Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.070
    Пол:
    Женски
    Следуваат банови на следните навреди и провокации.
    Ако не можете да дискутирате смирено и без зајадлив тон одминете ја темава.
     
    На flower30, CameliaMiller, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Правење приоритети и организација повеќе научив во последниве 10 месеци со дете отколку 10 години на работа. Скроз друг левел е.
     
    На Bitter-Sweet, flower30, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @Lella :bow:

    Се изначитав. Да бидеме на чисто, ако имам милиони нема да работам за плата. Ќе си работам за да ги умножам милионите и не, нема да бидам под стрес од проста причина што не ми зависи егзистенција. Да имам и милијарди пак ќе работам, за да откривам нови работи, да се надоградувам.

    Не знам какво е тоа посветување на децата, сите ние имаме мајки, па живи сме, без оглед на тоа дали мајките биле домаќинки или не. Децата имаат и татко патем кој исто така треба да се посвети на децата.
    Чистењето и ручеците се нормален дел од животот, не би требало да бидат фокус.

    Како што рече и Лела, работата е сигурност, само на форумов да отвориме колку навидум идеални и балансирани бракови завршиле со бркање на улица. Секој кога влегува во брак верува дека тоа е вистинското, но надвор од умот е да се препуштиш и да зависиш од некој 100%.

    Најстрашно од сѐ ми е каков пример давате на вашите ќерки?

    ГОРЕНАВЕДЕНОТО НЕ Е НАСОЧЕНО КОН НИКОГО ЛИЧНО И ВЕ МОЛАМ НЕ МЕ ЦИТИРАЈТЕ СО ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ. Дискутирајте на темата, не ме интересира вашиот живот.
     
    На Cosmi, SuperGirl24, Hygge-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.070
    Пол:
    Женски
    Како мислиш дискутирајте на темата, уште со големи букви не ме цитирајте со лични приказни и потоа прашуваш и лично се обраќаш до останатите?
     
    На flower30, Emy867, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Можеби би дала пример на своето дете дека треба да бара партнер како што е татко и и неговото однесување према мајка и. Дека треба да најде партнер во кој ќе има толкава доверба и обострана почит и љубов. Живеам во земја каде што процентот на домаќинки е доста голем. Патем не е тоа некоја шеријатска земја, туку далеку од тоа. Дури сосема е нормално да се посветиш на децата. Од друга страна, во сите продавници и маркети работат малолетни лица. Токму тие деца, всушност се деца на тие домаќинки. Исто така е овозможено на мајката да работи колку саати и колку денови во неделата сака. Што тоа не е случај во Македонија. Јас барем не наидов ниту еднаш на работа која дозволува да си го бирам работното време.
    Затоа сметам дека не е целта да се оспори нечива одлука за да се седи дома со децата, туку што општеството прави за да може мајката да се оствари на секое поле?
     
    На flower30, Emy867, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.449
    Пол:
    Женски
    Исто се чудам..
    Почнав да пишувам ама си викам шо кога не ја интересира , џабе ќе ловам поенти :rofl:

    @Peanut Butter гарантирам со глава дека никој не ги учи ќерките да бидат затупавени и необразовани личности. Туку дека не е најлошото нешто на свет ако одлучи да биде "само" домаќинка, по нејзин избор и можности.
    Нема да ја учам да трпат дома за леб а она да си домаќинствува и да се претвори во пештерски човек, од дома да не излезе.

    Сдк, тоа треба да ги учиме децата си мислам. Дека можат да бираат. Дека не мора ни едното ни другото. Дека се додека има баланс и разбирање, се е можно. Дека доколку не и одговара нешто, може да се пронајде во друго.
     
    На flower30, CameliaMiller, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Убаво е мајката да е тука со детето додека расте и мислам дека има многу бенефит за детето. Ниту пак сметам дека е лесно да се одржува домаќинство.

    Но, еден ден детето ќе порасне, веќе во тинејџерството ќе си ствара свој круг на пријатели, ќе излегува, подоцна ќе се фокусира на својот живот, можеби ќе живее во друг град/држава за факултет. И потоа мајката останува без свој живот со празнина затоа што целиот нејзин живот се одделува од неа. Ова е инаку можно и цел живот мајката да работи, ако нема здрави граници, но ете бидејќи твојот пост е истакнување на домаќинството и мајчинството на таков начин. Обврските се намалуваат. Хобињата не се толку слатки кога немаш обврски и само тоа го правиш*. Зарем не е логично да има некој аспект од твојот живот во кој што ти ќе вложуваш, ќе напредуваш, ќе се доедуцираш и ќе правиш нешто што е твое (пари)?

    Инаку темава стана малку безвеза, и вие што сте про домаќинки веќе нити читате и не размислувате во врска со спротивните ставови, туку само зборите она што го веќе верувате без да помислите за некои аспекти што се валидни и од другата страна... не се така дискутира.

    *Обврски како местење кревет, готвење, перење, чистење кога веќе децата се надвор од сликата се работи што сите возразни луѓе вработени или не, ги правиме и треба да се поделени меѓу мажот и жената. Така да не мислам на тоа.
     
    На Just.do.it, senjorita-v, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Во право си, ајде да се едитирам: Каков пример им се дава на младите жени/женските деца во фамилијата?

    Ете не е директно до членките.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  9. Ivona50

    Ivona50 Нов член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Темава ја читам неколку дена и силно ме погоди.
    Имам завршено градежен факултет и поради тоа што маж ми имаше фабрика,логично и очекувано изборот беше јас да останам дома со децата, син и ќерка.
    И додека беа мали денот некако беше исполнет, како растеа се повеќе се чувствуував заробена во секојдневието, домашните обврски, ги носев во училиште до 12 год се додека син ми не ми се налути зошто другарчињата му се смееле.Почнаа да се одвојуваат од мене.Ги гушев, од што сакав да бидам перфектна мајка бидејки само таа обврска ја имав.
    Бев одличен студент, сонував да работам, но околностите беа такви да изберам да бидам дома.
    Денес имам 50 год,синот студира во Словенија ретко доаѓа дома, ќерката во Скопје и таа ретко доаѓа.
    На сите им изгледавме среќни и имаме среќен брак, само јас денес се чувствувам и отупавено и неисполнето и не сум среќна со изборот кој свесно го направив.
    Инаку се гледав со пријателки,патував,имав хоби правев украси со декупаж ама ништо не ја пополни празнината, имав капацитети, а останав дома, и не само што се чувствувам отупавено, туку сум и со депресија,.
    Денес после 25 год седење дома, не можам да се вратам во професија.
    Немој никогаш да останете дома, ниту 5 год.
     
    На Lena0903, Just.do.it, ALISA0000 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мислиш дека една домаќинка не е доволно едуцирана. До кога треба и колку треба да се едуцира една жена, за да ги задоволи стандардите на останатите луѓе?
    Зошто мислиш дека една домаќинка нема хоби? Не исполнува свои интереси, нема сопствен идентитет. Една жена која работи, може да биде во токсична работна средина и да не биде толку исполнета како една домаќинка.
    Дискутираме буквално за нешто што е премногу субјективно.
    Секогаш е добро да се има уште една плата, намерно не пишувам свои пари, затоа што во едно семејство нема мое, твое, туку се е заедничко. Но, ако двајцата партнери функционираат одлично со една плата, договорени се обврските на двајцата, кои сме ние да им судиме?
    Јас лично не би се оставила цел живот без работа. Но, и некоја така да реши, што погрешно ми прави?
    Убаво е да се има опција и да имаш поддршка за одлуките кои се носат.
     
    На LiquidLuna и mama11 им се допаѓа ова.
  11. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Во бајките тоа го има само, подобро да ја спремам за вистинскиот живот отколку да чека некоја филмска љубовна приказна. Дај Боже да ѝ се случи, дупла добивка.
     
    На Just.do.it и Celltica им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.241
    Пол:
    Женски
    Работа под притисок и рокови? :rofl: Абе дајте нешто појако. Па мајка со тодлер ако не знае што е работа под притисок ја стварно не знам кој знае. Рокови? Оди задоцни една минута за дневната дремка и дојди кажи ми како уште “ти се живее” и дека малиот кроко не ти наплатил неколкукратно стодупло. :D И после продолжуваш со роковите и притисоците на работа ко песна. :D Стрес на работа е мачја кашлица. Стрес од кој се старее е кога ќе ти дупне детето глава или ќе пукне рака/нога кога го земаш во раце и леташ до прва болница. И тие моменти кога уште не си целосно свесен што се десило и не знаеш дал си жив, дал дишиш, дал чедото ќе биде добро, дал..дал..дал… :) И после треба да го оставиш дома и да заминеш на работа. Да го мислиш дали некој ќе се грижи за него онака како ти што го правиш тоа и да се осеќаш виновно што си го оставила. Не се секирајте. Сите сме биле прво таму, па сме ваму. :) Ќе ја правите и вие таа споредба од оваа страна понатака.

    Интелектуална надградба има во обуки и курсеви, во стручна литература или било каква литература што ќе направи да размислуваш и истражуваш, за што не е неопходно да работиш. Она што вие сакате да го преставите дека домаќинките мајки се прости и неедуцирани, одамна ви нема смисла, прво поради векот во кој живееме и огромниот извор на информации со тоа и широка палета на можности, второ оти процентот на таквите жени е незначителен и се обично возрасна категорија. Темава стана смешка од првата страница пошто збориме за нешто што секој индивидуално го доживува према другиот и очигледно често погрешно. Оти оne man’s trash is another man’s treasure.

    Не може да очекуваме сите да се еднакво задоволни со истите избори. А особено не смееме да си дозволиме да ги омаловажуваме оние што одбрале поинаку од нас, ма да тој воз замина уште во воведот.
     
    На senjorita-v, flower30, Chantal и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека мајчинството е лесно, не знам што потреба од детален приказ погоре.

    На темата, во мнозинството мислења причината ЗОШТО да се остане дома е за да се чисти, готви, пере и грижи за децата, што е обврска на двајцата родители, а го прават и мајките кои работат, така што она дека жените кои седат дома дека читаат стручна литература, тоа е филм за мали деца.

    Уште еднаш да прашам, тој тодлер со дремката има ли татко?
     
    На Just.do.it, fbaby, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мислев да се постојано едуцира за нешто што го работи. Жал ми е што во Македонија немаме нормален обсег на работни места, каде можеш да се работиш точно по струка и она што во - до некаде - уживаш, иако тоа би требало да е целта. Но, да размислиме што работат мажите на домаќинките во Македонија? Освен ако ја немаат таа среќа да се програмер во добра фирма, веројатно се цело време на пат и спијат по камиони или некоја физичка работа во фабрика во странство. Сори, но тоа е реалноста во Македонија. За жал, веќе една особа ја прави жртвата да работи мачни работи за да ти имаш луксуз да не избереш да работиш во токсична работна средина. Што, супер за тебе, но вау каков живот, ако постојано се мажите осудени да работат како волови, а жените да се грижат за домаќинството.

    Не реков дека една домаќинка нема хоби, туку и 10 хобиња да има, се губи смислата на хоби кога покрај тоа нема нешто што „мораш“ да го правиш - збориме кога веќе децата се пораснати. Јас студирам и некогаш со месеци сум слободна без испити. Имам многу интереси, млада сум така да знам и да излезам, следам курсеви за тоа сакам да го работам пошто се работи за креативна работа и сепак не е доволно за да не полудам при крајот. И потоа сум благодарна кога имам факултет и едвај чекам да имам време да читам книга и да си посветам време на своите интереси, тогаш е вистинското уживање. Тоа се вика балансиран живот.

    Во Македонија, со чест на исклучоци, ја немаме таа култура да сме цел ден со активности - од кои некои работни, некои хобиња, за разлика од запад кај што е нормално секоја секунда да правиш нешто. Не го гламоризирам западниот начин, туку само кажувам дека е фантазија таа ваша слика на домаќинка од 50 години која нема бебешки обврски да планинари, да прави склуптури од глина и да иде на курсеви. Ако веќе имаме таква домаќинка, она ќе се прави госпоѓетина која заедничките пари (кои ги заработува мажот) ќе ги троши на маникир, третмани, во кафанче со нејзините другарки и шопин во Ист Гејт Мол. Не затоа што сакам јас да ги понижам сите жени него зошто имам размислувано за тоа и едноставно такви вредности имаме во нашата култура. А таков живот е празен живот.
     
    На Just.do.it, senjorita-v, Hygge-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.241
    Пол:
    Женски
    Секако истото важи за двајцата. Дремките како и ноќното успивање се со тато, со двете деца. :sun:

    Прашуваш и дискутираш и добиваш детален приказ. Не прашувај ако не сакаш детален приказ.
    Имам и детален приказ за што ќе ја научам ќерка ми. Али добро што се изјасни дека е само реторичко прашање, не дека сакаш одговор. :D
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На senjorita-v, CameliaMiller, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Почнаа и лажни профили да прават (facepalm)
     
    На Biljarkata, emiliana, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    А ако нема деца во брачниот живот?

    Дали и тогаш важи жената да остане дома ако не и се работи или мажот заработува за двајцата?
     
    На Just.do.it, KuklickaSk, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би седела дома така, зошто си ме мајко родила ќе биде :D
     
    На mal.ecka и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ако решиле со сопругот да не работи иако немаат деца, јас, ти и Трајанка нема што да им се мешаме.
     
    На Bitter-Sweet, Anyshka, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Тоа постојано едуцирање не го ни прави секоја жена во работен однос. Нема ни ти да го правиш. Ќе завршиш друг факултет или? Што е постојана едукација? Јас сметам дека сум доволно едуцирана, што уште и до кога да се едуцирам и за што?
    Јас и ти зборуваме за многу различни работи. Не зборувам за домаќинки кои цел живот решиле да го посветат на домот. Но, пак немам потценувачко размислување за нив, затоа што ти, јас, не знаеме како живеат и дали им е лошо. Немаш никаква гаранција во животот дека ти ќе живееш подобар живот од една домаќинка.
    Инаку со сигурност можам да кажам дека не знаеш што е водење на домаќинство, затоа што само страната на мажот ја гледаш како пожртвувана. Зошто мислиш дека мажот работи како вол, а жената не? Што мислиш дека прави една домаќинка со деца? Мислам дека сликата за тоа не ви е реална, затоа што не сте ја доживеале. Тебе, до следната сесија те чека одмор, да читаш книга. Кога ќе остане цел дом на твој грб, нема момент да ти биде досадно. Домаќинката ја чекаат еден куп обврски, кои ако ги одложи, само се таложат и таложат, додека не настане колапс. Но, не можеш сега ни да сфатиш, а и не треба, затоа што се во животот треба по ред да се живее.
    Инаку споредбата за земјите од запад не ти е воопшто правилна. Што пак од неискуство пишуваш. Премногу сме културолошки различни за да споредуваш.
     
    На Bitter-Sweet, CameliaMiller, GirlRose и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.