Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Ама ич не е важно кој колку работи, исто колку што не е важно кој колку не работи. Ако си ја направил математиката за себе и е океј со тоа, не гледам причина другите да си земаат за право да преиспитуваат туѓи избори и уште полошо, да вреѓаат врз основа на истото.

    И во ниту еден момент нема да се случи тоа што го пишувате во темава, сите жени да одлучат да седат дома! Мислам, крајно неверојатно е и без основна логика!

    Ти пишуваш цел еден наратив, за (не) важноста на скратено и миниџоб, а сега е само продуктивноста носечка улога, небитни се веќе саатите. Океееј¿

    Што се однесува до другото: Лол! Ти ништо не си разбрала!

    Дискриминација за жените за еднаква работа и еднакви перформанси со мажите, низок процент на жени на раководни позиции и значително помала исплата, особено во професиите релевантни за системот, во кои жените се силно застапени.

    Ако Германија сака значително да го намали јазот во платите мора да се намалат и пречките и дискриминацијата за жените. Можните мерки за да се постигне ова вклучуваат изградба на ефикасна инфраструктура за грижа за децата, промовирање на подобра рамнотежа меѓу работата и семејството и зголемување на вреднувањето на професиите релевантни за системот.

    Негови зборови, не мои!

    Нешто слично на она што имаше постирано Реин ако не се лажам е оваа тема и истата нема никаква врска со половина работно време.

    Еј, Danke за линкот. Еве и поздрав му праќам. :l:
     
    На MacenceEna, Lizi, Thinkerbell. и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Како за едно друштво да функционира не е важно кој колку работи:?: и дали работи?
    Па важно е.
    И за статусот на жената и за друштвото каде живее и за идните генерации е важно.
    Ако домаќинките работат само за децата и мажот дома,оние кои немаат деца ,а работат испаѓаат глупи што работат за друштовото кде живеат.
    И Повторно за избор ќе збориме|(?!
    Ок,почитувам право на избор,но тој избор не го почитувам.
    Како не разбираш дека не мора секој да гледа благонсклоно кон неработење?
    Особено на здрави работоспособни жени ?!
     
    На Lady D ❤️, franca и Zvezda5 им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.704
    Ќе живееме на мои пари ае.
    Ама кога ќе се вработи, еден период само на неговата плата. Така ќе врати:)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Како глупи? Ти го кажа ова, а не јас. Не си измислувај непостоечки редови жити се! Немам никаков проблем со вработени и во идеално општество никој не треба ниту да има. Ама исто и за невработени. Секој има свои причини и не мора нам да ни ги објаснува истите.

    И каде се сите овие жени што ги пишувате тука, вакви, такви и онакви? И да бидеш домаќинка, никако не значи дека не си продуктивна, ниту го намалува значењето или важноста на животните избори на жената, а уште помалку пак улогата во општеството.

    Ај да пишуваме аргументирано, рецимо за примесите на патријархатот или за на нееднаквоста во финасии за исти работни позиции за маж и жена, процент на застапеност, реформирање на стереотипите, вклучување на жените на повисоки работни позиции во поголем процент итд.

    Ама не, за комшиката твоја Мара, шо одлучила да седи дома пошо и се може и има избор, ама ич не ми се пишува. Сакам да кажам, биди така на темава.
     
    На ladystardust, bittersweet, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски

    Да бидеш домаќинка токму тоа значи да бидеш непродуктивна во едно друштво.
    Домашните работи и чување деца до полнолетство имаат само семена вредност.
    Таа жена која се одлучи на тоа нема рамноправен статус во друштвото бидејки се ценат повеќе тие што придонесуваат.
    Се цени Труд и работа повеќе од неработење и мрза.
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    @Cosmi почнувам да се прашувам дали се читаш што пишуваш.

    Од одење на работа заради социјализација со колегите во пекарата до зошто дел од мајките во Германија работат само скратено/мини џоб.
    Еве, сите што живееме Германија, нетрпеливо чекаме да се избациш со уште статистики.
     
    На Ava.84, senjorita-v, MacenceEna и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Женски
    Јас не чекам, јас одам да се шетам, а они нека се тепат тука кој повеќе работи :D
     
    На MacenceEna, mal.ecka, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Ни јас не те разбирам за што ме цитираш?

    И ?
    Што сакаш да кажеш или имаш да кажеш дани?
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    Ако си заборавила како и со кои ставови ја отвори темава, прочитај си уште еднаш и после спореди си ги со последните.
     
    На MacenceEna, Yowannty, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Не сум заборавила.
    Те прашувам ти на што сакаш да реплицираш.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    Најискрено, кога Лиана и многу други во овие 58 страни дискусија не се разбраа со тебе, не па јас:D.
    Ако не знаеш како почна и како тераш со ставовите ок, и така и до сега без компас е работата.
     
    На eliesaab, MacenceEna, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.314
    Допаѓања:
    182.070
    Ама буквално, светот според Косми. Баш продавачка не може да работи пола работно време, ради проста економска логика која не знам веќе како да ја објаснам. Станот, киријата, струјата, бензинот...значи, основните животни трошоци се исти за сите. Продавачка, чија саатница е да речеме 30% од таа на докторка, треба да работи 9 саати, докторката ќе ги заработи за 3 саати истите пари. И затоа е тоа привилегија за тие што можат да си ја дозволат, и да, докторки не работат повеќе саати, ставаат на пример клуч на врата во петок во 12 на пладне.

    И пошто твоите исечоци ти од библиотека ги извади, морав да се мачам со другар ми гугл, да сфатам што сака да каже писателот. https://express.24sata.hr/ekonomix/njemacka-nije-zemlja-obecana-ako-ste-zena-14477
    Неверојатно, шокантно - мажите доминираат во добро платените области, жените во ниско платените. Чаре? Па ќе работиш дупло од маж и ќе бидете еднакви.:wasntme:

    А ова е скроз автентичен амерички муабет, шокиран како европјаните имаат годишен одмор од 2 недели споени минимум- ако можеме без тебе 2 недели, ич не ни требаш:o. Мислам ок. Ако фабриката има производен процес зависен од еден инжењер, поарно да затвори. Јер како да ти кажам, тоа е ризик, јас со таква фабрика не би се занимавала. И не само фабрика, било што за да е стабилно како бизнис, не може, не смее да зависи од еден човек. Утре може кола да го удри на пример. Затоа поарно двајца инженери од по 6 саати, отколку еден да работи 12. ;)
    За повеќе лекции по одржлив бизнис, заследете ме. :D
     
    Последна измена: 9 јануари 2024
    На bittersweet, senjorita-v, Annah87 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Понапред напишав дека братучетка ми е стоматолог кој работи 20 часа неделно, ама ете не можело :) Може, не знам зошто да не може. И тие 20 саати поделени и' се во 3 дена. Богами 3 дена со елан и ќеиф работи, нема кога да ја исфрустрира работата.
     
    На senjorita-v, flower30, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    23.258
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да видам домаќинките до кај се, они економијата во Германија ја оправиле :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ма вие не сте салам, продолжете така :l:
     
    На Biljarkata, Yowannty, Thinkerbell. и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.137
    Допаѓања:
    35.890
    Пол:
    Женски
    Месат леб хаха, и цел ден се со крпата во рака.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.998
    Пол:
    Женски
    Сега веќе тролаш.
    Значи немаш што да кажеш само се надоврза така?!
    Со што да се разберат?!
    Точно знам како почнав и уште така терам.
    Жена мора да работи.

    Јас не реков не може туку не во сите професии.
    Братучед ми е васкуларен хирург на универзитетска клиника и не може да работи 10 или до 20 часа неделно.
    @Biljarkata
    Зошто тогаш и мажите не работат парт тајм или миниџоб? Туку само 7%
    Зошто во други држави е толку мал процентот на жени кои работат такви работи?
    Како на пр Словенија со околу 71 %фул тајм вработени жени?!
    И само 13 % парт тајм.
    И пак Функционира?
     
    На franca, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А ти ли ќе кажеш дека мора да работи?
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Да, може, ако има доволно вработени, не мора да работи фул тајм ако не сака. Личен избор е.
    А со работа со хирурзи 10 години, еве вака најискрено, имаат ден за сала и имаат ден за амбуланта, останатото време се на одделение, више-мање помагаат на тој што му е ден за сала или амбуланта. Активно амбуланта/операција/администрација во саати не работат 40. Ќе се погоди и дежурство де, ама збориме за нормален ден.

    Сега работам со универзитетски професори, освен кога имаат предавања, не работат, што се сведува на малку саати неделно. Е ама, истражуваат и пишуваат трудови, па некогаш и 20 саати во еден ден може ќе работат, еднаш пенкало нема да мрднат цела недела :)

    Секоја работа може да се работи скратено, впрочем ако добро памтам, Шведска ќе да беше што воведе/сака да воведе 6 часовен работен ден да се смета за фул тајм?

    Едит: хирурзите инаку имаат 7 часовно работно време, не 8. Чисто како инфо.
     
    На senjorita-v, Lianna Anna, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Секоја возрасна личност, работоспособна мора да работи, пред се за да ги задоволи основните потреби. Ако е мајка, и децата одат во градинка или на училиште, тогаш жената нема никаква потреба да дреме дома.
     
    На Lady D ❤️ и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Може си имаат наследство, станови за издавање, и си плаќаат сами придонеси и стаж, што не е јасно?
    Како што пишаа членките можеби се исполнети со некое хоби.
    Дали ви земаат од ваш џеб?
    Ако имаат болежливо дете, што тогаш?
    Мора да работи, детето не е важно.
    Роди, па размислувај вака.
     
    На Viveki, mal.ecka, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.