Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    А каков идентитет не може да има мајка, а може да го има работничка?
    Се' исто може да имаат бе златна, зошто мајката не може да е дотерана, а вработената може?
    Може некоја мајка што е дома е инженер, магистер, со 2 факса...а таа што работи е неписмена ама работи од што мора.
    Како мајката е подолу на вашата скала во вакви случаи кои воопшто не се ретки???
     
    На bittersweet, MacenceEna, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Сите мајки домаќинки кои ден стаж немаат, буквално се жени кои се неамбицозни и кои немаат различен идентитет од детето. Не можеш да ме убедиш дека некоја што завршила факс сака цел живот да е дома, со "детето".
    Истите тие домаќинки, имајќи фрустрации и комплекси, после му се мешаат во бракот на детето и прават проблеми.
    Затоа треба секој да си има посебен живот. Да биде посветен на својот живот.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Па не дискутираме само за нив.
    Дискутираме за сите, а мајчинството е една од причините, ама не и единствена.
    Што ти објаснува зошто некои жени и кога децата им се во школо, не работат.
    Некои се посветуваат на работи кои лично ги исполнуваат, а светов е толку шарен што можеш на многу места да се пронајдеш и да создаваш идентитет, а да не е работно место.
    Ако не ми требаат парите, ќе правам нешто што повеќе го сакам.
    Ете пример, ќе спасувам улични кучиња. Ќе волонтирам можеби на друго место.

    Тоа е веќе до карактерот на личноста, а не до работа, деца итн.

    И да, секогаш ќе има некоја што ќе си го сведе идентитетот на деца и ќе ги замара и ќе пробува преку нив да си ги задоволни сопствните потреби и празнини, тоа е вистина, ама на темава не ги најдов тие, не коментираат пошто веројатно не им е ни гајле за темава.

    На темава апсолутно ниту една не кажа дека цел свет и постоење и интерес ѝ се децата, а и ако ги читаш по форумов ќе знаеш дека не живеат само преку мајчинството.

    Макар, скоро во сдк напишав, неважно маж или жена, имањето дете е едно од најмонументалните работи што можат да ти се случат, што не може да се спореди со ниту едно друго освен сопственото раѓање и смрт. Од секоја друга улога можеш да влезеш и излезеш, родителството е доживотна улога, доживотен статус. Се околу себе можеш да промениш, освен фактот дека си родител. Нема потреба да се потценува таа улога, пошто за оние кои ќе решат да се остварат како родители, навистина е најголемата и најважната улога. Тоа не значи дека таа улога ги дефинира, ама е, и треба да биде, најзначајна дур имаат малолетни деца. Понатаму пак би требало фокусот да се префрли на себе, кога децата веќе се возрасни и имаат свој посебен живот. Ама додека се деца, да, најважни се.

    Мислам еве пак, споредба обична, не е дете, мачки се. Па се фокус на моите најголеми грижи, најголеми обврски, еден викенд некаде да отидам сто аранжмани правам за да бидат соодветно згрижени, со што помалку стрес за нив итн. Не ме дефинира улогата на сопственик на мачки, ама и те како е голем дел од мене, оти тие суштества зависат од моите активности и одлуки едноставно.

    Е за дете е исто, само 200х повеќе.
     
    На Kolache na mama, senjorita-v, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Абе Косми, па и да пораснат децата, зарем цел ден само во работа треба да се поминува? Ништо друго ли не постои во.животот, освен жена со кариера?

    Поради психофизичката состојба на човекот, дозволено е да се работи мислам беше 192 саати во месецот. За Германија пишувам.

    Ако некој цели кон повисока пензија, има опција да се доплаќа паушал некој или да се работи повеќе саати (кои не стојат во договор) уберштунде. Истиве можеш да ги земеш во пари, денови или предвремена пензија. Кај мене баш една колешка од овие саати има година дена стаж плус, а рано и е за пензија. Друго, колку подобра (поплатена работа) толку подобра пензија. Колку повеќе јас се надоградувам, толку повеќе добивам во пари и толку повеќе можам да ги намалам работните саати.

    Не реков јас да се работи од јутра до сутра, туку ти целиш на тоа да работела жената многу повеќе саати плус со текстот што го цитираше. А забораваш дека опција пола работно време имаат и мажите и истово го практикуваат. Жените се секако во поголем број, од причина што мали деца најчесто чуваат они. Овде опција баба и дедо се исклучени, оти цел живот работеле и во пензија не чуваат деца, туку шетаат. Има и многу мажи што го прават ама баш истово. Уствари, во целосен работен однос останува најчесто оној кој заработува повеќе.

    Опција пола работно време треба да се земе како бенефит, пошо не секој може цело. И секако дека најчесто работата е во согласност со образованието. Кој како сака и како има можност, така си го менаџира животот.

    Минимален број се фул тајм домаќинки, не знам каде се овие ендемски вид жени шо вие ги пишувате. Тие што се дома, имаат опции и можности за истото и што е и најважно финансии.
     
    На bittersweet, senjorita-v, MacenceEna и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Дете, не сите мајки моментално невработени оти така сакаат првично, се омажиле на 20 год, се омажиле на 30+, а до тогаш правеле нешто во својот живот, т.е учеле и РАБОТЕЛЕ. Јас на колку интервјуа за работа сум била, ти толку влакна на главата немаш, така да, смирете се малку, веројатно секој знае што прави во својот живот.
    И намалете со навреди, можеби на многу од оние што сега не работат а вие ги вреѓате, не сте им ни до колена и нема ни да им бидете и 3 работи да работите.
     
    На senjorita-v, Amellie13, Iva2020 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Прво, ти вреѓаш. Ако ти се пронајде засегната од моето мислење, тоа не е мој проблем.
    Второ, мислам дека темата не ја разбираш доволно. Темата е за мајки домаќинки ЦЕЛ живот.
    Јас сите тие што ги знам ниту се амбициозни, ниту вложуваат во своето образование, ниту им посветуваат внимание на децата 24/7 и немаат ни доволно финансии.
    Логично е дека ако една жена, и покрај тоа што детето оди на училиште, може да оди на работа, а со тоа ќе вложи повеќе да му остави на сопственото дете повеќе материјално, не само љубов, зошто сепак живееме во материјален свет и работи со љубов не се купуваат. Е тие жени се доволно свесни дека кога ќе треба да земаат пензија, нема да можат и некој пак ќе треба да ги издржува и финансира. А логично тоа би било нивното дете, нели?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    97.496
    Воопшто не се пронајдов, ти кажав само пример.
    А каде ги наоѓате тие жени што ЦЕЛ живот буквално не мрднале со прст?
    Јас такви не знам, освен една, ама и таа се разработи од кога и пораснаа децата и пораснаа и нивните финансиски потреби.
     
    На MacenceEna, mal.ecka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Искрено, ниту јас. Ни една од моја околина не е фул тајм домаќинка, освен додека имале бебиња и тодлери.
    Единствената што ја знам што никогаш немаше стаж некаде, пошто роди на 18, меѓувремено дур растеше три деца, смисли свој бизнис, почна ептен аматерски и сега супер работи, ако едвај средно заврши реално. Моја генерација е, па ако ја мериме успешноста во материјално, поуспешна е од повеќето нас, имам пријателки со магистратури на економски што чмаат по финансиски друштва и го мразат секој работен ден, а помалку заработуваат од неа.
     
    На mal.ecka, Annath, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.755
    Допаѓања:
    140.433
    Бидејќи ја читаш Снаи и свекрви, и пишуваш и во тие теми, колку снаи пишале дека имаат образована, вработена свекрва која им прави сплетки во бракот и не сака да го "пушти " веќе женетиот син да си живее со веќе оформеното семејството ?!



    А за делот со враќање на позајмени пари и пиење Дијазепам, единствено можам да го сфатам таквото однесување, само ако должиш на лихвари.
    Ок е да не сакаш да те финансира и да зависиш од него, ама па толкава калкулација пред и за време на брак, не е ок .
     
    На azelea, Lena0903, MacenceEna и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.314
    Допаѓања:
    182.070
    Колку работи мешаш, да не можам ни глава ни опашка да најдам(facepalm)
    75 % работат скратено, 45% земаат помали пензии. Има некој директен линк дека овие баби во Германија во моментов, работеле скратено време или како ги доведе во корелација овие два проценти? Инаку да, бабите во Германија во депресија се како емпти-нестерс, живот немаат, цел живот по деца трчаат:D.

    А во Македонија, зошто жените земаат пониски пензии, и без тоа проклето скратено работно време? Или тоа не е случај или не е предмет на анализа?
     
    На bittersweet, MacenceEna, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  12. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Јас работев, напуштив работа па се омажив родив дете и еве сега е две години јас го чувам дома. Имам примања од друга страна минимални се, маж ми работи солидно. Почна во градинка сакав да се вработам но често се разболуваше и решивме уште малку да го почувам јас. Домашните (свекрва ми, свекор ми) па и маж ми ме третираат како слугинка зошто сум седела дома иако не е тоа моја желба, се жртвував за детето да го помине овој период.. Јас сум била одморена можам се да правам а другите сите биле уморни :)
    Нека поседат еден ден со тодлер дома што е бесен да видат колку сум одморена..
     
    На mal.ecka и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Која споредба ејјј што ако мајката умре? (facepalm)
    Бебето не мора да зборува за да се знае дали ја бара мајката или не.
     
    На LiquidLuna и Viveki им се допаѓа ова.
  14. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Убаво звучи ама колку е само отежнувачко и од административен аспект и јаз за недоверба во самиот брак од старт. Не дај боже некоја несреќа на едниот родител, низа перипетии.
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    А кој го рече тоа или го напиша?!
    Дека само во работа животот треба да се поминува?
    Не збориме за воркохолици жени што работат по 15 часа на ден.

    Туку за нормално работно време од 6-8 часа дневно.
    А и пто е проблемот со нив?!
    Исто ко што некоја сака д адреме на телефон или на форумов цел ден тие бираат да бидат продуктивни.

    А и не можат сите професии да работат пола време Лиана.
    Можеш како продавачка да избереш да работиш пола работно ама во некои професии како наука или медицина малку се тие 10 -20 часа неделно.
    На некои работата им е љубов,малку им се 4 часа дневно.
    Имаш статистика побарај,имаше ставено во другата тема,гугл е твојот другар.
    Гуглај ги тие по име што ги пишуваа во цитатот дека е дискриминација пола работно ако ти е полесно.
    Мајка ми зема иста пензија како татко ми,зависи што си работел и колку ти биле плаќани придонеси.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Не може според тебе, ама според државата овде може. И тоа како може. Може да работиш еден ден 2 саати, еден 4, еден 8, ама баш како ќе се договориш, така и е! Односно, како што ти одговара, така.

    Секое работно место што има повеќе од 15 работници, дозволува скратено работно време. Вклучувајќи и медицина. Покриени се сите смени, значи во секое време има работници.

    И 6 саати сега ги пишуваш како нормално работно време, а претходно цитираш некој текст за истите тие 6 саати како проблем, оти нели фалат 280 плус. (Тука, официјално овие 6 саати се скратено работно време)

    Кој така кажа? Па ти! Не пишав јас текст тука за жените да имаат 280 саати плус, туку ти. Објаснуваш проблем кај што го нема, во пола работно време и мини џоб.

    И тие шо сакаат да работат по многу, нема никаков проблем ама баш никаков, пошо да, избор е. Кој никако не го разбираш.
     
    На MacenceEna, MissChievous, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Ти општо пиша животот не е само работа јас те прашав кој тоа тука го напиша и што е проблем жената да има кариера,а не работа,?!

    За саатите таму вашите експерти сметаат дека жените се дискриминирани со тоа пола работно време.
    А тоа дека можеш да работиш 20 саати на ден во наука или медицина обеси мачка на реп што би се рекло.
    Познавам жена наш познат научник во сфера на медицината баш во Гррманија која работи преку 8 часа дневно,оди на семинари за да се посвети во тоа што го истражува и не е возможно според неа да работи помалку од 8 часа дневно.
    А да и таа е мајка на две деца,мали.
    Во понискоквалификувани раб места може.
    Ама еден инжењер од кој зависи процес во фабрика не може.
    Братучед и снаа ми се доктори ниту еден од нив не работи скратено.
    И да тука зборуваме за жени кои своеволно го жртвуваат своето образование за да бидат доживотно дома.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На Just.do.it, BlackNight и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Косми, ти кажувам дека може. Познавам многу луѓе што идат така. Нормално дека работните обврски за време од 6 часа и 8 не се еднакви. Ама за речиси сите работни места е така. Со закон е донесено мислам во 2001, не знам точно. Исклучиво поради бенефит, а не дискриминација.

    И не знам како можеш да напишеш дека е ова дискриминација. Ова е избор кој го уживаат и мажите и многумина и го бираат. На кој начин е ова дискриминација, дај објасни ми. Кога секој за себе сам одлучува како ќе го менаџира работното време.

    Имам другарка докторка која работи само прва смена по 4 саати. Бајките можеш да ги раскажуваш на друг, не мене.

    Пишав дека животот не се состои само во работа и стојам зад тоа! И затоа што ти извади цитат каде што критикуваш скратено работно време. Па најозбилно те прашувам, што е поентата со истото и ете дури и предлог дадов 24/7.

    Прво ти беа фул тајм домаќинки проблем и само за нив нели ти беше темата, сега и тајлацајт и миниџоб. Веќе ни авторот на знае што сака да каже и со која поента пишува.
     
    На senjorita-v, MacenceEna, Lizi и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Па не пишувам јас за дискриминација,не знам како да ти нацртам.
    Туку Marcel Fratzscher од германскиот институт за економија во Берлин ,кои правеле анализи и пишуваат.
    Го имаш на твитер еве го,Кај нив буни се .
    https://twitter.com/mfratzscher/status/1034674824646406144
    Значи тој кажува бајки,ти го демантираш.
    Еве читам во Шведска само 18% жени работат парт тајм.
    Не е ни важно колку се ,тие работат,продуктивни се за друштвото во кое живееме.
    И да темава е за жени кои решиле доживотно да останат дома посветени на
    само на домот и семејството.
     
    На BlackNight и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.420
    Пол:
    Женски
    Вака и ќерките си учите откако ќе се омажат да бидат само мајки и домаќинки, и да си го фрлат сето време посветено на учење, амбициите, желбите, трудот?
    Да бидат зависни од мажот и на нивното дете ништо материјално да не можат да му пружат?
     
    На Srckata28 и Just.do.it им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.