Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Нереализираноста е индивидуална работа и создава фрустрации и комплекси и кај жени и кај мажи.
    Некој завршил факултет и има солидна "кариера", ама по Х години се осеќа нереализирано оти смета дека утнал професија.
    Некој се осеќа нереализирано оти не завршил факултет.
    Некој се осеќа нереализирано оти не станал родител.
    Некој се осеќа нереализирано оти не е во брак или нема партнер воопшто.
    Некој се осеќа нереализирано оти е во брак со грешен партнер, односно поминал Х години со истиот.
    Некој се осеќа нереализирано оти не патувал.
    Некој се осеќа нереализирано оти не заработил Х пари.
    Итн, итн, итн.
    Муабетов за нереализираност и амбиција е сличен на што е успех.

    Кои сме ние да гледаме кон друг со кренат нос ко демек ние реализираните сме подобри оти поинаку живееме? (Реторичко прашање во прво лице во име на поентата)
    Ова кажано секако додека изборот не е наметнат, туку избран по лична воља.
     
    На Zumbulche, Anyshka, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    Па можеби треба бидејки делуваш доста нервозно и фрустрирано.
    Тоа што се обидуваш да ме навредиш говори за тебе.
    Да,не е страшно дете да го чуваат и баба и дедо,потребни се во животот на децата.
    Седењето дома никако не е луксуз,а и секогаш има начин ,секако ако сакаш да го најдеш.
    Занимација,активности и себереализирање уште еднаш, не е исто.
    Можеш истите активности да ги имаш и да работиш.
    А твој живот,твој избор.
    Биди си домаќинка ако ти одговара,печи мафини и откажи се од работа.
    Премногу очајни домаќинки си гледала:rofl:Габи ти беше мотивација ?
     
    На Just.do.it и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    131.066
    Пол:
    Женски
    Секоја со својот избор.
    Ама...
    Што ако мажот остане без работа?
    Што ако мажот се разведе од жената?
    Што ако мажот почине?
    Излезот од овие потешкотии е полесен за вработена жена.
     
    На Miss666, hellocity, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.539
    Пол:
    Женски
    Како да ти кажам, за да можеш да ме разбереш треба прво од селото твое и комфорот твој да излезеш, да видиш дека и друг начин на живот, други системи и други вредности.
    Цел пост ти е навреда кон мене. Ама ако така ти е полесно шибај шо да ти кажам.
     
    На Anyshka, 1209, Spicy Senorita и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    Да.
    Но разликата е што некој можеби се обидел да се реализира и не успеал.
    Различно од некој кој не се ни потрудил,туку бил присилен поради договор или поради други цели да остане цел живот дома и воопшто не се потрудил да се самореализира.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    А ако реализирање и' е да биде домаќинката која ти ја дефинираш? Значи сепак успеала.
    Збориме за тие што самите бираат, не се присилени.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас сакав да го кажам.
    И во такви мали места односно села жените работат, само затоа што тоа не е 9-5 канцелариска работа туку физичка не значи дека не постои.
    Во Албанските заедници веројатно е почеста појавата за која што се зборува, не знам. И тоа повторно и кај нив кај постарите генерации.
    Стварно малку испаѓа ко да збориме за хипотетички жени.

    Всушност, кога ќе погледнеме и во минатото не е баш точна реториката дека жените ништо не работеле. Тоа било резервирано можеби за повисоките слоеви, обичните се убивале од работа само што не им биле достапни престижните работни места.
     
    На Anyshka, theowndemon, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    Не е самореализирање домакинка да биде.
    Човек има суштинска потреба од потврда надвор од домот.Тоа е вткаено од нас.
    Членови сме на друштвото, не изолирани волци.
    Во Скопје има доста што не работат.
    македонки.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено, јас од мојата околина и од мајки на сите мои познаници не знам жена што не работи. Кога ќе размислам, буквално знам само една. Не би рекла дека е позатупавена и потоксична од било која друга жена.
     
    На Anyshka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Види, прво твојата дефиниција за домаќинка не значи дека е иста и за други.
    Второ, за тебе може не е самореализирање домаќинка да се биде (според твојата дефиниција), за друг е. Пак е перспектива во прашање.

    Ај еве да речеме некоја ем си гледа деца ем е вработена некаде и си заработува пари, меѓутоа се осеќа нереализирано оти сака да биде уметник. Заради пари за преживување и придонесување ком фамилијата, продолжува да ја работи работата, ама на страна си прави уметнички дела за да се осеќа реализирано. Дали тоа е самореализирање?
    А ако истата даде отказ и никаде не е официјално вработена, и седи дома, домаќинка е по твојата дефиниција, и паралелно прави уметнички дела, дали и тоа може да се прифати за самореализирање?
     
    На MacenceEna, Anyshka, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    @Cosmi те читам и не ми се верува. На дете и тоа очајно му треба МАЈКА особено во развој.

    Мајка ми работеше понекогаш и 10+ саата на ден, втори смени и кога ќе се вратеше касно куќата ја средуваше и до 11 навечер правеше ручек за да имаме ние што да јадеме наредниот ден. Кога ќе завршеше со сѐ, ние веќе сме заспале. 0 мемории имам со нејзе тие периоди, многу ми е тешко кога ќе ми текне.

    До ден денес жената плаче и и е криво што така било. Премногу не сака и мене и брат ми, само факт е дека никогаш немало прилика да се зближиме поради тоа.

    Приморана бев да пораснам предвреме, јас го израснав мојот 9 години помал брат фактички. Супер ми беше мене што да ви кажам...место и јас да си терам своето детство.
    А тоа што јас бев тинејџер девојче на кое му требаше совет, помош, бев и во тешка депресивна состојба еден период ама мама појма немаше што ми се случува зошто едвај ја гледав, а камо ли да ми помогне.

    А па да не правам муабет за тоа што кога баба ми не чуваше не заклучуваше во ВЦ во темница и ги кршеше сукалата од нас. Ама за да биде отсутна мајка ми цел ден мораше да ќути на реалноста, битно има некој да ѝ ги почува децата додека она е на работа.
    "Пресреќни" деца бевме со до ден денес имаме последици.

    Да се запрашате како им е на децата убаво ќе беше. Дали им недостасува мајка, дали им е убаво со бабите, датилката, воспитувачката во градинка, а не само остај таму со било кого, битно мама да биде кариерната жена, недај боже домаќинка пупу скраја да е.
    Па нека се помачи малце мажот, за што е маж. Нели сакал одговорност, жена деца.

    Има време за кариера никогаш не е касно. Децата и онака кога тогаш ќе тргнат на школо и ќе пораснат.
    Деца=жртва.
     
    На MacenceEna, Zumbulche, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Јас не би се оставила ни ден без работа, искрено. Ама па ете, ваљда секој има свои замисли. Мојата комшивка обожава да не оди на работа. Има работено, не дека нема, ама животен сон и е да не работи, Не работи сега и посреќна е од било кога. Ептен и се осеќа во однесувањето промена. А не дека е мрзлива жена, напротив. Ваљда, секој со своите соништа :)
     
    На Zumbulche, Anyshka, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.486
    Допаѓања:
    183.826
    Пол:
    Женски
    Себереализација и себеостварување е толку индивидуален начин на лична сатисфакција што апсолутно не може да ги стави сите жени под шеширот на работата односно неработата. Да работиш за да си остварена и реализирана е исто така само лична преференца и не на секоја жена.

    Всушност, остварена и реализирана жена е жена што прави работи што ја прават среќна, а сите нас, среќни не прават различни работи. Да не се лажеме, стеј ат хоум мам е прилично напорно и често фрустрирачки, скоро исто како кога одиш на работа и се соочуваш со тантрумите на шефовите а ним не смееш ништо да им кажеш, колеги кои само нешто мучкаат, оговараат, на работа е константно докажување дека вредиш за повисока плата, притисок што од работата, што од шефот, што од рокови… нема апсолутно не стресна средина на работа. Има понекогаш, ама само во периоди, кога се менуваат околности и тоа трае кратко, другото е целосно трка. Дома или на работа е исто освен што на работа те плаќаат за тоа.


    Да не се лажеме, да можеш да седиш дома ќе седиш по свој избор. Има милион начини да си го исполниш времето и да бидеш среќна. Ќе дремам покрај базен и ќе ги прочитам сите книги за кои обично немам време. Ќе одам на тренинзи, ќе се дружам, ќе можам да вложувам во хобијата. Ќе шетам и ќе сликам архитектура низ светов оти тоа ме исполнува. Ќе пливам, ќе поминувам многу заедничко квалитетно време со децата и мажот. Ќе се хранам здраво, не брзо. Можеби ќе откријам дека имам талент за некој музички инструмент па ќе се посветам и на тоа. Или спорт. Ќе се среќавам со луѓе со слични интереси ќе разменуваме мислења за книги, музика, спорт.
    Секој од нас би ги следел своите интереси и би откривал нови за кои иначе нема време да увиди дека постојат. Во животов сфаќам дека покрај бидување домаќинка и одење на работа, баш и немаш време да откриваш и истражуваш за што се си можеби талентиран и способен и колку можеби под други околности за кои не ти се дало шанса токму ти би направила нешто големо и убаво за светов.


    Работам за пари. Моментално мини џаб. За смешка плата во споредба од онаа на маж ми, ама е само моја. За на страна и за луксузи. Да можам да им купам се што сакам на децата и на нас.
    За сакање и љубење си имаме дечковци, си имаме родители, партнери, деца, никој не работи од голема љубов, работиме за пари, и работат за независност кога не си сигурен кој спие до тебе. Да не ни требаат пари, сите ние ќе си го обликуваме животот многу поинаку од моменталната состојба во која се наоѓаме. Ама оти не сме Хилтон и немаме синџир хотели низ светов за да уживаме, ќе си работиме работички и ќе се натпреваруваме која е поише реализирана.


    Има фрустрирани домаќинки што никогаш не работеле и има вработени жени што цел живот работат и се фрустрирани и токсични. Каков човек си зависи од многу фактори и е прилично многу комплексна материја да би се објаснила само со тоа дали работиш или не.
     
    На жули, Harper, MacenceEna и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.804
    Допаѓања:
    142.160
    Оти ни требаат пари. Оти на детето му треба и татко, не некој што го гледа за викенд. Оти маж. Ми не ми е роб, сакам да живее подолго, не да умре од умор.

    Жената е се, ама прво мајка. После работник. Сега не ми треба да седам дома, ама кога имало потреба, требало да седам. Повеќе последици имаат децата што ги чувала непозната жена кога биле болни, отколку мајка им до прво одд.

    Жена што си го гледа детето, а на кое му е финансиски обезбедено се, е царица. Не да се реализирала она како архиварка, туку детето. Оти оно не се родило оти сакало, туку оти она сакала.
     
    На MacenceEna, Anyshka, simonka93 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Niandra LaDes

    Niandra LaDes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    @Cosmi

    Малку како да си исфрустрирана од жени што си имаат свој пасивен приход кој освен што им ги покрива месечните трошоци, замисли и им овозможува луксузни одмори во резорти на убави дестинации. А замисли па и одбрале партнер што се гордее со нив како такви наместо да се натега со нив како тебе тука што правиш низ темава дека ти си во право и точка. Не сакаш да прифатиш ниту еден аргумент. Според тебе не било луксуз да имаш можност да не работиш а да можеш да си дозволиш многу повеќе од просекот. Ова ти е некој механизам за справување 100%.
     
    На Anyshka, 1209, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    Јас знам,некои ми се и другарки и школски сите се 40+
    Некои ми се комшивки во маало,мажите имаат бизниси,сите се домаќинки по избор околу 30 годишни.
    Не им се работи,нов тренд е, ке го запознаеш.
    Едната има математика завршено,на ваква побарувачка за таков кадар,не сака да работи.
    Како е со ваши генерации,се замислувате да не работите ако најдете богати мажи ?
    Ама потребата за самореализација и потреба за потврда надвор не е моја дефиниција,туку природна човечка.
    Тој што се труди да се реализира и да придонесе,а не да биде изржувано лице ,ке се реализира.
    Дали ке работи надвор или од дома сеедно.Свои финансии,своја егзистенција.
    Ама не и хоби од кое не остваруваш и не придонесуваш во семеен буџет.

    @Cinnamon Bun
    А каде напишав дека не му треба мајка?
    Нема потреба пола живот да го раскажеш во контекст дека ти требала мајка и ти било хорор со баба ти.
    Многу деца уживаат да бидат со баби и дедовци покрај родителите,секој со својата улога.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    Туѓи избори никако не треба да не засегнуваат. А искрено не познавам жена како во описот од првичниот пост. Познавам жени кои не работеле одреден период поради породилно отсуство. Што е и сосема во ред. Чак што више и спротивното е во ред. И двете категории жени се еднакво мајки.

    Генерализацијата за пасивно агресивните и фрустрирани од описот на Косми, жени домаќинки, е само стереотип и ништо друго мајке ми. Зошто? Многу е едноставно, повеќето луѓе ќе го искусат ова во одреден дел од животот и ова нема врска со наративот домаќинка.

    Животните избори и ставови се различни за секоја личност. За некои, грижата за семејството е извор на задоволство, за други тоа е кариерата. Е сега, искрено имам мислење дека овие избори влијаат од повеќе фактори, рецимо, образование, култура, животни искуства, верувања, воспитување итн. Меѓутоа, како што разбрав, зборуваме за ненаметнат и сопствен избор. Оти спротивното е само реплика на другата тема.

    Исто така, преквалификацијата по 10+ години дома, точно е дека може да биде предизвик, но може да отвори и нови перспективи па дури и задоволство преку учење и развој на нови вештини. Опциите за обнова на вештините и запознавање на тековните стандарди за работа, барем во денешно време се и повеќе од достапни.

    И да, прогресот никако не зависи исклучиво од тоа дали жената работи или не. Без падавици, светот секако движи напред. Во врска со другиот аргумент, не е неопходно жената да работи за да биде добар модел на родител. Важно е децата да бидат изложени на различни идеи и вредности, што секако може да се постигне и без зависност од тоа кој каде и дали воопшто работи.

    Заклучокот е би рекла, да се исклучи генерализацијата, бидејќи се зависи од индивидуалните избори и динамиката во нечиј брак или партнерство. Единствено се важни рамнотежата, поддршката и разбирањето меѓу партнерите.
     
    На ladystardust, Anyshka, Grungie и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.108
    Пол:
    Женски
    Сега стигам да ти одговорам оти знаеш јас не сум домаќинка .

    Еднаш разговарав и ми рекоа зошто да работат за 18000 денари , што има јас да се мешам ако ми биле многу пари да сум се вратила во Мк|(.Така веќе не разговарам и не ме гајле дали седат дома или работат.
    Има многу фриленсери како тебе па можеш и да помислиш дека се домаќинки ,а тие работат вредно;).

    Ова го напишав во средината на ноемви инспирирана од комшивка која миниму 8 год не работи и си седи дома.Лани ќерките ни учеа заедно и од што нема што да прави се скара со секоја мајка од класот.
     
    На Just.do.it, Biljarkata и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Моите генерации работат од најрано што може, домаќинство не е баш популарно. А богат маж што знам, не е на одмет.
     
    На Harper и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Апсолутно не се сложувам. Потребата за потврда надвор е несозреаност и не важи за секого.
    Фактички значи според тебе реализиран човек е само тој кој заработува.
    Макар и да ја мрази работата, да има ниска плата, да има нарушено здравје и психа, да нема време за нештата кои го прават среќен и му даваат смисла на постоењето.
     
    На MacenceEna, Anyshka, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.