Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Надоградување не значи само да учиш, на најкласичниот можен начин за да добиеш некакво признание или диплома.
    On-hands работа секако дека те надоградува во повеќето професии, те прави тековен, со знаење од последните трендови од сферата, со нови и барани вештини во тој сектор во кој работиш.
     
    На Nausicaa, Srckata28, Munchmallow20 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.682
    Секако.
    Како ќе им е убаво на нив двајца - така.
    Ако е тоа нејзин избор и маж и' нема против, зошто да не?
     
    На senjorita-v, ArabellaStarfall, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Темата е толку апсурдна, што Televisa Presenta не ни е рамна.

    Наводно отворена за домаќинки кои седат дома доброволно, без ниту 1 ден стаж, а сопругот се мачи со местење камења покрај Гиза на 50 степени.

    Па врти сукај 70 страни, таквите домаќинки испаднаа unicorns, односно никој не познава таква што баш, ама баш никогаш не работела, бидејќи сепак сме Македонија.

    Онаму каде што се има пари комотно да не се работи, сопрузите не копаат на нива, ниту пак градат згради со голи раце, по 18 часа на ден, како што си имаме сценарија- производ на фантазија чисто да се докажеме.

    Па ако не си официјално вработен, си мрза. Кажано за во држава каде секој втор вработен е indeed партиска мрза.

    Во Македонија добивам впечаток дека повеќе застапен е синдромот на "модерен маж".

    Односно, бидејќи сме модерни, жената исто работи, ама после работа, теретот на домаќинството паѓа на грб на сопругата.

    Ама не, ни вработувањата со врски, ни вториот синдром не се тема.

    Битно е да разглабаме за домаќинки небаре сме во Беверли Хилс, бидејќи од исклучителна важност за наше реализирање жена на жена очи да ископа како и секогаш.

    Абе само да си си македонски/балкански маж. Во ниту едно сценарио го нема, а благодарение на pick me's, уште толку си кулираат :D

    Ниту сум домаќинка, ниту невработена, but damn, 2024, требаше летачки коли да има досега :D

    Мене лично ми е мило кога ќе видам среќна и дотерана жена. Како и да го постигнала тоа, couldn't care less. I'm just glad :*:
     
    На elanor, Grungie, Nausicaa и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Preach it sister.
    Се објавуваат тука некои шеми незнам шо, пирамиди, а никој не разбира дека ние сме најдоле во таа пирамида односно обична работничка класа која ама баш никаков ќар нема од работата. Само тие шо се на врвот , тие имаат ќар. За тоа се вика капитализам.
    Ама не, тука ќе се чукаат во гради дека морало да се работи, работата те надоградува, те прави таков, ваков... посебно тука во Мк, тоа мене ми е смешно. Ок, разбирам, некоја да има стварно кариера, нејзиното име да е познато насекаде па да вика така. Ама овие другиве голи газови не ги разбирам. Зарем не гледаат дека ситуацијата во Мк е таква каде шо секој гледа да се снајде како знае и умее.
    И не викам дека работата не е важна, важна е, ама па немора БАШ да одиш да работиш цел ден за некој друг да се богати. Може и дома да си напрајш нешто твое, дали ќе продаваш плетенки, кашкавали незнам, ама и тоа е работа.
    И да, во ова време во Мк, само мажите имаат ќар. Ем жената им работи, ем после дома чисти, ем деца гледа.... а они нивната плата половина по кафани можат слободно да ја остаат. Ма и цела можат.
    И пак се зборува за тоа 50- 50 во брак. Ја, рајт. 50- 50 маж и жена можат некои странци. Не ние, од истите причини горе шо ги наведовме. И да е така , 50- 50 е ствар на избор нели? Така се договориле. Епа зошто тогаш не бива ако се договорат жената да е дома а мажот да работи? Зарем тоа не е 50- 50?
    Многу розови очила имаат некои тука, а ситуацијата надвор е страшна, секој гледа да се снајде за да не се мачи во животот. Работата е шо не треба да се суди на никој, оти незнаеме шо и како им е на другите.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Pa8la и 7 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    7.226
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Ти излегуваат и нови шанси и прилики. Се тоа е точно и никој не го негира. Само што откако добиеш деца, најчесто свесно одбираш да стагнираш во професијата, оти долгорочно не можеш, особено без помош, да жонглираш на две полиња.
    Оти си преморен, ненаспиен и не можеш да се концентрираш и да бидеш продуктивен на работа, како некој без мали деца на пример. Сепак одиш на работа, да сработиш и имаш некоја одговорност, а не само колку да излезеш од дома.
    И нормално е да си поставиш приоритет. И најчесто приоритет е фамилијата, она ти е помила од било која работа.
    Е ама на темава, ако паузираш х години после си тупав и ти поминал возот.
    Ако одбереш да земеш пола работно време си се заебал оти ќе немаш доволно висока пензија.
    Ако останеш дома домаќинка си паразит и непродуктивен за општеството.
    Сума сумарум, за да имаш вредност според неколкумина тука, треба да оставиш бебе од 4 месеци на баба и дедо, пошто нели они немаат друга цел во животот освен внуци да гледаат, и да се вратиш 100% работа.
    Се друго е неприфатливо. Притоа заборавајќи го фактот дека станува збор за мк. И кои кариери кои ѓаволи е најчесто.
    И најинтересно од се е, сите домаќинки кои пишаа на темата се високо образовани, снајдени и независни, повеќето живеат на страна и зборуваат по неколку странски јазици на дневна база. Кариерно сите веќе остварени. Ама тука на темава според некои норми од не знам кој, се исфрустрирани паразити што живеат на грб на мажот. И што повеќе да се дискутира?

    Ако муабет беше за жени кои немаат ден стаж. Кои се тие во денешно време, е прашањето кое беше поставено? Некако никој не познава такви, а искрено ни во иднина не верувам дека ќе биде тренд. Едноставно не е финансиски одржливо и можно да биде застапено кај огромен дел од популацијата.
     
    На Ambitious, M.B., CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас не ја доживеав темата така како што си ја пишала. Уствари темата е два става што некаде и не беа така далеку, ама после станаа дијаметрално спротивни за да се долови поента, има по 5-6 членки од двете страни што апсолутно не знаат да водат дискусија и уствари темата умре. На пример таа шо спиела до 12 ми остана во сеќавање, не знам ни која е уствари, ама апла беше мислење напишано без цел, демек пукнете од мака шо работите, а поприлично сум сигурна дека не е ни мажена, а не е ни домаќинка од сите мислења што ги пиша на темава.

    Инаку да, зависи во која област работиш и кои квалификации ги имаш, ама немам впечаток дека образовани и квалификувани жени засекогаш би седеле дома да гледаат фамилија исклучиво и единствено во животот. Впрочем ни една од жените што пиша тука не ни спаѓа во тоа за кое е отворена темава. Барем не онака како што се претставија себе си.

    Ако немаш квалификации верувам дека во Македонија не секогаш се исплаќа да работиш секаква работа, ама дека постојат жени што се трудат да работат на себе професионално и притоа се грижат за домот заедно со партнерот, постојат. И не е невозможно.

    Исто се слагам дека се претера со глорифицирање на некој труд околу домашни обврски, мислам олабавете, не е дека сите ние не ги правиме истите работи :D Само помалку жртви се презентираме :D
     
    На Cosmi, Srckata28, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Јас сум бе срцка таа така шо пиша. И мажена сум и домаќинка сум. И од инат го пишав тоа за тие членките шо дирекно вреѓаа дека домаќинките биле неисполнети или немале избор.

    Имаш нешто против?
     
    На senjorita-v, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    7.226
    Пол:
    Женски
    Веројатно и нема да останат многу од жените сто години дома. Ама сепак нивен избор.
    Со едно мене ми е потребно барем година ипол до две да седам дома. Ама ако родам после две години уште едно, автоматски ми се продолжува времето кое ќе останам дома. Нели со две е потешко отколку со едно.
    А на темава има жени коишто имаат три и четири деца. Нормално дека тие жени ќе останат дома свесно и по 10 и повеќе години. И не верувам дека на ниту една ќе и биде мака што си посветила внимание на децата и домот.
    А дека се глорифицираат домашните обврски исто не се сложувам. Пред дете ако не зготвев ќе нарачавме или ќе купев и беше ок. Никому ништо. Ако не средев и изџогирав пак ок. Ама со дете морам да му зготвам. Морам да изџогирам оти ќе го излиже подот, морам да исперам оти додека јаде каша и од таван паѓа. Ќе се умачка цела па морам да ја измијам. Ако сакам да ја прошетам, морам сто слоја облека да облечам. Иако надвор минус е, јас се препотувам. И ова по неколку пати на ден.
    Верувај 100 пати полесно ми беше само на работа. И тоа главев на работа оти немав дополни обврски.
    Ама се одлучив да родам, сум родила и ќе ја гледам како што треба. Ако тоа значи без телефон и тв пред неа и да морам да пеам по цел ден. Да. И по цена на крај на ден да немам капка енергија во мене. Ама нели пак, мој избор.

    Причината поради која многу членки изреагираа, беше генерализацијата и епитетите насочени кон жените кои не работат. Без разлика на се и кој став го имаш, неубаво за читање беше. Па следеа дирекни навреди и исмевања на животни избори.

    Познавам и јас многу жени кои се трудат сами со партнерите, ама исто знам колку им е напорно. И ако некој има услови да си допушти да остане дома, оти па да не.
    Најлесно нешто е да се вратиш на работа или да најдеш работа. Јас сум свесна дека никогаш повеќе нема да го имам статусот и слободата што ја имав на последната работа која тотално ме исполнуваше. Ама едноставно ти се менуваат приоритетите, некои нешта губат вредност, созреваш и сфакаш дека сакаш само да работиш и толку.

    Јас познавам жена која за прв пат се вработи на нејзини 50 години. Прекрасна жена. Со три деца и после развод.
    Исто познавам жена која е со две деца, и не направи поголема пауза од работа. Се врати одма..ама толку е напната што не е пријатна за друштвото. Едноставно е преморена. На работа не е омилена оти е дефикусирана, на деца им црка постојано оти е на раб да прегори т.е. веќе е прегорена.
    И како им е на тие две деца. Наместо сталожена мајка, имаат преморена мајка која постојано е нервозна и им се дере. За гревче се некој пат. Оти се само деца и нив мајка им треба.
    Значи пак се враќаме дека е до личноста, не може да се генерализира и приоритетите, па и ние самите се менуваме со тек на време.
     
    На Skyler, Annath, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    На темава се изначитав навреди за цел живот.
    Мајка која работи е немајка, има дете со проблеми во развој, запоставено дете итн.
    Жена која се враќа порано на работа е немајка зашто сака да работи а притоа детето е згрижено, ама ете не е мами4ка по пропис.
    Жени кои работат не ги бива за фамилија, само оние кои се дома се жени да ги посакаш.
    20 години стаж имам. Никогаш не сум замислила да не работам. Ма колку сака пари нека има мажот ми јас ќе работам. Ќе се шекнам!! Секоја чест на вас што не морате да работите, аферим убаво сте се омажиле машала.
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На snowwhite.24, Just.do.it, fbaby и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Значи сфативме дека никого не осудуваш, дискусијата е кој е импактот на општествено ниво од тоа жената да биде само домаќинка. Што е придобивката, што е загубата, каква порака се праќа, дали е неопходно и сл.
     
    На Just.do.it, Cosmi, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Никаква порака не се праќа. Која сака како сака нека живее. Ама да кажеш дека на жените кои работат децата им се со проблем во развој зашто они работат а не седат дома со нив е вон сите граници. Срамота! Дно! Простотилок! @LUCI 99 видиш мене мојот не ми помага зашто јас не сум слугинка за да ми помага. Колку што јас живеам дома живее и он, колку што мене ми смета нечисто му смета и него. И не чистам , имам жена за чистење зашто имам мои пари заработени, па место да чистам и да суредувам по него јас сум релакс не се замарам. Освен нешто малку прашина и Кирби машина да пуштам да усисам. Ама знаеш што? Не смее да ми пререче зашто плаќам жена. Зашто работам, парите со кои се плаќа таа жена се заработени од мене. Фала богу, имам и створено ако не оди да му оставам куферчето на врата или јас да си заминам без страв што ќе биде, кај ќе одам, кај ќе живеам. А ти и понатаму мавај се во гради дека си достигнала небото зашто си домаќинка.. само немој да те читаме по темине развод некој ден.. немам кај да одам.
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На snowwhite.24, Just.do.it, fbaby и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.072
    Леле со ова млада си па млада си преку патка.
    Ајде испаѓа да немам никаква желба за иднина зашто може ќе умрам утре или случајно онака ќе затруднам и детето ќе ми стане побитно. Може и дрога ќе дилам или убијам човек па ќе ме пратат во затвор и ништо од моите планови. Све е можно мме.
    Не знам зашто толку go with the flow што реков поназад сметате дека треба да се тера животот. Дај не знам ни дечко зашто имаме, зашто имаме врски пред брак, секако може ќе се разделите па ќе се омажиш за кој ти дојде случајно тогаш кога ќе ти се мажи.
     
    На senjorita-v, Cosmi и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Срамота е и да се наречат паразити тие жени што решиле да не работат, ако така си се договориле со сопругот, ние не треба да им кажуваме дали е правилно или не, како нас некој што не треба да ни кажува.
    Ај еднаш, неколку пати тоа е повторено и тоа од 2 членки кои се најгласни на темава и никој не ги опоменува што вреѓаат.
    Да се едитирам: членката на тоа одговори со тоа што тие истите членки почнаа да вреѓаат дека мајката ако седи дома и не работи нема што да му пренесе нешто на детето, и затоа го пиша тоа членката дека познава жени што работат па децата не им се воспитани или не знам што, не мислеше со тоа никој да навреди, ама овие со тоа паразити стварно навредиа.
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    7.226
    Пол:
    Женски
    Супер.
    Мене чисто само едно ме интересира. И не сум ни зајадлива, туку ако сакаш да споделиш, ако не пак е ок.
    Дали и колку за тие 20 години напредна во кариерата? Имаше ли промена на работното место и промена на плата, освен нормално она што доаѓа со изминат стаж. Мислам на некое значително покажување на платата и унапредување?
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Ако им чини да се паразити нека се. Мене не ми смета. Која сака така нека прави, ама она со децата премина секоја граница.

    Да. Во иста фирма сум, и кариерно сум онаму каде што сакам да бидам согласно моите амбиции..
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2024
    На fbaby, Just.do.it, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не, не се паразити, и ти вреѓаш.
    Не ни знаете што е паразит.
    Срамота така да вреѓате.
    Има причини зошто некои не работат.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, што сакаат нека се, кој како сака да живее. Ако некоја е среќна да седи цел ден и да пие кафиња и да блее цо една точка на зид, топ. Не ме занима која како живее. Тоа сакам да ти кажам. Никогаш никого не сум осудила за негов избор особено ако нема влијание на мојот живот.
     
    На Just.do.it, senjorita-v, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Епа зошто се буните тогаш дали некоја работи или не, од вас ли земаат пари? Не.
    Нека блее во ѕид ако тоа ја прави среќна, не треба да не интересира, ако на сопругот не му смета.
    Осудувате и тоа како.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Прво не зборувај во множина, мене ме цитираш, зборувај ми мене. Најди еден пост каде јас осудувам некого?? Ти рабираш зашто пишав? Ти влезе во мозокот навредата на мајката на векот кон сите мајки кои работат а имаат дете со проблем во развој и читаат овде?? Или се фати со зборот паразит.
     
    На Just.do.it, fbaby, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.446
    Пол:
    Женски
    Нена на друго го става фокусот, батали го зборот. Тоа другото е пострашно.

    Се оди од крајност во крајност.
    Едните се необразовани, на другите децата им страдаат. Накратко што заклучивме од темава :D
     
    На Skyler, Annath, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.