Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.841
    Не, богдачува, не е тоа работа, само кажувам како парцијални домаќинки стекнуваат парцијални вештини.
    Не знам дали е работа, 4 месеци траеше. Вака ко ќе размислам, уствари може беше само скапо хоби.:smirk:
     
    На Thinkerbell., mal.ecka, Viveki и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Да?!
    Комуникација со колеги, рокови и работа под притисок? Во основно?
    Не сум видела некој да ги учи овие работи во основно.
    Работите коишто ги кажав, се однесуваат на работна средина.
    Почитување на рокови, работа под притисок, организација и работење во тим, дома нема.
    Е сега ти можеш да кажуваш "работење во тим со детето" ама тоа е веќе целосно друго значење.
     
    На Lady D ❤️ и Cosmi им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Комуникација можеш да научиш било каде, овде на форумот можеш да научиш ако сакаш. Рокови, работа под притисок, работа во тим? Немој да ми кажеш дека во тек на образованието не си се нашла во таква ситуација. Овие вештини е убаво да ги имаш стекнато пред да почнеш со работа, како и да е, ништо страшно. Поентата беше вештини од типот на завршен курс од некоја програма, јазик, значи како си ти понадградена од некоја што седи дома?
     
    На LiquidLuna, simonka93, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека токму ова е тренд.
    Познавам неколку....после години учење и усовршување работно, на 30 и некоја раѓаат и детето оддеднаш е новиот проект.
    И се би било во ред, мајчинство, домаќинлук, да не се претерува, бидејќи се навикнати најдобри во тоа што го работат да бидат.
    Па ред паметување, ред фрустрации....стравови од неуспех помешани со гордост...

    Лично посимпатични ми се жените домаќинки кои секогаш имале само една цел, да се омажат и мајки да бидат. Поопуштено си ги негуваат децата, поголема доверба имаат во лекари, психолози, учители, баби и дедовци, комшии....

    Образованиве и амбициозни по природа мајки домаќинки премногу се усмерени и фокусирани да создадат "совршено " дете , поради тоа после три години макс најдобро на работа да си се вратат....
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Секако дека сум се нашла во вакви ситуации за време на образованието. Но, знаеш како се правеа тие тимски работи и презентации?
    Секогаш еден човек ја завршуваше работата за сите други во тимот. Според тебе, како тие другите кои "работеле" во тимот научиле да почитуваат рокови и тимска работа?
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.685
    Ама не сфаќаат дека домаќинките денес најчесто ниту се необразовани, ниту затупавени.
    На крајот на денот, секогаш ќе има луѓе кои ќе имаат помали кариерни амбиции, мажи и жени, секогаш некој ќе биде хигиеничар, шофер, продавач, пумпаш. И тоа е ок. Сосема ок.
    Не се тие луѓе помалку вредни, ниту пак таа со средно само, што ете целосно е посветена на деца, има кој било право да ја омаловажува.

    Каков шовинизам сум доживеала од преобразована жена со кариера, 5 домаќинки нема да успеат така.

    Важно е да сме задоволни со своите избори. А дали Стојна седи дома и расте деца, или е детектив, не е наше, нејзино е. Наше е ако е жртва на било какво насилство, да застанеме зад неа. Толку.
     
    На senjorita-v, do-re-mi, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    А на работа мислиш научиле? Тие се тие истите луѓе што ги збориме, паразитите. Едни исти се што се провлекуваат низ животот.
     
    На Emy867, LiquidLuna, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Сигурно не. Но, затоа на работа не може така да се однесуваат. Никој нема да ги толерира.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.685
    Аммм ги толерираат :)
    Сведок сум и на приватен и државен сектор. :)

    .
    Јас ја прашувам @Just.do.it а прашањето е за сите.

    Зошто мислите дека ја знаете вистината зад било чии одлуки?
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2024
    На senjorita-v, flower30, Emy867 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Пошо не се домаќинки, duuh :D
     
    На flower30, LiquidLuna, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Можеби некоја ќе се усоврши со шминкање, па ќе заработува така пари, да не дреме џабе по дома.
     
    На Anyshka и Curious cat им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Ама ти не разбираш, не се важни парите, важна е комуникацијата со колегите, тимската работа, каква плата, тоа не е важно, се оди на работа од што се сака, да се усовршите, никој не оди за пари.
     
    На LiquidLuna, Pa8la, Curious cat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Многу се земаат здраво за готово работите на темава.

    Во домаќинлукот има многу работа, не секоја што останала дома ја завршува. Има посветени жени кои ако одлучиле да не работат навистина се занимаваат многу околу домот и децата. Има жени кои велат нит јадам ручеци домашни нит правам, иако и тие се одлучиле да се дома.

    Една со една домаќинка или активно вработена не е иста, не може генерални споредби и престанете со тоа.

    Од каде асоцијацијата дека ако не работи оди по кафиња и седи нашминкана? Впрочем нема ништо лошо во тоа ама нејсе, не сте му никому во кожа.

    Околу мене се полно професионално остварени и мажи и жени и многу од нив жалат што не се посветиле доволно во фамилијата.

    Не познавам луѓе (зборувам за двата пола, затоа што и мажот има обврски со деца) кои избрале да се посветат на домот отколку кариера/бизнис, а жалат за истото.

    Балансот е уметност и решението.
     
    На flower30, simonka93, Thinkerbell. и 9 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    7.228
    Пол:
    Женски
    Чекајте чекајте сега, јас тотално сум збунета. Нели домаќинките беа недотерани и ненашминкани и усмрдени.
    А сега домаќинките се нашминкани :wasntme:. Да не ве остави човек два дена, не може крајот да ви го најде.

    Инаку како за пренајзапослени кариеристки, многу слободно време ви останува. Очигледно јас проблем имам со менаџирање на времето.

    Сум работела и 100% и 80% и 50%. И секој ден и три дена во неделата и два ипол. И прекувремено и секако и пак не можам вашите математики да ги стигнам.

    100% работно време не се 8 часа само. Имаш и пауза што мораш да ја земеш според закон. Значи плус 45 мин кои мораш да ги седиш на работа. Па кога тука ќе ги додадам и еден саат минимум време потербно за да идеш и дојдеш од работа, доаѓам до негде 10 часа на ден.
    А да се спремиш ти, деца и разнесеш деца се секако уште 1 час плус. Значи според мои пресметки ти требаат 11 саати од денот за ова. И ова во случај дете да може во градинка/дневен центар од 7 до 5. Ама такво згрижување тешко да најдеш. Па ако и двајцата работиме, дете треба од годинка да го научиме само да си зема јадење и да се чува, оти и онака ќе имаме време само да вечераме заедно и да спие. Не знам исто во кој свет е здраво за дете, па и 10 годишно да е, да поминува само 2 часа на ден со родителите.

    А кај е готвење, чистење, бањање, носење деца на термини, видување на сопруг, пазарање.....
    Освен ако немам помош по дома, шанса немам да постигнам се во 24 саати. А тек па и време за форум да имам и да се расправам со сите кои не го делат моето мислење, оти дискусија одамна не е.
     
    На Lena0903, flower30, Emy867 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    И ако некој брка кариера, не мора да значи дека црнчи по цел ден. Некој едноставно го бива за одредена професија, има афинитети, талент, и тоа му оди како песна, а не дека работи 12 часа.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Истово сакав да го пишам. Има разлика од жена до жена, јас нигде не сум излегла дома седам со детето, му се посветувам, но и на куќата. Не ми е по волја на никој не му се седи дома само да слугува на сите и пак да ти речат што правеше цел ден дома ништо, со дете секогаш имаш работа и со него и со куќата се што расфрла...Маж ми кога ќе дојде дома пак е оставено детето на мене он да одмара од работа изморен е и да си поигра со него кога ќе се побунам за тоа и неговите ми се вртат на мене јас цел ден сум дома јас сум одморена..

    едит:
    Јас не сакам цел живот да бидам домаќинка, туку додека се среди животоѕ, додека пркне детето. Никој во моја средина што познавам не седи дома домаќинка и откога ќе им пораснат децата.
     
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па и јас не познавам такви, ама еве и да одлучила да не работи никогаш, не може Трајанка да се буни зошто Стојанка седи дома.
    Ако одлучиле така со сопругот, кои сме ние да и кажеме да работи? Не зема од нас пари.
    И тука пишуваат дремеле дома, како да нема работа по дома, и да оди детето во градинка има работа по дома колку сакаш.
     
    На mama11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Да, и јас го носев да го прилагодам за да почнам на работа па во тој саат два што попрво да направам да рибам вц да чистам кујна дневна и така натаму
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава, да бидам искрена запрепастена сум колку мајчинството и домаќинството е поврзано со мрзеливост, неамбициозност, ниска интелектуалност и ред други негативни конотации напишани од жени.
    Како жена која поминала низ разни фази и препреки, од овој аспект никогаш не би ја деградирала функцијата на една домаќинка. Сум имала искуство со учествување во прекумерна работа, доедукација и други активности кои бараат пожртвуваност, но физичкиот и психичкиот умор кога стануваш мајка и го носиш домаќинството на својот грб е неспоредлив.
    Мислам дека младите кои коментираат на темава, немаат лоша мисла, но наивна и неискусна.
    Да водиш домаќинство не е само исполнување на домашни обврски, во смисла на чистење, перење, миење садови, туку грижа за едно многу важно битие. Кога немав деца, не ја знаев тежината која ја носат истите. Сонот никогаш не зависи од самиот себе, не е исто како да дојдеш уморен од работа и да одлучиш, е сега во овој момент ќе одморам. Грижата за домаќинство е 24 часовна обврска која нема одмор, туку константа грижа, стимулација, задоволување на нечиви потреби.
    Никогаш не би осудила жена која одлучила да се посвети на семејството, наместо да се реализира на професионален план. Затоа што самата сфатив дека навистина ништо не е побитно од сопственото дете и грижата околу него. Секако дека ја поздравувам одлуката на мајките и сопругите кои и покрај имањето на деца, решиле да продолжат да се развиваат на кариерното поле.
    Доколку двајца сопружници, кои си веруваат еден на друг, доколку истите си направат план како да го одржат семејството функционално, не гледам како е тоа пречка за жена да се посвети на домаќинството во целина.
    Мене повеќе ме загрижува што оние кои коментираат немаат воопшто доверба во своите партнери. Јас ако од самото стапување во брак мислам на развод, тогаш тоа ми е исто како да спијам со нож под перница. Таков партнер не ми треба. Така што, не се криви и погрешни нечиви размислувања, туку околината не е соодветна за да може да се чувствуваш слободно и да се посветиш на она што во моментот ти е побитно.
    И последно, мажот може ги носи финансиите во семејството, но тие финансии не се само негови, како што и детето и домаќинството не е само на мајката да се грижи за нив.
    Секој си одлучува за себе и сметам дека никој нема право туѓиот избор да го навредува.
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На 1209, Bitter-Sweet, flower30 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.428
    Допаѓања:
    60.467
    Пол:
    Женски
    Ајде за домашна да го изгледате видеово, сте заборавиле изгледа дека сите жени треба да се почитуваат.

     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.