Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Како сте волку рамнодушни и ладни? И пред да родам не размислував вака. Мислам тоа е добро за вас ама само за вас.
     
    На azelea, MacenceEna, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Јас немам ни намера да цитирам понатаму вакви игнорантни мислења искрено. Ако се ова успешните жени кои ќе бидат значајни за креирање на нашата иднина, тешко нас.
    Ај нешто да не знаеш ок, ама толкава одбивност кон нешто да научиш... не разбирам.
    Ни едно дете не родив, ама ваква рамнодушност кон друг човек ми е неразбирлива едноставно.
     
    На Lena0903, senjorita-v, simona_baby и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дечки а што е со мајката која само што родила дете и она сака да е со тоа дете? Новороденчето не зборува ама мајката да. Цел свет ти се превртува наопаку и се што ти било битно до тогаш не ти е.
    Јас лично како партнерот што носи повеќе дома, со кариера, со све, кажувам дека да имам можност би останала сега на пола работно време дома со дете. Не знам зошто е тоа проблематично. Не цел живот. Сега, дур е бебе, дур е тодлер. Да ја воспитам, да ја гледам како расте, да не пропуштам ништо.
    Вака нит сум сконцентрирана целосно на работа (а си ја сакам работата многу), нит целосно посветена дома. Тоа е таа динамика на денешниот женски живот што неколку членки пробаа да ја објаснат. Да осеќаш грижа на совест без разлика што правиш.
     
    На azelea, Shelea, Pocahontas.93 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.166
    Пол:
    Женски
    Не е рамнодушност, не знаење е. И по секоја цена треба да се докаже поентата која ја имаат па макар и по трупови газеле. Ни јас нема да коментирам во темава веќе, зашто ова на све личи само на цивилизирана дискусија не!
     
    На azelea, Lena0903, Pocahontas.93 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Ок е да има аргументирани мислења, ама шо ако мајка му умре, бебето не збори, не е аргумент.
    Мислам батали што плејада научни дисциплини низ цела историја на цивилизацијата проучуваат, бебето не збори значи немаме поима што уствари сака.

    Тоа што мајка му точно разликува плач оти е посрано, плач оти е гладно, плач оти сака галење, тоа нема везе, чим не знае да каже, значи уствари ич не му е гајле и на прв минувач да го оставиш.

    Свашта бре.
     
    На azelea, senjorita-v, Lizi и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    И додека остварат свои фамилии би била на пола работно време ако имам можност. Немам намера да бидам роб на работата, а да пропуштам се друго.

    Инаку, и кога зборуваат деца не викаат ‘мамо ми требаш’ туку прават бељи, привлекуваат внимание. Не за џабе најголемите булис, агресори, пороци се од недоволна љубов.

    @Viveki Не е незнаење, не мораш да станеш мајка за да сфатиш што му треба на детето. И ние некогаш сме биле деца, знаеме колку ни била потребна присутна мајка, дали дома, дали на приредба, на утакмица или кога светот ти се руши. Си го сакам татко ми, преголема поддршка ми е ама не знам што би без мајка ми.
     
    На azelea, MacenceEna, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.156
    Пол:
    Женски
    Новороденчето го препознава срцебиењето на мајката оти уште во утробата преставувале смирувачки тонови за него, затоа кога мајката ќе го земе во раце и ќе го стави на гради, уште во првиот момент ќе се смири. Новороденчето го препознава мирисот на мајката и го препознава гласот на мајката и тие за него ќе преставуваат најбезбедниот и најкомфортниот меур од самото раѓање. Новороденчето ја препознава и бара мајка си долго пред воопшто да прогледа.
    Твојата игнорантност на темата, уште повеќе минимизирањето на улогата на мајката е во најмала рака малициозно и одвратно. Пушти уште некое смајли сеа.
     
    На azelea, senjorita-v, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  8. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Каков е тој начин?
    Се е 50/50 стекнато во брак.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    За да избегнеш 50/50 во брак, нема да си во брак, како прво. Или, ќе направиш договор во бракот, со кој пример од некоја недвижност, 20% е на маж ти, а 80% твоја. Тоа се дополнителни договори, ако не постојат, се подразбира дека е се 50/50.
    Али, за да си сигурна дека не е 50/50, односно ако ти заработуваш 3 пати повеќе од маж ти, а не сакаш да делиш 50/50, не си во брак и не живееш на иста адреса, односно не сте заедница во очите на законот.
    Предбрачни договори кај нас не се баш правно издржливи, не сум правник за да знам колку од договорите ВО бракот можат да ги изменат законски одредените поделби, ама ако не сакаш пола од се што ќе стекнеш дур си со некого да биде поделено, нема да си заедница, ни брачна, ни вонбрачна.
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Не знам што е ова што си го цитирала, со бирање црешнички. Не е точно дека само немажени жени плаќаат данок. Поголема глупост немам прочитано. Па јасно се гледа и целта на авторот. Сите плаќаат данок! Поголем е за немажени/неженети, оти имаат помалку давачки. Живеаат во еднособен стан и плаќаат дупло помала ќирија од парови. Помалку за сметки, храна и останати трошоци. Значи и мажи и жени плаќаат. Друго, може да е и една од програмите за раст на наталитет.

    А за брачни парови, а особено за оние со деца, се поголеми и трошоците на месечно ниво, затоа е малку олеснителна околност кај нив. Освен тоа, на крајот на година се добива поврат на данокот, зависно од пресметките и бројот на класата, кој имаш право и да си го смениш. А со тоа и плаќаш помалце или повеќе данок.

    Друго, изолирани случаи на дискриминација има, ама дека глобално некој така гледа, ох боже сачувај, ама не! Особено не за работно време. Лол!

    Пола работно време и/или мини џоб е опција, никој никому ништо не наметнува. Никој не ги задржува жените дома. Имаат право да бираат и да менаџираат меѓу семејство, приватен живот и работа. Истото скроз и за мажите. А тука повеќето работат цело работно време плус мини џоб.

    Пензијата, секако дека зависи од стажот и колку била платена работата. Што пак, нема никаква разлика за мажи и жени. И кај маж со помалку платена работа, ќе има помала пензија.

    Сега и пола работно време и мини џоб е проблем. Свашта! Може фемина форум ќе организира чување деца или ќе плаќа за чување за да работат сите жени од јутра до сутра, пошо освен работа во животот ништо друго не постои.

    Најдобро е да се воведе работно време 24/7 да ги задоволиме стандардите за жена со кариера. Ако дефиницијата е како оваа овде, па тешко нас!

    Што конкретно е целта на текстот, да имаат 280 саати плус? И сега можат.

    ***
    Темава, некои членки, како бе не се читате пред да кликнете ентер, мене ми е срам што ве читам!
     
    На azelea, MacenceEna, Chantal и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Маж ми да ми користи од шампонот и после да ми го врати?? Или обратно?
    Абе девојко, комшивката да ми дојде на врата ќе и дадам шампон, а не маж ми да ми го враќа.
    Како да ти кажам дека твоето едноставно НЕ Е НОРМАЛНО и не си меродавна да пишуваш вакви небулози оти деф прво си имаш некој проблем со себе, а второ и многу веројатно е дека исто така и не си човек за заедница.
    Не знам вие со твојон како што го викаш како се договарате, ама штом прифаќа или е ист или бетер од тебе. Оти на пр, мене некој во врска да ми речел, ќе се измиеш од мојот шампон ама после ќе ми го вратиш колку си потрошила, ќе сум бегала колку што ме држат нозете подалеку.
    И што ако си одбрала учење???
    Господ за муда го фати, крај. Мислев и јас така, ама хеј, после видов дека учењето е само мала капка во морето за да успееш во животот.
     
    На andromedae, azelea, Lena0903 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.717
    Допаѓања:
    23.917
    Пол:
    Женски
    Омг, ова со шампонот беше врвот. Па така ако размислувате дека треба во брак, тешко вас ако некој ден имате деца....
     
    На azelea, Lena0903, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    89.001
    Пол:
    Женски
    Синдромот на празно гнездо ке биде опасна работа за жени кои го глорифицираат мајчинството и сметаат дека жената има само една улога, мајчинска.
    Да цел живот си мајка .
    Ама само на бебе и тодлер му треба цицка не и на 10 год дете или 16 год па му требаш 24/7 да трчаш по него.
    Па не е така ,повеќето 75% жените таму не работат полно работно време.
    Не знам.Не сум правела истражување јас
    Тие што го пишале се од германски институти и статистики.
    Дека 45% помали пензии земаат.
    Што е и логично ако се земе фактот дека не работат полно време.
    Ако не работат логично е дека ќе имаат помали пензии од мажите.
    Имаше и линк на другата тема ,читај си.

    А нема работа од само прва смена,или само втора па една мајка на пр.14 год дете да оди на работа ?
    Си вложила во образование и треба да се оствари во работа согласно образованието?

    Зошто треба да се работи од јутра до сутра?

    Постои и друго освен работа тоа и го прават мајки кои се и мајки и работнички.

    Децата растат.
    И треба да се тргнат од сукњата на мајката.

    И пак на крај која е поентата да завршиш факултет,да вложиш во образование ако си жена и сакаш да бидеш само фул тајм доживотно мајка.
    Седи со 8 одд.
    Не треба да имаш формално образование ,тоа е само за оние кои ќе придонесат во друштвото.

    Впрочем како и во муслиманските држави,жената се посветува само на децата и домот.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На senjorita-v, BlackNight, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Страшно е кога идентитетот една жена ќе го сведе само да се биде мајка и домаќинка.
     
    На Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Јас овде не гледам некоја да ѝ е на тоа сведен идентитетот, барем оние што од кога сум зачленета ги читам, сите се образовани, сите имаат работно искуство, сите се посветуваат на повеќе страни од живеењето, сите имаат интереси надвор од мајчинството.
    Не знам што е толку несфатливо дека работата за плата, ако не ти е неопходна платата, не мора да единственото нешто што те дефинира и те исполнува.
    Можеби те исполнува да спасуваш бездомни кучиња секој ден од животот, ете немаш деца де, исклучи го мајчинството. Не се само мајки тие што одлучуваат да не работат. Може многу работи да те интересираат и на многу начини да придонесеш и за себе и за светот, а тоа да не е работно место.

    Лично, пошто не сум ни мајка ни домаќинка, туку вработена жена, работното место ми е начин да се издржувам сама себе и ништо повеќе, толку. Други работи ме исполнуваат, работата не е една од нив. Ниедна работа не може да ми биде, едноставно преслободна душа сум за да кафето со колешки ме исполнува и социјализира :D
     
    На senjorita-v, simonka93, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Ај кажи што подразбираш под домаќинка?
    Дали само изразот ви одговара кој останал од времето како демек деградирачки или навистина мислите дека денес младите мајки се затуцани створови кои само смрдат на повраќаници, гомца, кромид и не знаат ништо повеќе од тоа?
     
    На MacenceEna, Amellie13, simonka93 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.710
    Не, мене да ми рече дека не може да си купи еден шампон и треба јас, јас ќе бегам. Што се жениш ако си толку скапан голтар.
    И шампонот беше пример. Нема да цепидлачам до ситница ама не планирам да сум негов банкомат.
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Каков друг идентитет имаат домаќинките освен тоа што се мајки?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Eeee не беше така прашањето Манчи.
    Ете менаџер е у приватна фирма, топ платичка, подобра од твојата, ама оп топ, фирмата затвара, јебига се дешава, пазарна економија.
    Бара работа ама ете нема, дур најде тоа е, ќе се бања со розев шампон, и после ќе си го врати, според твоите математики, што се навистина пречудни за живеачка со било кого, та цимерка да е, а не животен партнер.

    Домаќинка не е исто што и мајка.
    Од кога сите домаќинки се мајки?
     
    На Lena0903, mal.ecka, simonka93 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Темата е за мајки кои се домаќинки.
    Значи за таа категорија дискутираме. За жени што цел животен век се дома заради "децата".
     
    На Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.