Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.997
    Пол:
    Женски
    Немаат доволно вработени,имаат огромен проблем со недостаток на медицински кадар и се работи многу повеќе и од тука.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Тоа е веќе друга тема.
    Значи при доволно кадар нема зошто да не може да работи помалку саати неделно.

    Исто како инженери, а чисто во Македонија е така, а не подалеку, Алкалоид, Европа, Витаминка и речиси сите сериозни производства вработуваат далеку повеќе од 1 инженер, и повеќе од што им се неопходни, баш затоа што не може да се смета дека 1 човек секогаш ќе биде способен за цел производствен процес.

    Нема ниту 1 работно место каде што е неопходно да си 8 саати на ден, макар самото по себе да работи 24/7. Вработуваш повеќе луѓе, тоа е тоа.
     
    На senjorita-v, Annath, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.997
    Пол:
    Женски
    Па јас не реков дека 1 инжењер работи по фабрикиве:^)
    И во Алкалоид работно време на инжењер е 8 часа.
    Во повеќето држави сеуште работно време е во просек 38 часа неделно,освен Австрија или Холандија,
    Ама просекот и не значи многу.
     
    На senjorita-v, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Ама ко ќе опнете некој ваков збор ко "дреме" дома значи најјаки сте.
    Кажи ми, домаќинка си? Мајка си? Сопруга си?
    Дали си била домаќинка што дремела дома да видиш дека дома е се освен дремење?
    59 страни пробуваме да ви објасниме дека ние не сме НАЈ дека сме родиле и сме се омажиле и сме биле/некои сеуште се домаќинки туку имаме ПЛУС лично искуство и можеме да споредиме.

    И мора само да се умре... Ништо друго не мора :)
     
    На Kolache na mama, Iva2020, Emy867 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.704
    А домаќинките инаку децата како ги учат во врска со работа?
    Се надевам не им бутаат во глава да работат уште од 18 зашто од тато финансиите не стигаат за цела фамилија.

    И еј, многу ми беше јако прашањето поназад демек знаете ли вие колку тешко се одржува домаќинство?
    Не златна не знаеме, ние немажените правосмукалка и крпа со очи не сме виделе.
     
    На senjorita-v, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    Еми додека детето наполни 18г може и мажот е во години, не носи доволно, треба детето да ги рани:D(facepalm).

    Како домаќинките ги учат децата за работа:rofl: божем за некој ендемски вид зборуваме:rofl:
     
    На senjorita-v, Srcka28, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Се знае колку "работа" има дома. Ако не ти се чисти денес, ќе исчистиш утре.
    Од кафе на кафе со пријателките, дремење дома и чекање на сопругот да се врати од работа. Воглавно ваков изгледа животот дома.
    Се обидов да кажам дека и седењето дома кога веќе децата се големи, може да има ефект по нивниот развој.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Оооооф. И како да водиш дискусија. Ти кажувам дека не знаеш колку работа има дома. И ти поставив 3 прашања. Имаш ли лично искуство да споредиш? Јас имам, бев домаќинка сега сум вработена. Да имам пари, пак ќе бидам домаќинка. Ти? Лично? Искуство?
     
    На Annath, CameliaMiller, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Бега од одговор, а тие истите поставуваат безброј прашања.
     
    На LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме интересира со каков тип на луѓе овде се дебатира. Ете знаеме кои сме (полу) домаќинки, а вие кои сте освен што студирате? Каков успех имате на професионален план?
     
    На Emy867, Chantal, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.704
    Најозбилно прашав.
    Кој мајндсет се турка врз децата во таква фамилија? Да работат или не?
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.137
    Допаѓања:
    35.890
    Пол:
    Женски
    Кога не им одговара, не одговараат.
     
    На LiquidLuna и Skyler им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    Во Германија од 14г, Македонија не знам.
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Нормално дека децата се насочуваат правилно, уште сега си ги знае обврските дома, ќе си ги знае и следните согласно возраста. Детето се учи да биде среќно.
    Тие ќе си одлучат понатака што вреди да прават, што ги прави среќни итн. И јас и маж ми работиме одамна, сега немам потреба да се убивам сфаќаш? Кога можам да шетам, да уживам во животот, зошто да работам за некој друг? За општеството? :D Ме заболе qур за општеството исто како што општеството го заболе за мене. Мојата среќа е семејството, пробај да ме убедиш во спротивното.
     
    На Iva2020, MacenceEna, Emy867 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.997
    Пол:
    Женски
    Па и јас сум мајка и имам лично искуство.
    Не знам зошто од вообичаени домашни обврски правите нуклеарна физика.
    Машина ја полниш за 5 мин и ја пушташ,за садови ај 15 може треба.
    Ручек саат време,со разни експреси,крчковци и слично се е брзо.
    Појадок не одзема повеќе о дпола час.
    Прашина 15 мин.
    Усисавање исто.
    Значи ефективна работа ако е се ова секојдневно околу 3 часа дневно низ дома.
    7 часа спиење
    Остануваат 14 часа ?!?
    Зошто само имањето пари е главен мотив да не се работи?
    Амбиции нешто?
    Сопствени желби нема или само седење дома?
    Па децата учат од модели.
    Први модели се мајката и таткото,со оглед на тоа што таткото помалку го гледаат,а мајката е невработена сосема е за очекување девојчињата да го прифатат истиот модел.
    Да седат дома и мажот да ги издржува.
     
    На senjorita-v, mal.ecka и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    21.704
    Мислев дали некоја што никогаш не работела би го терала детето да работи од 16 за да не биде мрза (упс) или па после факс, дотогаш не.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.137
    Допаѓања:
    35.890
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како се нарекуваат оние жени кои работат, имаат свој бизнис, и плус се домаќинки?
    Зошто секоја жена или маж што работат по дома се домаќини, не секој плаќа жена за чистење, па и да имаат пари за тоа.
    Не се домаќинки само оние жени што само "дремат" по дома по ваше и не работат.
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Еве свекрва ми никогаш не работела и не знам дали ги учела нешто пошо и онака никој не ја слуша. Друга жена не познавам мислам. И ете трите деца и се многу вредни, амбициозни, гладни за пари, домаќини, знаат да готват, чистат по себе.
     
    На LiquidLuna, mal.ecka и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Алелуја, одговор за дискутирање.
    Океј, мило ми е што ти така си функционирала. Јас не сум таков човек, ќе направам кафе па ќе зачистам, па ќе зготвам. Машина немам за садови јбг, јас и маж ми сме машината :rofl:

    Да имав пари, овие 9 саати што ги работам сигурно ќе ги користев на нешто што повеќе го сакам.

    Пример од секогаш сакам да запишам уште еден факултет.
    Сакам да научам да изработувам накит, сега имам тачно пола саат слободно време шо не знам дал да се умијем ил да се убијем.
    Сакам да бидам повеќе физички активна, сега работата ми е со седење ама премногу платена. Не ми се испушта моментално.
    Сакам да можам кога ќе сакам да го земам детето и да си го шетнам затоа што надвор било убаво времето.
    Исто сакам и на детето да му покажам дека не мора да биде роб на работата како мене само затоа што е платено.

    Сакам да кажам, не сите се неамбициозни и дремат дома со нозете у вис.
     
    На MacenceEna, Srcka28, Thinkerbell. и 10 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    269.075
    Не, ама рече дека не може да работи скратено, затоа што производствен процес зависи од него.
    Во Македонија со закон се уредени саатите, како и секаде, само ти кажувам дека во сериозна фабрика ниту еден производствен процес не е оставен на 1 човек. Ни овде, а не па надвор од овде каде што правата на работниците, мажи и жени, се светлосни години понапред.

    Знам каква е фактичката ситуација, сметам дека е неправилна, а се' повеќе истражувачи, замисли луѓе со кариера се тоа, сфаќаат дека 40 часа неделно се премногу, па земјите со најразвиени социјални системи, почнуваат да размислуваат и имплементираат помалку часа како фул тајм.

    Интересен е податокот, дека баш во нордиските земји, што редовно покрај Канада и Австралија добиваат највисоки оцени за задоволство на работниците и сл. имаат речиси половина од пратениците и вршители на државни функции жени.
    SmartSelect_20240109_222354_Chrome.jpg
    Извор: https://www.statista.com/statistics...n-in-the-parliaments-in-the-nordic-countries/

    Обично овие земји се "најсреќните земји" според анкети, а истите овие земји се тие кои највеќе даваат поволности на работниците, мажи или жени. Како што кажав, Шведска веќе има имплементирано 6 часовен работен ден, иако официјално е 8, самите компании увиделе дека е подобро за сите така.

    А дека жените мораат да работат, па, не мораат сите. Ниту можеш било кому да кажеш дека било што мора. Единствено за сама себе можеш да одлучиш што мораш со сопствениот живот, што морам јас е мое, дефинитивно не твое.

    И само чисто да додадам, токму тие со највисоки примања, образование и работни позиции имаат највеќе поволности, бидејќи не чекаат полуписмена шефица да им дозволи детето дома да си го лекуваат кога е болно. Едноставно КАЖУВААТ, не молат баби, роднини, комшии и шефови.

    Така што, хирургот и касиерката, не само што немаат исти примања, ни слобода немаат иста.
     
    На bittersweet, senjorita-v, do-re-mi и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.