цел живот.
    А за второто што си го цитирала, поназад ти напишав, не се потценува улогата, различна е.

    Ти можеш што сакаш да мислиш, едноставно не си во право за врската меѓу мајката и новороденчето веднаш по раѓањето.

    Едит: и кога пишувате вакви мислења како твоево, искрено, како да не сте виделе новороденче во животот или пак не го сметате за личност, не знам што да кажам.
    Новороденчето е човек, личност, има свои потреби, а тие потреби најпрво бара да се задоволат од страна на мајка му. Наскоро ќе почне и таткото да го запознава, ама кога ќе се роди, апсолутно се му е стрес, ако до вчера не требало ни само да диши, од денес е присутно на светов и треба и да диши само, да јаде само, да голта итн. Има грчеви, има разно-разни сетилни дразби кои го вознемируваат, единствена утеха му е мајка му оти во неа било 9 месеци, единствно познато нешто на светот му е.

    Онака, сетете се на беспомошноста на тоа суштество, па после дојдете и паламудете што ако мајка му умре. 102,5% ќе има доживотни психички последици, ете тоа ќе биде ако мајка му умре.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На Lena0903, senjorita-v, Pocahontas.93 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    89.001
    Пол:
    Женски
    Во Европа,во Германија веќе имаше линк 75.5% жени работат пола работно време или мини џобови.
    Во така креираниот систем нормално светот ќе го водат мажи.

     
    На Peanut Butter и BlackNight им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.156
    Пол:
    Женски
    Ова е апсолутно точно.
    И очигледно не ти/ви изгледа така, но, еве со цела одговорност тврдам во името на сите дека ниедна не мисли поинаку.
    Јас имам две деца. Женско и машко. Без разлика на пол, како и секој родител така и јас би сакала моите деца да научат да живеат сами со себе пред да живеат со било кој друг. Сами да заработуваат, сами да знаат да си средат зад себе и прво и основно, да се потпираат прво на себе си. Да се способни самите да “преживеат” во Х случаи. Изборите што ќе ги прават во животот понатака ќе бидат дефинирани од нивните лични аспирации и преференции.

    Можеш да се едуцираш, да растеш во одредена кариерна гранка и истовремено да имаш поинакви приоритети или да ти се сменат во одреден период од животот, под одредени околности. Јас велам дека да имам многу кеш не би работела, ти велиш дека би, а во реална ситуација можеби би било обратно, затоа не можеме да го затвориме целосно тој прозорец, туку мора да е бар на кипење.


    Збориме за многу мал процент жени што денеска можат да си дозволат да работат. И од тој мал процент, еден дел уживаат богатство, обезбедени се со генерации и за црни сценарија и обично се занимаваат со фондации, друг дел е многу варијабилен и тука се хармонични бракови кои имаат свој интерен договор и при црно сценарио секако било кој од нив ќе се врати на работа, има трет дел кој од Х причини не работи, тука спаѓаат и мрзи јбг има и такви, ама и оние со скриени дијагнози за кои не знаеме, и четврт дел заглавен во патрихархат без ”домашна дозвола” за работа и жената е за дома мајндсет и воглавно сите овие заедно држат многу мал процент од популацијата, за да воопшто помислиме на некакво враќање на некој си патријархат.

    Најголемиот процент сме просекот, кој нема избор и мора да се адаптира и да работи. Тој просек и најмалку се остварува себе си. Пошто просекот се занимава со работа и со семејството. За повисоки лични остварувања, за себе откривање и личните потенцијали надвор од работата и семејството нема ниту време ниту можности, па поради тоа честопати ниту интерес. Тоа е трагедијата на нашето постоење. И тука збориме дека остварен си ако работиш пошто тоа е единствен начин за некои да се осетат продуктивно и дека направиле нешто. Во таа смисла, нашите реални можни потенцијали и останати таленти ќе останат секогаш скриени. Работата е само мал дел од она што не прави луѓе, ама далеку од тоа дека е целата наша вредност како луѓе.
     
    На senjorita-v, La-loca, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.140
    Пол:
    Женски
    Врти до сабајле, но...
    Новороденчето не зборува одма, па да знаат сите дали ја бара мајка му. :D
    Новороденчето бара млеко. Млеко кое може да му го даде и таткото со шише. Исто и за вниманието.
    Кога нема мајка, ќе е поврзано со таткото.
    Ако таткото е добар татко, детето нема да ја бара мајката.
    Ако збориме за случаи со психички последици, има и кога таткото не е присутен.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.